Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.739
    Епен забегал муабетов на темава. Јас ја сфатив @anina во муабетот. Не бара ништо од свекрвата, го потенцираше неколку пати. Кажа сама плаќала сметки, купувала додека биле во заедница. Ама не е право кон едното дете мајка, кон другото маќеа. Пробајте да се ставите на нејзино место, вашите родители им даваат стан на вашиот брат/сестра, а за вас ништо. Вие снаоѓајте се, под кирија, куќа да правите, а некој на готово. Колку и да сте флексибилни сигурна сум нема да ви е право.
    Е сега за давањето, ако имаат можност, стан, куќа зошто да не дадат??? Ние сами стан купивме со мм. Денар не ни дал никој. Многу полесно ќе ни беше да ни дадеа. Немаше да седиме под кирија. Ќе си имавме дом. Значи не сум од оние кои чекаат да им дадат, ама не ги оправдувам родителите кога можат, а не помагаат. Здравје дај боже што побрзо да станам мама, нема што не ќе направам за децата. Родителите се родители цел живот.
     
    На anastasijaki, anina и Emy867 им се допаѓа ова.
  2. anina

    anina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    5.239
    Пол:
    Женски
    Никој не ги чита сите мислења. Сите читаат преку редови и коментираат колку да се каже нешто. Мене не ме издржуваат моите родители. И јас, кога ми наполни детето година ипол, почнав да работам по маркети. Кревав гајби до 01 часот по полноќ па седев цела ноќ будна со детето. Тие гајби ги кревав до 9-ти месец бременост на второто дете. И јас го имам испотено својот газ. ММ да е жив и здрав моментално има големи примања и тоа со физичка работа. Така да не ме издржува никој. Не знам како сите добивте впечаток дека нас некој ни го купува лебот. Знаат моите да ни пазарат по маркети. И мене и на сестра ми. Секако по своја воља. Сами создаваме многу дури и кола успеавме да купиме. Значи сите добивте погрешна слика за мене како некоја која чека некој да и купи влошки. Далеку од тоа е целата ситуација. Ни кога се омажив не чекавме на свекор или свекрва. Плаќавме се по пола. Мм земаше плата. Не мислев таа да ми ги купува пелените. Целата моја мака е во тоа што беше многу нечовечно да си го избркаш сопственото дете од собата и да му кажеш оди си. Кога веќе дававме пари за се, почовечно би било да ни кажеше, не излегувајте од соба, ми пречите. Ама ако вие сметате дека е во ред на своето машко дете, да му кажете да си оди од дома кога ќе се ожени а тој смета дека има место за живеење и дека лека полека се ќе се среди - тогаш нека биде во ред. Јас не би постапила така. Кога син ми ќе реши да се ожени, нека дојде дома во неговата соба, нека направат спална. Ако после не им одговара или имаат можности, нека се преселат. Ако не нека седат со нас. Кавги има секаде. Ако некој рече дека не се кара-лаже. Ама во никој случај не би му рекла, сега се ожени и нема место за вас, еве ви го дворот, правете што знает. Можеби јас сум различна од вас ама не би го направила тоа ни под разно. Би му кажала да си оди само ако сум му обезбедила друг покрив на главата а ако не сум имала можност нека седат со мене.
     
    На fairy90, Daleron и kukla21 им се допаѓа ова.
  3. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.522
    Допаѓања:
    288.777
    Иако делува дека си нападната, мислам дека не беше тоа целта или намерата. Едноставно беше голем број на девојките кои напишаа дека планиран брак и планирани бремености во тие услови не делуваат како такви.
    Секој си избира свој начин на живот и прави свои одлуки...не е некоја случајност што повеќето рекоа дека со таков вид на одлуки се продуцираат жртви бидејќи не се условите за реализирање на истите најидеални.

    Не беше муабетот за барање, туку за неисполнети очекување.

    На едниот дале спрат, на другиот плац...и тоа е. Толку имале, толку дале, собчето ете не сакаат да го делат.

    За помочаното собче муабетов.
    Минимумот неопходен за стапување во брак и формирање на семејство е кај сите нас различен, па и ти си имала некоја престава дека со собичето, со финансиска помош од твоите, ќе студираш , бебе ќе гледаш...дека доста ви е.
    Голем број кажаа дека воопшто нема да стапат во брак без да биде образованието комплетирано, без да се обезбедат неопходните услови за мирен живот(макар и мало станче под кирија), Дека условите за планирана бременост кај многу други делуваат поинаку, т.с сами да се финансираат.
    Спомна дека си учела мастер, мислам дека некаде и девојчиња за припазување на децата си плаќала, кола...втората планирана бременост.
    А до 9 месец си кревала тешки гајби, секоја втора недела родителите ти пазаруваат од тинекс по 5000д. со ајварот муабетот.
    Збунувачко за мене.
    Мене ме инспирираше текстот на @Doozy.
     
    На CameliaMiller, elisabeta, SV1911 и 13 други им се допаѓа ова.
  4. anina

    anina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    5.239
    Пол:
    Женски
    Магистерсите студии ми ги плаќаат моите (по нивна желба) затоа што и ги платија и на сестра ми. Јас имав желба па одлучија да ми дадат тие. Сега со бебево малку заглавив ама не е ништо страшно, ќе продолжам. Моите ми купуваат намирници за дома, да и тоа убаво си го прочитала. И облека за децата и се. Никој не им бара. Имаат големи примања па знаат да ме земат од дома и да пазариме. Истото го прават и за сестра ми. Тоа не е нешто задолжително на кое сметам. Може овај месец да не ми купат ништо.
    Во однос на колата, ја зедовме со кредит. Работев и кревав гајби за да исплаќам колата бидејќи е многу тешко без кола во денешно време.
    Мм има работа со просечна плата и + работи приватно. Во последнива месеци има големи примања ама не е секогаш така.
    Девојчето го плаќав по 4000 денари месечно бидејќи доаѓаше само кога бевме двајцата послеручек на работа. Нема кој да ми ги чува децата а градинките работаат само сабајле.
    Што има збунувачко во сето ова?
     
  5. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.522
    Допаѓања:
    288.777
    Имаш право.
    Вака кога објасни подетално, не е воопшто збунувачки делот за колата, мастерот, девојчето...
    Поздрав, се најдобро.
     
    На anina му/ѝ се допаѓа ова.
  6. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.342
    Целиот проблем е баш во тоа, во нашиот менталитет да не кажам традиција т.е очекувања од свекрва/свекор и мама/тато и затоа има неосамосталени и залутани лица по бракови. Нема што да очекуваш, ако има ќе ти даде колку може и ако сака а инаку ќе си се избориш во животот.
     
    На elisabeta, Glasna и danichap им се допаѓа ова.
  7. anina

    anina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    5.239
    Пол:
    Женски
    И јас и сестра ми сме родени во просечна куќа. Мајка ми и татко ми живееле во заедница со свекор и свекрва. Тогаш почнале да работаат и да создаваат. Таа просечна куќа со две големи плати и една голема пензија прерасна во мини палата. А јас и сестра ми веќе одавме на училиште. Мајка ми и баба ми постојано се караа ама една за друга се правеа. Се знаеше кој плаќа, кој готви и се имаше некаков ред. Дедо ми почина кога бев мала а баба ми Господ ја поживеа. Се знаеше дека баба ми не чува. Дури и за Нова Година, не се сеќавам дека некогаш сум ја поминала со мама и тато. Секогаш тие некаде беа а ние бевме со баба. Гости, обврски, никогаш не извршуваа со нас. Тоа како да се подразбираше за сите. Баба ми често се разболуваше а мајка ми има и одмор земано за да чува. Почина многу тешко а мајка ми беше секогаш над неа.
    Можеби сум израснала во поинаква средина од вас и затоа имам поинакви сваќања за животот
     
    На leona83 и Acisal им се допаѓа ова.
  8. Acisal

    Acisal Активен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    297
    Допаѓања:
    165
    Pa da, mentalitetot igra golema uloga vo familijarnite odnosi. Sepak poddrskata i bliskosta na familijarnite clenovi e ubava rabota. Kamo sreka i drugite da ja imaat poddrskata sto ja dobiva Anina. Bas ubavo.
     
    На leona83 и anina им се допаѓа ова.
  9. TIGARCE86

    TIGARCE86 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2012
    Пораки:
    1.441
    Допаѓања:
    2.598
    Пол:
    Женски
    Леле ама ја нападнавте Анина ништо страшно не кажа јас убаво ја разбрав,нејзините и помогаат зошто имаат повеќе она не им бара со сила, нормално и јас да имам од повеќе детето да ми се мачи да го гледам, не го оставам нормално дека ќе му помагам колку што можам и имам сила,убаво викате најубаво е сите да заработуваме добро и никој да не ни помага ама ја немаат сите таа среќа ,сепак свесни сте нели во Македонија живеете не во Америка,има луѓе што земаат по 8000 илјади плата бре со две деца се мачат да им обезбедат нешто и било каква помош им е битна,лично јас земам убава плата ама ете имам кредит за дома земено средував некои работи,породилното ми касни 2 месеци, бебе мало имам и кој ќе ми помогне ако не татко ми или свекор ми,платата на мм е добра ама не е голема за се да покрие во моментот,тој кредит не го зедов за да одам на море и да се сончам и да си свиркам не отидов никаде ова лето, инвестирав дома за работи што беа важни и не сфаќам што е страшно да помагаш на сопственото дете,татко ми и мајка ми цел живот биле жртви за мене и брат ми,ние да имаме за школување ние да имаме за се што ни треба сме се омажиле ожениле пак ни помагале колку можеле за нив гледале ако нешто остане,и мене во моментот ми требаат некои работи ама јас не купувам за мене купувам за син ми се што треба него ништо нема да му фали ни влакно,за мене ако дојде ред тогаш ако не ќе одам со чизми од лани ќе одам со јакна од лани не е крај на свет нема да припаднам,на секој родител додека е жив нормален родител приоритет му се децата ако може помага ако не може тоа е друго веќе,имам роднини во Америка што имаат се постигнато без помош од никој со нивните плати од 7000-8000 илјади долари,ќуки станови издадени под кирија сега, одмори во Мексико коли џипови се марка гардероба плус, никогаш од никој не побарале немаат потреба имаат услови и кредити,да имаат и услови да ги вратат секој сака да е самостален од никој да не зависи,ама реалната ситуација кај нас во државата не баш сјајна и плати каснат и породилното ете касни,така да не дај боже да сте во тесно тогаш и те како ќе барате излез-се изв.за долг.пост
     
    На * Zence *, ubavka1, Kala22 и 6 други им се допаѓа ова.
  10. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.893
    Допаѓања:
    11.286
    Пол:
    Женски
    Одамна ме нема тука па како сефте гледам жестока дискусија:D

    Анина како сакаш сфати ме ама градење брак во детската соба на маж ти во куќа со девер и јатрва, свекор и свекрва е едноставно детски и незрело.Штом било планирано сето тоа, навистина не ми е јасна постапката и замислата за заеднички живот.

    Патем оти не сте отишле во мини палатата на твоите место да се буткате за помочано собиче (твои зборови)? Услуга ви направиле искрено што сте се охрабриле да си направите куќа може ќе сте чекале со години во неподносливи услови..
    Ви дале плац, твоите помош за градење и ете ве со сопствена куќа стоите цврсто на нозе. Нема потреба спрема никој да чуствуваш огорченост и дека некој те избркал...

    И така, не дека има некој проблем куќата е одамна направена туку да се најдеме у муабет де ...:D


    И палче нагоре за муабетот на Дузи.(y)
     
    На bittersweet, Daydream, SuperGirl24 и 7 други им се допаѓа ова.
  11. anina

    anina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    5.239
    Пол:
    Женски
    Тој детски сон беше да го родам детето па да барам работа и да заминеме од таму. А кога стана збор за да се вратам кај моите, тие ми понудија помош да направиме свое. Што има тука нејасно? Не сум се вратила затоа што ми понудија друг покрив над глава а тоа е исто како да сум отишла кај нив.
     
  12. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.971
    ^
    Тие не ти понудија цела куќа или стан туку само одредена сума која без плацот на свекорот и свекрвата немаше да ви заврши работа. Значи и едните и другите ви помогнале на некој начин, а ниту едните ниту другите ве прибрале кај нив дома. Е сега зошто велиш дека само неговите родители ве избркале, штом твоите не ве прибрале бар на кратко не е исто? И зошто не ја признаеш помошта од неговите?
     
    На Doozy, Daydream, duffi и 6 други им се допаѓа ова.
  13. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    18.789
    Допаѓања:
    122.574
    Пол:
    Женски
    Не знам дали ја гледаше серијата ама дај боже да ми падне свекрва како Џеврие. Да и збореше се и свашта ја нервираше АМА кога оној никаквиот легна со таа певаљката на чива страна застана Џеки? Која прва отиде кај Али риза и Хајрие дома да помогне кога на Неџла и умре мажот??
     
    На tessie и Daleron им се допаѓа ова.
  14. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.563
    Значи не можам да верувам што се се сипува на темава.
     
    На butterfly4, bridetobebt, jb82 и 3 други им се допаѓа ова.
  15. nadja.d

    nadja.d Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2012
    Пораки:
    221
    Допаѓања:
    220
    Како ја читам темава заклучив дека сите оние кои кукаат на истава се делумно или целосно се уште зависни од родителите или свекрвата.Едно да ви биде јасно,се додека сте под ист покрив,значи без оглед на ист или друг спрат,во ист двор или сл. тие ке имаат одредено влијание врз вас,помалку или повеке!!!Вие не можете да им го смените дотогашниот начин на живот, само затоа што вие сте дошле таму не очекувајте тие да си ги сменат дотогашните навики.На почеток ке припазуваат ,но подоцна се ке се врати на старо.Тоа ви е стандард,верувајте.
    Искрено сум многу против младите да живеат со стари.Одамна кога пишував на темата -Дали да се чека се да се стапи во брак,-забележав дека сеуште има млади со поконзервативни сваќања од типот:кога ке раѓаш,кариеристки ќе остарите со мачки и сл...,но сега гледам дека баш тие “патријархалните“ всушност најмногу кукаат на темава.
    И стварно ,ама стварно не ми е јасно како се осмелувате да стапувате во брак без решено станбено прашање или посолидни примања и велите планирани ви се и бракот и децата.
    ОК ,јас не велам не,земајте се ама не кукајте тука секој ден.И ние сме чекале со години во врска за да средиме се,за да може да уживаме на раат во брак(иако ни викале и тетки и стрини “ајде што чекате“),ама раат на душа ни е бре.А дека се може ,се може ако така си го замислил.Не ја негираме и помошта од родителите,фала богу,но животот сами си го оформивме.
    И,за крај јас сепак сметам дека родителите доколку можат треба да ги помогнат децата за почеток,нормално финансиски нели.Не треба секој месец да ми пазаруваат,но доволно е да знам дека има кој да ми помогне доколку заглавам со некоја месечна рата за кредит,и толку. Секој си знае дома како му е.Но,доколку земаат солидни пензии,зошто понекогаш и да не помогнат со нешто,крајно и за кој се тие пари што остануваат.Ја разбирам во тој дел Анина,долку го згрижиле девер и ,не требало да ги бркаат нив.Не го свакам тоа форсирање на некои родители кон едно чедо,а сум го видела неколку пати и стварно не ми е јасно.
    Формирајте си самостоен дом.Можеби со кредити и тешко за почеток,но крајно ке им оставите и нешто на своите деца.Можеби мислите дека имате помош од старите ,но тие и така ке ви ги почуваат децата доколку им ги оставите,ке се навикните и на тој начин да функционирате.И кога ке се гледате ке ви биде помила свекрвата верувајте.
     
    На SV1911, Annath, Glasna и 2 други им се допаѓа ова.
  16. НаталиЛили

    НаталиЛили Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2014
    Пораки:
    1.389
    Допаѓања:
    8.354
    Пол:
    Женски
    Не мислев дека ќе пишам на темава, но морав некаде да си ја кажам маката.
    Свекрва ми ми се налути :)
    Ни крива, ни должна го извлеков подебелиот крај.
    Се се случи заради нејзината скржавост. Госпоѓата го дигна носот зашто мм му купил палачинка на син ни. Искоментира демек сум можела јас да му направам дома, а јас пак уште и викам ваква убава со триста чуда не сум можела :)
    И почна да врти очи и продолжи со коментарит, ќе ги спи*кал мм парите па ќе свирел после. За 80 денари беее за внукот нејзиннн.
    Плус ја јадење. Ја само му реков јади душо колку ти се јаде и си отидов кај мене во соба.
    Мм не ги слушна коментариве, ама ја приментил дека го дигнала носот. И доаѓа во спална лут. И ми вика оваа се налути и ја му кажувам вака и вака искоментира. И отиде он и се закараа.
    И замислете утредента јас ручек све направено таа зема јајца пржи, не јадела од моето јадење. И мм и рече немој да сум те видел веќе да си јадела од тоа шти ќе направи снаа ти.
    И тоа.
    Јас до сега никогаш не сум се искарала со неа нити пак сум и пререкла нешто. Ниту пак мм сум го терала да сњ кара со неа.
    Можеби мисли дека јас сум го натерала да се закара со неа. Ама он е доволно голем и ова нејзино однесување не личеше на ништо.
    Ни свекоро ми не ја одбрани и се закара и он со неа.
     
  17. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.739
    Игнорирај ја! Гледаш никој не ја поддржува - што па ти ќе и се замараш?! Многу детско нејзиново однесување!
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  18. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.541
    Допаѓања:
    174.405
    Гладна кокошка просо сонува.
    Така сонува млад брачен пар кој живее во куќата (заедница )со старите-свекор и свекрва.
    И обично оди онаа иста приказнана-Синко на сестра ти и купивме стан(90м2,фул опремен и нов автомобил)ама куќата на тебе ќе остане.
    А додека да остане,што до тогаш?
    Младите ќе живеат во куќа од 200 квадрати во заедница со старите,а ќе „држат“ само 1 соба(по правило собата-детска на мажот),снаата ќе ја чисти целата куќа,мажот ќе го полни фрижидерот од кој секој ќе јаде (читај и семејството на сестрата),сметките ќе се плаќаат пола-пола,а сестрините алишта,теписи,завези тука ќе се перат и пеглаат.
    Сексот-посебна приказна-проект треба да се изработи бидејќи собите-спалните се една до друга.
    Гости да дојдат кај младите-нема шанса-старите се тука и будно следат што ќе се стави на маса,кој што ќе каже.....и се така додека еден ден не прогледаат младите.
    Е тоа прогледувањето е 90% од осамостојувањето на младите.
    И не,не се плашете за сметки,за храна ,за летување.....
    Се ќе си дојде на свое место,Бог ги отвара вратите,човек треба само да има храброст и да пресече,да каже доста беше.
    Излеговме ...
    1 година бевме на леб и сол,ама во мир го јадевме.После тоа се си дојде на свое место.Токму тоа немањето пари не мотивираше за работа и усовршување со што почнаа и поголеми плати па и кровот над глава лека -полека го отплативме.
    А,да....сега сме си сами,а старите сеуште во нивните 200м2.
    Неможам ниту да замислам што ќе станеше со нашиот брак ако останевме сеуште во таа 1 соба со две деца.
     
    На * Zence *, marama, AngelOfArh и 15 други им се допаѓа ова.
  19. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.912
    Допаѓања:
    36.752
    Пол:
    Женски
    Многу точно :nod:
     
    На butterfly4, SV1911, Annath и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Macyyyyy

    Macyyyyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2011
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    97
    Пол:
    Женски
    Предобра е темата,ама искрено не ми се допаѓаат коментарите со кои се омаловажуваат членови кои дошле тука за помош...
    Сеуште не сум мажена ама ствари што слушам и гледам искрено се плашам....Значи вака-Комшии мои постари луѓе цел живот го минуват со една скромна пензија.Дојде ред го оженија едниот син,имаат куќа на два спрата вториот спрат го дадоа на тој што се ожени а другиот син живее сеуште со нив..Значи за луѓето лош збор немам,и на цела немаштија пред да дојде сната позајмува пари,се стискаа од се битно и го опремија спратот..Дојде оваа се на готово,арно ама немаше ни една недела снаата го испразни спратот,ги исфрли со мака купените ствари во двор да се скапуваат,свекрва и се разболе од мака...зошто страдав,уште ништо од позајмените пари за тоа не сум вратила и ред други ствари да ти е грев да ја слушаш....Згора на тоа тој шупакот син и ко теле просто и тргнал на невестата по газот...еј човече маж без јајца дозволил овца да му јс распарча цела фамилија...Сега имаат дете замислете овцата не дава свекорот и свекрвата да,го видат а шупакот ништо не превзема,дури одбвратен ми е да го погледнам ми текнува одмацх на ликот на мајка му како плаче...незнам што да кажам и јас ќе бидам снаа ама ова ми е толку грозно и болно и се чудам како има такви снаи...едно се молам само да даде господ нејзиното синче да и доведе таква снаа па не само нејзините новокупени ствари да ги фрли на улица да даде господ неа со се нив да ја исфрли и тој папучарот прост мажот и....
     
    На nena2010 и Sasha-Fierce им се допаѓа ова.