Ни јас не би отишла да сум во таква ситуација (не дај Боже), ама секој со својот памет. Се надевам дека е свесен, дека ги оставила на улица со бебе... Па ке видиме што ке каже охохо, каква била постапката.
Така само... Здравје, еден ден и вие ќе бидете свекрви и на вас дупло да ви се врати, што им мислите на нашите мајки...
ХАхахаа @trikson си ја одбрани мајка му... како впрочем и сите...и свекрвите се нечии мајки... јас нема да зборувам за мојата од безбедносни причини хахаххаха настрана шегата.... сакав да кажам ....Девојки па зар со тек на време не си вградивте копче „Игнорирај“.... мене многу полесно мие откако го вградив итоа по совет на вујна ми која има најдолго искуство со свекрва.... иако има сега внук сеуште живее со баба ми,,, па нема сега на крај да ја остави... но само од едното влегува од другото излегува.... но признавам дека за многу работи и ова не помага...како во случајот на @ohoho.... ама колку можете повеќе игнорирајте ги...
ке ви раскаЖам приказна на оваа тема......си биле снаа и свекрва,снаата одлуЧила да запиШува во книга се сто и правела свекрвата секој една неправда .....поминувале години и снаата станала свекрва ја отворила книгата да проЧита сто и се слуЧувало да извлеЧе поука за да не и го прави истото на снаата ....Читала,Читала и рекала .....па оваа во право била сакам да каЖам дека и ние кога ке станиме свекрви истото ке го правиме NARAVO POUCENIE снаа и свекрва никогаШ во добар однос
Убаво вика другарка ми. Поубаво во шатор во некој парк ќе живеам, ама сама со мажот, отколку во голема куќа со свекорва
Едноставно сите ние го бараме проблемот во свекрвите,НО јас мислам дека најголемиот проблем е во нашите мажи и во тоа колку е мажот МАМИНО галениче и колку тој дозволува неговата мама да се меша во се. Еве јас две години живеам со свекор и свекрва нормално со мојот сопруг и моето мало детенце Во овие две години јас најискрено никогаш се немам скарано налутено или тон повишено на моите свекор и свекрва.Не е се совршено НО има разбирање и од двете страни дури јас мислам дека многу пати сум заслужила да ми се подналутат или слично но никогаш тоа не се случило.И за жал или среќа само јас од сите наши пријатели роднини познаници незнам да кажам лош збор за свекрвами додека сите останати си имаат проблеми со свекрвите и јас секогаш малку побурно реагирам кога ке зборуваат така за свекрва ПА ЧЕКАЈТЕ МАЛКУ ВАШИОТ СОПРУГ ДОЗВОЛИЛ ТОА ДА БИДЕ ТАКА ако сопругот и каже на својата мајка и на својата сопруга до каде им се границите и која до каде може да оди со своите сезнаења значи ке има и разбирање подобра комуникација и подобар живот. Или мојата свекрва се погодила 1 НА 1000 СУМ И ИМАЛА СРЕЌА или незнам што ке да е. И ај доста ги фалам дан ги урочам па после и јас да барам помош
Драга ohoho твојата приказна ме трогна , особено што и јас има золва за која свекрва ми душа дава ,а за нас ако има има ,ако не -здравје. За жал за своето повеќе боли ,за жал за нас снаите кои не сме им деца ,но голема неправда поради вакво нешто не е во ред. И ние го напуштивме станот во кој живеевме најмногу поради золва ми. Да беше сама свекрва ми најверојатно ќе си легнеше на брашното,ама вака... Мој совет ти е малку различен од другите совети,а поткрепен е од искуство. Имав баба , на мајка ми мајка , која цел живот се караше со мене , ме навредуваше ,колнеше итд. Живеев со неа и дедо ми, со мајка ми , бидејќи немав каде да одам . Кога ќе се расплачев секогаш и велев : „ Ќе видиш ,само јас ќе ти останам на крајот,ако ме нејќеш, од мене ќе бараш вода да ти дам на смртна постела“. И така би , замислете. Денот пред да умре баба ми и се фати говорот и не можеше да зборува. Со неа бев само јас и мајка ми ,а пошто мајка ми требаше да се врати на работа ,останав само јас.( дедо ми умре пред неа) Таа неможеше да збори , само кога ќе посакаше вода ќе ја поткренеше раката. Јас со едната моја рака ќе ја поткренев ,а со другата и давав вода. НИКОГАШ дури сум жива нема да го заборавам погледот во нејзините очи.Тој поглед на немоќно суштество кое ти се заблагодарува од дното на душата и се кае од дното на срцето. Со тоа што и дадов вода , и дадов прошка за се. Јас си ја исчистив душата од горчина ,а таа гледајќи ја прошката во моите очи ,спокојно умре утредента в зори. Да не го направев тоа , да и дадев вода, ќе се каев до крајот на животот. Ние ,луѓето , така сме створени , да грешиме , да ни простуваат и да простуваме-НАЈВАЖНОТО! Мој совет ти е да појдеш и да се простиш (можеби за последен пат) со свекрва ти. Нека ја види прошката во твоите очи. Знае дека згрешила. Тебе ќе ти биде полесно ,а и Господ ќе те награди со нешто друго за чистината на твојата душа. Ти посакувам среќа!
леле ме расплача каква случка а за охохо и јас мислам дека треба да оди простувањето е од бога сепак за нејзино добро е од една страна
Јас сум мажена скоро 3 години, живеам во иста куќа со свекор и свекрва (на различен скроз одвоен спрат ама заедно јадеме). Не можам да се пожалам од нив. Ми ја чуваат ќерка ми додека сме на работа, кога ќе заспие малата, свекрва ми прави ручек, сметки освен за фиксен и мобилен телефон не сме платиле, секогаш не прашуваат дали имаме пари. Нормално, како и сегде има некои работи кои ме нервираат ама премолчувам и така продолжуваме да функционираме. Најважно од се е да има компромис. Некогаш јас ќе премолчам, некогаш тие и така си тераме. Па искрено јас на мајка ми повеќе и се лутам и повеќе се караме отколку на свекрва ми што и се лутам. Ако ме види дека сум нешто намуртена секогаш доаѓа и ме прашува дали направила нешто погрешно. Има секакви луѓе ама на крај на краиштата, каква-таква таа жена го родила твојот сопруг, таа му е мајка и колку и да не сакаш мораш да ја почитуваш (не да ја сакаш туку да ја почитуваш). Јас би му извадила очи на маж ми да рече нешто против мајка ми, а зашто јас да зборувам против мајка му. Можеби јас сум имала среќа што сум налетала во таква фамилија незнам ........................
Е јас знам и блиски примери каде снаите се однесуваат како да живеат во хотел, без око да им трепне.Средено им е, исчистено, зготвено итн.Они само што одат на работа...после со децата дома...па по кафиња, куќи, дури и мажот нешто посебно не го рецкаат... со мама, дада итн обавезно скоро секој ден се гледаат.Кај нашле па и зашле!На што личи тоа?? Ни осет се има дека имаат дом...никој друг не им е должен да им слугува...ни почит кон тој (свекрвата) кој им слугува.А после они се прави другите се криви.Секоја треба да е прво свесен за себе, за своето однесување па после да гледа и префрла на другиот.А еден ден и некоја од нас ќе биде свекрва, па ко преживи причат ќе...тркалото се врти драги мои. Имајте почит и ќе ве почитуваат, покажете се на дело ќе ценат. Е сега за оние лошите свекрви не ми беше муабетов.Тоа се знае...е друга приказна.
Женчиња снаички, да ви каже мама Блонд што научи деновиве. 1.Свекрвата на игнор (90% од времето нека ви е активирана оваа опција) и нема да имате главоболки. Ако ви збори, правете е дека ја слушате и климајте со главата (ова се однесува ако ве замара нешто непотребно и ви попува), а ако ве прашува нешто-одговорете и фино лепо. 2.На мажето ни еден лош збор за мајка му. Се што имате незадоволство од него, направете тој да го сфати тоа сам (секако пак мора вие да умешате прсти и да се потрудите за тоа), на пр. да почнете разговор со свекрвата која она секогаш ви го прави кога вие две сте сами. 3.Однесувајте се со нив како што треба, а не како што заслужуваат (никогаш не сум престанала да ги молам за кафе, сок и сл), зошто ако почнам да се однесувам како што заслужуваат ... 4.Ако свекрвата ви е решена таа да е главната готвачка во куќата, не се расправајте. На крај краева, една работа помалку за вас. Јас премногу се нервирав за ова, но кога подобро си размислив, таа си ја отежнува сама работата, наместо да ми ја препушти на мене таа обврска. 5.Сакала таа да ја вклучува пералната (демек вие сте сеуште млади и не знаете како се вклучува перална)-оставете ја нека ја вклучува, тоа е нејзина обврска плус. 6.Кога ви се уфрла во муабетот-игнорирајте ја или уште подобро-засрамете ја пред соговорникот и кажете и дека кога се прави муабет со некој друг, не се така уфрла во муабет, нека почека да завршете вие со муабетот, па потоа таа нека си го каже своето мислење. (нареден пат ќе се помисли дали пак така да направи) 7.Ако упорно ви вели ова да е така, ова да е онака, ова да е вака-сослушајте ја, а потоа нејзините мислења и налагања ги дискутирајте на само со маж ви.И секако ќе кажете кои се добрите и лошите страни на нејзините налагања. 8.Ако се случи да е во право свекрата-попуштете и, ќе се радува на тоа како мало дете што се радува (демек ја добила војната). Сепак на крај краева не е битно кој повеќе битки ќе добие, туку кој ќе биде победникот во војната 9.Кога свекрвите претеруваат со нивното однесување (како мојата што претерува-ми чепка по гардеробата, ми ги средува шминките и накитот кои секогаш ми се средени, ми ја разместува собата како на неа ќе и се допадне) е тогаш, бидејќи овие работи многу вадат од такт, прво разговор со мажето за ова и ако по тоа не се поправи, следува после и по некоја солзичка со разговорот (со цел да сфати мажот дека тоа навистина не е во ред). Најбитно од се-никогаш не влегувајте во конфликт со неа, зошто сепак сопруга си е сопруга, ама мајка си е мајка (факт) секогаш повеќе ќе го боли за мајка му , отколку за сопругата. А знаеме добро дека свекрвите како што знаат една работа да ја исфилуваат со 300 филови, никој друг не знае тоа да го направи ( е ова го знам по баба ми што и прави на вујна ми ). Кај мене овој третман деновиве е успешен, ќе видам само до кога ќе издржи свекрвица вака.
Извини, ама нели мислиш дека е многу пологично времето и енергијата што ги трошиш на смислување начини како да ја оцрниш свекрвата, да ги потрошиш на нешто попродуктивно, односно да поработиш на тоа да си обезбедиш сопствен покрив над главата каде ќе бидеш своја на своето и никој па ни свекрвата нема да има право да ти се меша
па нормално ке и се меша, свекрвата е успешна жена што створила нешто, а невестата сака да го негира сето тоа со своето понашање...треба да се знае кој е плашилото у свое лозје... е така не ја тепаме мечката бе...
^ ^^ А да не треба случајно да се согласува со се што ќе каже таа , да и угодува цело време , да и биде слугинка? Да и попушта и да си го даде здравјето за некоја старка ? Кога ќе види дека е наивна се повеќе ќе ја гази . Се согласувам со тебе blond . Постот ти е на место
Не знам каде прочита дека треба да и биде слугинка,напротив јас реков дека блонд треба да се осамостои,да си обезбеди сопствен дом, кога веќе не се согласува со свекрвата тоа е единственото решение, побогу никој не и ставил нож под грло да живее со свекрвата. И нема потреба од зборови како "старка", сепак и таа е нечија мајка, претпоставувам дека ти би се налутила кога некој мајка ти би ја нарекол старка?
Kаде во мојот пост прочита дека јас сакам да ја оцрнам свекрвата ? А ? Јас си имам сопствен покрив над глава, имаме и стан, но родителите на маж ми не сакаат ние да одиме во станот, не сакале сами да живеат овде. И јас да сакав да оцрнам некој, веднаш ќе отидев во станот и ич онаквото немаше да ме боли за нив Кој па тебе те праша за мислење нешто ? Или мајка ти ти е идеал во животот ? А како мислиш успешна жена ? Успехот за секој е различен. Ако е успех тоа што не успеала на син и да му направи посебен дел од куќата за живеење, туку тој сам да си купува стан, тоа што не му остава 5 минути интимност со жена му, тоа е успех? Е такви ко тебе мамини галеничиња чекам да пишат нешто паметно, ама очигледно залудно чекам. Да, да, треба да и ќутам на нејзините коментари дека јас не знам да готвам, да чистам, да пеглам, не знам едно кафе да сварам. Ахам да. Нека ми извини свекрвата, но мајка ми не се однесувала така кон мене и не ме така психички малтретирала, па нема да дозволам ни она тоа да го прави.
Инаку, сега сме во фаза на одделување на посебни спратови во куќата (кои свекор ми и свекрва ми гледаат на секој начин да го прекинат тој процес).
Па во овој пост воопшто не спомнуваш дека свекрва ти не ти давала да си одиш,напротив велиш дека ти не си сакала да живееш во стан и дека станот го издавате за да земете кирија
Пак ќе се повторам, мислев дека свекорот и свекрвата нема да се променат. Да беа какви што беа на почетокот, немаше да има проблем. А кога веќе се појави проблемот и кога размислувавме да се преселиме во станот, тие рипнаа против тоа. И од кога тие почнаа да се противат, од тогаш почнавме станот да го издаваме, претходно ни стоеше така спремен за нас.
Па во овој пост воопшто не спомнуваш дека свекрва ти не ти давала да си одиш,напротив велиш дека ти не си сакала да живееш во стан и дека станот го издавате за да земете кирија[/quote] ЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕ И СТАН И ПАРИ ОД КИРИЈА, НЕМА ДВЕТЕ. ДОЛГОТ Е ТОЈ ИЛИ ТРПИ СВЕКРВА ИЛИ ОТКАЖИ СЕ ОД ПАРИТЕ ОД КИРИЈА. И ЈАС СИ САКАМ ДА СИ ЖИВЕАМ САМА, АМА НЕКОЈ ДА МИ ГИ ИЗВРШУВА ДОМАШНИТЕ ОБВРСКИ, СТАНОТ ДА ГО ИЗДАВАМ, ДА СИ ЗИМАМ ПАРИЧКИ АМА СВЕКРВАТА ДА НЕ ЈА ТРПАМ. (УФФФФФФФФФ АМА МЕ НЕРВИРА ОВАА СВЕКРВА МИ)