Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.452
    Допаѓања:
    20.085
    Најбитно е дечкото да сака да се одели!
    Да, во Мк моментално е ужасно, пари се нема, работа се нема, само мизерија има колку сакаш но кога постои воља, свесност и решителност за делба кај партнерот, полесно ќе се истераат тие месеци (или години) поминати во заедница. Денес може нема да имаат пари ни под кирија да одат но за пет или десет години можеби ќе бидат финансиски доволно стабилни па ќе си купат станче.

    Моите се разведени од повеќе причини но главна причина за распад на бракот е живеењето во заедница, односно причината зад останувањето во заедница. Двајцата биле вработени, мајка ми имала свој стан но татко ми, единец, не сакал ни на слушне за делење од мамичка и татичко. Дома бил мазен, пазен и третиран како принцеза, мама и тато му оделе по газот, нивниот син секогаш бил во право, нивниот син бил совршен, нивниот син бил безгрешен итн. Епа зошто да се дели кога мама и тато го чуваат како капка вода? За жена му да му кажува дека треба да чисти, пере, шета дете, купува од пазар, плаќа сметки, фрла ѓубре?

    Мој совет девојки-ако љубовта на вашиот живот ви каже дека не сака да се дели од мама и тато, ни сега ни во иднина, бегајте во спротивната насока зошто вие очигледно не се љубовта на неговиот живот (мама е)
     
    Последна измена: 18 декември 2014
    На Hipster, Nati.P, okcenzi и 12 други им се допаѓа ова.
  2. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.529
    @priceless

    Јас те разбирам 100%. Ние малку поинаку размлувавме, и згрешивме. Живеевме со неговите некој период, додека не се средат документите за нашиот стан. Ако останевме уште една недела мислам дека, или пак ако требаше не дај Боже да се породам и таму бебето да го однесам, ќе се разведев. Со маж ми, односот ни е идеален. Ама навистина идеален, не лажги со опашки. Немаме проблеми и расправии, освен ако не се работи за неговите. Чурук луѓе, со кои нема разбирачка. Откако се одвоивме, се беше супер и си е супер, освен што имам епизоди на бес.
     
    На girl-miri, evangelina.ina и Glasna им се допаѓа ова.
  3. evangelina.ina

    evangelina.ina Популарен член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2010
    Пораки:
    512
    Допаѓања:
    19.420
    Пол:
    Женски
    Јас сум од постарата генерација која мораше да ќути и трпи а добронамерните совети беа од стилот : Молчи ама напрај си по свое..Нема по свое во заедница со тешка,чурук личност ..И јас кажував дека не сакам да живеам во заедница ама свекрвата не сакаше ни под точка разно да се оддели синчето од неа тогаш а сега би платила само да се одселиме ама касно е,моите не ме поддржаја сериозно и си останав во нерви,бес и солзи долги години(сега не е така страшно како што беше-остаре свекрвата поомекна но последиците се трајни)..И мм не беше спремен да ја прекине папочната врска па сега сите заедно со мамам ги трпиме неговите изливи на бес и вечно незадоволство...Поентата ми е расчисти со време и послушај совети на паталци..Со среќа..
     
    Последна измена: 19 декември 2014
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  4. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.368
    Јас лично не гледам ништо лошо во тоа да се разговара пред брак за вакви работи. Овие се работи од животно значење и од голема важност за среќата и иднината на тој брак. Јас ја подржувам секоја жена што е со став да се оддели но не под услов да го уценува дечкото да купи стан пред да се земени затоа што ете она така сака ( @@priceless ова не се однесува на тебе знаете за каков тип на жени зборам)

    Од мое лично искуство можам да кажам дека јас постапив како што размислував тогаш. Уште пред да почнеме да живееме заедно Јасно и гласно кажав кои се моите мислења и очекувања не само од заедничкиот живот но и за моето образование кариера итн. Сметав дека треба да знае што чуствувам и што сакам ( исто и он мене) Навистина е мн тежок периодот на транзиција од дечко и девојка до живеење сами а пак замисли плус уште свекор и свекрва дома. Луѓе сме, треба да си ги научиме навиките но и да создаваме заедно нови.

    Фактот што отсекогаш сум била јасна во врска со моите очекувања, што живеев неколку години сама со маж ми па потоа се одлучивме на брак го сметам за една од најпаметните работи што сум ги направила во животот :D Заедничкото создавање на нешто наше ми прави уште поголем мерак. Иако 5 год плаќаме кирија ниеден ден не сум зажалила за тоа. Нема цена среќата и правењето темели за цврст брак.
     
    На okcenzi, Annath, artemidis и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Dreams11

    Dreams11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2014
    Пораки:
    171
    Допаѓања:
    782
    Пол:
    Женски
    Реално живот во заедница катастрофа ...На многу жени,девојки тоа им е јасно но на мажи кои мислат дека нивните родители се многу добри личности ке биде тешко да му докажиш дека никој не е совршен!
    И јас живеев 3 години во заедница свекор, свекрва ,девер јатрва и две внучиња .....и сите беа од добри по добри само јас бев лошата за тоа што морав да живеам со нив во нивно тешко спечалениот стан да спијам на вечер и нормално да се плашам дали некое дете ке ја отворе врата па да виде нешто што не треба,или па да заклучам па некој да проба да отворе па да виде дека е заклучено ....па зошто било заклучено да слушаш как му објаснуват....катастрофа!
    Децата си имаат баба и дедо, деверот мајка и татко а јас да морам да живеам со нив и да се правам дека ништо не ми смета,да живеам во една соба и сите нивни најдобри роднини да ми кажуваат дека мојот живот е совршен дека моите свекор и свекрва се најдобрите луѓе на цел свет и дека мене ми било многу убаво.....тешко е да ви кажам да живееш во заедница и со многу добри луѓе...сите ке бидат добри само ти си лошиот!
    А зошто...затоа што сакаш слобода, приватност, сакаш да имаш свои деца а заради целиот тој притисок во кој живееш ете неможиш!
    Конечно после три години зедовме кредит и купивме помал стан!
    И не ми е проблем ке го плакам 10 години кредитот ке јадам што имам и колку имам ама мирот е непроценлив! И конечно ке имаме и детенце!:)
    Поздрав до сите кои размислуваат реално и сакаат уште на самиот почеток да си го решат станбеното прашање тоа е многу битна ствар за успешен и мирен брак!
     
    На Goticarka, SV1911, elena.mak и 11 други им се допаѓа ова.
  6. priceless

    priceless Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2012
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    379
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите, еве ме мене повторно.. :)

    @Dvolicen само да потенцирам дека јас не сум себична бесчувствителна кучка којашто бара нешто што знае дека неможе да го има. Затоа повторно ќе кажам иако може и ова ќе звучи кучкесто.. Планот на дечкото му беше да направат замена на станови и да доплатат пари за поголем стан. Јас му реков на дечкото дека според мене е подобро таа доплата што планираат да ја дадат за друг поголем стан, нека му ја дадат на него, исто така ќе имаме финансиска поддршка и од моите, ке присобереме нешто пари за да можеме да вложиме во некој стан и да земеме кредит, и да си го исплаќаме заедно. Да, знам дека ќе треба 20 години да живееме можеби ајде да кажеме во мизерија, ама барем после 20год. ќе си имам нешто свое а во тие 20 години и после нив, ќе си имаме свој личен простор.

    Не е работата, да гледам јас дека он нема услови и јас да барам нешто нереално.. Но сепак има опции кои што можат да земат предвид и никој неможе да ми каже дека нема!! Јас не се брзам да се омажам, тука сме заедно сме, решени сме да бидеме заедно.. несакам нешто што моментално ми е во совршена состојба, да го доведам до мизерна. Несакам фамилијарни кавги, кој што рекол или кој како направил или зошто така направил. Со текот на времето колку и да се сакаме, доколку се најдеме во ваква ситуација ќе има кавги од типот кадешто јас ќе го нападнам него поради тоа што ја зазел страната на мајка му или затоа што можеби не ми дал поддршка во некоја кавга. Едноставно се додека не ги пронајдам сите ДРУГИ можни опции да се одвоиме, не рипам така лесно во тавче и КРАЈ :)))
     
    На SV1911, Giovanna, Sky-butterfly и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.769
    Допаѓања:
    23.766
    Пол:
    Женски
    @priceless , ти си била искрена и тоа е за почит. И не се согласувам дека тоа што отворено си зборувала за тоа е лигавење, иако можам да го разберам ставот на @Dvolicen затоа што доколку се има разбирање со главниот, привремениот живот во заедница не го гледам како многу лоша и неподнослива работа. Приоритети се во прашање. Некој попрво би трпел да живее со свекрва, а некој попрво би трпел живот во којшто материјално ќе се лишува од многу нешта, но ќе биде самостоен од прв ден. Нивната зрелост не зависи од нивните приоритети и избори, туку од тоа како се носат со последиците од истите (на пример, проблеми со неговите / откажување од материјално полагоден живот и соочување со повеќе обврски и одговорности од порано).

    Со тоа што ќе го додадам следново. Ниту ти, ниту дечко ти имате право да им предлагате да ви даваат дел од парите за да вложите во стан. Она што вие треба да им го кажете е дека не сакате живот во заедница па макар десет спрата бил домот. Што ќе направат со парите си е нивна работа, ако сами предложат такво нешто, да ви ги дадат, океј, ако не, почекајте со земање и заеднички живот додека не бидете спремни, штом ете, самостоен живот ви е приоритет.
     
    Последна измена: 19 декември 2014
    На Dvolicen, imelda и joy1 им се допаѓа ова.
  8. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.898
    Сосема се слагам дека муабет се прави пред брак, и ставот да се живее одвоено е сосема нормален. Јас сум растела заедно со баба ми, и знам мајка ми и таа колку конфликти имаа - дури тоа се одрази и на здравјето на татко ми. Затоа и секогаш сум викала дека нема во заедница да живеам.

    Е сега, моментот што @tessie го спомна е многу битен - едно е да се дискутира со дечкото за пари што тој би ги вложил во поголем стан за сите или пак помал за двајцата, но планирање на средствата на родителите ако тие не ги понудиле, некако не ми е исправно.
     
    На mimiiiii, imelda, joy1 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. priceless

    priceless Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2012
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    379
    Пол:
    Женски
    @tessie јас сметам дека немам воопшто право да барам нешто од родителите на мојот дечко. Они се тие кои што би требалом, ако сакаат се разбира да се понудат. Не сум ни размислувала на такво нешто, да барам јас или да им правам пресметки некои аууу не дај боже, што се вели јас немам право ни од моите родители да барам. За среќа моите се доста современи и сакаат да помогнат, инаку има родители кои што ги знам, ќе ти речат маж ќе ти биде нека се снајде.

    Значи сето тоа е по желба, доколку тие сакаат нам да ни помогнат.. Значи јас се потрудив да бидам колку што можам и рамноправна од финансиска гледа точка со него.. Затоа и му реков, ако се решат твоите на нешто такво, и моите ќе потпомогнат, бидејќи сепак ние сме заедно :) Ќе ја наредиме некако ајде.. :) :) :)
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  10. priceless

    priceless Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2012
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    379
    Пол:
    Женски
    Ми беше мило што наидов на секаква критика ( позитивна и негативна).. Фала што се помачивте да пишете коментар и извинете на долгите реферати.. :) :) Ќе бидете известени во иднина што како испаднало.. :) Со лесно на сите снаи и свекври што живеат заедно.. и ако има некоја снајка или свекрвица има некој проблем нека повели.. јас завршив со дебатава :D Секое добро и само со добра мисла :)
     
  11. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    2.034
    Допаѓања:
    10.439
    Ако родителите го купуваат поголемиот стан со намера да имаат простор повеќе за идната снаа, тогаш мене не ми личи решението на привремено како што некои тука велите, туку за направена предвремена одлука за која не се прашани сите засегнати. Далеку од тоа дека родителите на дечкото треба да полагаат сметки за тоа што и како прават со сопствените пари на долгогодишната девојка на нивниот син, но сепак сметам дека пред да си прават планови и бајрам на умот дека треба да го прашаат прво нивниот син како и што сака кога веќе сакаат да излезат во пресрет, а тој понатаму да разговара со својата девојка, секако ако стигнале до тој степен на сериозност во врската. Се согласувам дека сосема е нормално да се разговара за ваквите прашања во сериозна врска, а не да се остават за последен момент, затоа што тогаш веќе е касно и грешките многу потешко се исправаат.
    Моментално се' уште има родители кои си живеат по старинското и сметаат дека треба да живеат во заедница и да обезбедат живеалиште за синот, но новата генерација на снаи најчесто не се согласува со таа идеја и затоа има доста конфликтни ситуации.
    Секако со овој тип на самоувереност треба да се има на ум дека не е само желбата за живеење сам, туку и способноста да се овозможи тоа без да обврзуваат и малтретираат трети страни. Од страна може да помогнат само ако сакаат и ако се во можност, но далеку од тоа дека мораат. Во спротивен случај, чаталењето со туѓи пари и желбата за раководење со нив не е на место.

    Сепак најважно во овој момент е да си дознаеш каков е ставот за иднина на дечкото и дали тој утре би те подржал кога родителите од другата страна можеби ќе притискаат за заедничко живеење и дали е спремен на тоа да си крати по некогаш од комодитетот и да живее во полоши услови само за да знае дека си создава нешто лично свое, на страна, само со тебе...па според тоа да си се раководиш како ќе одлучуваш и ти понатаму. Што би рекле - Подобро да се спречи, него да се лечи.
     
    На jb82, Daydream, joy1 и 3 други им се допаѓа ова.
  12. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.740
    Nekok spomna prethodno za podarok za n.god za svekrvata pa eve edna ideja (stotuku naletav na ova na fb). Hihihi :) IMG_76932812462804.jpeg
     
  13. anina

    anina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    5.239
    Пол:
    Женски
    Ве читам и не можам да се изначудам на сите кометари. И јас живеам во иста држава како вас, а во „мојата држава„ условите за живот се сосема поинакви. Не напаѓам и не се контрам со никого,туку сакам да изнесам мислење.
    Во мојата околина 90% од брачните парови живеат во заедница со свекор и свекрва. Никој нема такви услови да си обезбеди самостоен кров над глава. Само ние и уште едни комшии сме одделени од „старите„. И тоа, комшивката секогаш кажува дека родителите, од двете страни, им помагаат.
    Сите во мојата околина земаат плата од максимални 12000. Работаат по конфекции за 8000, по дисконти за 12000, по маркети за 8600, угостителски објекти за 12000. Дали тие можат да обезбедат стамбен кредит или стан под кирија? Сигурна сум дека, не. Доколку го обезбедат тоа, тогаш почнува да се отвара прашањето за чување на децата. Ако си веќе одделен, тогаш нема што да се чека на свекорот или свекрвата. Нема кој да ги чува децата кога родителите се после ручек на работа. Ако тие, со вкупно примања од 20000, одат под кирија, за истата би плаќале по 6000 плус трошоци за градинка и жена за чување, плус сметки за струја, вода, комунално - исходот би бил 0 денари за живот. Доколку пак мајката не оди на работа за да ги чува децата, тогаш би останале со една плата од 12000 со која сигурно не можат да обезбедат пристоен живот а не пак кров над главата.
    Според оние кои се залагаат за живот одделен од свекор и свекрва, истите, не би требало да стапуваат во брак заради лошите услови кои ги имаме во државава.
    Сестра ми живее со старите на различни спратови. Има две деца а таа и зет ми работаат. Нема кој да ги чува децата после ручек па мора да се ослонат на свекрвата. Исто и мојата свекрва и јатрва ми, живеат на одделни спратови и плаќаат сметки и јадење заедно а не се спремни да се тргнат сосема. Овде кај мене, успеале да створат нешто, само тие кои работаат во државни институции или оне кои заминале од државава. И нив ги има многу, но ете мм го чека три години бугарскиот пасош и нема ништо.
    Имам пријатели кои живеат сами, во стан кој им го купија родителите. За да одат на работа, после ручек, детето го оставаа кај бабите. Е арно ама остана човекот без работа. Неколку месеци живееа со платата на пријателката, која работи како мед. сестра во приватна ординација и тоа за 10000 палата. Сакале или не, се вратија кај свекрвата, додека најде работа сопругот. Таму беа 7 месеци.
    Знам и многу стари кои живеат со пензија од 7000 па и тие не можат да живеат сами. Старачки дом не ни доаѓа во предвид, со толку мали примања. И тие свекрви прават се за снаите, од чување деца до спремање ручек, само за да се дојде до соглсност во заедницатата каде никој нема сјајни можности.
    Сите ф-ки се затворени. Нема работни места, колку што има работна сила. Знам луѓе кои со велосипед одат на работа и зима и лето, затоа што немаат можности за автомобил. Крадат дрва за огрев, збираат печурки или мов и смрека за да преживеат.
    Сакам само да кажам дека овде каде што живеам јас, нема филмски услови за живот.
     
    Последна измена: 20 декември 2014
    На elena.mak, mh23, Annath и 8 други им се допаѓа ова.
  14. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    3.225
    Допаѓања:
    17.937
    Сега ќе те нападнат и ќе речат „Ако немаат пари. Леб и сол нека јадат под кирија, ама спокојот е бесценет.“ Инаку јас целосно се согласувам со постов. Секој сака да гради дом самостојно без мешање од родителите. Меѓутоа сакањето и можењето се две различни работи. Ако се суди по условите само некојси 10% од младите треба да стапуваат во брак. Останатите нека си останат цел живот кај мама и тато или нека чекаат 40+ да си стекнат сами услови.
     
    На senza.parole, joy1, WarriorAngel и 2 други им се допаѓа ова.
  15. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    Пред да го напишам мислењето заборавив дека темава ви е многу чувствителна..
    Никаде не спомнав дека не го подржувам одделното живеење,впрочем тоа е брак помеѓу жена и маж.Мене ме иритираат коментарите од типот "Во заедница не сум спремна да се омажам ама ако живееме одделно готово,уште утре ќе се омажам и ќе живееме заедно".
    Да ви кажам една работа,многу работи не изгледаат така лошо додека не се одлучите на брак.Искрено им завидувам на сите парови (луѓе во брак) кои што се решиле на тој чекор,односно да живеат одвоено,а притоа да јадат леб и сол како што во секој втор пост сте пишале.
    Од друга страна не ми е јасно која е потребата за тоа да се пишува на форум,сте седнале сте разговарале за иднината и готово.Овде не е ни чудо што сите се правите светици и сте први за некому да солите памет..
    Од друга страна пак,на живеењето во заедница гледате како тоа да е најлошто нешто што постои.(Тука пак ќе бидам грешка сфатена и пак ќе добиете впечаток дека сум против одделувањето).Не сум!
    Ама бидете реални малку,форумов е розев не велам не,ама животот каков е?

    Повелете..
     
    На joy1, WarriorAngel, Dvolicen и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    20.056
    Допаѓања:
    328.373
    Пол:
    Женски
    Абе ај они леб и сол ке јадат ама децата утре што ке се родат неможат на тоа да живеат.Или и за деца ке чекаат 5-6-7 години додека дојдат 'подобри' времиња кои можеби никогаш нема да дојдат.Сите решение наогаат во станбен кредит.Но што ако утре останеш без работа,еден од партнерите недај боже падне болен,почине или се разведете?Од една плата ли ке се плака тој кредит чија рата достигнува и до 300 евра?
    Мирот е мир,ама и долгот 20 год не дава мир.Секој месец да се секираш дали ке имаш за рата или не.Јас би одбрала заедница каква таква отколку да си закачам на глава долг цели 20 години.И едното и другото кине нерви .Е сеа секој сам нека го избере помалото зло.Ама кога веке некој толку унапред размислува за иднината треба и тука да се подзамисли сериозно.
     
    На Dvolicen, Daleron, bucale и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    Во право сте, ама затоа нема да трчам да се мажам на 22 години, туку ќе се мажам на 27, 28, 29, 30 години па до тогаш ќе се обидам нешто да заштедам и да ми биде полесно во врска со станбеново прашање. И не велете дека не е можно, можно е, и тоа како е можно да станеш прво свој човек, прво јас лично како личност да застанам на здрави нозе (колку што се може) па после да се мажам. Полесни знаат да бидат работите подоцна отколку на 20 години. Ако ништо друго барем ќе се обидам, па колку успеам - успеам, подобро нешто, отколку ништо.
     
    На Hipster, okcenzi, girl-miri и 4 други им се допаѓа ова.
  18. artemidis

    artemidis Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    451
    Допаѓања:
    2.015
    Пол:
    Женски
    Убаво кажа @joy1 секој сам нека си го одбере помалото зло. Само да знаете дека и кредитот не е толку недостижен и толку страшен. Читам веќе некое време ама никако да седнам да напишам. Еве мене лично не ми се допаѓаат размислувањата кои имаат „ова е Македонија“ и по автоматизам овде никој не може да успее да создаде свој дом под свој покрив над глава. Веќе имам кажано дека купивме стан и дека отплаќаме станбен кредит од една добра плата на мм (не одлична, туку добра за македонски услови) Во меѓувреме ни се роди и син ни, а ние сеуште успеваме да ги подмириме сите сметки , да ја платиме ратата од кредитот, да не јадеме леб и сол туку да се храниме нормално :) и да купуваме пелени и се друго што треба за малиот. Не сакам да генерализирам, секој си е одговорен за себе и за својот живот, само ќе кажам дека и во Македонија не е толку црно како што се прикажува тука. Повеќето со кои се дружиме имаат станбени кредити, Разликата е само во тоа што едни се одлучија на варијанта куќа, а некои (вклучувајки не и нас) на варијанта стан. Точно дека не е лесно и дека многу работи кои порано ни беа секојдневни и нормални сега се ставени во карегорија „луксуз“. Но и без кредитот кога би биле, нормално дека сега со бебето начинот на живот и приоритетите се поинакви. Свекор ми му го има отстапено горниот спрат од куќата на маж ми и тој го има изреновирано уште пред да се земеме. Недај Боже кога би згустило до толку да неможеме да го плаќаме кредитот, секогаш има опција да се вратиме кај неговите, а станот да го дадеме под ќирија и со ќиријата да ја плаќаме ратата од кредитот, а станот повторно е наш. Има многу опции и кај нас иако живееме во Македонија. Само треба да седне да се размисли, да се разговара и да не се влегува во нешто убаво како што е бракот, со мисла дека ќе се скараш со свекрвата.
     
    На SV1911, jb82, Giovanna и 7 други им се допаѓа ова.
  19. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    @Daydream потполно те разбирам,а воедно и те поддржувам,ама дали некогаш си помислила дека не секогаш работите испаѓаат по планираното? Колку ли девојки пред да се омажат планирале да завршат се,да си го решат стамбеното прашање,да застанат на здрави нозе и да бидат финансиски независни? Верувај ми многу.А знаеш ли колку девојки се омажиле без да им се исполнат плановите? Треба ли тоа да биде причина за да не се основа семејство?
    Живот е,и далеку од тоа дека се ќе се одвива по планираното.Треба да се размислува и на друга опција.Кој не сака приватност? Која девојка не сака да ужива во животот сама со сопругот и децата,и да биде газдарица на своето?Никој да не ја гледа попреку ако денес не сака да зготви ручек,ако утре пример сака цел ден заедно да го помине во креветот со сопругот и децата?Ако земала одмор од работа за да прошета негде и стварно да се одмори,а не истиот да го искористи за средување по дома? Верувај ми не постои таква девојка,сопруга..

    Сосема друга работа е тоа што,поимот брак и животот во заедница веднаш асоцира на кубење коси со свекрвата,на нервози.Треба малку позитивно да се гледа на работите,ако веднаш на секој кажан збор си правиме филмови си собираме во нас,си правиме без потребни нервози,тогаш не само свекрвата да ни биде пречка,ами и сопругот нема да можеме да го поднесеме.
    А замислете друга опција,смирено со ладна глава да се донесуваат одлуки,во секоја ситуација колку и да е негативна да пробаме да најдеме нешто позитивно.
    Луѓе брак е,почнувате живот со тој што го сакате,ќе формирате семејство..
    Немојте уште од почетокот сами да си создавате проблеми.Ако имате финансии ќе се одделите,ако не нема да стапите во брак а?Незнам,ете за вас е и тоа исправно.
     
    На girl-miri, Annath, Daydream и 2 други им се допаѓа ова.
  20. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    106.805
    Пол:
    Женски
    Mozebi ne e ispravno ama pak ic ne e ispravno odalecuvanje od roditelite na mazot od pricina sto tie ne gi zadovolile nasite hirovi.
    Ic ne e ispppraavno koga razmisluvame deka tie se dozni nam da ni obezbedat komocija.
    Pozelno e i za nivno i za svoe dobro.No loga se mazime gledame kade se mazime.Ako sme prifatile nema sto da gi ocrnuvame roditelite na toj sto go sakame.Tie se negovi roditeli.Nie li sme tie kompetentni da mu ja polnime glavata na mazot deka ne e sakan od majka mu oti ne mu pruzila nie sto sme naumile.
    Istitetie i vo idnina ako ne obezbedat na svoitedeca ona sto mislele deka treba nim da im e obezbedeno ke se vadat pak ma svoitye svekrvi.
    Plackovci.Se nekoj tret im e kriv.
    Mora toa sto racete mozat da mi zarabotat mi pravi najgolem
    pottik i zadovlstvo.
    Mazete se i kukajte naokolu.Trujte ja okolinata kolkava zrtva ste.
     
    На artemidis, nena2010, toogood и 3 други им се допаѓа ова.