Во многу случаи каде брачните другари се одлучиле на брак без никаква можност за живеење настрана од родителите или баби/дедовци - тоа е повикување на бељата да дојде на врата.
Не се сите во можност од старт да си се тргнат настрана , а од тоа нема ништо поубаво да си живееш сам свој живот па како знаеш и умееш.Меѓутоа ако чекаш прво да решиш станбено прашање па после да стапиш во брак годините ти минуваат .... и затоа некои за почеток се во заедница и каде како што кажа без беља не бидува
@crnokosata не вреди да се трудиш да смениш нешто.Таа е таква и нема да се промени.Не знам колку години има ама верувај дека некогаш до годините им е.Просто не знаат што зборат и каков гест ќе направат не мислејки дека ќе повредат некого.Погледни од друга страна-таа можеби не умее поинаку. Ти советувам да не и одговараш на фрлените „топчиња“ нека поминат покрај тебе.Чувај се себе и тој до тебе,таа треба да е на споредно место во твојот живот.
Абе зошто ги викате свекрвите зомби? Па и тие се нечии мајки.И замислете по некоја случајност тие ги родиле вашите сакани. Замислете дури и дел од вашите мајќи се свекрви. Ако малку подразмислиме,за истите работи за кои не им замеруваме на мајките,кога доаѓаат од страна на свекрвите не ни се допаѓаат.Зошто? Со мајките и да си се замериме,за пет минути ни поминува,а за со свекрвите нема. Дел од проблемот потекнува од тоа што свекрвите ни стануваат наши домашни луѓе со кои треба да имаме малку повеќе трпение и толеранција.Но дали сме спремни и способни за сето тоа?
Точно дека се нечии мајки и они си се однесуваат како што треба спрема своите чеда ама спрема снаите не се однесуваат затоа што не им се мајки. Јас имам кажано со мојава немам контакти далеку живееме и не се замарам воопшто. Но што и направи свекрвата на брачеда ми викендов јас се чудам , епа се неможи да се оправда. Таа свекрвата нејзина ја познавам, мрза жена . за се чека 5 до 12 си лежи по цел ден дома, ај нејзино е што сака нека прави. Ама прошла недела на брачеда ми нејзините родители и донесоа дрва кои сами си ги берат, си плаќаат за нив и сето тоа. И оваа госпожа свекрва пошто не мисли на ништо почнала да се жали дека немала дрва може ли да зима од нивните, е кажете како не и било срам , прво тие дрва се поклон од родителите на брачеда ми, второ се набрани со многу мака и трето за нив пари се давани ( дозволи превоз и сл) а башка што се само 4 кубика доволно за брачеда ми и маж и а не за остали и откако и кажале дека не може зашто нема да им стигнат и на нив дека порано требала да мисли на тоа таа дигнала нос се скарала и цела недела не збори и по роднини зборела како брачеда ми била злобна вакта таква ја оговаралав и што да се кажи на ова? прво не треба да и текни да побара срамота е а не па да се лути, абе ѕверој свекрви има па кој што сака нека кажи...
Абе не дека нема,но да ги прашаме нашине снаи какви свекрви се нашите мајки. И тие би го кажале истото. И јас со мајка ми се расправам понекогаш како да сме снаа и свекрва но за истата работа не дозволувам на ист начин да комуницирам со свекрвата. Мое мислење е дека се работи за разлика во години и сфакања. Инаку,секако дека постојат секакви луѓе,дури некои ни се чинат и како да се ѕверови,мада сметам дека тоа е доста груб збор за таков сооднос. Не секогаш сите исто ја толкуваме некоја одредена ситуација,понекогаш дури и се дешава дека за нешто делуваме со потполна добронамерност и од се срце,но спотивната страна не го доживува тоа така.
Срамота било дрва да побара оти нејзините ги донеле, да срамота е, но уште поголема е да треба дрва да побараш а детето да ти рече не ти давам. Таа покрив над глава им дала, ама родителите на невестава 4 кубика дрва. Не мислам дека треба да ја издржуваат свекрвата затоа што се под нејзин кров, ама толку ли не може да се разговара за вакви теми, може нема во моментот да купи, сигурно нема без дрва цела зима да се остави. Туку веднаш сите ќе разберат како дрва барала а замисли нејзините родители ги купиле, вау, споменик одма да им се изгради.
Како што разговараме со мајките неможеме со свекрвите од проста причина што со мајкати ке се изнавикаш после никому ништо ,а на секрвами малку ако и преречеш или пак со повисок тон ако викнеш после ке треба да се извинеш па лошо те разбрала итн ....
абе одма мора ти да се јавиш а кој рекол дека се под, исти кров можи кука до кука живеат. А можи и таа кука ја правеле самите, можи родителите и помогнале ама нели по дифолт мора саканата свекрвица да дала кука ( демек нејзина и таа од свекор и нејзин била хахах) И, да срамота е да немаат пари ајде да им помогниш ама со две пензии над 25.000 тие цело лето си седат по дома., родителиве на брачеда ми берат дрва, знаеш колку е тешко дрва да се наберат? Да се извлечат од дол, да се суредат итн. Башка што тоа кошта пари не е бесплатно, неможи ти некој што поклон ти дал да бараш,. Сега нејзините родители одвоиле од себеси сакајќи да и помогнат на керката а таа на готово бара од дрва за кои други се мачеле, без срам и перде, па уште и после ја куди снаата по роднини на што личи тоа, според тебе ок е нели? Она не мрднала со прстетот да си најди дрва чекала сватовите да ја обезбедат да мислат и на неа , со 4 кубика едвај една фамилија ќе протера зимо од 4 ипол месеца па не две, ама толку акал си има и таа. И да и споменик ќе им изгради ако треба на чичко ми и стрина ми оти тие гледаат да му помогнат на детето а не да му одмогнат, самата гледа колку малце дрва се а им бара, значи она гледа да си го затопли га*от а дали после на младиве ќе им достигнат дрва на тоа не мисли, па нека они у сред зимо бараат после дрва баш и е гајле. Како што други си мислеле на време за огрев така и таа требала .
Bridetobebt воопшто да не се замара братучедка ти, знам јас колку е тешко да се наберат дрва, ние 25 години береме дрва , имаме наши парцели во светиниколско, татко ми и чичко ми кога берат дрва ( во сред лето на најголемите вруќини) доаѓаат дома со гребаници, исекотини, преморени, затоа што дрвата се ептен во дол па потоа со трактор ги влечат нагоре, ептен е тешко. Дури и самата документација додека се среди си носи нервози, годинава документите ни беа земени од шумска полиција и не ги враќаа со месеци имавме триста нервози мислевме без дрва ќе останеме. Затоа не ни помислуваме да продадеме а не пак да давам на некој без пари да си ги користи, па кој сака нека е. Кога се работи за нешто свое стекнато по тежок пат боли, и не давам па каква сака нека ме прават. Затоа сосема ја разбирам братучедка ти и ок постапила, само јас би им рекла да користат неколку дена додека да се снајдат, чисто од култура и почит и да им дадам до знаење дека не можат да се ослонуваат на нашите дрва
Секако дека и со мајката има извини ,но не е исто ја на мајка ми немора да и се правдам зашто денес сум цел ден смуртена и ако и преречам зашто направила манџа а сакав пржени компири на пр. и дури некогаш ако нешто др ти смета и си нервозен и се расправаш за безвеза мајката нема толку да ти замери .
Е многу убаво удри по родителите, а лизни мазни со свекрвите? Баш со родителите треба да сме внимателни затоа што прават се да ни угодат! Нив ќе им викам, ќе им се истурам, а на свеки ќе се потресувам?! Нема шанси! Почитувањето е битно, ама и поставување на граница со време за да се избегнат проблеми.Сепак, верувам дека има и такви со кои крај не можеш да најдеш каков и да си. Табиет. Имајте убав викенд.
Јас ретко кометирам на темава ама од време на време ми се чини истото го пишувам, ние како народ генерално си патиме од недостаток на комуникација. Настрана односот снаа свекрва, каде е тука синот? Не му паднало на памет да ги праша неговите како ќе се греат зимата? Онака муабет обичен, да ги поттикне, потсети. Мислам проблемот е толку прост, обичен банален што се чудам и зошто пишувам. Ова ти се вика си немаме проблеми па си ги создаваме. Не сакам да навлегувам во детали и можни солуции пошто ги има миљарда ама мислам дека и нема поента. Секогаш вика дај боже ова да ви/им е врв на маките и проблемите со свекрвите.
па види да кажиме да се стари физички неспособни, финансиски слаби секако треба да се помогни, ама они се сосема здрави, прави и со помалце години од 60. Порано отишле во пензија . И не никој не создава проблеми ами кога некој секогаш е на страната на свекривте која и да пиши тука што и да пиши, и да пиши свекрва ми ме истепа пак свекрвата ќе е супер, а снаата не чини. Нели они сами се возрасни луге , нели сами знаат дека зима иди не се деца нели? Ама поубаво е да си седиш и кулираш цело лето, знаеш дека ќе стигнат дрва од сватовите па да се изгребеш. ем пари ќе заштедиш ем нема замарање. Значи младиве покрај за себе треба да мислат и за старите ајде молим те. И кога веќе поставуаш такво прашање брачеда ми мислела дека ќе се греат на термо ова зимо затоа не бркаат работи за дрва ама ете ги изненадиле
Ве молам не ја разводнувајте темава со наводни проблеми на трети лица. Не мора по секоја цена да се пишува овде. Ако некој има личен проблем, нека го напише. Ама муабети од типот: братучетка ми вака, свекрвата онака ја убиваат смислата на темава. И не мислам дека свекрвите по дефиниција се злобни вештерки, исто како што и снаите не секогаш се цвеќе за мирисање. Не' има секакви, а и генерацискиот јазол си го прави своето, исто како и недостатокот на комуникација.
Гледам повеќето советуваат дистанцирај се и подобро ќе ти биде со свекрвати ќе нема толку рАсправии. Го послушав советот и сега е полошо, џабе е кога е таква скроена што сакаш прави ќе си прави по свое, сега не се караме навистина, ама сега јас само собирам во себе и се нервирам, бидејќи колку и да сакаш неможно е да не се нервираш. Накратко мојата ги користи сите можни адути за да го соголи синот, најновото е да сме ги дале парите од син ми што му ги носат на повојница а јас ги собирам, за она да купила бетонски блокови да се заградела бидејќи неможела да гледа трева позади куќа, па кога му се распискав на мм како можела да гледа трева 30година сега и текнало дека неможе да гледа, тие пари се на син ми и не ги давам за други работи туку ќе ги ставиме на сметка. Ама мм ми вели знам мила дека е така ама неможам да и речАм притисок има(140 со 90) па да не ја изгубам и неа како што го изгубив ненадејно татко ми. Го сваќам и мм и затоа и јас не се карам со неа ама верувајте душата ми плаче кога си дојдовме дома пред 4дена а она дојде од работа и си отиде кај комшиката на кафе а ние не бевме дома 10дена и толку не го видела внук и, и еве како сме дома она се качи само 1 за да го земе домашниот телефон а син ми спиеше и она не се потруди ни да го зирне. На сите се фали дека она ги плаќала сметките она направила крштевка на син ми она купувала дрва, се она а ние ништо, а од тоа ни еден збор нема вистина. Ме повредува што лаже и не потценува а нема ни малку вистина во тоа, сите сметки се наши се е на наш грб и она наместо да ја наведне главата она се кренала како да е милијардерка. Ама јас оставам на господ она греши душа а господ е голем. Затоа и кога правам јадење и симнувам па она дали ќе го јаде или ќе го фрли нејзино право јас да не грешам душа пред господ. Како и да е и јас сум мислела декаа можеш да се сакаш со свекрва ама не е така. Не велам дека и јас сум светица и не грешам,свесна сум дека неколку пати и имам погрешено ама и се имам извинето а она? Го користи сето тоа, ја користи нашата добрина и нашето сожалување за повеќе да не гази и соголува финансиски. На почетокот по газ и одев за се ја мазев, ја пазев, наместо она мене да ми помогне да се прилагодам во новата куќа јас неа и правев да и биде поубаво а за возврат ете што добив. Кога бев бремена да крие од мене портокали, а сега кога се породив да несака да се качи да го види внукот туку комшивките и се поважни. Немора никогаш да се качува криво ми е за мм што гледам дека се нервира бидејќи каква е таква е ама мајка му е, и му е криво што така се однесува со жена му и синот ама ете од притисокот кој патем е смешен и не е притисок и затоа почна да се воздржува ништо да не и вика. Бидејќи како свеки се жалеше дека ако не и е работата ќе умре од глад ама ако господ одма и врати, така може ќе се жали дека ќе умре од синот и снаата што ја нервираат па затоа и преќутуваме. А она тоа си го користи на сите можни начини ама ако. Снаа и свекрва ни се сакале нити пак ќе се сакаат тоа изгледА е научно докажано, може само лице да си прават