Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. evangelina.ina

    evangelina.ina Популарен член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2010
    Пораки:
    512
    Допаѓања:
    19.420
    Пол:
    Женски
    Истото јас им го кажувам на моите два сина (повеќе е наменето за поголемиот се разбира тој е во лудите тинејџерски години и сака само на мала врата да се провлечи па искрено се плашам да не ме изненади пред време па јас онака во превентива разговарам и разговарам)..
     
  2. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.971
    ^^
    Зошто да не сум сериозна со бродовите и чистење клозети? Реков ако не може со образование, што значи дека не е секое дете за високо образование, не секое има капацитет или желба и упорност да седи и учи. Значи не му се учи, не му се работи а сака да се жени и газда во куќа да биде. Па и да е на факултет а сака да заработи некој денар плус, зошто да се срами од работа, што мислите што работат сите студенти што заминаа преку фак. на работа во странство? И тука веќе зборам за некој кој има намера да се жени и фамилија да ствара а не за дете кое студира. И ако ставам на кантар што е повеќе за срамота, дали да чистам клозети неколку години во странство и да си седам после на свое или да се тушкам во две соби со еден куп луѓе до крај на живот, секако не би го одбрала второто.
     
    На livert, SuperGirl24, Daydream и 5 други им се допаѓа ова.
  3. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.414
    Пол:
    Женски
    Забегавме од темата ама морам да реплицирам.
    Болдот не држи вода знаејќи ги состојбите во нашето општество.
    Ако немаш вујко владика џабе е и на трепавици да стоиш нема да се вработиш по струка.
    Искуството (работна навика) се стекнува и со чистење клозети и воопшто не е понижувачки да заработиш, а не да чекаш од мама и тато кои што едвај крпат крај со крај.
    Одиш да се олесниш во тоалет и се зацапуваш во гомна зошто никому не му е по струка да го чисти ќенефот.
     
    На Hipster, Daydream и Annath им се допаѓа ова.
  4. Enamena

    Enamena Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2013
    Пораки:
    165
    Допаѓања:
    107
    Јас како што сфатив од коментарот на една феминка дека ако родителот се жртвува за детето ќе го направи паразит? Ќе биде способно само ако се избаци на улица и така да се научи да се снаоѓа? Па така ќе родам 7 деца, ќе си водам луксузен живот, а децата нека се челичат, нека стануваат снаодливи. Работава испадна родиме мајко со ксмет и фрлиме на буниште! Јас додека не се омажив не работев, моите ме издржуваа во се, не работев на брод и во туѓина, туку стажирав по адвокатски канцеларии за без ќор денар само да ја научам работата и да положам правосуден испит. И што паразит станав? Моите родители и покрај се што ми пружиле и покрај тоа што се мачеле да ми го пружат ова ми се благодарни, затоа што не ги разочарав, затоа што ги направив горди родители на успешен студент со над 9 просек, се вработив, заработувам добро и добро ја работам работата. На моите родители несмее ништо да им фали во животот, ќе се трудам да бидам најдобра ќерка. Иста ситуација е и кај мм и неговите исто правеле за него. И сега, дека не сме работеле во туѓина јабана сме неспособни кои чекаат од родителите? Напротив, заработуваме, го одржуваме домот, сметки и сите потребни работи за едно семејство. И моето дете ќе биде воспитано на овој начин, значи тоа што ќе се трудам да му го овозможам да не го сфати како мама меси тато носи, туку да се труди да не не разочара и д не се плаши да не изгуби џепарац за искачање ако не разочара туку да се плаши да не ја изгуби нашата доверба како родители. Барем јас бев вака воспитана. Ако моето дете соодветно одговори на мојот труд нема да ми биде криво да јадам и леб и заби. Ова дете ќе го родам за да го изведам на прав пат, а не да го пуштам по бродови за да можам и јас да имам комотен живот.
     
    На anina му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.971
    ^
    Тебе ти овозможиле образование, за тоа и јас зборам читај убаво оти глупи муабети не ми се прават. Ти купија стан, ти плаќаат сметки и храна, ти гледаат дете? Го очекуваш ти тоа од нив?
     
    На anakonda88, Daydream, tessie и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. SexiLy

    SexiLy Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    500
    Допаѓања:
    2.109
    Пол:
    Женски
    Луѓето кои што се со основно одделение без никаква квалификација се општи работници, а под општо се подразбира дека работата се` вклучува па и чистење клозети. Голем поборник сум за високо образованите кадри да стекнат работна навика по струка или во одредени правци како дел од струката.

    И прекинете веќе со владики, попи, министри. Стручни соработници, архитекти, електро, пмф, машински, медицина, фармација се струки кои се бараат во приватниот сектор за убава плата меѓутоа претходно мораш да стекнеш искуство врз основа на волонтирања, договор на дело, пракса поврзани исклучиво со професијата. Во овој период треба родителите да бидат поддршка и да имаат трпение.
    Со убава плата се доаѓа до кредит, со кредит се доаѓа до стан. Смешно ми е што 22 години сте издржувале дете и за уште 2 години правите проблем истото дете да може да пркне во Македонија или странство.

    Може да волонтира на пример по струка. :)
     
    Последна измена: 1 декември 2014
    На Enamena, anina и galapce им се допаѓа ова.
  7. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.971
    ^
    Правиме муабет за купување стан од страна на родителите. Не за дообразба, не за две години плус да живееш под нивен кров додека волонтираш или стажираш.
     
    На Daydream, tessie и danichap им се допаѓа ова.
  8. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.414
    Пол:
    Женски
    И јас имам факултет од 90-та навака па работа по струка само 1,5 месец. Работам од 19 години затоа што моите не можеа да ме дошколуваат. И чистачка сум била не со основно со факултет па не се срамам. Ама сега каде и да се вработам од се имам познавање затоа не признавам само по струка и готово.
    И на Bridget поентата не и беше образование туку децата премногу очекувате од родителите. Ете родителот нема пари за да купат станови и ќе се туткаш во една соба со маж деца.
    Посебно пак што премногу очекуваме од родителите на сопругот. Нели мама и тато нон стоп не помагаат, а пак неговите за никаде не се само шетаат и се перчат и ние им ги плаќаме кредитите.
    Забегаме со темата..
     
    На Daydream, evangelina.ina, duffi и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Enamena

    Enamena Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2013
    Пораки:
    165
    Допаѓања:
    107
    Моментално родителите на мм ни обезбедија покрив над глава и доста ми помагаат околу секојдневните обврски со оглед на тоа што сум осми месец бремена и не ја поднесувам баш најдобро бременоста во овој период. Свекрва ми се нуди за чување, но сепак ќе го носам во градинка. Инаку јас лично не очекувам и не сакам да им бидам на товар за да ми плаќаат сметки, таман работа. Сепак се е до нивната волја.
     
  10. anina

    anina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    5.239
    Пол:
    Женски
    А ете син ти доаѓа дома со трудна жена и ти вика: Мамо јас ја сакам и се женам. Пари за стан и ли кирија немам бидејќи имам само 23 години и работам амалска работа т.е. чистење клозети. Само чисто информативно ме интересира што би направила ти?
     
  11. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.414
    Пол:
    Женски
    Може не е до мене прашањето, ама ќе ти одговорам. Ќе ги пратам кај девојката дома, домазет да оди де.:D
     
    На fighter, mal.ecka, evangelina.ina и 2 други им се допаѓа ова.
  12. anina

    anina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    5.239
    Пол:
    Женски
    @Daleron работата е во тоа што погоре се спомена дека кога ќе се ожени синот мора да си оди бидејќи свекрвица не сака снашка дома да и смета. Не беше за тебе прашањето за @Bridget беше
     
    На Enamena и Daleron им се допаѓа ова.
  13. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.971
    ^
    Ако немам пари да му купам стан и плус немам простор дома за уште една фамилија, ќе го седнам во кола и ќе бараме некој минијатурен евтин стан под ќирија. За него и неговата сопруга секако. Ако не му стигаат пари за кирија ќе гледам да скратам нешто од мене па да му помогнам колку можам. А што очекуваш ти од мене како родител да те прашам да си ти мое дете во ваква ситуација?
     
    На Daydream, evangelina.ina, danichap и 4 други им се допаѓа ова.
  14. SexiLy

    SexiLy Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    500
    Допаѓања:
    2.109
    Пол:
    Женски
    @Bridget

    Мене ми е излишно да коментирам дека човек со стекнато искуство и ценење на парите би очекувал било што од сопствените родители, но исто така знам дека родителите се луѓе што самоиницијативно би помогнале во учество за стан, опремнина или ситни дренгулии.

    Убаво е што синот го воспитуваш по правило дека „не постои плати клати“, но верувам дека во одреден момент сама ќе улеташ без самиот тој да иницира баш како што и одговори на @anina.
     
  15. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    106.805
    Пол:
    Женски
    Теамата одамна е сплет на две различни теми,незнам дали постои модератор,требаше навреме да ги раздвои почетните постови.
     
  16. anina

    anina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    5.239
    Пол:
    Женски
    Не знам зошто ама не можам да те цитирам. Кажа дека Не Дај Боже да ти дојде со жена дома па таа да ти брои каде и колку пари си потрошила. Е па тогаш најди му стан и отплаќај го ти. Како што си се се грижела за детето претходно, грижи се и понатаму бидејќи ти е сеуште син
     
  17. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.971
    ^
    А овде во темава сите кои се жалат од родителите што не им решиле станбено прашање се 23 годишни кои работат за минималец па затоа бараат помош?
     
    На Daydream и tessie им се допаѓа ова.
  18. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.686
    Луѓе, никој не вели дека нема да помогнеш на дете, треба да си отиден со паметот за да си ги трошиш себично парите за себе и да не ти е гајле детето твое како живее/преживува со фамилијата.
    Муабетот влечи корени од претходното воспитување: ако јас го ставам сам да се бори во текот на созревањето и цело време му укажувам дека мора сам да ги резонира работите зошто утре може да не' нема, шансите дека ќе ми дојде како гром од ведро небо со снашка со стомак до заби се многу помали отколку да е мазено и пазено цел живот, така? Децата кои се бореле низ животот поинаку резонираат, кој како сака нека каже, го имам осетено и на свој грб, затоа се согласувам со Бриџет дека треба таков однос кон нив.
    Не знам зошто ви се уврте во глава дека таа или некој сличен на неа, би си го исфрлило детето после некаква ''грешка'', или дека би одбиле да му помогнат....
     
    На SexiLy, bittersweet, Daydream и 8 други им се допаѓа ова.
  19. anina

    anina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    5.239
    Пол:
    Женски
    Еве де кажувам лично за мене. Имаш исти сваќања како свекрва ми и затоа ти го забележувам секој пост. Ако ти до 50 не си можела да заработиш две гарсониери, тогаш како некој на 25 може да заработи една? Како што ти 50 години гледаш дете и имаш трошоци за него, така и син ти би ги имал ако се ожени.
    Сепак ова е Македонија и тој минималец според мене е и некој кој зема 14000 плата бидејќи за ништо не стигаат овде. А и да сакаш да заминеш некаде, не можеш без Бугарски пасош..... Значи врти суќи кога се давиш овде, сламка, мора да ти дадат некој од родителите
     
    На okcenzi и Enamena им се допаѓа ова.
  20. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    106.805
    Пол:
    Женски
    Очигледно некој не прави разлика од помагање и издржување.
    Или ептен ни се лежи или сеуште не сме зрели па што имаме толкави очекувања од родителите,свои па и тие од мажот ни.
    Зарем не ви би било срам наместо да се трудите да сте горди на самите себе си,отколку да се споредувате со свекрвата?
    Абе не спијам ако треба ама не чекам од нејзе.А уште по горда ке сум ако таа успеела во животот да носи брендирано.
    Не дека брендираното е репер,ама таа ако може сама да се издржува,јас сама,сите срекни и весели.
    Сме се испомешале малку.Да не требаше родителите да не израснат,усмерат а кога сме станале зрели за мажење дошло време ние да им се одолжиме?
    Како тоа мора?
    Ако може.А богами и ако сака.Како ке научиш да бидеш самостална?
    Ако родителот не дава пари на детето кое решил да се мажи значи не е добар родител?
    Сигурно родителот не барал од детето да ствара фамилија не осозреан.
    Со извинување ама тоа дете што упопрно без срам смета дека родителот мора да му помага на детето за мене е не зрело дете.
     
    На Hipster, SV1911, bittersweet и 6 други им се допаѓа ова.