Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.719
    Де, што си се развикала ??? Смири малце тој тон. Вервувај, се би дала свекрвата да се откаже од нејзината опсесија таа да е главна за се. А парите ми се во споредна улога, за среќа и јас и маж ми сме прилично добро платени, но ако се може нешто плус да се земе, зошто да не?! И што сега ако земаме пари од нашиот стан (во кој тие немаат ни 2 % учество), ние ги храниме нив дома, ние ги плаќаме сметките, ние ја оддржуваме екомонијата во домот (тие ниту пензија земаат, имаат само некои слаби земјоделски примања), па треба поради ОВА јас нив да ги трпам?Не, ниту тие мене да ме трпат, ниту јас нив.
    Цело време сум да има некаков компромис, ама со жена од 60+ години,тешко дека ќе најдеш компромис.

    Сепак, нив најјак ас во раката им е што јас сум далеку од мојот роден дом и што сум мирна личност, никогаш се немам карано со нив, па тие тоа го искористуваат.
     
  2. Nine25

    Nine25 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2010
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    1.726
    Пол:
    Женски
    Искрено Блонд знаеш каква е госпоѓата и слободно на игнор ставија а здравје боже кога ќе родиш бебенце верувај дека може да биде и малку полошо затоа што тогаш уште повеќе ќе се меша (од се срце ти посакувам се да е во најдобар ред) Кога се роди моето мало детенце многу плачеше на почетокот нормално и еднаш свекрвами го слушнала дека плачи и правец ни тропа на врата и влезе без да и речеме дека може да влезе во тој момент изреагира мојот сопруг што бара? бебе како бебе нормално дека ќе заплаче а и плус мајката и таткото на тоа бебе се тука што бара и таа? Таа се устрами и си замина и тоа беше тоа завршена работа.
    Верувај дека кога ќе ви дојди нов член во семејството ите како е добро да имаш некој да зготвит ручек или да ти помогни со останатите работи во домаќинството.
    Се ке е во ред само без нервози.
     
  3. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.719
    Да, токму тоа а игнор и однесувањето го напоменав во некој претходен пост.
    А точно дека во тие денови кога е бебето уште во почетните месеци е добро да ти има некој направено ручек, но нели, не по секоја цена. ;) Еве барем сега кога можам јас да го правам тоа, се прашувам зошто не ми дозволува ????
     
  4. Trikson

    Trikson Нов член

    Се зачлени на:
    27 август 2010
    Пораки:
    130
    Допаѓања:
    35
    види, факт е дека у денесно време новиве невести се готованки, дрски се и без основна култура на понашање на гости коа се привремено поради одредени околности....така да...ем шути се ем се бодат.... :lol:
     
  5. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.719
    Хах, ти најде ова да го кажуваш господине со следниве карактеристики:
    Професија:Dr.Pr.Mr.-Mushka Dzukela i diplomirana Skopska baraba, spec."Skirt Chaser" i ednen od najpoznatite Internet Hazarderi ...:)))
    Интереси:worried:e sto e predizvik, vo oblik na "Reprezentativno dekolte".
    Па ти баш залужуваш таква дрска и без основна култура жена (како шти ти ги нарекуваш). До душа, многу такви како тебе, токму со такви завршуваат :)
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  6. rainlover

    rainlover Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    969
    Допаѓања:
    633
    Кој и што ти дава за право да генерализираш дека сите "нови невести" се "готованки"?
    Немој да мешаш баби и жаби.
    Не не, не е свекрва ми БАБА, а јас лигава ЖАБА.
    На 50 год. ручек и прави мајка и' (баба му на сопругот), од зимници до перење ќебиња, јамболии сета работа 70 годишна жена и ја врши. Значи ја нема мајка и' - пиши ПРОПАСТ на светот.
    Јас (за жал) немам мајка што ќе ми ја тера работата, па се' сама си терам.
    Цела среќа во несреќа е што ја гледам 1-2 пати неделно.

    И сега... кој што е?
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  7. k.i.t.t.y

    k.i.t.t.y Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2011
    Пораки:
    200
    Допаѓања:
    74
    Се што рекла Блонд е во право, на една рака можам да избројам снаи и свекрви кои функционираат добро, затоа што свекрвите секогаш ќе мислат дека прават се подобро од нивните снаи. Скоро сите сметаат дека нивните синови се за жалење и заслужуваат подобри жени, а според мене тоа е некојси балкански синдром...
     
  8. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.104
    Допаѓања:
    66.993
    Пол:
    Женски
    Ве замолувам да се држите до темата, да не одите оф топик и доколку нечие мислење не го сметате за вредно, не реплицирајте ;) :)
     
  9. Trikson

    Trikson Нов член

    Се зачлени на:
    27 август 2010
    Пораки:
    130
    Допаѓања:
    35
    ...епа шо е проблем да се признае нешто што е вистина...нормално дека ке прават подобро...свекрвите се сепак поискусни жени и поминале низ животот секакви ситуации и затоа ке бидат помудри и помапетни од снаите...тука не глеам некоја причина за да се оцрнат ...сосема нормално...кој е поискусен-тепа обично...така ли е...и вие коа ке бидете на нивно место ке делите совети од битно значење...сеа за сеа ке си кутите и ке учите од поискусните...мислам ако сте мудри доволно, ако не од инат и врејка сол се јаде...ама после се повраќа погана уста :lol:
     
  10. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.719
    Да бе да, се знаат свекрвите, ахам да.
    Примери од мојата свекрва:
    1.Едвај и докажав дека аспираторот е корисен уред во домаќинството, а не штетен.
    2.Морска храна,специјалитети, сосови, дивеч- сето ова за неа е шпанско село, а нејзина специјалност се:компир манџа, грав, ориз со кокошка, ќофтиња,свинско месо (никакво друго месо не постои), пржени компири, риба. ( и братучетка ми од 10 годинки знае ова да го подготви). Маста е подобра од зејтинот (ма немој хах).
    3.Постојат различни средства за бришење на мебелот (посебно за стакло, посебно за дрвени површини), не се користи ракија како средство за бришење на СЕ.
    4.Машината за алишта подобро ја пере долната облека отколку кога е перена на рака.
    5.ВЦ може да има ВНАТРЕ во куќата, а не надвор. Постои одвод и канализација во овој век, а не јами :x

    Ај доста ја фалев свекрва ми, сепак не и замерувам, 60+ е. И кој повеќе знае? Можеби свекрва ми повеќе знае како е да работиш на нива (измачена жена е, цел живот е на нива), можеби подобро знае како да зготвиш јадење за 10 лица, а да заштедиш, ама за се останато... ти се молам... таа живее 2 века наназад...
    Ама ТИ, што имаш 30+ да ми попуваш дека постарите знаат СЕ ? Ма немоооооооој, не ме зае*авај!
     
    На Anyshka, stilas7 и lolyta777 им се допаѓа ова.
  11. babyketi

    babyketi Популарен член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2009
    Пораки:
    1.302
    Допаѓања:
    678

    Еххх ,почитуван господине Триксон....
    Имаше еден на форумот , ко тебе што ги бранеше свекрвит е, зошто ние ги напаѓавме.
    За се , како тебе , пишуваше дека ти есе во право дека се нечии мајки и тд..итд...
    Еднаш . му пишав дека „ ја утнал“ темата што пишува на оваа тема.Зошто? Па затоа што нити е и ќе биде снаа , ниту е и ќе биде свекрва.
    Единствено му посакав вака ...да добие ќерка па да го смени мислењето.
    И види чудо, вистина по една године Господ му подари ќерка.
    Бидејќи останавме пријатели и во контакт , па му реков , бидејќи имам син да и бидам свекрва на неговата ќерка.....
    И што мислиш што ми кажа .......НЕЕЕЕЕЕ! Мојата ќерка нема да има свекрва :rofl:
    Епа ,следниот пат кога ќе напишеш нешто сети се дека можам и на тебе да ти посакам да добиеш ќерка.Гледај што се случува кога јас ќе посакам нешто. :rofl:
     
    На Anyshka, stilas7 и missperfect им се допаѓа ова.
  12. ohoho

    ohoho Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2011
    Пораки:
    266
    Допаѓања:
    100
    хахахахахахаха блонд ме изнасмеа искрено со постов и на место ти е да си знаеш :rofl:
     
  13. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.902
    Пол:
    Женски
    Мислам дека сум доволно компетентна да коментирам..прво ќе раскажам како било кај мене...
    Значи веќе имам кажано дека 2 год. живеевме под кирија, за тоа време немавме никаква финансиска помош од никого, сами се издржувавме како знаевме и умеевме...Кога се ослободи место во семејната куќа на маж ми, тој им кажа дека сака да си се врати дома со семејството, а тие ни одговорија дека ќе сме им сметале, се научиле сами тројцата да живеат (со ќерка им која е две години помала од мене и која се спремаше да се пресели кај дечкото да живее, што значи уште една соба плус се ослободува :fubar: :?: )...Ама ние бевме решени од финансиска гледна точка да се преселиме (кирија нема, сметки по пола итн.) Кога почнавме да ја средуваме собата (отприлика ни требаа две недели да ја уредиме) наидовме на намуртени фаци дури дотичната млада г-ѓица престана да разговара со нас, ајде и покрај тоа што немало никаков резон и смисла да се лути остај што нас не ни збореше уште и ја бркаше ќерка ми од кај неа од соба буквално вака-ајде тета оди си кај мајка ти, излегувај..на дете од 2 год, и до ден денес не сфаќам кај и бил паметот :fubar: Не разговаравме и откако се преселивме се до роденденот на малата, кога ја поканивме заедно со дечкото да дојдат, значи ние постари и попуштивме за да има мир и хармонија..Останатите глупости ги имам кажано да не се повторувам..Сега сите глумиме лудило дека сме едно прекрасно семејство кое се сака и почитува (нормално пред золвеникот и неговото семејство) што ептен ме иритира затоа што мразам дволичност и правење некому лице...мразам да ми се смешкаат као демек ептен ме сакаат...
    Друга ситуација..пред две години откако се преселивме паднав мртва болна, пошто многу се грижеа за мене отидов кај моите да ме гледаат и мене и детето (маж ми тој период имаше многу работа и не можеше да отсуствува)..Меѓутоа бидејќи имав вирус на сите го пренесов, вклучувајќи ја и свекрвица..Но, за разлика од неа, јас сум човек, ја негував како мајка дете што негува (ќерка и беше во странство)..супи, чаеви, цедев лимуни и портокали, правев лимунади, и мерев температура, ја ранев, ја пресоблекував кога ќе се препотеше итн. итн. а во меѓувреме се грижев и за детето кое ми беше болно и ја одржував цела куќа...Како ми се врати..пред некој месец пак старата се разболе и пак ја негувавав....наредната недела јас мртва болна, бидејќи имам работа со "ептен добри луѓе", маж ми зема слободни денови да се грижи за мене, не можев овој пат да одам кај моите, мајка ми беше во болница...Добив шамар не еден тука два...
    Меѓутоа утре таа пак да се разболе, јас пак ќе ја негувам, зошто-затоа што јас сум човек, јас сум мајка, имам осет, имам чувства, имам жал, имам срце и душа..Таква сум и нема да се сменам, не можам да гледам некој да се витка од болка и да офка а јас да го прерипам..колку е тоа добра особина не знам, ама таква сум...
    Од друга страна маж ми строго ми забрани да ја негувам иако му е мајка, скришум додека беше на работа и варев супи и чаеви и го лажев, иако мислам дека знаеше дека го лажам, затоа што кога се разболе ќерка и, наредниот ден свекрвица одма отрча кај неа, а таа нејзина ќерка не дојде ни да ја види две недели..тој ми рече оди свари и супа и на ХХХ..(саркастично)
    Што сакам да кажам , се согласувам со babyketi, оди и посети ја старата, немој да си имаш товар на душата, прости и, тебе ќе ти биде полесно, кога веќе се двоумиш значи не ти е сеедно.
    Blond, еднаш ти реков и пак ќе ти речам, кога ќе се роди бебето секоја помош и те како е добредојдена, не се замарај со свекрва ти, готви си и речи и -бремена сум тоа ми се јаде, за се останато на игнор... И уште нешто..на врата клуч, нема она што да бара во ваша соба, едно време мојава додека одев на работа ми ја тресеше постелнината и уште гордо ми кажа, јас само и реков тоа не е твоја работа ,а уште помалку да ми чепкаш и да ми отвараш плакари...бидејќи пред да одам на работа собата ја раскревав и се си беше наредено внатре во плакар, значи отварала и вадела :fubar: |(
    намерно оставив пакетче кондоми на видно место, за да ги види и да се засрами :$ ...ако воопшто има срам и да и текне дека нема што таму да чепка
    Уште нешто, иако се двоумев дали да реплицирам, Господине Триксон, ај те молам просветли ме и секако поучи ме пошто гледам дека ептен те бива, ама прво прочитај ги моите постови на оваа тема..
     
  14. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.380
    Допаѓања:
    17.581
    Пол:
    Женски
    Зошто воопшто си вадите очи кога има и лоши свекрви и лоши снаи. Лично знам две лоши снаи, свекрвите плачат од нив, на еднава свекрвата и доаѓа дете и чува, пере, готви, а снаата најголем намќор, другава живее со свекрвата, свекрвата ручек вечера, преќутува за се, а оваа снаата го полни садоперот и бега во соба. Доживеав да дознаам за снаа у комшии што го мавала свекорот со стол :tmi: . Знам и "лоши" свекрви кои се мешаат во секоја манџа, како што и веќе прочитав во темава. Се е релативно овде никој не може да тврди едно а да го порекнува спротивното. Секој случај е различен, зависи од човекот. Затоа постојат свекрви и снаи кои безрезервно се почитуваат и сакаат, мислам дека таков ќе биде мојот случај :$ И мислам дека животот во заедница носи непотребни конфликти, затоа препорака од мене-доколку финансиски сте подготвени живејте одделно.

    п.с. не сакам да заземам страна и јас ќе бидам идна снаа но не знам зошто толку се вжештувате на туѓо мислење, нели секој има право да каже што мисли, јас мислам дека Триксон има желба да провоцира ама вие дозволувате да бидете испровоцирани, а ваквите препирања околу интересни теми може да бидат и забавни :geek:
     
    На machorka и Trikson им се допаѓа ова.
  15. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.104
    Допаѓања:
    66.993
    Пол:
    Женски
    Мене се уште не ми е јасно зошто му реплицирате? И потоа пријавувате мислења со несоодветна содржина? Дајте ве молам, ако мислите да ја терате дискусијава, терајте ја како што треба.
     
  16. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    Како само машкиве се палат на овие теми. Ако ја прочитате темава ќе видите дека има и свекрви кои се пофалени, но и такви кои заслужуваат критика. Како за се, така и за ова нема генерален заклучок дека свекрвите се чудовишта, ниту пак дека снаите се цвеќиња. Игли во сеното се наоѓаат :) . Кога девојката влага во нова фамилија нормално е да очекува поддршка од свекрвата, заштита, разбирање, блискост, но нашата грешка (мислам) дека е во тоа што ние се надеваме дека свекрвата ќе постапува како нашата мајка, ќе готви како неа, ќе не разбира со поглед, ќе не чува. Од тука произлегуваат подоцнежните конфликти. ТАА ЖЕНА НЕ Е НАША МАЈКА И СЕКОЈ НЕЈЗИН ЗБОР МОЖЕ ДА НЕ ЗАБОЛИ ПОВЕЌЕ ОДКОЛКУ АКО ТОА ГО КАЖЕ МАМА.
    Генерално мислам дека не не мразат, тие сакаат само ние да ги прифатиме нивните правила на игра (навики). А и зошто да не мразат? Ако одговорот е дека сме им го земале синчето - тогаш ќе ви кажам да се сетите колку таа жена била еуфорична и радосна кога се спремала свадбата (значи била созреана за делба). Зошто да не мразат кога највредното нешто им го имаме ние дадено - внучето кое е најголема радост за секоја баба.
    Генерацискиот јаз си го прави своето (колку пати со мама и тато сме се скарале ама тоа не не боли...само продолжуваме понатака и си ги сакаме најмногу на свет)
    П.С. Бод да чува од екстермните типови свекрви :)
     
    На Bibko му/ѝ се допаѓа ова.
  17. baby.90

    baby.90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    457
    Допаѓања:
    197
    Еве и јас да споделам нешто што им се случуваше на пријатели на моите.
    Луѓето се прекрасни, жената е учителка во градинка, маж и работи ??? (не е битен он толку мн).
    Имаат два сина. Постариов ајде ке се жени, снаата супер! Ја фалеа, дека е мн мила, златна снаа ке имаме, срце, душа, вака така, се најдобро.
    Се земаа младиве и почна снаата да си пее своја песна :D
    Луѓето си имаа 2 стана, едниот им го оставија на младите, наместен тип топ, се внатре од убаво поубаво. Кога дојде снаата, од прозор им ги фрлаше работите во среде центар. Низ прозор столици од трпезарија фрлаше, да се чудат сите што се случува. Се им исфрли и не ни ги праша или да им каже, да си ги преместат луѓето работите, да си ги земат од станот (ипак они дале пари за се тоа).
    Си донела она нејзини ствари, она што си ги купила, порачала и нов мебел за во цел стан, кога стигнал новиот мебел, тогаш им фрлила се.
    Маж и, ни а ни б да и каже, несмее да писне. Свекор и и свекрва и се налутиле, нормално. И рекле барем да кажеше да си ги земеме стварите кај нас, а не да фрлаш нови ствари во контејнер. Она на тоа ин одговорила: Зарем тие нови ствари беа??? Мене ми изгледаа како да се купени од пред 20 години и им прошла модата (А нема врска, моите беа, го видоа станот, прекрасно наместен, модерен, се нај нај внатре) па затоа ги фрлив. Теписите и килимите се доле пред зграда во контејнер, ако сакате можете да си ги земете сега, додека не ги собрале циганите.
    Какво ѓубре, не ми се веруваше кога кажуваа луѓето, а и снаата сама си кажува дека се тоа го направила (нормално не пред свекорот и свекрвата), мајка и се срами од неа.
    Роди снаава едно дете и им го тупна на старите да го чуваат. Она на работа, шетање, кафиња, дискотеки ја боли уво дали детето спие, јаде, плаче??? Го оставаше детево кај нив во понеделник, после раб доага да го надои, ручаат таму сите и си оди она дома со маж и. Секој ден така до петок, и во петок ке оди пак таму и ке им рече еееј вечер ке излегуваме нека го малиов кај вас и ке си отиде.
    Не ни ги прашуваше дали може да го остави, дали ќе го чуваат. Свекрвата оди на работа млада е нема ни 60 години.
    Им пукна филм на луѓево ја отераа кајшто не треба, им се качи на глава.
    Сега ни детето го гледаат, ни снаата, само син им доаѓа кај нив на гости од време на време.
    Свекрва и кога и да почне да збори за тоа плаче жената да ти е жал да ја гледаш.
    Свекор и нон-стоп вика, да сме и згрешиле нешто да разберам, ама за ништо да не третира ко идиоти, не оди.
    Стварно се многу добри луѓе, а таа, таа е поопасна и од оган.
    Само маж и е мн прост, нема свое ја човекот, и допушта премногу.
    Не за џаб рекле: Меѓу добриот и глупавиот нема голема разлика.
    Како што има лоши свекрви има и уште полоши снаи.
     
    На sanjaeva му/ѝ се допаѓа ова.
  18. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.902
    Пол:
    Женски
    Ако внучето е најголема радост зошто тогаш поедини баби ги бркаат внучињата за да гледаат серии од 17-22ч, им се кријат и никогаш не ги шетаат никаде, ако внучето рече бабо ми се јаде- вика -оди речи и на мајка ти, што е толку тешко да му се даде на 4 год. дете да јаде, ако му се оди во тоалет вика- оди речи и на мајка ти, а мајката прави ручек или мие садови или усисува...каква е таа радост ако не сакаш ниту да го поиграш внучето, ниту да го прочеташ ниту да му помогнеш да оди во тоалет, ниту да го нараниш...
    Не, не не мразат, едноставно не им е гајле за нас, не сме нивни деца, зошто воопшто да ни помогнат...и зошто да ги прифатиме нивните правила на игра, зошто да се нема компромис, зошто да не се сакало да се прифати "туѓото" мислење и навика, зошто да не се угоди на снаата...а за ќерката боли...па и ние сме нечии ќерки :!: Секоја кавга со родителот те боли, но мене повеќе ме боли кога ќе се скарам со свекрва ми (иако се работи за банална кавга), затоа што знам дека мама и тато ќе ми простат, а во другиот случај прашање е дали ќе се прости а уште помалку да се заборави...
    Да, Бог да чува и брани или пак Бог да даде добар, разбирлив сопруг кој реално и објективно ќе гледа и ќе оценува самиот што се случува.
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  19. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    твојата свекрва спаѓа во оние од П.С. екстремен случај
     
    На lolyta777 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. babyketi

    babyketi Популарен член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2009
    Пораки:
    1.302
    Допаѓања:
    678
    Драга sanjaeva ,убаво велиш..Бог да чува од екстремните свекрви.
    Но сепак едно не ми е јасно ...зошто воопшто да се прифатат нечии правила на игра?????????????
    Значи како можам јас утре ( потенцијална свекрва -имам син) да очекувам некој да ги прифати моите правила на игра ??
    Не ги прифатил син ми кој сега има 3 години ( не сака ,не му се допаѓаат , си има свои) ,па ќе очекувам индивидуа на свои 25-26 год. при тоа ,најверојатно ,високо образована и изградена како личност да ми прифати нешто што е мое со мое наметнување. МА јок!
    Можам само да се радувам ако видам дека во некој сегмент ме копира. Ќе бидам сигурна дека сум го направила како што треба.
    Исто така не гледам причина ,откако ќе се ожени син ми , да го делам од жена му и децата по мое внимание спрема него. Тоа е неосетливо од мене.
    А во идната снаа , сакам да најдам другарка со која ќе пијам кафе и ќе шетам по продавници. Баш ќе ми евентуално дали дома и е наместен креветот. Сепак таа ќе си легне вечер во него. 8)
     
    На lolyta777 и blond им се допаѓа ова.