Ние со брат ми поделивме на 2 еднакви дела. Снаа ми воопшто не се побуни, дури и рече кој седи со старите тој има право да бира кој спрат ќе биде негов. Ако татко ми оставше се на брат ми јас требаше да одам под кирија.Сега и мајка ми е со мене ама таа нејзинот дел го отстапи на двајцата. @ddevojce јас многу добро те разбрав што сакаше да кажеш. Мразам делби од типот кој ги чувал родителите треба се да добие или стереотипот дека на машкото дете припаѓа имотот од родителите. Само за делбата криви се родителите. Треба пред смртта (дај боже да живеат многу ,потребни се во денешно време) родителот да се консултира со децата (како што направи мојот родител) и дали писмено или усно да си се направи делба. Најдобро е писмено и да нема кавги и расправии околу наследството. Отидов малку офф
ве читам и се чудам,,од кај тоа дека свекрвата ја изградила куќата? Ако веќе некој ја градел тоа би бил свекорот оваа си дошла на готово. Но, не е ни тоа. Конкретно за мене , оваа куќа е од дедото на мм тој ја градел , значи не е нејзина. Исто и куќата на моите родители не ја граделе тие, туку дедо ми. Така да тој муабет свекрвата ви дала покрив над глава не паѓа, туку се дави во вода
Целосно се согласувам со тебе дека вакви работи се случуваат. Она кое ми се виде спорно тука е дека снаата барала од свекрвата?! Ако се прави неправда при поделба, вината е само на родителите, затоа за ова се согласувам со @Daleron. Се знае - пола пола на децата и мирна душа. Баба ми, бог да ја прости, колку и маани да имаше и колку приказни за сверкви можам да ви пишувам и неправди кон мајка ми, за ова беше праведна. Никој нема да биде оштетен. И колку и да била неправедна спрема мајка ми, на крајот сфати кој е тука секогаш за неа. Чичко ми очи не сакаше да и види затоа што не му потпиша за станот целосно да биде негов, ни во болница дојде да ја види, ни со години дома не и стапна и на крај на погреб не и дојде! Ама затоа кога дојде прашање за делба, прв се појави и потегна постапка. И небитно дали бил или не бил заслужен, татко ми во ниту еден момент не побара повеќе од она што некогаш било договорено. Мајка ми во цела приказна си стоеше на страна. Тоа се работи кои татко ми треба да си ги среди. Секогаш ќе се најде некој неблагодарен и некој кој ќе мисли дека е заслужен повеќе од другиот. Е тогаш се караниците и цела фамилија раскарана. Тоа не мора да е снаата, може да е било кој.
^^ А ти најде да расправаш кое чие е во туѓа куќа? Бреј, некултура!!! Многу сакате да брцкате во туѓи џебови. Инаку... за "традицијава" на машкото да се даде се, а на ќерката клоцата, немам коментар. Да ти се плукнам на таквите "родители". За едни мајка, за други маќеа.
А јас да ви кажам нешто за едно моја братучетка. Значи да пукне човек да не му е криво. Нејзината свекрва ( свекорот е починат) им купи посебен стан за синот и снаата(65 квадрата) им го опреми внатре ЦЕЛ ( сами си го бираа мебелот), им купи кола, им плаќа сметки ( струја, вода, каблоска, интернет....) плаќа регистрација за колата на синот и снаата, им дава секој месец по 50 евра за трошок, и им плаќа секое лето одмор каде сакаат ( Грција, Тирска, Црна Гора...) и ПАК НЕ ЧИНИ Инаку синот не е единец, има две сестри мажени, едната тука во Скопје, другата во Радовиш. Зема пензија од мажот околу 30 000 денари.Значи СЕ ШТО ЌЕ ПОСАКААТ и пак не е задоволна.
A so ke delat bratot i sestrata ako ziveat u dve ili tri sobi??? Koga se mazi sestrata odi vo dr kuka da zivee, a koga ke umrat roditelite tie tri sobi ke bidat na brat i. Ako imat nivi normalno ke dobie del od niv,.nivite na pola, a kukata so tri sobi na brat i. Aj da kazeme oti i.ona ke polukavi za del od kukata neli spomen od roditelite iako zela del od nivnata. I aj taa edna soba ke pripadne nejze i ke i bide zatvorena pod kluc a brat i ke zivee u dve sobi. Ili imat kuka na dva sprata. Normalno deka kukata pak ke bide na brat i oti ona zivee kaj maz i. A primeri i slucki ima eden ton, taka da sekade e razlicnooo aj me mrze da pisam vistinski primeri sea. Ne sekade svekrvite se krive, ne sekade snaite. Zatoa i pisav dva ostri kameni brasno nemelat!!
Тоа што куќата е мала, не значи дека сестрата треба да остави се на братот. Има решение за се, ќе се продаде куќата, ќе го откупи братот делот на сестрата и слично. Ако се сака, се има решение за се. На крај на денот, сестрата не се пика и не зема ништо од братот - си го зема својот дел од фамилијарната куќа. таа секогаш ќе биде нејзин дом. Тоа што братот останал да живее тука, не го скратува тоа право на неа. Јас секогаш кога одам кај мајка ми си одам дома! Тоа е мојот дом, имам моја соба, со мој кревет, со мој плакар и мои ствари. значи да се откажам од мојот дел зошто сум си "отишла" од таа куќа?!
Јас се водам по правилото на кој повеќе му треба тој, или на кој колку му треба. Мене ми е доволно што сум здрава права и што мајка ми ме помогнала во моето школување и немам никакви дополнителни потреби од нејзиниот имот. Напротив, веќе сме во потрага по стан (на мое име но она да си живее), и со парите кои она ќе ги добие од продажбата на куќата во која живее да го помогне брат ми при целосното реновирање на станот, а останатото нека и стои за црни денови и нов мебел сл. Останатиот имот( нешто земја) по нејзина желба рече дека ќе биде на мое име целосно, но не поради некакви мои претензии да печалам од него, туку децата на брат ми кога ќе пораснат да им го дадам (ова баш делува како да немаме многу доверба во него ). Така да кога знам дека имам не само за живот, туку и многу повеќе од тоа, нема со роден брат собички да делам. Ќе се чуствувам како да кратам од устата на внуците. Мојот дом е покрај партнерот, а куќата во која сум израснала има само симболично значење кога ќе ја видам среќата на мајка ми дека снаата ја третирам како сопствена сестра и внуците како мои деца. Нејзиниот спокој мене ми е побитен од едно собиче во кое сум израснала. Секоја фамилија со своја приказна.
Малку ептен забегавме од темата,некој по искусен нека отвори тема за наследство. Кој прв почна мме. Свекрвата,се знае.
Јас пак воопшто не се сложувам со ова!Небитно дали машко или женско,им следува подеднакво на сите деца,колку и да се!!!Примери има еден куп,тоа да,ама затоа најправилно подели на двете по пола,отколку они да се испозаколат по смртта на родителите,ако понатака сестрата несака да земе дел тоа е веќе друго,сепак они меѓу себе ке си одлучат!!! Јас имам и сестра и брат,двете со сестра ми од старт рековме дека несакаме дел од куќата,бидејќи фала му на Бога,добро стоиме двете на тоа поле,ама нашите родители инсистираа да ни препишат на сите тројца подеднакво и во право се!! Е ама види сега ситуација-се бива Бог да чува! Недај Боже,утре се разведам со мм или ситуација ми се запали куќата,останам со две,три деца на улица,кај ќе одам м? Одам кај брат ми и женаму,снаа ми ми вика,ааа неможе тука,никако,немате право ова е на брат ви,ваш проблем!!(ова само еден пример,а ги има мноогу) Епа затоа фино лепо кога ќе дојде таа делба,кога судот би не прашал нас,јас би одговорила,сега за сега не барам дел,ама ако недај Боже дојдам во небрано,ми следува една соба барем и имам право на неа во таков случај(на некој начин да се обезбедам,никогаш не знаеш што ти носи иднината)и да ми биде мирна главата!!!Во спротивно,не барам никаков дел,сите деца треба да бидеме исто за родителите,небитно дали машко или женско,јас тоа би го направила,кога ќе дојде време за тоа,само здравје нека е!!! Извинете за офф топик,инаку фала му на Бога,добри сме со свекрвата,пу пу да не се подречам!!
Тоа, имам право и ме следува, дали законски баш следува некому, машко/женско еднакво, или може од инат да се препише и на комшијата
Abe tocno vo poveketo slucai se otkazuvat sestrite ili tie so imat moznosti sami da ziveat, ama realno e sosema dr sakale ili ne.
Како што пиша пеперутче4, никогаш незнаеш што ти носи животот. Денес си горе, утре доле. Што ако сега имам, а утре ете не ми е така добро? На улица да седам? Братска делба. Волкот сит и овците на број.
Братучетка ми доби стан така - буквално од комшиката. Жената немажена беше, ги сакаше како свои деца, а и они неа. Мене ми било незамисливо да одам кај нив и да не ја видам. Таква жена со таква љубов и срце не се раѓа! А бај д веј - ќе го спорат наследниците тоа дури и да е вољата друга на оставателот. Ќе се влечат по судови, луд ќе го прават, болен битно мора да се земе нешто.
Свекрва ми живее со девер ми и јатрва ми, но не по своја волја, туку бидејќи тие немаат финасии таа не работи, а девер ми заработува малку, па свекрва ми им обезбедува покрив над глава на некој начин. Јас сум инаку за тоа секој да си живее сам, се разбира доколку има можности, што во денешно време и со овие плати тешко. Секогаш кога ќе се најдеме нешто во муабет имам впечаток дека таа нив многу ги помага, а тие се се незадоволни со неа, поготово јатрва ми, кај не работи, па уште и мани и наоѓа на жената. Никој не е совршен, сите си имаме мани, ама сега тоа е, кога живееш кај свекор-свекрва треба да ги почитуваш луѓето, ако не ти одговара исели се и живеј си под кирија.
и јас сум за пола пола поделба или отприлика еднакво за двете деца ...имам и керка и син...ни едното не ми е помило од другото...па така би се водела здравје боже при поделба... со мајка ми и брат ми имаме устен договор.може и инаков ке стане во догледно време ,ама како и да е.. моите имаат два стана и кола.колата веке му припага на брат ми(по смрта на татко ми мораше да ја преведат на негово има за регистрација).во поголемиот стан живеат во заедница со мајка ми -бидејки имаат помали приманја па, мајка ми ги помага со пензијата и физички им работи се по дома а ,тие уживаат ама тоа е друга приказна...помалиот стан го издаваат под кирија и по смртта на мајка ми тој стан -еднособен е,треба да ми припадне мене.моите ми помогнаа при изградбата на куката и до небо сум им благодарна за тоа...не сум лакома имам каде да живеам и да им оставам нешто на децата,ама мислам дека е фер да имам дел татковнина- што се вели... куката што ја поседуваме би му останала на синко,а станчето по женска линија на керка ми...ама здравје боже до тогаш не знаеме што носи времето...
По подолго веме и кај да пишам на темава,одмна ја немав посетено,промлемот со свекрвта продолжува,но повеке со мм,кој не сака да ја одели од нас а имаме услови,таа нонстоп се жали пред луѓе дека од нас неможела да влезе во кујна да вари кафе и да јаде а никој не и забранил и не ја избркал,тој цицал од цицката наенаму требал пд меа да цица,и што ли уште не,аи отидоа луѓево,и утредента се враќаме од работа госпоѓата во кујна тогаш царува кога он не е дома т.е глуми жртва и не кара со мажми очи да си извадиме,имаме услов ама никако ме сака да ја оддели од нас,ми врие од неа да ми глуми лудило а што се не претрпев од неа сиве овие години,имам пишувано порано,и овој мајками неможам да ја фрлам,а кој бара да ја фрли само ке е на долниот спрат,и така сите трошкви се на маш грб,освен што таа ке си купи кафе,сок јогурт,немам веќе живци да ја гледам,позз.