Како бе тоа? Што има работа она со твоите? Зошто ти не им кажеш на твоите нареден пат кога ќе им се најават тие на гости да кажат демек не се дома (да не ги примаат), да почнат дистанца да одржуваат. Ова апла е: неможам тебе ама преку твоите ќе те дотолчам. Срам да и е што се меша и во твојата фамилија. Мој совет ти е дистанца бре и тоа голема... Плус штом ја имаш подршката од маж ти, главата горе и пробувај колку толку да не ти влеваат во глава нејзините коментари. п.с. Штом толку ти купувала поклони, купи и ти еден за нова година - годишна залиха на Диазепами.... ем да не ти подговара дека само таа купува, ем раат на душичката.
Од кога се случи и тоа и моите нит одат кај нив нит пак овие одат кај моите.Татко ми срека од култура се воздрзал да не ги избрка ама пак за мој атер.Се сретнуваат само кај нас три пати годишно,за слава и за роденденот на мм и мојот.Откако се случи тоа мајка ми ги сретнала на улица и ги одминала и после на првата средба кај мене оваа никако муабет со нив уште па она силна она налутена.Е сега пред некое време се ожени и брат му на мм.Јатрва ми е од друга држава и не ја ферма многу.Па почна,удри и по неа,оваа нема никој тука нема кој да ја брани и права прилика за свеки.Се карале девер и и јатрва ми и свеки се умешала и рекла што се дереш ма невоситана една,психопатко,тебе ти фали нешо јатрва ми ми кажува јас за глава се фатив,останав без воздух.И после свеки мене ми се јавува ми се жали од јатрва ми вава е таква е и вика може ке мислиш дека и за тебе викам вака ама многу сум изнервирана па ти ми беше прва прилика да се искажам на некој.Мислам која свекрва зборува против снаите една на друга,и чекај си реков нели јас не чинев???Абе она е психпата бре
Палете кондурите и да ве нема, олабави се малку. Си го окрка ни крива ни должна, а оној твојон ако се расправа со нив што те меша и тебе во муабети!? Ај тоа деците меците под мишка и да ве нема, сончево е надвор . Абе оваа твојава 2 држави ќе раскара.
anina од ова што прочитав,заклучив како и сама што кажа и ти не си светица,баш испаѓа како да си праиш ќјути -бутај.Извини што сум директна,ама како да се храниш со тоа,еве сега се' ќе му кажам,па нека се кара и он бе со нив,да види како ми е мене цела недела со олоши,поточно мајка му и татко му. А зашто наместо тоа,да ги ставиш на игнор,ако нешто те прашаат одговори конкретно и повлечи се.И наместо да слушаш и ти и сите комшии кавги и да се нервира сопругот во недела попладне,тоа време да го искористите да искочите некаде насмеани,да си поминете убаво и сите мирни и задоволни. СДК дека навистина познавам ваква снајка,ќути-бутај,она совршена другите лоши.Да се разбереме,пак испаѓа дека свекрвите се светици,ама не е така,треба да се балансира,ако неможе со убаво,само игнор,тоа повеќе боли!
Едно нешто на темава-сум видела работи, верувајте и знам што и како оди. Прво, сопругт да си расчисти со неговите-а тоа не бидува, да се смени нема ништо и или бегајте или трепете-сами сме си избрале се. Второ, на чисто да сте со сите, контакти не претерано со никој, језик за зубе аха да, аха да и терајте си по свое да ви е мирна главичката. Трето став јасен и едногласен со сопругот за се да имате, а он да си ги задржи мудата, а вие не говорете за неговите како што не сакате да слушнете за ваши-бирајте ги зборовите умешно. Со среќа....кај мене ова успеа и сега по долго време мирно спиеме.
Taka nie ceto si gi branime nasite mazi i potoa snaata kriva i toa kako kriva. Na ova edna mi rece on im e sin on neka se kara nie ne treba megu niv da izleguvame sto sakaat da si pravat. Dokolku se ima moznost taka treba toa,ako svek ne se pocesa pak na snaata kako mojava Najubavo bilo sekoj svojot cad da si go gleda a posebno tie sto ziveat odvoeno a na deugite im posakuvam trpenie i sto poskoro dom so mm i decijnata
Навистина испаѓа само доколку си башка и тоа што подалеко ќе ти биде мирна главата, ама еве и тогаш пак и успева да ме остави без зборови од запрепатеност. На мојата најново и е да се фали на кој ќе стигне колку не помага, па дури и на мајка ми. Кога ми кажа мајка ми останав ваква . Како она ни давала, како не помагала со пари, со рати плаќање. И да е вистина ќе си ја подвиткав опашката, ама нема ни в од вистина. Не ми е јасно што ја тера така да измислува, дали староста. Не ми е сеедно луѓе да мислат дека живеам на нејзин грб. Само еднаш при осветување на домот ја замоливме да направи погача, и дојде попот и вика погачата домашна, викаме да свекрвата ја правеше, ааа вика и погачата ќе ја пеам. И бидна што бидна си отидоа сите и јас и вика стварно убава погачата, многу добра ти испаднала, нели да и кажам фала, да и дадам комплимент и она се смешка под нос и вика не ја правев јас, ја купив, јас ваква , па не ми се исплати да правам вика. Абе жено да беше за купување јас ќе си купев, ама ништо не и реков, завршена веќе работата.
@irena.1 Јас да сум на твое место одма и' плескам во лице. Заедно со маж ми ќе им отидеме на гости и отварам картите. Не ме интересира кој, како, што... Директно ќе ја прашам зошто збори така кога и самата знае дека не е вистина. И ќе и' кажам кој ми кажал. Јас сум таква со сите, па за неа нема да направам исклучок. Да трчам на сите страни, да се борам, да стварам, да се трудам, а таа да збори дека она ми помага, нече мочи. И ајде да си слушнала од комшика и рекла-казала муабети да речеш можеби не е вистина, и во тој случај лично јас не би се замарала ама штом мајка ти ти кажува значи е 100% вистина. И како воопшто се осмелува на мајка ти да и' кажува такви лаги, па зарем не е свесна дека одма ќе ти биде пренесено? Не бе стариве се кој од кој позабегани. И моиве дома како стареат се некои глупости прават, им викам берете памет, да не биде утре не сакав, не знаев, вака, така...
Оф бре лесно е да кажеш ќе плеснам во лице, ама пак расправиите и нервозите после тоа се уште поголеми. Вчера снаа ми беше на гости, не прмолчува многу. Свекрва и (моја мајка) отресе нешто зелено и снаа ми и возврати абе мамето коа отвори уста, да не и се разврескав ќе лаеше е ај сеа најди им го крајот. Затоа снаа ми доаѓа 1-наш во 2 месеца море и викам ич не иди ама ајде поради брат ми атер прави. За 10 мин си отидоа и кафето што го пиевме и на двете во грло ни застана.Едноставно некои луѓе е такви и на глава да дубиш исто ти се фаќа.
Па да, лесно е да се каже ама за мене лесно е и да се направи. Многу ми е полесно да одам и искрено да ја прашам, отколку да мислам цела недела на кого зборела, па зошто зборела, па што кажала. Вака мене мирна да ми биде главата и чиста совеста, а таа пак нека вреска ако сака, јас не се плашам од ничие врескање. Таква сум со сите и знам дека не би преќутела, па за кој сака нека се работи. Утре и за мои родители да биде, истото ќе го направам, не ме интересира.
Spoiler Може да те прашам дали си мажена не мора да ми одговориш. Ама ако не ме свати добро не врескаше свекрвата(мајка ми) туку си забамборе, јас врескав по мајка ми да престане, бидејќи не е во право. Што крвови да се направат сопружниците!! И тој и зборува на мајка ни ама џабе бре сестро.Затоа и ретко доаѓаат, претежно тој сам доаѓа. Кога јас како ќерка одвај ја трпам, па што е должна снаа ми да ја трпи, ама пак ќе напоменам на мажот нејзин му е мајка.
Сфатив кој на кого е мајка и кој на кого свекрва, само мислев дека мајка ти (свекрвата) врескала, а не ти. Како и да е, не, не сум мажена. Не морам на форумов да се правдам за нешто што сум јас. Ете тоа сум јас. Не е битно дали сум или не сум мажена јас знам дека мојот карактер е таков и би изреагирала во истата секунда. И тоа сите околу мене го знаат и не се лутат доколку кажам нешто што тие не очекувале да го слушнат, јас пред никого не глумам. Не би се карала, не сум така воспитувана ама ќе си го бранам своето по секоја цена, на смирен начин. Не дозволувам никој да ме прави будала при здрав памет, како случајов со irena.1. Еден искрен муабет со свекрвата за мене не е ништо страшно, сум правела многу пострашни искрени муабети со луѓе кои биле многу над мене и сум можела многу да изгубам, претпоставени, авторитети итн. И секако, очекувам маж ми да стои до мене и разговорот двајцата да го водиме. Како што и јас би стоела до него доколку се работи за моите родители. Битките во брак се водат заедно, инаку немало брак да се вика. Да надополнам. Всушност тоа е и најголемиот проблем кај сите. И во врска и во брак. Никој искрено не ти кажува што мисли туку се' се работи позади грб. Ќутат во врска, ќутат пред дечкото да не случајно е од страна на мајка му, а не од страна на девојката, ќутат пред идната свекрва да не случајно ги замрази и им ја расипе врската, сите сме мили, златни, фини, после ќутат во брак, ќутат пред свекрвата да не им го расипе бракот, ќутат пред мажот да не случајно се изнервирал итн итн итн. Кога сите би ги отварале картите веднаш, не би имало недоразбирања и би знаеле сите на што сме.
Ја ќе го молам горниот да останеш со ваков став и по мажачката. А ти моли се да си најдеш маж кој по секоја цена ќе застане позади тебе. Оти кога ќе згусти мажите се кријат позади жените. (секоја чест на исклучоците). Еве и мојот колку и да е налутен и колку и да сум во право ме подржува, стое до мене, ме бране.... ама..... секогаш ке има ама...
Тоа дека треба да се разговара е одличен став кој за жал не секогаш е применлив. Има луѓе кои животната енергија ја црпат од тоа да се караат со други луѓе, буквално џабе поминат ден им е оној во кој не успеале да испровоцираат некого. Ако свекрвата е разумен и свесен човек, отворениот разговор ќе помогне во тоа да се измазнат недоразбирањата но има и свекрви кои едвај чекаат на нешто такво па уште толку да `распалат` по снаата. Не е важно ти со колку такт пристапуваш кон проблемот, таа ќе најде начин да се навреди од кажаното или цела среќна што си и дала некаков повод ќе почна да се расправа и да вреѓа-со терсене човек не можеш да излезеш на крај и ако видиш дека свеки е таква, најдобро е да се тргнеш на страна. Ти можеш да збориш додека устата пена не ти фати, таа ќе си тера по свое и ќе прави глупости.
Пушти ја бре нека зборува..... вистината ке излезе на видело кога-тогаш. Ние кога го правевме спратот наш немавме голема помош од неговите ни од моите, усвари уста да не кривам татко му ни даде 15000денари за ламинат да купиме (шо не стигнуваа за пола салон да покриеме а не за цел спрат) а моите ги платија внатрешните врати. Е послем тоа имаше муабети од типот: ее им помогнав на децата се средија, сега да им помогнам да се одглават (имавме земено кредит од 2000евра за некои завршни рабоотинки не ни стигнаа пари) да им ги платам кредитите, (читај:секогаш го кажување во множина да излезе дека сме стварно заглибени)... и останати фалби... ама јас никогаш ништо не му реков ни на него ни на маж ми. И дојде еден ден роднина со другар на свекор ми и тој пак фалбите пред нив и овој другар му плес у фаца: Е да беше пола од воа шо се фалиш точно децата неморале да земат кредит... Овој кога оцрви... Абе мерак на душичката моја . Муабетот ми е :ако веќе ти е важно мислењето на луѓето и околината не се секирај, тие не се слепи гледаат кој колку се труди и дава, кој помага, кој печале, а кој празни муабети тропа.
Irena.1Мислам дека такви се сите свекрви кои живеат за народот. Видете ме - чудете се. Не се замарај ама еден ден за да не ти тежи тебе, плесни и го во лице. Не сме сите како феминката погоре да можеме лесно да кажеме се. Им завидувам на тие кои можат. И мојата свекрва се жали дека чувала нон стоп 4 деца а моите две, уствари, не ја познаваат. За се што сме направиле јас и мм ми помогнале моите, ама за околината, таа се ни направила. Првите години пукав од мака ама сега сваќам дека се се враќа се се плаќа. Син ми (кој нон стоп, наводно, го чувала), отворено и кажува дека не ја сака.
И јас сум човек кој е премногу директен и искрен. Но таа дирекност треба да наиде на прием, а не како на ѕид да се обраќаш, или како на некој друг јазик. Ама баш како на друг јазик. Ќе видиш дејдрим дека животот и искуството ќе те научи да тактизираш и дека војни со недостоен противник се џабе изгубено време и нерви. Јас знам ако и речам зошто си рекла вака или онака на мајка ми или на некој друг, го знам одговорот,па нееее, јас не су мислела така, па неее она рече, па јас и реков, па ми рече па таа додала и бла бла бла. А јас време за такви заебанции не си трошам. Мислам веќе видено. Ја знам ја , ја знае син и, затоа сме посебно. Јас, ни ти ни било кој тука човек на скоро 70 години нема да го смени. Работите си се местат, луѓето не се глупави. Не ми е сеедно, факт. Еднаш во неделата или на две недели можам да седнам на иста маса и да ручам со неа.
Ви се восхитувам, јас не сум толку голем човек. Дали премногу ме вреѓала, дали премногу се борев за да ја поднесам, што сега нема шанси да попуштам за нешто, или пак да седнам што вика Ирена.1 на иста маса со неа. Во грло ќе ми стојат залците. Дури се фаќав на моменти како кога ќе почне да ме брецка, јас намерно ја нервирам. Дури не ми се веруваше дека и паѓам на нивото, и дека дозволувам да ме "смали". Не сум таква со никој друг на планетава. Некогаш дури и предвреме си зборам на паметов дека нема да се изнервирам, дека нема да се расправам-ќе попуштам, дека ќе медитирам да поминат два-три саати, и пак се паѓа во вода ко ќе ја видам како ме гледа. Ко да сум смртен непријател, а не снаа. Криво ми е што паѓам на провокација, немате поим колку. Стално си викам бре, што не знам да си преќутам и полесен да ми биде животот! Ама женчиња мои, предолго ќутев. Добри 7-8 години ќутев, и и попуштав. Мислев дека е ненамерно, па дури и дека си замислував дека она мене тоа може да ми го прави. Арно ама, не било така, било тоа плански и промислено. Не се обидувам да ја сменам, страшното е што ни јас не можам сега за сега да се сменам, затоа арно направи маж ми, растојание. Не е добро, ама по линија на помал отпор, најпаметно беше. Ужас.
Здраво феминки долго време ве читам ама сега се одлучив и да ви се придружам.Јас од скоро сум во брачните (мрачните) води и искрено потполно ги разбирам тие кои си имаат мака со свекрвите а неможат да им вратат ,јас многу трпев само ради маж ми да не испадне јас не ги почитувам неговите, но сепак мислам попаметно е трај си прај си отколку да се замараш и нервираш.Јас еден период секоја вечер плачев од што ми го дигаше свекрва ми притисокот како она се знае и како се што прави е зошто така сака син и (маж ми) и дури и јас кога ке правев нешто она сугестии одма дава како да сум го направела оти така син и сака и се беше тоа па тоа додека еден ден не ми пукна филмот и не и реков незнам како сака ама од сега јас како ке му правам така и ке јаде и ќе ги тера другите работи.А и нему исто така му имам кажано ако сакаш се како што ти правела мајкати што си се женел седи си со неа и терај си и се од неа да си бараш .Ама успеавме некако да се разбереме во тој поглед со него и работите како да се подсредија,но свекрвата немозе да се смени и тоа колки пати и има он речено оставија нека проба сама ама џабе, таа си тера по свое а сега почнав и ја да си терам по мое и више не се замарам.Сега си одам на работа кога ќе си дојдам ако ми се седи со неа седам ако не затвори се во соба и што сака нека си мисли.