Koлку помалку си земате при срце и колку помалку ви е гајле за сите, сите повеќе ќе ве почитуваат. Од мажот па до десетто колено негова фамилија. Викајте „важи“ и терајте си по свое. Не е лесно да се усвои таа мајсторија, ама еднаш ви успеа ли, мирна ви глава. Немојте бар за викенд да ги мислите, нит живеете за нив, ни светот вам ќе ви остане.
Да не се навредат свекрвите на форумов ќе потенцирам дека станува збор за шала. Идеална свекрва би била таа која постојано ќе молчи освен за да праша дали се сите добро и дали треба нешто. Таа која својата плата/иензија ќе и ја дава нс снашката а нема да бара ништо за возврат. Ќе се лиши од животот за внучињата. Сама ќе бара да ги чува за мама да пие кафе. Нема никогаш на синот да му рече ни еден лош збор за жена му. Доручек, ручек и вечера спрема сама. Таква свекрва има сестра ми ама пак не и чини. Свекрва си е свекрва
Да ја надополнам @anina , и по можност да им обезбеди кров на глава. П.С- тоа кров на глава им дале а они ги плукаат по форуми веќе е клише.
Kaj ima takva? I jas sakam edna takva ova mojava ne pravi nisto od gore navedenovo ni vnukata dosla da ja vidi, ni prasala kako sme a ne pa da ja cuva ili da se lisi od svojot zivot. A sestra mi ima slicna na opisot svekrva i pak ne i cini. Suma sumarum tesko deka nekade se ke se pogodi
feminki posle tolku vreme eve me pak. mi treba sovet. vcera svekor mi ne izbrka od doma. bese i seuste e pijan i se raspravaa so mm. ni rece za tri dena da ja napustite kukava. neznam sto da pravam, imame kade da odime, nema da plakame ni kirija ni nisto. mm rece deka da ne bila majkamu ne sedel ni 5 minuti, mu rekov utre da odi da i pobara stan ili da dojde so nas ama taa ne saka zasto ke mora da zivee so majkami. sakam da si odam od ovde, i ovaa nok sto ja pominav ovde mnogu e. kako da napravam mm da ne se premisli, ke ziveeme mnogu pomiren zivot, jas nemam ni brat ni sestra pa taa kuka e samo moja. mi se stega dusava, momentalno sama sum doma i se plasam da ne vlezi, toj e nenormalen. proklet da e denot koga vlegov vo ovaa kuka i koga ona gubre go narekov tato.
Кога ги читам дел од постовиве све си мислам дека не живееме во иста држава. Една форумџика ќе рече „ти дала покрив над глава“. Јас колку што знам тоа е и обврска на родителите. Под чиј покрив да идат ако немаат услови? На комшијата? Од даминина останало родителот да работи во животот и да стекнува не за себе туку за децата. За растење, школување, свадба и на крајот на краиштата куќата во која што живеат е на сите. Како очекувате вие млади на 24,5 години кои решиле да стапат во брак одма да купат стан и да не се под нечив покрив? Јас лично не сум мажена. Меѓутоа сметам дека ако отидам во нејзиниот дом, не треба да осеќам некоја должност кон неа или да се потценам. Ако ме навреди да ќутам зошто сум во нејзин дом? Не , јас ќе отидам во таа кукќа како невеста и ќе си имам свој став и достоинство. Ако не и одговара така, синот под рака и кај моите ќе живееме. Они нека се радуваат на внучињата додека раснат.
Изгледа не живееме Обврска на родителите е да им даваат покрив на децата, а на 25 години не размислуваме за наша куќа, па уште и ако свекрвата не ми се погоди, ги земам децата и ОДАМ КАЈ МАЈКА МИ и не и ги давам внучињата на свервата? Не дека ке заработам, ке земам кредит, ке одам под кирија... Не. Туку или свекрва ми ке ме трпи и нема да гледа внуци или моите ке го трпат маж ми или нема да видат внуци. А тебе што ке мора да те трпи некој, кој ги шиша, обврска им е. И ако имаш три деца, три куќи треба да имаш? Оти ти е обврска ко родител на сите деца куки да им направиш. И за синовите и за ќерките, оти керката во секое време може да се налути на свекрвата и сите за раче и опа...сите дома кај мама. Оти сами никогаш. Никогаш не ми се допаѓало ова, користење на децата за исполнување свои хирови.
Се согласувам до некаде со двата последни поста. Јас не сметам ако некој има можност и им обезбеди покрив над глава на децата ајде сега они доживотно негови робови да бидат. Како ќе свират, така овие ќе играат. Ако даваш, даваш со цело срце и не бараш условна љубов за возврат! Од друга страна, мора разбирање од двете страни. За танго треба двајца! Муабетите од типот не сум мажена ама кога ќе се мажам не држат вода. едно е теорија, друго пракса. Во реалноста има многу лица и ситуации што не се менаџираат така лесно. Лесно е во конфликт да се влезе. потешко е хармонија да се одржи.
Во таа дамнина снаите имале некоја скромност, покорност. Знаеле да послушаат, да преќутат кога треба, да испочитуваат. Денеска куќата во вис ја креваат оти свекрвата им погледнала во ќесето што купиле. Ако мислиш дека е лесно куќа да изградиш и да ја поклониш на некој кој не сака ненајавен да те прими на кафе во таа куќа, ајде почни да штедиш од сега па увери се колку е лесно.
Далеку од тоа дека не треба да се има почитување, меѓутоа треба да се има обострано. Не значи дека ако свекрвата ја изградила куќата треба да се меша во интимата и во брачните односи помеѓу младите. Јас кажав дека не би дозволила да бидам навередувана и потценувана само поради тоа што сум под нејзин кров. Ако свеки крене рака на мене треба да ќутам затоа што се мачела да штеди? Од тој аспект зборам, а не за некои секојдневни ситници за кои некогаш треба да се преќути.
Вака сега да се дообјаснам. Значи муабетот ми беше дека она ми дава кров да, но под тој кров ќе растат нејзини внучиња, нејзина крв. Јас зборам за околности кога свекрвите се однесуваат како шерифи само затоа што младите живеат во нејзина куќа и не им дозволува да имаат функционален брак. За нормални околности со некои ситни секојдневни кавги не дискутирав во претходниот пост. А за амбициите е друг муабет. Секако си имам амбиција да си сеткнам нешто свое во животот. Ќе имам онолку деца колку што сметам дека ќе бидам способна да ги задоволам. Ако не сум во можност да им пружам соодветно образование, свадби, дом шо да ги раѓам 3 деца? Ја сметам дека проширувањето на семејството се планира токму од тие причини. Го споменав заминувањето кај мајка ми зошто ако би имало тепачки секој ден во домот на мажот зошто да не го побараме спокојството кај моите, кај кои имам супер услови за живот?
На картко искоментирам пред некое време после долг период, ама морам пак. 1, Секој родител има обврска легална до 18год кон детете свое да му пружи дом и услов за живот. После како милува детето то ест како ќе се договорат со родителите. НО, кога раѓаме деца, често во многу теми читам ОБВРСКА - епа не се децата бре обрска да си обврзан да мораш, не се тежина товар. ТРЕБА е вистинскиот збор дека секој при своја здраворазумна свест го правел и раѓал, па треба и да си ги гледа. Децата се доживотна среќа и главоболки ка слатки кај мачни, ама сума сумарум се е за нив. Нормално и ние треба како родитали за себе малку да гледаме оти ако не чиниме за нес, нема ни за нив. ТОчка. Ако детето не е некој коцкар, пијаница, растурикуќа и сл. и се најде во тешка ситоација, одма ќе скокнам за помош, а за останатите напоменати дејанија ќе помогнам да се спаси само ако сака помош. Еднаш, два пати ако посла не му/и доаѓа ум, сам на себе си. 2,За свекрвите- по не знам кој пат, мажот е тој што треба да си направи здраворазумна дистанца и да си повлече линија. Мм беше попопустлив, девер ми не и замислете кој го извлече подебелиот крај? Ние. Затоа сега не се смараме, кажано и беше многу пати, ама од скоро и беше и ОТЧИТАНО и сега верувале или не освен на мали мигови немарност, зуц нешто неубаво нема и одма лакше се дише. 3, Уцени не палат, припаѓања не палат. Кога ќе се научи дека жена се сака како жена а мајка како мајка и се тоа две големи љубови, но на различен начин? Не се мешаат баби и жаби.И нема прво второ место сите се на прво место дури сами не си се симнат од истото. 4. НЕ СЕ НЕРВИРАЈТЕ -се проаѓа само лошата дума ќе ве осакати. Зошто бре да си штетите на себе, на бракот свој на децата? Ма ајде таму у аут неубави мисли, не ми се разговара речете, сменете тема или да да така да а терајте по свое. Верувајте на паталец бре кога ви велам. Ама гледајте прво да си средите со мажот, а после терајте. Се надевам помогнав, и бирајте акал сите да не морам да ја раздолжам мојава прикаска па да останете со подзинати усти. За на крај само ова, секој е крив. НЕма ама јас не бев крив/а. Крив си ако направиш и ако не направиш т.е крив си ако оставиш да ти направат нешто или да повлијаат врз тебе без твоја воља. Уствари со твоја воља кога се дозволило да се направи и сте се изнервирале. Размислете убаво за ова, вооружете се со насмевка и љубов и ќе сте непобедливи.
Не се работи за обврската на родител, толку е тажно кога ќе прочитам дека тоа се споредува како обврска за работни или домашни задачи. Се работи за желбата на родителот да му овозможи стартна позиција во животот на своето дете да не ги поминува маките како полнење џеб на туѓи персони или макотрпни пропуштени години наместо да се посвети на сопствени желби и идеали. Затоа што префинетите науки и надградбата на секое поле од животот се прави на полн стомак, не се филозофира и не се занимава со апстрактни поими на празен желудник и затоа не е возможно да се има високи очекувања од личност која што е преокупирана исклучиво за сметки и за јадење. Малце избегав од темата, меѓутоа е поврзано на различно општествено и приватно ниво и се одразува различно кога се стартува во животот со решено стамбено прашање и без него. Во странство се` е полесно, киријата за плаќање и станбениот кредит е решлив проблем бидејќи лесно се доаѓа до работа, со голем пазар на понуда и побарувачка резултатот е тој. Меѓутоа исто се исплаќа во месечни рати и се чувствува еднакво од плата како да се плаќа и тука. Во Македонија се решаваат за подигнување кредит оние што работат во државна администрација со РЕШЕНИЕ и просечна плата и оние што се директори во банки и претпријатија што се тесно поврзани со актуелната владеачка гарнитура. Мене ми е многу жал што секое семејство нема услови и можност, а има желба, амбиција и животно CV да го оствари тоа. Често ќе ја отворам темава и ќе прочитам неколку постови само да го потврдам тоа што го гледам и во реалноста - сите проблеми меѓу две индивидуи што се решиле на заеднички живот произлегуваат од нискиот стандард на живеење и платежната моќ за да остварат свое катче и да си тераат раат живот. И се` додека истото не се смени темата ќе се полни со страници.
Оти сите ние снашките секогаш иамаме замерки кон свекрвите а свекорот е скоро секогаш подобар? Значи до нас до жените ќе да е.Пу јазк. Или пак мора еден од куката да речиме дека чини и полесно ни паѓа свекорот да е поарен. Оти ако речиме и двајцата тогаш во нас ќе е проблемот. Моооореее кума лискиии снаиии. А зошто имаат обврска или треба,како сакате именувајте,да родителот створи на синот кука,стан,зивеалиште? Што ни одговара си прифаќаме од пусто турско а што не,си го игнорираме. Колку само случаеви има како снаата во една куќа имашлика,со свое сопствено живеалиште ама доаѓа и по делот од свекрвата,ја следувало.А сестрата на нејзиниот маж сирота под кирија.Ама нејзе не ја следува од мајка и.ќерка е. Глупости.Ама нели се е само заради рамнотежа меѓу звездите.
Многу ти е глуп муабетов. Што има снаата - доаѓала па барала дел од свекрвата?! Милион пати погоре пишаа - каде е мажот во приказната?!?! Нема што снаата да бара од свекрвата - снаата си бара од мајка и и татко и. Сопругот си бара од неговите мајка и татко (свекор и свекрва на снаата). И во твојот пример погоре - снаата е крива што родителите сметаат дека женско дете не треба да добие наследство? Демек снаата толку моќна излезе и свекорот и свекрвата ги убеди да ја лишат од наследство ќерката која седи под кирија?! Жити све!!! А имотната состојба на децата нема врска со правото на наследство од родителите. Што ако утре се смени ситуацијата - животот е тркало, сега си горе, утре може доле. Кој ќе ти подаде рака - тој што го зеде целото наследство и беше кутар?! По непишано правило во Македонија фамилиите се растураат кога ќе почне да се дели имот. Секој смета дека нешто повеќе му следува и дека е повреден од другиот, повеќе допринесувал, се грижел, старал и секако треба што е можно повеќе да зграби.
Прво мислеев дека не си ми јасна,ама после кога увидов дека си разбрала дека сум ја обвинила снаата за нешто ми стана јасно дека ништо не си разбрала од мојот пост.
Бидејќи нели ништо не сум разбрала, а ти пишуваш нели многу убаво - ај те молам прочитај си го постот, поготово делот сто е болдиран!
Pa kolku slucai ima kade sto na sinot e kukata, a na kerkata nisto?! Ako imat nivi togas, ke dobie kerkata del od nivite, ako ne kade sto zivee odtamu ke dobie. Odnosno svekorot i svekrvata ke ja ostavat kukata na sin im (mazot i) Toa odi taka. Ako se dvajca braka togas ke ja delat i kukata.
Ти благодарам,нели.Ова се твои зборови не мои. Убаво си пишува,тоа е ради рамнотежа на звездите,а никаде не е обвинета и снаата. Колку за потсетување,и јас сум снаа,немој да ме мислеше свекрва што се наопаку сфати.