Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    106.805
    Пол:
    Женски
    А не,никако.Уште сме снаи за да сме офци:lol:
    Шала на страна,малку ке сум офф,пробај да не ја забележуваш.
    Ако е таа дојдена со таа цел овде,тоа е нејзин начин за ,,заабава,,нека се забавува.
    Сепак фала што не предупреди нас што немавме заприметено.
     
  2. christinnn

    christinnn Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2014
    Пораки:
    2.756
    Допаѓања:
    21.441
    Пол:
    Женски
    Премала сум да коментирам на оваа тема и да делам правда, али морав да го кажам ова на некој начин.
    Живеам во трособен стан со баба и дедо.Мама имала 22 години коа дошла тука, и морала со свекрва и свекор пошто немало каде друго.Татко ми пресно опериран, работел во такси, мајка ми во пекара и немале доволно услови, а и бремена била.Значи од 22 години, се грижела за бебе, за сопруг, за свекор и свекрва и золва во еден трособен стан.Хорори.Дедо ми добар човек, срце е, но баба ми е жена пренапорна луѓе.Некогаш не можам да ја сварам,не се трпи.Тетка ми, не да ја вреѓам ама преголема мрза е.Ништо не знае, ништо.Иако сега е веќе мажена и има две деца, пак не ја бива за ништо.И мува не ја лази бре.Замислете мајка ми во 8/9 месец од бременост со стомак до заби од на работа миела чинии, ручеци и наведната тепих метела.Али ете, таа ми вика љубовта дека и помогнала да издржи, и ради татко ми кој е исто така предобар не сакала да прави проблеми, кажав дека беше на операција, за конец е избеган од смртта.
    Пред едно 4/5 години, наследивме некакво наследство,доволно за да се купи стан еднособен и да се инвестира во него.Купивме, за на крај наместо да се растеретиме барем малце, ние кираџии имаме во него.А и јас тинејџерка, сакам малку приватност.Им љубоморам на другарките што се често сами, што немаат некој стално да им трие сол над глава.Многу ретко се случува да викнам некои другарки кај мене дома да гледаме филм, и срам ми е пошо јас често одам кај нив.Што и да фатам да правам, ете ги баба и дедо пред мене.Што правиш сеа, не е вака ова, намали муазика, доста спиеш.Ете сеа брзо се преслекував и седнам по гаќи на стол од собата моја, и дедо ми влезе.Ми зовре крвта.
    Ајде да се тргнам јас на страна.Мајка ми мн ретко да има некаква помош од баба.Именден славиме и доаѓаат 60/70 души, све мама прави.Иако е на работа по 10/11 саати.Било што и да е, се мама.Ете ќе се случи да напрај ручек коа е мама на работа, али само тоа.Да е за тета нешто, одма ќе летне.И понекогаш толку расипано прави, да се чуди човек.Да не набројувам сега, и онака предолг е постот.Али ајде, јас си преќутувам.Си ја сакам, и двајцата ги сакам и ги почитувам, се тресат над нас и влакно од коса да ни фали.За ова што се случува не сакам да се мешам, иако сум за се свесна и се гледам.
    Коа мама ми се исповедува, и велам да не молчи, да плеска во лице, али се вади со тоа што не сака татко ми да се нервира, иначе не напоменав.Има голема поддршка од татко ми, тој ја теши и и вика да не ги става ич на дикат, да не се нервира со нив..Иако често пати враќа на провокациите, али баба тогаш 1 месец не прави муабет.На господ бељата.
    Кога ќе ми стигне мене времето да се замарам со ова, верувајте ако ми се падни некоја ваква свекрва, абе збор нема да преќутам.Прво и прво, леб и сол ќе јадам али со неа не живеам.По колку да сака нека е добра.Ќе ја почитувам секако , мајка ќе биди на оној што ќе го сакам, али на дистанца најубаво.Ете мајка ми ми е идол, толку цврста одлучна и способна жена не су сретнала.Јака и душа.И општо, јака ви душа на сите вас.
     
    На SV1911, kala21, eloves и 6 други им се допаѓа ова.
  3. S.J.Parker

    S.J.Parker Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2014
    Пораки:
    1.086
    Допаѓања:
    7.346
    ме изнасмеа :D
     
    На okcenzi и babaDara им се допаѓа ова.
  4. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.739
    Девојче, теорија и пракса не е исто. За тоа мајка ти најдобро си знае. Не се сили пред време. Најубаво е на страна - тоа секој го знае. Ама во денешно време не може секој да си го дозволи тоа.
    И уште нешто - тетката е ќерка на баба ти. Логично е да трча за неа. Па и вас ве згрижила кај неа дома, не дека не се грижи за ништо за вас?!
    Мене нормално ми е мајка ми да трча за мене - мајка ми е. Ни брат ми не го оставила покусо - децата му ги изгледа. Ама па и свекрва ми кога трча по ќерка и ич не ми е гајле. Ќерка и е - нормално е тоа. Ако мајка не ти се најде кога треба, кој ќе ти се најде?!
     
    На okcenzi и Nausicaa им се допаѓа ова.
  5. babaDara

    babaDara Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2011
    Пораки:
    515
    Допаѓања:
    622
    Пол:
    Женски
    Е кога е во прашање свкрва и јас ја имав едно време. Дали бре кај сите од нив се јавува Едипов синдром, ама многу се тешки. Среќа имало Господ да ја немам. А тоа мамините синчиња ги слушаат и нивната одлука и збор се последни. Кога си станала, кога си легнала, што си купила, колку си купила, зарем заборавиле дека некогаш и тие биле снаи. А зошто пак зетовците се третирани како синови? Е тоа е пак тој синдром ,,чувај ми ја,,?
     
  6. christinnn

    christinnn Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2014
    Пораки:
    2.756
    Допаѓања:
    21.441
    Пол:
    Женски

    Не ме сфати мислам.Да, нормално е дека ќе трча по неа, ќерка и е.Но дали сфаќаш дека коа е дома(кога е мама дома), често е затворена во собата нејзина, или е болна, или е лута или и фали нешто.А да се јави тета за било што, здрава е како дрен.До лани и помагаше да спреми ручек или вечера за едвај 10 души, за слава зборам.А мама кажав за 60 луѓе се сама.И тоа не дека таа сакаше така, туку не ни се ни понуди за помош.Али јас и викам биди среќна што не ти се меша, повеќето работи што ги фатила баба биле или фалични, или оставила огромен неред зад себе.Старост сепак.
    И ова ''не згрижила'' кај неа дома ич не ми штима. Мајка ми и татко ми не се безработиници што не заработуваат пари, за да има потреба да бидиме згрижени од некого.Работат и заработуваат доволно.Како тоа не згрижила коа станот е веќе препишан на тато како што знам, а и да не е, односно да не не сакаа со нив да живееме, или ќе идеа тие во другиот стан, или во најлош случај нас ќе не пуштеа да се стискаме во една соба.Али не, дедо ми поготово не може да си го смисли животот без нас, зато и живееме вака како што живееме.
     
  7. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.448
    Допаѓања:
    20.079
    @christinnn, сакала ти да признаеш или не, ве имаат згрижено -живеете во нивен стан кој утре татко ти и ќе го наследи. Како што ти се жалиш дека сте стуткани дома во еден стан, и на старите не им е лесно. Викаш дека твоите купиле стан, зошто не се оделите таму? И ти ќе си имаш мир и приватност, и мајка ти ќе биде раат од баба ти.
    Исто така, повторуваш дека мајка ти сосем сама спремала слава за 60 луѓе, без свекрва и да и помогне но каде си ти во таа приказна и каде е татко ти? Ајде за свекрвата ќе речеме дека има лош карактер и дека намерно така постапува ама ти и татко ти сте млади, вие сте тие кои треба да помогнете во спремањето, особено кога знаете каква е баба ти.

    Пс-Младите не се оделуваат од старите зошто старите ги бркаат, туку зошто си сакаат комоција и мирна глава. Зошто да се нервираш и да се полниш со негативна енегрија поради глупости и расправии кога можеш да бидеш среќен и да уживаш во животот?
     
    На bittersweet, butterfly4, duffi и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.414
    Пол:
    Женски
    @Nausicaa мене ми се чини дека сето тоа е нејзин зклучок од испран мозок. Штом пишува за време кога мајка и била бремена јасна е работата.
    На крајот на криштата можеле нејзините да си отидат во друг стан, а не отишле. Значи добро им е.
    Стан купиле и го издале под кирија!
    И паре и јаре не бива.
     
    На bittersweet, butterfly4, duffi и 5 други им се допаѓа ова.
  9. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.448
    Допаѓања:
    20.079
    @Daleron, претпоставувам дека Кристин е уште многу млада (мала) и моментално целата домашна ситуација ја гледа така како што мајка и и ја претставува- баба и е терсене, тетка и е мрза додека мајка и е намачена жртва. Воопшто не ми се допадна делот каде пиша како мајка и и е `исповеда`- ако мајката има проблем со свекрвата (и золвата) тоа треба сама да го реши (со помош на мажот) а не да ја труе и да ја `ска ќерка си против баба и и тетка и.

    Не викам дека на мајка и и е лесно во заедница но штом и двајцата работат и имаат опција да се оделат во нивен стан а сепак решаваат да останат со старите, токму како што пиша и ти-добро им е!
     
    Последна измена: 21 ноември 2014
    На butterfly4, Daleron, duffi и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.739
    Снаите ќе слават ако свекрвите им се заклучуваат кога они ќе се дома, а не да им се мотаат по куќа и да им роварат! И убаво ти пишаа горе, ако ја жалиш толку мајка ти, помогни и. И ти ли како тетка ти чекаш некој друг да се понуди?! Ако седевте сами, кој ќе и помогнеше?! Имам јас многу другарки што и ден денес се со овој став - морале да помагаат родителите, што друго ќе правеле?! Е нивното време поминало, на старост ќе одмараат! Јас гледам сама да си бркам работа за се и најубаво ми е тогаш. Ако ми треба помош, барам. Не чекам некој да ми се нуди. Ама затоа кога на некој му треба нешто исто, очекувам да ме побара.
    Кога реков ве згрижиле, значи ви дале покрив над глава. Никој не рече дека твоите лежат и чекаат на готово. Тоа што е пишан станот на татко ти, значи дека баба ти и дедо ти му го дале т.е. ви го дале вам. Пак ве згрижиле, не сте ги згрижиле вие нив, ако се води на име на татко ти. Кога беше мала, одеше во градинка или те чуваа баба и дедо?! Кој им помагаше на твоите со децата?! Знаеш колку е тешко денес да трчаш да собираш деца од градинка, школо?! А па ако работиш во смени па уште полошо.
    И терај си ти живот младешки, батали фамилијарни политики. И запомни, секоја приказна има 2 страни.
     
    На duffi му/ѝ се допаѓа ова.
  11. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.428
    Допаѓања:
    108.273
    Пол:
    Женски
    Мене ич не ми се свиѓа муабетот “згрижија“, поготово кога во една заедница подеднакво допринесуваат и едните и другите. Бидејќи многу одиме на што ако, еве ќе ви кажам еден пример, што ако станот е купен во време кога синот е роден, за да се купи тој стан веројатно синот е лишуван од многу работи, одмор, нова гардероба, шетање и дружење со другари, кафани, разноразни удобности кои ги имаат младите? Што тогаш? Зарем тој син не продонел за станот со тоа што бил лишен од сите тие работи? Еве го мојот случај, моите правеа куќа во период додека јас бев во средно и заради тоа бев лишена од одмори, екскурзии, излегувања со друштво, живеев кај баба ми во едно никакво и влажно сопче од кое до ден денешен имам здравствени проблеми, одев пешки по 5 километри секој ден до школо и назад со папка тешка и по 5 кила и во зима и во лето, кога бев дома работев барабар со мајстори, носев чакал за темели, фарбав врати и прозори, мкнев дрва и корнев трева на градилиште.... Зарем јас немам подеднакво право на таа куќа како моите родители? Зарем јас не сум придонела? И уште поголемо што ако, што ако тој стан е наследен од баба и дедо, на татко и, зарем не се и они згрижени? Мене ме нервира муабетот, згрижен, зарем ако јас се разведам и отидам кај моите тие ќе ме згрижат? Родителите се родители до крајот на животот, па макар и кога ќе остариме. Никој не го носи тоа во гроб, сите работиме за да оставиме нешто на децата и никогаш нема да речам, ете дојдоа да живеат кај мене ги згрижив, дајбоже да ги имам и 5.
    Сходно на тоа ние сме згрижени, кога се веривме отидов да живеам кај мм, уште истиот ден по веридбата, јас живеев под кирија, имав свои примања и не ми беше нож до коска дојдено да живеам со свекрва, но сакавме после ете 6 години да бидеме заедно. Од прв ден со мм даваме речиси пола од семејниот буџет за храна и трошоци, и ич не ме интересира дали другите даваат или сама свекрва ми ги дава останатите пари, јас сметам дека сум должна да дадам бидејќи тие кон мене се однесуваат подеднакво како кон своите деца, не ме двојат и кога мм дава ќе дадам и јас. Сега живееме сами, сплет на околности отидоа да живеат со родителите на свекрва ми, и сигурно не им е сеедно, но таков е животот, еднаш едни ќе бидат во предност друг пат други, како што свекрва ми отиде да му помогне на татко и ќе направам исто и јас ако е потребно за неа. Животот е тркало, се врти, денес водата ќе натежне на мојата страна утре на другата, но треба да знаеме да се сносиме со сите состојби во животов, подеднакво со добрите и лошите.
    И да, сметам дека девојчево треба да прекине да гледа дали баба и помага, туку сама да засука ракавите, таман работа ако од стара жена се чека помош. Помогнала доста на времето, сигурно и ги чувала и ги испраќала и дочекувала од школо, е сега и е време да одмори. Барем јас вака постапувам со мојата баба, не дозволувам да фати ништо, и сум правела отсекогаш така.
     
    Последна измена: 21 ноември 2014
    На SV1911, * Zence *, Sfera и 3 други им се допаѓа ова.
  12. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.829
    Допаѓања:
    101.208
    Пол:
    Женски
    Тоа добро е релативна работа.Го издале станот под ќирија и земаат станарина.Каде одат тие пари?Во дополнување на семејниот буџет или се тргаат настрана да има за децата утре.
    Што ако и двајцата работат и платите им се мали.Ќе можат ли да опстанат така.И да ви кажам од искуство леб и сол не се јаде секој ден.
    Она што мене ми оди во очи е пасивното посматрање од страна на @christinnn .Старите какви се такви се,не се менуваат,ама ти на мајка ти можеш и те како да и помогнеш.Зошто сама да спрема за толку гости.Ти не можеш да и помогнеш,не сакаш?И да ти кажам искуството што ќе го собереш вака покрај мајка ти еден ден и те како ќе ти користи.Напомнавте и зошто мајка и и ги кажувала маките на ќерка си.Па зарем мајките не можат да си ја отворат душата пред ќерките.Подобро на ќерка ми би и кажала отколку на комшивката.Кај пишува тоа дека само ќерките имаат проблеми а мајките не.
    Од оваа моја гледна точка мене ми личи дека мајка и татко и се почитуваат,работат,многупати претрпуваат некои сопки од старите,ете купиле стан,собираат пари за лошо за арно.Мене не ми изгледа дека се недомакини.Е сега има проблеми.Има ,ама очигледно се подносливи.
     
    На christinnn и AngelOfArh им се допаѓа ова.
  13. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.739
    Анѓел, се согласувам делумно со тебе. Зависи кој како ги сфаќа работите и како ги толкува зборовите. Еве ние додека го реновиравме станот, решивме да не плаќаме кирија и седевме еден месец кај родителите на мм, еден кај моите. И во тој еден месец нашите не згрижија. Иако јас сум потписник на договорот за кредитот на станот на моите и иако плаќам дел и кај нив и дел за нашиот стан, сепак ќе кажам дека моите ме згрижија. Под тоа јас подразбирам ми дале кров над глава, ми подале рака. Ако тоа некој го сфаќа поинаку, се извинувам. Целта ми беше сосема различна. Кога некој во сопствениот дом е спремен да прими уште едно семејство и да се лиши од својот комодитет, другите треба да се во најмала рака благодарни. Ни мене ми беше лесно со неговите, ни него со моите. Чим на некој му го рушам комодитетот, значи прави нешто за мене!
    И небитно како го "спечалиле" имотот. Тој е нивни дом во тој момент, - наследство, купен, тоа е туѓ имот кој мене ми дал некој привилегија да го користам. јас така ги сфаќам работите.
     
  14. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.428
    Допаѓања:
    108.273
    Пол:
    Женски
    Е ашколсун Луничка, и ти имаш ќерка и знаеш како е, затоа и разбираш. Ќе речам, а може и ќе згрешам, ама мислам дека мајките на девојчињава многу ги заштитуваат. Денес и на работа го правевме тој муабет. Мајка дојдена од операција затекнала дома купишта тањири, сите вилушки и чаши извадени на мегдан искористени, по земја трошки, прљавштини, флеки на подот, прашини по мебелот како со години никој да не живеел во куќата, живи срамотилаци. Е ајде кажете ми дали е тоа во ред, после тоа девојче ќе иде некаде да биде снаа и ќе ја критикува овде свекрвата како не и помагала, како била против неа... Јас еднаш реков, јас сум на страната и на снаите и на свекрвите, и сум против снаите и свекрвите, јас сум за човечко однесување, да бидеме сите еден кон друг човечни, светот не е ниту мој ниту нејзин,светот е на сите, ќе го делиме така како што и живееме на планетава, подеднакво. Не можеме за едните да бидеме мајки, за другите макеи. Кога на се ќе се погледне со чисти и бистри очи многу појасно ќе се видат работите, да ви е јасно.
    Кукле, не сте биле згрижени, тој стан е твој, ти си отишла во свое, не во туѓо. Згрижување е тетка стринка да ве згрижи, да ве прими дома додека да се снајдете, а не да отидам во мојот дом од пред година дена и да не се осеќам како дома. Секој како си сфаќа е работава, ама мислам дека треба да ги гледаме исто работите во сите ситуации. Ете пак ќе речам, ако се разведеме неадјбоже, си одиш дома кај мајка ти, те згрижува или си одиш дома? За мене тоа е класичен пример. Не велам сега дека јас треба да се осеќам комотно и да праам што ми е ќеф, но не е исто како што ќе се осеќам кај тетка стринка на поседок. Прашајте ги мајките, исто ќе ви кажат. И како што е тој дом на бабата и дедото, тоа е дом и за синот, за мене тој дом во Валандово секогаш ќе биде мој дом иако реално јас таму во континуитет не сум живеела повеќе од 3 месеци, само што ја започнавме се преселив во Скопје и не сум се вратила, сум одела на месец, два, три најмногу, ништо повеќе.
     
    На SV1911, kate21, lunicka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.739
    Мене кај мајка ми, ми било и секогаш ќе ми е дома! Очигледно за исто зборуваме, ама различно ја сфаќаме тежината на зборот згрижување.
    Ајде убав викенд :)
     
  16. Night Rider

    Night Rider Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    716
    Пол:
    Машки
    Можеби би било подобро да се преселите во станот отколку да го издавате. Точно е дека и тие стотина евра знаат да бидат клучни во семејниот буџет но цената која ја плаќате преку неприродното меѓугенерациско живеење лишени од приватност - ќе биде поголема отколку ползата од парите кои ги добивате од кирија.
    Има безброј семејства кои ја делат вашата стамбена состојба, за жал тоа е прераснато во традиција веќе.
     
  17. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.522
    Допаѓања:
    288.771
    Тоа што станот е препишан на име на татко ти не значи дека он го сработил и спечалил од парите кои ги заработувале со мајка ти во текот на бракот. Само значи дека баба ти и дедо ти на мрзливата ќерка не и даваат дел од него после нивната смрт(или уште сега, небитно) и покрај вториот стан кој го имате, па со платите не мораате да си двоите од ништо поради решавање на егзистенцијалните прашања.
    А другион стан исто е наследство??? Па јас најискрено и не би се жалела толку многу да сум на место на мајка ти.
    Очигледно дека за тебе/вас е предност живеењето во заедница наместо да се преселите во помало станче но сами.
    И мајка ти требало сама да си знае дали во 8-9 месец теписи наведната мете и после 11 саати работа дупла смена дома да работи. Или до толку дојде зорт работата свекрва и золва мрзи со пиштол на глава и застанаа за она да трие килимите.
    Другата страна може би рекла една трврдоглава, дива неразбрана снаа...со стомакот до заби грабнала тегне трие низ куќа и себе си и внучето во опасност ги доведува.

    И ради дедо ти живеете таму..баба ти може и не е така клета де.
    Ти се пуштивме знам, али и мене ептен ми делува како да има друга страна приказната.
     
    Последна измена: 21 ноември 2014
  18. christinnn

    christinnn Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2014
    Пораки:
    2.756
    Допаѓања:
    21.441
    Пол:
    Женски
    Нема проблем хаха.Не ми се нафрливте, едноставно си кажавте ваше мислење.
    Се измешаа премногу работи, незнам ни како да се изнајснам за да не ме сфаќате погрешно.
    Нешто што најмногу ми падна в очи и ме навреди и мене и мајка ми е тоа дека таа ме труела да бидам против нив, и затоа јас ситуацијата ја гледам вака.Не , напротив.Не гледам забрана тука мајката да и се исповеди на ќерката.Таа би била првата која би ме утепала ако јас се понашам нечоечки со нив.Како прво и прво ги сакам премногу, тие чак и во некои ситуации поќе се грижат и се тресат над нас коа родителите не се тука.Затоа и реков, се понашам супер со нив.И оваа работа ја посматрам од страна, без да зафаќам страни или дополнително кавги да стварам.Затоа и напишав тука.
    Друго, од каде знаете дали јас и помагам или не за време на слава?Скоро пола работа ја правам и јас.Од една страна мислам дека таа би требала да биде задоволна што баба не и се меша, ради тоа што прави неред, нормално стар човек е.Али доволно е само да се понуди, а таа ни тоа не го прави.
    Друго, не е човечки четиричленаа фамилија да се стега во една соба, сфаќате?Ќе ни биде полошо од тука.А од овој стан дедо не сака да си оди, едноставно премногу е поврзан со сите нас.Нема шанси да си замине.
    И тоа е тоа, не планирам дополнително да раскажувам зато што само ние си ја знаеме најдобро ситуацијата.Уф, ама било тешко вака да се дообјасниш на форум.
     
  19. zalosna

    zalosna Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2011
    Пораки:
    4.742
    Допаѓања:
    78.093
    Пол:
    Женски
    2014-11-21 21.03.16.png
    kako svekrvata so vas taka i vie so nea :D ne go snimile gabe filmot
     
  20. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.109
    Пол:
    Женски
    На zalosna му/ѝ се допаѓа ова.