1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.767
    Допаѓања:
    23.745
    Пол:
    Женски
    Едно дете - еден стан - проект на Фемина членската заедница. :D

    A за факултетите, бродовите и клозетите. Градење успешна кариера во струка е едно, печалење е друго. И многу често не одат заедно.
    И мене пола живот во учење ми помина што се вели, сум работела и по струка, па не сум викала служби за да ми зачистат по дома. Друго е ептен генералка кога треба помош
    . Па тука се одредуваат моменталните приоритети и се реагира. Секоја чесна работа е за човек. И ондак то.
     
    Последна измена: 1 декември 2014
    На elena.mak и Daleron им се допаѓа ова.
  2. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.414
    Пол:
    Женски
    Решете се од свекрвите на брз и едноставен начин. Тие вас ќе ве замараат и нема пари да даваат, станови да купуваат.

    4ba78ca92180afd6ce3d233e5442714cevo-draga-tasto.jpg
     
    На MacenceEna, anina и tessie им се допаѓа ова.
  3. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.522
    Допаѓања:
    288.776
    Јас сум благодарна што сум здрава/права, што мајка ми го дала својот максимум да ми пружи некакво образование т.с барем избор на фак. кај кој не беше потребно да живеам во скопје и да плаќам кирија туку да патувам од полагање на полагање и што ја поддржуваше мојата одлука широко да ги раширам крилата и да одлетам таму каде што ќе можам да се реализирам како личност, работник, сопруга...

    Ниту сум имала, ниту ќе имам некакви подруги очекувања од родител или свекрва.
    Со два факултети и интернационални дипломи за перфектно познавање на 3 западно европски јазици па сум започнала од дадилка, работник во МкДоналдс...па до висока позиција во Луфтханса каде што беше моето последно работно место. Се мачев таму додека дипломирав, се мачив тука додека дипломирав, ама секогаш џергата ми била долга колку што ми се долги нозете.
    Долго помина додека воопшто помислив на дете.
    Се сеќавам мама колку беше среќна летово нов лап топ кога и купив. Се потсетив на моето детство кога го имав истиот жар во очите кога она мене ми купи едно долго посакувано фустанче. Според мене се е на доброволна база, т.с дали и колку се има. Но тоа е обострано.
    Зошто доколку се гледаме себе си како оформени личности да чекаме да прави родителот нешто за нашите деца, ај ние сега нешто за него да направиме.

    Во моментов мојата мајка е жива и сакам да ми поживее уште икс икс години и да ми биде здрава и спокојна.
    Епа решив едно ново станче од околу 60-70 квадрати да и купам и да и го опремам инака по ќеиф. Оти да се мачи во куќана од пред 40 години со стар мебел кој не стасала да го замени. Не од недомаќинлок де, туку од пусто штедење не дај боже да не добила повик и да и речеме во тесно сме а само нејзе сме ја имале на овој свет. Не е толку лошо, ама тоа купатилото и покривот што прикапува од време на време...родителот сака се најдобро за детето, ама и детето за родителот.
    Дај боже се да биде во ред и наскоро и јас да се реализирам како мајка се смејам со мојив му викам ако учи учи...ако не уште на 16 го праќам хонорарно на бауштелето со него па белким ќе се мотивира, или ништо друго ќе го научи занаетот па може да заработува повеќе и од оние со диплома.

    За тоа што би му понудила јас...
    Топол и удобен дом, најдобра здравствена заштита, слободни активности кои му прават кеиф, одмори на места каде што секој би посакал, можности за неограничено образование (каде сака, што сака), возачка, доколку стажира, волонтира или обавува практикум истото тоа се до завршетокот на истото...
    Дали ќе сака да ја презеде фирмата од татко му ќе биде негов избор, секој треба сам да си го одбере својот пат.
    Но најважно ќе се обидам да го воспитам да биде добар и вреден човек кој е одговорен за своите постапки. Доколку е машко да го научам секоја жена да ја третира на вистинскиот начин, а без разлика на полот ќе им посочам за последиците од секс без заштита, непланирана бременост и како иден родител што се би се чекало од него.
    Од него/нив значи, а не од мене.
    Колку и да имаме/немаме, колку и да се луксузираме/трпиме....и покрај вилата во која ќе биде нивната мала детска соба...да не живеат во стаклено звоно и илузија дека цел живот мора да биде така.
    Татко им/јас сме го одработиле нашиот дел, надвор во светот треба да си засукаат рацете и да го дадат својот придонес.
    Моето е да им ги овозможам предиспозициите, останатото си е нивно.
     
    На * Zence *, SV1911, Bozica1980 и 16 други им се допаѓа ова.
  4. anina

    anina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    5.239
    Пол:
    Женски
    Многу се нервирам кога некој не ме сваќа целосно. Значи или јас лошо сум се изразила или вие не сте прочитале целосно. Се верив на 20(промислено и од љубов). Студирав а и мм немаше стабила работа па решивме да чекаме за брак. После една година мм најде работа па одлучивме да стапиме во брак. Знаевме дека со платата негова и со некој денар кој ќе ми го даваат моите родители, ќе може да опстанеме. Да плаќаме сметки заедно со неговите родители, да купуваме јадење заедно. Така и постапивме со договор дека се што е мој трошок на пример моето образование да го плаќаат моите (бидејќи јас не работев). Значи јас не чекав тие лебот да ни го купуваат туку додека не се снајдеме да живееме со нив. Ќуќата на свекор ми е на два спрата од кој едниот го имаа девер ми и јатрва ми а на другиот живееа само неговите родители. Дневна, кујна и две соби од кои едната помала. Ние ја средивме таа помалата соба. За се дававме пари ама имаше големо незадоволство од страна на свекрва ми за тоа што ние живееме тука. 3-4 месеци туркавме некако со постојани негодувања од нејзина страна и на крај не седна и ни кажа дека нема место за сите во куќата и дека треба ние да си одиме. Девер ми како помал да остане тука а ние магла да фатиме. На прашањето Каде? таа си одговори - Направете куќа на местото на гаражата.
    Ете за тоа јас коментирам а не дека сум чекала свекрва ми да ми ја плаќа струјата која јас ја трошам или лебот кој го јадам.
     
  5. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.283
    Извинете вака што упаѓам во темата, ама оваа реченица ептен ми влезе во очи.
    Јас мислам дека ниедно дете нема да сака нити ќе биде среќно мајка му да се курва за тоа да има факултет или се што ќе посака.

    Плус Анина, сега кога кога го прочитав уште еднаш цитатот гледам дека никаде не спомнуваш пример дека ако треба ќе работиш некаде било каква чесна работа за да му обезбедиш на детето, туку се фаќаш за позајмици и за курвање, постапки кои верувај дека не се никакви жртви, туку само дополнителен товар врз детето.

    Друго, ти ги прочитав и другите постови на последните страници од темата, и не знам зошто одбиваш да сфатиш дека не мора човек да стапи во брак толку рано како што си стапила ти, може првин да проба, ако ништо друго, да обезбеди барем примарни услови за живот.

    Еве ти велиш имаш 28 години, а веќе си 6 години во брак со две деца и цело време спомнуваш за некакви жртви што сите околу тебе ги прават, или не ги прават- а според тебе треба, кажуваш дека и ти си се жртвувала со тоа што си јадела цела недела ајвар за да купиш чоколадо, и тоа го претставуваш како којзнае колку големо дело.
    Па нема човек, посебно ако бил студент што ја нема поминато таа фаза со ајварот. Тоа не те прави посебна.
    Мислам дека од што си толку внесена во туѓите работи не гледаш дека ти си на терет и на твоите, и на мажот ти кој што работи по не знам колку саати за да овозможи на фамилијата да функцоинира, а ти не се обидуваш да најдеш работа, туку плус се запишуваш на мастер студии кои чинат околу 2000 евра, и предизвикуваш дополнителни трошоци за работа која сигурно не е приоритет во моментот.

    Извини за ова, испаѓа дека се мешам во туѓи работи и математики, ама морав да кажам за примерот со курвањето, па и за другото, некако имам впечаток дека мислиш дека си којзнае колку напатена, дека имаш дадено многу жртви, а всушност не гледаш дека имаш некои каприци како тинејџерка.
     
    На CameliaMiller, Bozica1980, Doozy и 12 други им се допаѓа ова.
  6. anina

    anina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    5.239
    Пол:
    Женски
    Јас никаде не споменувам дека сум напатена. Воопшто не се жалам за тоа.
     
  7. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    106.805
    Пол:
    Женски
    Ауу ова сум го пропуштила.
    Мислиш дека детето ке биде по срекен во тој случај?
    Ти би била? Би се гордеела со таква мајка?:|
     
    На SV1911 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. anina

    anina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    5.239
    Пол:
    Женски
    Тоа е хиперболички напишано и мислам дека свативте ама пуста желба да се биде ви право е поголема од се. Не мора да драматизирате а сите сме свесни дека 90% од вас си ги оговараат свекрвите. Така да ве молам без срцепатални, свекрвооправдувачки муабети
     
    На Enamena му/ѝ се допаѓа ова.
  9. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.767
    Допаѓања:
    23.745
    Пол:
    Женски
    Може сум грешка, ама ја го сфатив како потенцирање дека нема нешто што не би направила за детето. Не го сфатив толку буквално и сериозно тоа со к**вањето. Како шо често знае да се каже „живот би дал за тебе“ а најчесто во реалноста и животот и слободицата ни` се помили. Или „светов би го превртел за тебе“ ама снагата на поединец е таа што е, а светов е таков каков што е.
     
    На leona83, anina и Daleron им се допаѓа ова.
  10. Enamena

    Enamena Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2013
    Пораки:
    165
    Допаѓања:
    107
    Споредија оваа тема со Свекрвите и снаите задоволни. Не за џабе оваа тема е најекспонирана на форумов. Нема друго што да додадам.
     
    На anina му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Strumka22

    Strumka22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    2.446
    Пол:
    Женски
    Значи ајде вака. Да се потрудиме да не реплицираме само колку да кажеме нешто извртувајки ги збороите на претходната членка. Анина, го спомна курвањето како крајна опција, значи дури и ако треба тоа ќе го направи за своето дете, што верувам дека секоја вистинска мајка ќе го направи за своето дете, па дури ако треба и животот ќе го даде.
    Значи немојте на семејна жена да и лепите етиќета дека сака да биде курва, или е од оние жени кои се склони кон заработка на лесен начин. Навистина е невкусно да се лепат такви етиќети на жена како Анина. Кој ги следел нејзините постови знае за каква личност се работи.
    Јас ретко се дрзнувам некого условно кажано да бранам, но во овој случан навистинас бев згрозена од она што го прочитав.
    За нејзиниот однос со свекрваи и семејните односи не би коментирала, но дајте да го задржиме нашето достоинство и достоинството на останатите членки и да не одиме со такви навреди.
    Ми делува смешно кога некој на образувана жена и домаќинка со 2 деца ќе и објаснува дека курвањето не е ок. Па таа да сакала да се курва немало до 19 год да биде невина.
     
    На leona83, anina, Daleron и 2 други им се допаѓа ова.
  12. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.283
    Струмка, мислам дека тоа е сосема надвор од темата и нема потреба да правиме анализи за тоа дали некоја сака или не да биде курва.
    Смешна е твојата генерализација дека доколку некоја девојка изгубила покасно невиност или е семејна жена, дека нема предиспозиции за такви постапки.
    Сите имаме примери околу нас за жени кои се и образовани, и ситуирани, и со кариери, па пак го прават тоа. Зошто е тоа така, дали е избор и начин на живот или не, не е никаква тема овде.

    Јас само ги коментирав нејзините зборови, без разлика дали е тоа хиперболизирано или не, мене тоа ми смета, и не мислам дека вистинска мајка е онаа која ќе го направи тоа за своето дете.
    Повеќе би ја ценаела мајка ми кога би одела пример сезонски да работи некаде, и јас би и помогнала во тоа за полесно да ги пребродиме тешките моменти, или би се лишила од некој луксуз, отколку мајка ми да оди по тие патишта.

    И не и залепив никаква етикета, далеку од тоа, само коментирам дека тоа размислување мене ми е сосема погрешно, и не знам како вооошто и дошло и како идеја, макар хиперболизирана.
    Сметам дека немаше никакви навреди и недостоинствени постапки, доколку некој сметал дека било така, тогаш се извинувам.
     
    На Glasna, bittersweet, Daydream и 2 други им се допаѓа ова.
  13. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.834
    Допаѓања:
    101.295
    Пол:
    Женски
    Првото болдираното !
    Значи НЕ секоја мајка е спремна ,во краен случај да се курва за своето дете.Живот давам,бубрег давам ама да ме тркала во кревет кој како сака ,тоа не.
    Второто болдирано!
    Кој вели дека старосната граница е репер за најстариот занает на светот.Не драга моја ,можеш да бидеш и невина до 30 год. и преку ноќ можат да се изменат работите.
     
    Последна измена: 1 декември 2014
    На Espadrila, Glasna, bittersweet и 5 други им се допаѓа ова.
  14. anina

    anina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    5.239
    Пол:
    Женски
    Мислам дека на оваа е единствена утната тема на Форумов. На крај овде повеќе се напаѓаат тие кои имаат било каков проблем со свекрвите, отколку да се утешат. Не треба ни да се отвара темава. Не знам кој излегол ненападнат од овде. А сите оние кои се сосема самостојни и немаат никакви примедби за свекрвите воопшто не треба да коментираат. А јас ќе бидам тука во секој случај да ги поддржам сите оние кои имаат било каков проблем и кои сметаат дека бркање дете од дома не е во ред.
    А за курвањето ја преувеличивте работата.
     
    На fairy90, anastasijaki и leona83 им се допаѓа ова.
  15. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.767
    Допаѓања:
    23.745
    Пол:
    Женски
    Од офф во офф одиме, но битно е да се забавуваме. :D

    Ajде смир. :D


    :music:Мир, мир мир, никој не е крив, ава, ава, ава, никој не е ку... овај крава. :D:music: Се извинувам, текстот на песничката не се читаше добро.8-|

    Нема ни совршени луѓе, ни совршено мајчинство. Па, една е мама. А што би направиле, за тоа моментот е најдобар учител. Како свекрви, доволно е да не ги секираме младите кога ќе дојде ден до свекрви да бидеме.

    А како снаи, доволно е едно основно почитување и кон себе и кон тие жени, кои исто како нашите, се нечии мајки. Додека се има простор и разбирање нормално.
     
    Последна измена: 1 декември 2014
    На leona83 и anina им се допаѓа ова.
  16. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    106.805
    Пол:
    Женски
    Во мојот пост никаде нема етикета за никого.
    Не,јас не би употребила таква хипербола.Во никој случај,ако се работи само за издржување на подобар начин на своето дете.
    Можеби сум преголем буквалист ама етикета нит имав нит ке имам намера некому да залепам.
    Пишувам на основа на напишани постови низ темава,не на основа на секое прашање поставено на форумов.Различна тема,различно прашање.Во некоја можеби и ке сме истомисленици.
    Ако се усудуваме да лепиме до степен до крајности некој атрибут на основа на размислување околу една тема тогаш значи не сме стигнале ни до тинејџерство.
    Само да додадам дека една работа напишана од нас лично за нас на еден форум не не прави курва или не курва во животот,а уште по малку кога другите сакаат така да изгледа.
     
    На lunicka му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Strumka22

    Strumka22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    2.446
    Пол:
    Женски
    @sesilija и @lunicka Токму поради тоа што нетреба да генерализираме го реков тоа. Значи зборам конкретно за членката која ја нападнавте заради употреба на една изрека„Дека дури и ќе го направи нај нечесното нешто за своето дете да го изгледа“ значи го спомна курвањето како нешто нај ниско, нешто што го презира, но и тоа би го направила за своето дете. Не ги спомна копањето, и работењето по ниви затоа што тоа е сосема нормална работа, и не ја смета за понижувачка. Примерот кој таа го употреби а вие го злоупотребивте е дека дури и она нај ниското што е под сечие достоинство би го направила за своите деца.
    Лесно е да се коментира кога не сте мајки, и кога во животот сте имале пристојни услови, ќе ве прашав дали така би размислувале да сте мајки, или да вие сте живееле на работ на егзистенцијата.
    Во однос на свекрваи не би коментирал, кога мајка ги дели синовите тогаш може ли таа мајка да се нарече мајка?
    Но за жај односот на свекрваи кон нејзините деца не е единствен таков случај.
     
    На fairy90 и anina им се допаѓа ова.
  18. anina

    anina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    5.239
    Пол:
    Женски
    Фала Богу се најде некој кој ме разбра
     
  19. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.834
    Допаѓања:
    101.295
    Пол:
    Женски
    @Strumka22 мајка сум,и сум живеела бедно до моето вработување.Еве седум години како сум без работа и живеам ...и јас не знам како.Така да..
     
    Последна измена: 1 декември 2014
    На SV1911, Daydream, Annath и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    106.805
    Пол:
    Женски
    Кога некој не се согласува со нашето размислување одма се почнува со вакви зборови како болдираното.
    А зошто сите не истомисленици од нас се ставаат во ист кош?Дури и мислењата на сите тие се пак различни.
    Од каде сега право за судење пак на нивните животи?Од каде знаеме дека кај нив се било подмачкано и без проблеми/
    Зошто не го реплицираме напишаното ами секогаш додаваме на основа на наши претпостави мислења?
    Ако некој некого цитира зошто тоа го сметаме за напаѓање?
    Тука лежи целиот проблем околу дискутирањето,и тоа не само во оваа тема.
     
    На Daydream, lunicka, sesilija и 3 други им се допаѓа ова.