Значи изгледа никој не ги чита претходните постови. Или ќе прифатиш да живее со тебе под исти кров, па макар и во две соби, или ако не сакаш, ќе му обезбедиш место за живеење. Ете тоа е целата работа. Свекрва ми не му обезбедила факултетско образование на мм . Работи како обичен работник иако можеби зема повеќе од тие со факултет. Кога се земавме, јас прифатив да живеам и со свекрва и со девер и јатрва. Ама свекрвица сметаше дека немало доволно место и буквално ни кажа да заминеме. Каде да одевме? Ни ја даде металната гаража која беше до куќата. Метро на метро. Ни саглам работа, бебе чекавме, ни куќа, ни едно парче леб... Лесно е вака да се зборува по форум, ќе си најдат работа, ќе земат стан под кирија... Ама реалноста е многу поматна и поболна
@galapce точно е тоа дека секој на своја страна и секој задоволен. Дали според тебе е ок мајката да носи скапи бунди и чанти а синот ( и малолетен) да работи по автоперални на - 20 за да заработи за џепарац и школување? Второ, да испаднат луѓе и покрај се да ти дадат пари, а ти да се праиш на тошо, да се луксузираш и да не ги вратиш? Ај за свадба нели не е морално, ете и за стан се снајдоа... Но ваков родител, толку себичен никогаш не би била. Ако она на 50 год. Не е способна да плаќа кредит и да бара од мене помош, од кај зима право да очекува на моја возраст се да обезбедам? Зборам за несовесност, што има можност да им се најде на децата и плус таа да живее солидно, а таа го избрала себичниот пат. Не зборам за родители кои немаат, кои едвај сврзуваат крај со крај, кои ради игра на судбината останале во таква состојба, на пример стечајци, избркани од работа или пак работат за мизерна плата и др. Во овој случај јас како дете или снаа не би дозволила да се мачат и во согласност на можностите би им помагала дури се живи.
Точно е тоа дека на форум е лесно да се зборува ама реалноста е друга. Ама ти мила велиш ,,не ти дала парче леб,не му обезбедила ффакултетско образование,,овие твои зборови ствараат таква слика за твојата ситуација како што ние реплицираме. Сам ако не си обезбедиш леб,зошто живеам?(евентуално бог да чува од најлошите работи). Кој сака да се образува факултетски,тешко е ама не е единствено решение родителот.Како може да е тој единствен виновник,а маж ти не. Крај краева ти тоа си го знаела пред да решиш да се мажиш. Саглам работа пак родителот треба да обезбеди? Родителите велат,отвори очи па мажи се. Тоа не од алчност туку дека сам избираш. Очигледно не гледаме исто кон што значи преминување во период од животот во кој ке бидеме во брак.
Анина А ти пред да се земеш со сопругот знаеше каде ќе одиш? И со цел памет очекуваше да живееш во една куќа / стан заедно со девер, јатрва, свекор, свекрва? Стопати имам кажано, ако не можеш да се снајдеш и да се издржуваш сам, тогаш воопшто не ни размислувај за мажачка / женачка, не можат родителите цел живот да ве издржуваат бе, како не ви е јасно не знам?
Никој тоа не го оспорува.Јас коментирам читајки го гледиштето на снаата,не на свекрвата.А тоа гласи -таа не ни дала корка леб,не му обезбедила на синот акултетско образование. -таа носи ова,носи она.... Девојчето се омажила за син и не за нејзе,и ништо не е задолжително од страна на свекрвата. Снаата сама си го избрала синот. Свекрвата не би ја коментирала од причина што ова вакво очекување од снаата не ми се допаѓа. А далеу од тоа дека би го оставила детето на улица а јас на хималаи.
Вие реплицирте дека треба да се мажиме за пари а не љубов? Трагедија. Јас кога се омажив не чекав дека уште пред да го решиме стамбеното прашање, ќе го избркаат своето дете од дома. Патем јас не останав како висулец. Ми дадоа моите пари и изградивме куќа кај таа проклета гаража. Имам се и сега после 6 години брак не би побарала друго. Мм зема моментално 400-500е месечно и крај. Само моите свекор и свекрава кај мене дома се гледаат пониско отколку ѓубреџиите кои го збираат ѓубрето секој четврток
Никој не рече да се мажиш за пари,туку да не плукаш по сопствениот избор,чекајки пари и леб од друѓи. Многу едноставно.Созреј па мажи се.Засукај ракавите прехрани се.И биди горд на самиот себе.
Имала свекрвата пари се луксузирала на 50 години, а синот работи во перална да издржува семејство, бла бла бла.Ако бил некој тупак и не го бивало за школо?? Таа треба да му заврши школо и да му најде работа, а не може. Зошто да не шетам на 50 години ако децата се веќе самојстојни и се ожениле со гол К*р. Нека се задоволни и од тоа што им е пружено и до тогаш. Секогаш ќе бидам тука за некоја си помош околу деца домашни работи, ама никој нека не очекува дека ќе си го нарушам комодитетот поради снаа или зет. Кога родителот ќе живее?? Да ви кажам искрено ништо не очекувам од денешните деца, ниту да ме чуваат ниту издржуваат. Додека дал Господ ќе живеам и тоа јас како сакам. Здрави прави, а очекуваат од родителите цел живот.
Мaж ти земa дoбрa плaтa aмa пaк oд хoдникoт нa свекрвaтa не се делaм и чекaм oд мaмa и тaтo. И тaa гaрaжaтa штo ти јa дaле мнoгу ти е.
Никој не дочитувате во целост. Само да ве прашам вие кога се омаживте , првата година каде живеевте, додека си го решивте самбеното прашање? Сигурни сте дека на 22 кога го завршивте образованието, одма најдовте работа? Па одма кога решивте да се мажите, тргнавте да барате стан со парите кој сте ги заработиле? Не знам во кој филм живеете. Сигурно во онаа рекламана на Стопанска Банка за стамбен кредит. Таму е се идеално. Патем, јас ќе полнам 28 години и уште не можам да најдам стабилна работа. Зарем не требаше воопшто да се мажам. И да можеби висам на вратот на мама и тато и уште долго ќе висам, се додека тие ме држат да не паднам. Ама сум горда што имам родител кој е жртва за мене и моите деца, па патем и за мм. Штета што таа заштита некои деца нема да ја осетат.
Анина, според твојата логика, сите што излегле од Домот за деца без родители треба да се необразовани и немажени/неженети зошто нема кој да ги ''чува'' во позадина. А вистината е дека од таму излегле многу попаметни и поуспешни луѓе отколку некои кои цел живот се ''заштитувани'' од родителите
Модератори: Нека се отвори нова тема „ Обврска на родителите спрема возрасните деца“ Сите мислења да се преместат таму, за да не се ремети темата за свекрвите.
Браво за твоите родители кои се жртва за тебе,но морам да им замерам само за една работа. Не се потрудиле воопшто да го воспитат детето дека треба да биде самостално бар до степен да не бара леб од свекрвата.Со таа грешка тие не се лоши родители ама си наштетиле на самите себе си од премногу грижливост. Ама пак тука постои уште една опција.Можеби детето ке ги опули очите и ке види каде греши. Да ти одговорам и на прашањето. Не се омажив на 22 од што не се осекав доволно зрела и решив да се дошколувам работејки и сама и со помош на родителите.Кога гледав колкава жртва се тие за мене,решив да им се придружам и да жртвувам и јас нешто од мене за нив.Ако не друго барем да им докажам дека заедно со нив ке се борам за своја посветла иднина,ама нема да се мажам барајки друг да ме рани и водејки им на другите есап како живеат плачејки зошто мене не ми подадат нешто.Не,нема да кажам помогнат,оти подавањето колку е помагање толку е и одмагање.
И јас дипломирав на 21 и тоа со родено дете и просек 9,8. Во тек ми се магистарските студии и тоа со две деца од кои едно бебе. Тоа не ме прави понеспособна од вас. Патем се надвам дека ќерките (ако ги имате), ќе чекаат до 33 да обезбедат се па да се омажат а ако не чекаат и се решат на брак тогаш нека живеат на улица а вие само потапкате по раме и ќе и кажете - јачај се ќерко добро е за тебе
Анина, најмногу што боде очи во твоите постови е дека некој некому треба да биде жртва. Зошто? Зошто толку драма и жртви небаре зборуваме за грчка трагедија? Дали само сакаш да ја оправдаш сопствената ситуација, не знам.Додека помошта од родителот е на доброволна основа, никој овде на наоѓа замерка. Но, да се очекува од родителите (на било кој од сопружниците) по секоја цена и душата да си ја продадат, само за детето да не им се мачи и живее полагодно, со тоа не се сложувам. Во животот има точка до која може да се очекува од родителот, понатаму треба човек да порасне и да ги превземе работите во свои раце. И зошто толку од високо се гледа на луѓето што работат во комунално? Помалку луѓе се од нас?
Тупак? Не верувам дека ни јас ни Вие имаме подобро образование од него. Сам се исшколува, магистрираше, спрема докторат... Живее сам со сестра ми под кирија и ништо не чека од мајка му. Само ја коментирав нејзината постапка. За неговата способност никој неможе да ми докаже, затоа што во денешно време во вакви услови, како од сестра ми ќе се разведеше, ќе се вратеше кај мама сосве дете и ќе чекаше мамичка да и меси зелник. Она и зет ми се борат заедно и успеваат, они избраа самостоен живот и не чекаа да спијат во ходник и секој што живее во станот да ги прескокнува за да иде во тоалет. Затоа преиспитајсе што збориш, поглрднисе себе и поубаво прочитај што пишувам.
Оф леле се лично да се сваќало. Не е генерално искарикирав само. Лично за твојот пример сега ќе напишам. Ете успеал и што има лошо во тоа!? Зошто сега пак да се распукува по свекрвата дека шетала.Тој сега знае што е мака и ќе го цени своето, затоа што тешко го постигнал тоа. Јас кога би била во таква состојба воопшто не би се замарала со свекрвата, нека крши глава што сака нека прави. Маката не прави посилни за да издршиме во животот. Тешко на оној што имал па немал, а блазе на оној што немал па имал. Тешко е од коњ на магаре, ама обратно е многу лесно.
Срамота е да се биде чистач, ама не е срамота возрасни личноси кои оформиле семејство сеуште да очекуваат од мама/тате, свекор/свекрва да им обезбедат се, бидејќи нели за таквите фини душички се што не е по струка не е достоинствена работа
Не си неспособна,само имаш поинакво размислување и малку посебично гледаш за себе и блиската околина. Немора 33,нека се и 23,ама нека не изигруваат жртва чекајки леб од другите.Нека знае дека ако и дадат треба да е благодарна,а ако не не смее да замери.
Леле ја распаливте темава и сите сте офф да знаете. И јас да бидам. Не го сакам тој збор жртвување за децата.Имаш мали деца и еве се трудиш да отргнеш од себе да има за нив,било да е тоа облека,храна или стан.Кој вели дека утре моите деца ќе знаат да го ценат тоа што сум го направила за нив.Некои знаат да бидат неблагодарни и способни до последен денар да го земат од тебе. Во мојот крај има една поговорка-Ниедно дете на родителот не му ја носи душата во копра со цвеќиња. Не сакам да се жртвувам до тој степен како што некој спомна со курвање за да заврши факултет. Дај боже да сум жива и здрава ќе помагам колку можам.Ама дека ќе го дадам последниот денар за нив,не. Можеби сум себична,ама ако нешто научив во животот е на прво место да се сакам и почитувам себе.Не во смисла да сум самобендисана него ете,да знам да си направам некоја радост сама на себе,зашто на никој нема да му текне утре дека постојам.Ако сум задоволна ќе направам се и ќе дадам се за нив.Тоа е круг во природата кој се врти,да ние сме должни како родители да ги израснеме во здрави личности,да вложуваме во нивното школување(ако сака да учи) ,ако можам и на двајцата би им купила уште сега по еден стан...ама не можам.Толку ми се можностите.А за жртвување доволно се жртвувам и секојдневно кога останувам без денар по дома тие да имаат за ужина,што купувам од најефтината гардероба и што не сум мрднала од дома зашто финансиите ми се тенки.