И јас ги жалам и не знам дали некогаш ќе можам да се оддолжам на нив. Ама си го жалев пред се детето повеќе.
Јас само ќе кажам вие кои се наоѓате во странство, аман не се прајте паметни и не солете многу памет во темава. Таму е се подруго, со една плата можеш да си дозволиш да се одделиш, под кирија, не мора свое да купуваш ама за кирија има и тоа го знам од многу блиски извори. А ситуацијава тука е многу поразлична , позната ви е и вам, не потекнувате од Дубаи... Кој бре не сака да биде самостален и одделен ако има можности?? Па треба да си луд во спротивно! Јас со моите живеам, па од нив ми се смачува кога прават некогаш од ништо - нешто, а не па да умирам од желба со туѓи родители да делам се. Ама се нема луѓе, се нема, нека ви се разјасни, аман! Кога ве читам бре вие правите човек да се осети неспособен, а не сум ич таква, тоа бар го знам! Не е само желба, способност, квалификуваност... УСЛОВИ се во прашање исто така!
Акo се немa вo Мк се немa и зa стaри и млaди. Кaкo тoa млaдите немaaт ни зa леб a oчекувaaт стaн и пoмoш oгрoмнa oд стaрите?Стaрите вo стрaнствo се?
Ок @Emy867 . Сите што живеат странство нема да коментираат бидејќи борбата за преживување во земја во која немаш фамилија, пријатели, познавање на јазик, и си среќен ако започнеш со најмизерната амалска работа и живот во едно сопче е поразлична од борбата за преживување до мама и тато. Имаш право, до условите е. Секој споделува дел од својата интима и својот начин на размислување....па се донесува заклучок тој памет до кај го однесол во животот. Не е солење памет, туку различни реалности, различни животни приказни баш на луѓе со исти старт и од иста Македонија.
Поголемиот дел од старите кои имаат снаи или зетовци и внучиња, земаат пензија, ако не двајцата, едниот секако... И јас не искоментирав толку на темава за тоа дали се очекува помош од старите или не, колку што ме изреволтира тоа - самосталност, па ако не си самостален си неспособен и не треба да се мажиш/жениш., оти нели на некоја свекрва и смета снаата да и се плетка по куќи. И мене би ми сметало свекрва да ми се плetка по куќи и тоа НАЈМНОГУ НА СВЕТ и ако можам да си створам ќе и се плукнам во едната соба, ама ШТО AKO немаш пари цел живот да створиш сопствен дом - умри сам ко куче работава! Ви се молам, секој со своето, не морате толку да сте ''паметни''.
Уште утре би отишла во земја во која немам фамилија, пријатели и се друго што испонареди ти и би започнала со најмизерната амалска работа само кога би ми се укажала прилика! А знаеш зошто??? Оти таму бре и таа амалска работа што ја викаш ти ќе ми биде платена и ќе знам оти ако се трудам ќе напреднам. Кажи ми ти дали во Мк е така, м? Ти таму работеше амалска работа за неполни 100 евра и тоа прашање е дали ќе ти се исплатат??? Не прави смешни споредби! И викаш у Мк со таа сума шо ја наведов погоре јас ќе се исстудирам притоа ќе присоберам на мама да и купам станче од 60-70 квадрати средено, чисто да ја почестам за да не живее во куќа во која КРОВОТ ПРОКИСНУВА??? Јас не би рекла, море ни на сон не би замислила такво нешто овде!
Јас не гледам ништо смешно во мојата приказна. Јас стварно отидов. Никој ниту ме канеше, ниту ме чекаше или прилика сама да ми се укажа...јас сама ја барав и не се откажав додека ја најдов. Отидов и сум една од ретките кои останаа и до крај се изборија. Многу добија депресија, јака носталгија, не беа способни да се адаптираат на ритамот и животот, не беа способни да си ги бркаат административните работи, не беа способни на таа возраст јазикот асално да го научат (оти англискиот далеку нема да те одведе), или смени по 14 саати без пауза да издржат... Борбата за преживување, снаоѓање е неопходна кај и да си. И секој дава и зема според својата воља и способност. За некој 1000 денари во месец го имаат значењето кое го имаат 1000 евра кај друг. И што е ова со големиве букви за кровот што пропушта. Да, во предсобјето ми кажа дека викнала човек да ги пререди керамидите. Не е ништо страшно или итно...едноставно не можам да уживам во моето удобство додека родителот нема барем дел од тоа. Во друга реалност, или за друг стандард истото чувство би се добило доколку синот лично се качи на покрив и пререди керамидите. Мајката нема да биде помалку благодарна оти знае кои се условите на синот и он го сторил максимумот за нејзе.
@anina она што им/ми падна во очи на феминките и за разви толку непотребна дискусија е искажувањето на гнев и бес спрема родителите на тм,кои ете ви кажале да излезете,претходно нели не го школувале синот и уште некои ситници.(Јас си кажав во претходниот пост што ме инспирира да го напишам иститот.) Верувам дека си гневна и на тоа дека долниот дел од куќата е на деверот,кој ете има покрив да главата без да се помачи. Од друга страна не знам колку време сте биле под кирија,ама верувај дека и давањето на тоа парче плац ви било добредојдено.Ако не било така сигурно нема да сте направеле куќа близу до свеки. Знаеш во животот никогаш не можеш да најдеш баланс ,тоа си доаѓа со годините.Јас да сум на твое место би била горда што сум направила свој дом (макар и на плацот на свеки),би го оставила тоа мерење настрана кој и кому му дал повеќе или помалку.Утре имаш полно (но не и човечко)право да ги одбиеш ако има потреба за нивно чување и нега.Така да ,се беше поврзано околу тонот со кој беше напишан постот.
Маж ти сама го избра,а ако ти немаш на што да си и благодарна тоа си е твое право.Но не и замерувај ако и таа си го задржи правото да не ти даде парче леб.Ни едното ни другото не се со закон задолжени. Велиш,во тема за свекрви и снаи нема кој да те утеши.И овде си пронајде дел во кој ти е одземено тоа што ти ,,следува,,. Изнапишав изнапишав,но кога ми текна колку се повеке останувам без зборови на се што читам избришав. Анина,повекемина пробаа да те разберат,да ти посочат нешто што не верувам дека неможеш да го увидиш,зошто ти не проба нив да ги разбереш?Зошто се ставаш на место на не разбрана од никого,само од причина што не ја нападнаа свекрвата. Ма бар половина од денешнава дискусија сакаа да ти укажат дека не заземаат ничија страна,нит твоја,нит на свекрвата. Толку е едноставно.Ниту една свекрва не е должна ништо да ти дава.Баш ништо ништо. И верувај,посрекни се оние што ништо не им е дадено.Само која какои кога ке сфати. Кога нема ништо ми дадено нема ни право во животот да ми се меша. Се се наплака во животот,ништо не е безплатно. Од една страна читам дека се работи за таа една собичка која се бара а истовремено се нарекува мочана. Па ако е таква нема зошто да ја бараме и пекаме по нејзе.
Добро сите вие што ја нападнавте @annina сите живеете на свое, или живеете во куќа или стан добиен од родителите на вашиот сопруг? Изгледа сите на 25 години имавте заработено за стан.. @Daleron а ти кога се разведе зошто појде при мајка, зошто не појде под кирија и сама да се издржуваш, зошто го зема долниот спрат? Ајде ве молам и убаво ви кажа една феминка глупи ви се споредбите со странство.А инаку Бриџит старите ствсрале во текот на животот колку толку и тие добиле нешто од некој, а не може млади од 20и кусир години да прават куќа сами. Утре да ја избркаат ќерка ти и ѝ речат направи си куќа, така ќе ја оставиш? Правење куќа не е буцни прачка пиј вино. Јас лично би сакала да имам свое катче, но сигурно на 25 нема да имам доволно за да си направам сама. Во примерот на аннина им одмогнале, затоа што кога на едниот син му дале, треба и на другиот, а не овде нема место за вас.
@danichap zначи?? Со последниов пасус сама себе се побиваш! Ти си и помогнала на мајка ти, некои од мајките пак помогнале на своите деца! Зошто толку се рипа за родителската помош тука, кога знам дека ако јас можам еден ден би и вратила дупло??? Тоа мене ме интересира и затоа и реагирав на темава. Оти ако најблиските и најтесното семејство не си помаѓа меѓусебе, кој ќе помогне, а? Сигурно не некој од улица!
Нема никаква контрадикторност во моите постови бидејќи неколку пати нагласив дека помошта е на доброволна база. Ако сака, и колку сака. И беше даден еден пример од лично искуство дека давањето може да биде и во обратна насока. И не, јас или моите деца нема тие 40 000 евра да ги осетиме како некаков товар на нашиот буџет. Некој нема да се чуствува дека му се крати од уста/душа/здравје...на сметка на друг. Макар и најблизок член од семејството.
Јас не ни излегов од кај мајка ми кога се омажив, затоа што брат ми не живееше овде и некој требаше да се грижи за нив. Ете сега имам и партнер па пак не се селам таму затоа што таа ми е родител и во поодминати години, некој треба да се грижи за неа. Од свекрва ми немам ништо па не се жалам, а не ми ни треба кога немаа ништо да му дадат на синот. Требаше дрва и камења да фрлам затоа што нивниот имот припадна на деверот и неговите деца, а не на ќерка ми. Ма баш ми е гајле секој си знае за себе. Спратот ми припадна по смртта на татко ми, а може требаше на комшиите да го остави. Секој си знае за себе и не е исправно мислењето дека возрасните треба да се откажат од се за децата да имаат. Јас ги гледам моите родители, а мене можеби ќе нема кој да ме гледа како што тргнало времето.
Ти самата имаш пишувано за мизерните услови во кои си живеела. И дојде на тоа дека и на анина родителите нема да им помогнат на комшиите, туку неа.
Едно е да си готован и да чекаш од родителите, ама сосема друго е кога свекрвата не чини оти не ти обезбедила куќа и јадење за тебе и твоите деца. Прав родител ке му каже на детето дека треба само да се бори во животот и дека секогаш кога ке падне, ќе му помогнат родителите. А не да му рече, сине, лежи ти ко вол, мајка ке ти купи се. И после не сме можеле да ги ожениме, оти се мамини синчиња, или па и да се зезне некоја да го земе, тешко дека од цицките на мама ке го одвои. Секој треба сам да се грижи за себе, ако му треба помош да му се помогне, ама не некој да го одгледува. Возрасни мажи и жени, што се мажат и раѓаат деца, па уште и требало свекрвата да ги одгледува, работа и било тоа. Ах.
Конечнооо еден пост со поента И јас постојано читам како некој некому му должел или пак не му должел.Никој не спомна почитување,љубов,разбирање мегу генерациите во една кука. Ако утре керка ми и сопругот од икс причини немаат каде да живеат а Јас имам што да им понудам тогаш ке им помогнам.Без да имаат било каква обврска спрема мене.Децата ги рагам од љубов и единнствена должност ми е да ги сакам и помагам секогаш кога ке го можам тоа.
Па мила @danichap овде никој не спомна за изнудување присилна помош со пиштол на глава! Јас сум за помош АКО се има и може, без некој да трпи во било која смисла на зборот.