Од кога се спремам да пишам и никако. Ми е страв дека ко ќе почнам нема кој да ме застане. Проблеми на кило да ги продававме мислам милионери ќе бевме . Еве ја Хитлер ми го гњави детево јас демек полесно ми е ви пишувам а ми иде на лице место да ја убијам! Нека ми прости Господ. Дали генерацииве им се такви дали не знам ни јас што. Живи не изедоа. Они се знаат они се најпаметни ааааааа. До кога ? Не разбираат дека нашето време и нивното не е исто. Ние живееме многу постресно од нив ама неее ние млади сме ништо не ни е. Мн сме биле нервозни а не им било јасно зошто што проблеми можеме да имаме толку млади... аххх ај да не замарам нема крај. Туку да ја убијам сеа додека не ме глеа или? Хаххаа
Научна фантастика е филмот.Да мене ми удри она шамар или јас неа со тава по глаа ко во филмот полиција или развод одма би заиграле
Животот под ист покрив со свекрвата е штетен Според научниците животот под ист покрив со роднини е штетен за здравјето на жените. Особено ако роднината е свекрвата. Во ова истражување учествувале 90 000 жени на возраст од 40 до 69 години, оние кои живееле под ист покрив со своите свекрви многу почесто страдале од исхемични болести на срцето. Жените кои живееле сами со сопругот, имале здравствени проблеми два пати поретко. Експертите тврдат дека причината се крие во стресот, на кој се изложени претставничките на понежниот пол, стремејќи се да подржуваат добри односи со роднините. Знаевме дека има нешто што не чини во свекрвите! Не дека не ги сакаме своите! Напротив! Но толку добро се разбираме на далечина, преку телефон, што не би сакале да го расипеме тој добар однос со секојдневни средби во живо. А и така е најдобро за здравјето и мирот на целото семејство! ИНТЕРЕСНА И ВИСТИНИТА СТАТИЈА ПОУБО СЛУШАЈСЕ ПО ТЕЛЕФОН ОДКОЛКУ СЕКОЈ ДЕН ЗАЕДНО КАФЕ ДА ПИЈАШ!
Аако имаат сите свекрва како мојата, сите ќе нишаат глави Демир Хисар. Какво срце? И срцето ќе крене раце и ќе збудали. Па таму ќе има форум само со една тема „Свекрвата ме збудале„.
Случајно прочитав неколку страници од оваа тема и решив да го искажам моето мислење. Јас незнам дали еден ден ќе бидам свекрва, а ако бидам ќе се трудам да бидам најкоретна. Секако дека една примарна цел во животот, покрај образувањето на моите деца е и решавањето на нивното стамбено прашање. Една феминка пишала дека ако има три деца немора да прави три куќи, не се сложувам. Ќе родиш толку деца колку што можеш да изведеш на прав пат. Па кога ќе видам на телевизија молат за помош со шест или седум деца зошто живееле од социјална помош смрт ми е, алооо кој те терал да клепаш толку деца. Несакам да бидам сфатена дека ако не се финансиски добар дека нетреба да имаш деца, напротив, подобро едно со нормални услови отколку три да ги мачам. Кога би дошло ред моите деца да идат под кирија,, јас би постапила на тој начин што јас би отишла, а мојот дом би им го дала на нив. Неможе да се спореди животот под кирија во Швајцарија и во нашава мизерна земја. Второ кредит неможе да земе секој, постојат голем број на семејства каде ниту еден член не ги исполнува условите за кредит, трето секој не е во можност да исплаќа рати. И сега ако некој се најде во ваква ситуација треба да се осеќа како на гости во куќата на свекрвата? Па може и таа начекала на готово, куќата ја наследила од родителите или пак родителите на мажот. Која личност на 20 или 25 години е способна во исто време да обезбеди живеалиште, да гледа дете, да одржува цело домаќинство (секоја чест на исклучоци).? Да не се лажеме секој е свесен за условите во денешно време, вработувањето и финансиите. Јас живеам во куќата на мм, т. Е од неговите и не се осеќам како да треба да се клањам некому, јас сум благодарна до небо што ми пружиле живеалиште, меѓутоа ова незначи дека треба да ќутам на сите и да се подгазувам. И јас допринесувам и зараборувам тука, учествувам и ќе учествувам во реконатрукција на домот, плаќам сметки, го одржувам домаќинството, зошто да се осеќам како на гости? Споменувате закон, ако род. Имаат обврска да се грижат за децата до 18 години, законски и децата имаат обврска да се грижат за старите родители и да им обезведат услови за пеистоен живот и минимална егзистенција. Секогаш треба да се стремиме да се најде заеднички јазик со свекрвата, секако дека постојат пропусти и од двете страни и треба истите да се надминат со меѓусебен разговор. Ако пеминат во жестоки расправии или директни напади еве да речеме од страна на свекрвата мислам дека мажите треба да реагираат, во спроривно проблемот е во нив, џабе го бараме на друго место.
Јас мислам дека токму во тоа е и проблемот.Секоја личност на овие години треба да се стреми кон нешто свое, да има свое катче па макар и изнајмено, да се бори самостојно.Штом веќе е зрел да формира семејство нема потреба од издржување од страна на родителите.Како еднаш не сфатат и овие млади дека родителите треба да не изведат на прав пат, да ни овозможат образование и едноставно да бидат тука за нас и толку.Ако имаат ќе помогнат ама ако немаат душата ли да им ја вадиме.Јас знаев дека родителите на маж ми се стечајци, знаев дека сами ќе си ја правиме свадбата, знаев дека моите нема да можат да не помогнат ама јас не ни лежев на тоа уво.Тоа е само мое мислење но сметам дека младите во оваа држава не сакаат многу да се осамостојат односно сакаат ама со помош од родителите, штознам можеби и оваа транзиција сите ги уби во поим.
Затоа велам секоја чест на исклучоците. Мислам дека секој сака и се стреми кон самостоен живот, но не секој го може тоа. Кој млад брачен пар сака да живее во заедница и зависен од друг? Инаку нормално дека ако немаат неможе душата да ја дадат, ако немаат. Ете во твојот случај стечајци, како што разбрав те исшколувале што е за пофалба, но познавам себични родители што секое задоволство си го приуштиле, а кога дошло ред за децата ни образование, ни свадба и на крај клоца во газ и под кирија. Ова го пишав конкретно за сестра ми. Свекрва и најдотерана во цел град, скапи парфеми, брендирана облека, си се шета по ресторани, летувања, зимувања, луксузи си тера, а син и цело средно работеше по перални за да има за облека и ете излегување да си приушти, потоа цело студирање сам се финансираше. Свадба самите правеа, и дел од парите што ги добија како поклон и ги позајмија, наводно картичка да покриела и секако не им ги врати, а од тогаш едно три ташни од мона има купено. Отидоа под кирија, затоа што таму им беше тесно, еднособен стан, а во него братот на зет ми со фамилијата. Може да издржи под кирија зошто сестра ми зема добра плата, моите доста им помагаат и затоа што зет ми е прекрасен човек, инаку кога би земале минимални плати што е најчест случај кај младиве многу тешко. Или не би се одлучиле уште долго за брак или би спиеле во ходник ( како што им беше предложено од дотичната). Ова родител е? Место да купува скапи чанти нека плаќа кирија, една чанта, една кирија месечно.
@Enamena, а си помислила ли некогаш дека можеби некој друг и ја купува таа брендирана облека, тие чанти и парфеми?
Можно е, но со оглед на рабоната позиција што ја држи не верувам дека сите задоволства друг и ги пружа. Исто така има сопруг што го тегне за нос и до последен денар го цица. Не е битно, ми беше зборот дека никој млад не би сакал да седи во вакви услови и дека има родители што имаат можнос да им решат стамбено прашање или на било кој начин да им се најдат на децата ама за жал немаат желба. Јас би идела цел живот по дна чанта и би јадела маргарин и леб секој ден само моите деца да имаат колку толку нормален живот.
Aбе све се тоа нијанси. Според некого да изведеш дете на пат значи да го нахраниш, напоиш, порастеш и исшколуваш и да го воспиташ на начин на којшто ќе го оспособиш за самостоен живот, за друг е тоа и плус отстапување на дом, купување на станови за сите поколенија, гледање и трпење на снашката и тн и тн. Лесно е од позиција на снаа да речеш што би направила на место на свекрва, ги немаш ни тие години, ни таа нефлексибилност, ни тоа здравје, ни дојденка в куќи (ова во поглед на нов член во семејството, не ме напаѓајте). Како тоа ако немаш да му дадеш стан, не го планирај? Не е битна желбата, подготвеноста и сл. Стан немаш ли, ништо. Во секоја фамилија има некој што создава и некој што троши. Можеби таткото не создал за синот, но синот може ќе создаде и за него и за неговиот син... а можеби и ќе може дури и на татко му да помага. Судбина. А да гледате кој што купил и колку има ако не сте го купиле вие, ми е некултурно, извините вака. А кога свекрвата би гледала, би било лошо, нели...
За секое дете стан, каде живеете луѓе? За Мк збориме така? Јас немам уште заработено стан за себе и својата фамилија, треба да почнам уште малку и да го отплаќам до крај на животот. За уште еден стан ми треба уште еден живот или евентуално леб и маргарин цел живот да јадам и да се затворам во 4 ѕида од дома да не излегувам. А тоа не ми е во план, ќе гледам да си го осамостојам детето колку што можам повеќе и искрено не го гледам до мене како возрасен човек. Да сме здрави и живи после школо сакам да е некаде по светот, да прошета, да види, да работи, сам да си отплаќа стан како што правиме и ние. Не дај Боже да ми се тупни со невеста дома и таа да ми рачуна каде си ги трошам своите пари. Кога ќе ви излезе од глава дека завршија времињата кога плацеви без пари се земаа и куќи од две години работа тутун и лозје се правеа. Тешко е сега за сите, и ако нема некој да ви даде, помогне, нема, тоа е, И на трепки да им се обесиш пак ќе нема. Гледајте колку можете сами и ценете ја секоја помош макар и мала. Денеска вие им судите на родителите, утре вашите деца вам. А имам еднаш кажано, ако мислите дека сте подобри почнете уште сега со мачкање маргарин оти станеви и куќи не се купуваат само со филозофирање. Ако нема во Мк услови има надвор од Мк. Барем на одреден период, ако не може со образование нека оди на брод. Ќе го испоти газот ама за 3, 4 или 5 години ќе има за стан и еден автомобил, бар стартно е. Нека ја земе и момата со него да почисти и таа малку по вециња странски па ете некој денар плус. Мора да се гледаат сите опции, најлесно е само очите кон родителите да се свртат и тие да ни се криви за се.
@Bridget ти ги читам постовите и секогаш ми бодат очи. Немој да ме сфатиш погрешно ама стварно имаме различно сфаќање. Ти си секогаш на страната на родителот а јас на детето. И јас сум родител на две деца. Дали ти знаеш дека сум дошла во ситуација да јадам леб и ајвар цела недела, само за да имам за детето за чоколада. Значи не за леб, за ЧОКОЛАДА. Можеби и мене некој би ме осудил ама јас моето дете сум го родила не за да гледам на својот живот, туку да бидам жртва за него. Јас се лишам од секакви задоволства во животот за своите деца. Ако треба и во 4 ѕида ќе се затворам ама тие се моја обврска. Сум го родила за да му го обезбедам она што му треба. Ни мајками и татко ми не беа обврзани да се заглават до гуша за да ни направат куќа ама сметаа дека тоа им е обврска како родители. Не се обрзани да ме носат во Тинекс еднаш на две недели и да плаќаат сметка од 5000 ама го прават тоа. Имале немале мајка ми јасно кажува дека детето не ти е дете додека се омажи/ожени. Тоа ти е дете цел живот. Во однос на работењето, мм работи од својата 16што јас не сметам дека е во ред. Ни факултет не му платиле, иако бил капацитет, затоа што реновирале куќа во некое село у три пизде материне. А бе ќе земам заем и ќе се курвам за пари ама на детето ќе му обезбедам и факултет и се.
^ Ако ти штедиш цела недела за чоколада, како ќе заштедиш за стан жити се? Ако примерот ти беше само да покажеш како ти се жртвуваш за своето дете, ок, и јас жртвувам одредени работи, ама не можам него СЕ да му овозможам а јас цел живот леб и ајвар да јадам. Додека е под наш кров, нашето дете ќе живее како што живееме ние, можеби малку подобро зошто сепак ќе се ставиме малку во заден план. Но цел живот јас да мизерувам за да го направам паразит кој чека се на готово од неговите измачени родители, тоа никогаш. За помагање секако ќе бидам тука, ама колку ќе можам а не колку тоа мисли дека треба да дадам слушајќи муабети како на некој друг му оставиле или овозожиле родителите не знам што и не знам колку. Да го израснам во цврст карактер, да му овозможам образование и основни работи за живот, за друго ако можам добро, ако не, нема да чувствувам вина.
Муабетот ми беше дака не би дозволила детето да замина од дома ако немам јас да му обезбедам каде да оди. И твојот коментар беше дека, кога ќе се ожени, не сакаш снашка дома да ти ги брои трошоците. И претходниот коментар беше децата да живееле во ходник. Јас ако треба ќе изнајмам една соба. Знам јас како е кога ќе ти кажат, нема место за сите, вие треба да си одите. А каде? Со една плата од 15000 и мало дете. Не би дозволила тоа да го доживее моето дете па што сака нека биде
Не се разбираме, јас не велам дека нема да му помагам на моето дете ако можам, само ќе гледам да не го израснам да се најде во ситуација да ми доведе дома жена и дете а знае дека ми е слободен само ходникот. И да смета дека јас сум таа која треба да изнајде решение без воопшто некаква одговорност да чувствува. Нормално дека ќе гледам да помогнам во кризни ситуации, ама ова е ситуација која може да се планира, да се уклучи мозок, колку и како се може или не може. А не да ми каже јас се оженив, жената трудна е, ти мисли му ја како и каде ќе живееме.
Е ок јас те сфатив, се жена ај гитла од овде. Ми се крева косата од таков муабет. Сум го доживеала и многу боли. Верувај ми. Ај јас и така и така ама мм не може да го преболи тоа што буквално не оставија на улица со бебе.
Цената на парите расте пропорцинално со макотрпната работа на поединецот. За почеток е доволно студентот да го заработува својот џепарлак за време на студирањето и да го испече практикански мозокот по завршување на студиите. Родителот е должен да му овозможи образование согласно умствениот капацитет на детето и да се стреми никогаш истото да не брише туѓи клозети. Прво, сериозни сте со бродовиве и срањава што ги изнапишавте? Многу е парадоксално да пружиш високо образование, а да бараш истовремено син ти или ќерка ти да чисти клозети. Може во биографија поприфатливо ќе стои шанкерско/келнерски услуги на Кипар во однос на работното место што ќе се бара по професија? Секое дете е должно да стажира по завршување на студиите, да испече занает за да дојде до убаво работно место. Ние сме должни како родители да помогнеме колку што можеме во тие ситуации. Не е паразит дете што е на пракса и заработува за превоз и храна, паразит е дете што ќе ги заработи парите од брод и ќе купи глупости што апла немаат врска со реалноста за подоцна да кенка зошто не може да најде работа по професија, а еден ден нема искуство во сопствената струка затоа што годините по нечиј резон ги изгубил на бришење подови, клозети итн.