Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. Eleonorastrumica

    Eleonorastrumica Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2010
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    196
    Никогаш свекрвата не може да биде како твоја мајка,мојата свекрва сака да ја викам мамо али ќерко до сега не сум слушнала да ми каже,туку го користи зборот мри кога се обраќа кон мене,пред година време кога дојдов снаа ми многу пречеше зошто знаеше и пред други да го каже,а сега не ја ставам на памет она си зборува она си се слуша,исти е случајот и со свекорот,уште кога дојдов снаа таа вечер ме расплача и се така константно неколку дена си плачев,прво несакајки го викнав чичко како што го викав додека одев со мојот маж ,но одма се поправив но тој одма да ми каже ддека тој ми е татко а не чичко како што ми бил и така,знам оти си имам еден татко што си е само мој таттко и никој не може да го замени,е и нему му падна мака кога дојдоа ќерка му да ја земат и таа требаше да рече тато па тој рече јас сум ти татко тој ти е свекор,и после се правда е колку било тешко,ама само јас си знаев на почетокот како ми е ,да живеам со сите дома и сите до еден здружеени против мене,е сега тешко е за ќерка им ,па си доаѓа дома да се пере,јаде и ред други работи е тешко е ,ама не мислеа како ми беше на мене и уште не му ја мислат поздрав до сите храбри душички што имат свекрви снаи и золви со нив
     
    На Anyshka и blond им се допаѓа ова.
  2. babaDara

    babaDara Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2011
    Пораки:
    515
    Допаѓања:
    622
    Пол:
    Женски
    Не се замарајте со свекрви, итн. Бидете си личност за себе. Најбитно во овој однос свекрва е мажот да не биде под нејзино влијание, ако тој не биде тогаш се другото е песна. Затоа свиркајте си, во секоја друга ситуација.
     
    На Eleonorastrumica му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Eleonorastrumica

    Eleonorastrumica Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2010
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    196
    На почетокот да ти кажам маки мачев,толку многу си ја слушеше мајка му што ќе рече и сестра му,ама сега не е така,гледам оти почнува реално да ги согледува работите оти многу им допуштам па тој реагира на тоа што јас не можам да реагирам оти знаат да ги поминат сите можни граници за да те нервират и провоцират
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  4. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.797
    Пол:
    Женски
    Секоја приказна има две страни,еве јас како представник на другата страна иако не сум свекрва,бидејќи мајка ми оддамна е почината снаата ми ја додели оваа титула иако сум само 2 години постара од нејзе,да ја кажам таа страна.
    Снаа ми кога се омажи за брат ми го напушти семејството и се пресели на другата страна на светот,мене ми беше многу жал за нејзе и и прогледував низ прсти за многу работи.Татко ми не ја терал да го вика тато кога праша како да го вика и рече не ме навредувај само а како сакаш така викај ме.Домашните работи продолжив јас да ги обавувам иако на работа одев а она дома си седеше и спиеше до пладне,и уште се жалеше дека не сум ја прашувала што да зготвам :^).Како што реков и прогледував низ прсти сама на другиот крај на светот со маж што некогаш останува и 20 саата на работа(тогаш специјализираше брат ми)ја носев секаде со мене за после да се жали дека другарките мои сигурно ја оговарале зошто зборувале на англиски а ниедна не е Македонка.Само се жалеше на све и сешто како некој сосила да ја натерал да се мажи,секој втор ден пакуваше куфери да се врати назад во МК :lol: еднаш тоа се случи зошто сум ставила морков во грав а дома кај нејзините не се ставало :x.Кога остана бремена постана уште понеснослива и лигава,не смеала ништо да работи бидејќи нели ниедна бремена жена не работи |(,треба само да си дреме цел ден на нет да пуши 2 кутии цигари и да пие 100 кафиња,да се однесува како некоја разлигавена принцеза а јас да и изигрувам измеќарка,да не се разбереме погрешно никој не очекувал од нејзе да изигрува слугинка ама да не може тањир да си крене и измие.Кога се породи земав одмор 6 недели за да можам да и помогнам дури потпаднав под влијание на нејзините дека пелените не се пераат во машина дека ќе го боли бебушот стомакот,да да во 21 век користеше мелни пелени кој јас ги перев на шпорет во тенџере како во 17 век,најискрено мислам дека и мајка и немаше да и помогне колку јас што и помогнав околу бебето.Си беше наспана,најадена,избањата и сите работи околу бебето освен доењето и беа натокмени,јас бев таа со подочњаци до колена како јас да сум родилка а не она.Кога направи малиот 2-3 месеци почна секој викенд да излегува зашто нели има кој да и го чува детето |( е сега немав ништо против да го чувам внук ми ама секој викенд не,јас како девојка дремам дома со бебе а мајката шета до зори :fubar:,или кога доаѓав дома од работа уште несоблечена ми го тутнуваше детето во раце,ни да ме праша дали сум уморна,дали некаде сакам да одам како да бев должна да го гледам.Кога и да и речев нешто веднаш го префрлаше муабетот на тоа дека не го сакам внук ми :swear:и ај разбери се.Пред да направи внук ми 1 година на кираџиите во мојата куќа им истече договорот и не им го продолжив се решив да се иселам од родителскиот дом додека не ја направам голема со снашката.После роденденот негов си се преселив таа плачеше демек ради нејзе си одам,што е и точно ама не дека ја мразев туку зошто беше време да си порасне и да си ги превземе обврските а не све на мене да чека,јас не бев мажена со дете си бев сингл а се чувствував како јас да сум мажена со дете а таа сингл.Одкога се преселив виде не виде си се фати со секојдневните обврски во кои кога можеше и помагаше брат ми и татко ми мада тој и не се врти многу дома постојано патува,односите ни се подобрија,јас престанав да чувствувам огорченост спрема нејзе,не ми тежеше на врат повеќе.И понатака го земав внук ми некој викенд за да бидаат сами ама тоа јас зошто сакав а не она да ми налага дека морам да го чувам.
    Значи како што има и свекрви кои не се цвеќиња за мирисање има и снаи,кои секој збор го извртуваат кои бараат грешки и таму кај што ги нема,кој се мрзливи и кои едноставно не се помируваат со фактот дека не се повеќе во родителскиот дом,не се веќе татини принцези туку се нечии сопруги и нечии мајки.
     
    На stilas7, julie77, Bibko и 6 други им се допаѓа ова.
  5. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.902
    Пол:
    Женски
    Секоја чест, капа ти симнувам :bow: , а таа твоја снашка нашла па зашла.... :clap: што си се отселила иако верувам дека не ти било лесно да се одвоиш од родителскиот дом...се надевам сега ти е многу поубаво..поздравче. :)
     
    На bittersweet му/ѝ се допаѓа ова.
  6. izabela.sk

    izabela.sk Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2011
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    17
    Десет години сум во брак и мислам дека сум компетентна да се изјаснам за темава. :D
    Со свекрвите не треба да се замарате зошто тие проблеми се минливи. Најпаметно да си го задржите нивото, да не се зближувате премногу, затоа што тие неможат да ја почувствуваат вашата болка као што тоа може мајката, во никој случај, и во првиот момент кога нивниот син ке биде загрозен, веднаш ке се стават на негова страна, затоа што тие се мајки и тоа е појако од се.
    Се разбира мора да ги почитувате бидејќи се родители и го заслужуваат тоа, но се во границите на нормално.
    За тие што се тазе во брак : не се оптеретувајте со свекрвите воопшто, затоа што тие проблеми се на почетокот, а понатаму ве чекаат многу поважни проблеми, за кои ќе ви треба сила, а богами и многу нерви и голема љубов за да ги пребродите со партнерот.
    Нисто не е важно ако ви е партнерот ок.
    Поздрав
    :hai:
     
    На babyketi и lolyta777 им се допаѓа ова.
  7. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.284
    Допаѓања:
    1.894
    битер така е кај нас,кога ке дојдат новиве печени,ете и јас сум ново печена скоро 2 години,ама јас одкога дојдов се на мене се стави,сама со 3 мажи без свекрва,кај да трчам попрво,па и со мало,млада не знаев да готвам,ништо :$ ама да се навратам, ти добро си направила што си се тргнала :) Tаа треба да е преблагодарна,што некој ја пречекал,и помогнал како ти :tmi: кога ке си подистанцирана,помирно е,барем по кажувањата на свекрви -снаии
     
    На bittersweet му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Eleonorastrumica

    Eleonorastrumica Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2010
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    196
    Кај нас беше сосема друг случајот јас знам се да готвам,уште од мали нози сум сама дома и со брат ми заедно си готвевме кога пораснавме готвевме и за моите,така да јас кога дојдов снаа знам да готвам повеќе работи и од свекрвата,има многу ретко некои работи што не знам да ги правам на пример некои колачи торти,инаку за јадење се знам и се готвам,јас главно готвам дома и не ми претставува проблем,ама си изнаслушав муабети демек не знам да готвам и тоа прво од нејзината сестра,па после и од маж ми демек таа рекла дека не знам уствари не го правам по нејзиниот тертип,е па секоја кука си има свои начини,така да сега кога имавме именден се јас си спремав и масата беше полна,па почна да прашува што е ова што е она,зш она не знае да ги направи,инаку за мене збореше лошо а нејзината ќерка не знаеше јајце да си испржи таа и пржеше и ги носеше во собата во диско за да јаде ,е тоа е смешното,и кога сега се вери ќерка и оди кај неа да ја поднауче да готви,а мене не ми треба ука зошто одамна се имам учено уште од мали нози барем за тоа не може никој ништо да ми каже
     
    На Anyshka и blond им се допаѓа ова.
  9. rainlover

    rainlover Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    969
    Допаѓања:
    633
    Јас сум 2 год. во брак.
    Ептен млада се омажив на 18,5 год. на 19 родив.
    Значи имам 21 год. ама доста богато искуство со свекрва, золва, свекор, и сите останати нови роднини кои ги наследувате со стапувањето во брак. Секако сум пробала. И да бидам кротко јагне, и лошиот волк. И во двата случаи бев лоша. Се дистанцирав подалеку од нив, се слушам на тел. само во исклучителни околности, се гледам 1-2 во неделата, не се карам, ниту си дозволувам било каква блискост. За мои лични работи, настани, итн. не ме прашуваат, не прашувам за нивни работи, и дознавам само ако самите решат да ми кажат.
    И фала богу главата колку толку од таа страна ми е мирна.
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  10. babaDara

    babaDara Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2011
    Пораки:
    515
    Допаѓања:
    622
    Пол:
    Женски
    Точно дистанцата е најдобрата работа. Колку и да бидеш добар, сепак нивното е нивно и ти секогаш ќе бидеш туѓа. Секако и во обратниот случај, само што бабите за зетовците се подруги. Не дека ги сакаат посебно ама се водат од фактот дека дале ќерка и дека треба да премолчуваат понекогаш за среќата на детето. Зашто ако треба да си оди жената е таа што си оди. А свекрвите викаат петелот наш во куќата, тој ја донел и ќе остане тука, така да мора да не трпи.

    ИГНОР за сите ствари. Добри сте, добри сме. Со секого преголема блискост, не е на арно. Си ги дознаваш маните врлините, се создава завист, љубомора, се.
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  11. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.797
    Пол:
    Женски
    Јас пак никогаш не би вреднувала девојка по тоа дали знае да готви или по тоа дали знае да чисти и такви домаќински работи,мене маката ме научила да готвам затоа што останав без мајка на 15 години,немало кој па сите дома си се снаоѓавме.Мене не ми пречело тоа што снаата незнае да готви ама косата на глава ми се креваше кога ќе ја слушнев да рече ама кај нас дома вака правевме,на пр највеќе мрчеше дека мајка и правела посолено јадење и сега што требаше да правиме ние тројца да јадеме солено кога не јадеме или она да си дотури сол без мрчење.Мое мислење е дека многу девојки влегуваат во брак со розеви наочарчиња,не спремни за брачен живот и после сите им се криви и сите само заговори праваат против нив |( Јас сум имала среќа сум имала каде да се иселам и мислам дека на снаа ми и направив голема услуга затоа што со тоа што ја оставив сама да се снаоѓа ја турнав во светот на реалноста немаше веќе розеви наочари туку реалност само и конечно освен физички и психички се одвои од родителскиот дом.Не дремеше после само на нет туку почна да работи низ дома,почна да оди на часови по англиски,полагаше после испити на факултет,значи престана да биде зомби и само да мрчи и да мисли само затоа што сме блиски со брат ми мора јас да бидам љубоморна на нејзе и нели нонстоп да ја оговарам |( Цело време додека учеше пак и помагав,ручек ќе направам внук ми ќе го чувам не ми било никогаш тешко да помогнам.Сега можам да кажам дека одлично се сложуваме,секој ден кафе пиеме ,за ручек се договараме која ќе направи за сите заедно да јадиме и пред некој ден ми рече дека од кога сум заглавена тука во МК повеќе и фалам него мајка и што и фалела кога дошла кај нас :lol:
    Како што напишав и предходно има секакви свекрви баш прочитав во испукајте се каде блонд се испукува за свекрвата што и брцала по плакарите :x ај таа постара па и неука ама кај мене па снаата млада па го правеше истото,и кај мене и кај татко ми во собите попис како да правеше :lol: све да знае кој што има и кога и реков дека ме нервира тоа што ми претура по стварите ми викаше па една куќа сме |( е ај разбери се.
    Мала толеранција и од дветте страни не е на одмет а ако веќе стварно е неподносливо треба едноставно да се одвојаат и сите ќе бидаат среќни.
     
    На eli12, blond и lolyta777 им се допаѓа ова.
  12. Eleonorastrumica

    Eleonorastrumica Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2010
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    196
    Точно е тоа,дека што подалеку толку поарно ,отколку ззаедно да си,зошто знам дека никогаш што и да направиш нема да погодиш,од наши пари се купуват работи ,а тие се мешат зошто да се купило тоа зошто да се купило оноа,а го нема дома,исто се случи кога еднаш маж ми си купи тренерки па вели што ти требало па ти си имаш тренерки а тој немаше сите му бе испокинати,а плус да не зборам што се се реновираше од мене и маж ми а тие со прст не мрдна исите тоа го видоа какво беше,какво направивме,само тие останаа со врзани очи,али тоа е тоа,не може се со нив да се расправаш ,и да ти кажува нон стоп свекорот стави повеќе сјај на чиниите не се убаво измиени и ред други глупости не сакам да ги пишувам затоа само подалеку од старите и игноре инаку ќе пукнеш
     
    На Anyshka и eli12 им се допаѓа ова.
  13. ohoho

    ohoho Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2011
    Пораки:
    266
    Допаѓања:
    100
    мојата свекрва неможам луѓе да ви ја опишам со зборови некои можеби ќе ме критикуваат некои може и не но таква злоба во ниту еден човек досега немам видено освен кај свекорот тука негде се приближно :D Можеби некој ќе каже па нели ги знаеше пред да се омажиш какви се,да ги знаев но нема да се откажам од мојата љубов поради нив а и влегов во семејството со надеж дека нешто ќе се промени.Значи уште од самиот старт не откачија со финансиите околу свадбата,подоцна свекрва ми го замоли маж ми да и земе кредит на негово име наводно она ќе го плаќала - рачки од тапан,не заглави дебело од можни 36 рати плати 4 и толку останатото ние како знаевме и умеевме.Понекогаш се прашував зар не и е жал барем за син и ај мене батали ме.Женски верувајте дека поради нејзините побарувања сум стигнувала до степен да ги собирам оние железни парички кои остануваат од секојдневно пазарување за да можам да му купам пелени на моето бебе ;( Имам и золва која е мажена кога се породи таа свекрва ми и вика јас неможам да одам да ти барам низ градов количка каква што сакаш ќе ти дадам пари купи си ти колку треба а золва ми вика па доста се 12000 ден и оваа и ги брои на рака пред мене.Кога јас се породив не ме ни праша што ми треба отишла сама во град купила некоја пазарска роба пижами и сл и на керка ми и остави 500 ден.Поминав и преку тоа.На крајот золва ми и нејзиниот маж го изгубија станот каде што живеат поради хипотекарен кредит и замислете свекрва ми и свекор ми не избркаа нас од куќата со бебе во раце за да ги примат нив али буквално бркање.Им ја препишаа куќата во која ние колку толку вложувавме и останаа да си живеат среќно засекогаш.Секаков контакт престана со нив ние се снајдовме јас имав плац од дедо ми изградивме куќа и имаме преубав живот полн со мир,разбирање,љубов и хармонија.Слушнав дека свекрва ми била тешко болна но сепак незнам дали заслужува да ја посетиме по сето она што ни го направи.Мислам дека не за џабе рекле СЕ СЕ ВРАЌА-СЕ СЕ ПЛАЌА !!! позз девојки
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  14. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    559
    цццццц лелел навистина те жалам, јас да сум на твое место нема ни да помислам да одам да ја видам а и кога ке умри свека нема да и запалам, сериозно, јас сум таква, многу трпам ама кога ке ми пукни филмот готово е големо злопамтило сум :devil:
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  15. baby.90

    baby.90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    457
    Допаѓања:
    197
    Често ја читам темава и после секој прочитан пост си викам Боже кој знае што јас ке дочекам...
    Охохо неможам да се начудам, па тој твој маж има ли уста? Зарем ништо не им вика? Заради нејзе да немам пари на детето пелени да му купам??? Како не им е срам. Неможам да поверувам какви луѓе има, Боже!!!
    Па уште да одиш да ја видиш??? Јас да сум никако не би отишла. Да ме избрка од дома и сега да одам кај неа?? Никако! Маж ти нека си оди, ипак му е мајка (иако ни тоа не го заслужила), ама ти, немој да си отишла. Мој совет, секако ти си знаеш најдобро.
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  16. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    559
    потполно се согласувам со тебе, ама мене и мајка да мие и да ми го направи тоа, сигурно дека нема да
    одам да ја видам, во никој случај :devil: и никој од таа фамилија нема да сакам да видам :envy:
     
  17. stefu6ka

    stefu6ka Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 април 2010
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    1

    Па секако, додека не им влезеш во домот се фини, а потоа ќе играш како свират.
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  18. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    559
    хахаха сигурно нема да играм како што ке свират!!!!!!!!!глупости
     
    На lolyta777 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. baby.90

    baby.90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    457
    Допаѓања:
    197
    Е баш глупости. Јас не се мажам за некој мајтап да си игра со мене.
    Никој не е најден на улица па да треба да ќути и трпи.
    Љубица, како и да кажеш мајка му е на типот. Од кај знаеш што може да се случи? И дека нема да ја обвинува охохо дека заради неа не бил?? Не се знае што ке и текне на машка глава, во даден момент.
     
  20. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    559
    во ред тоа, јас си кажав за мене лично , ако не дај боже сум во таква ситуација;)
    а се надевам дека сопругот на охохо е доволно свесен за тоа што им направиле тие, па да знае како да постапи :?:
     
    На lolyta777 му/ѝ се допаѓа ова.