Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.720
    Те сакам за сваќа :D (ако имам ќерка некој ден :lol: ).
    Е за таква свекрва мечтаев и јас.
     
  2. missperfect

    missperfect Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 декември 2010
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    60
    Кога сме на темата свекрви-снаи проблеми,ние не сме тука да заземаме позиција или да се делиме снаите се лоши а свекрвите добри.Тука сме да си го споделиме своето искуство и нешто да научиме од своите но и туѓите грешки,зашто нели секој жив човек греши.Значи погрешно е сфаќањето на некои дека се зазема страна па треба војната да се победи.
    Не е лесно да си нов во нечие семејство,ниту пак е тешко да се прифати нов член.Мислам и сигурна сум дека коренот лежи во односот мајка-син и сопруг-сопруга.Ако мајката е премногу приврзана со синот автоматски проблемите со снаата се појавуваат.Ако сопругот се приврзе кон сопругата тогаш таа е заштитена од сите.Значи мажот е најважно како ќе се постави,а потоа жената кон останатите.Свекрвата е мајка,но и снаата е мајка,зар има вага да се мерат овие два односа?
    Во природата на жените е да бидат на прво место,затоа и на свекрвите болна точка им е дека веќе нема да бидат првата жена во животот на синот.Се прашувам зошто не е таков односот со татковците,но нели се тие мажи? Па и тие се нечии синови!!!Зошто тие не се опседнати со снаите?Или со синовите?
    Најмизерно ми е кога некој го искористува своето чедо за свои себични потреби.Затоа моето животно мото е ,Живеј и пушти ги другите да живеат,.По можност да живееш сам,бидејќи човек ако нема интима,нема живот.Јас многу страдав пред неколку години слушајќи работи заради кои секоја жена би побегнала,но издржав бидејќи знаев дека колку потешка е патеката на љубовта толку е таа повистинска.Сега кога таа личност ќе ме погледне во очи во нив гледа решителност и неколебливост,а јас во неа гледам дволичност и лицемерност.Но таа му е мајка и не може друга да му биде.Сега ми се прави фина и добра,но се е залудно.Јас сум далеку,но сопругот е секој ден кај неа и мислам дека го труе и притиска за дете,ние уште немаме деца.Јас тоа го чувствувам и во нервоза му го реков дека го труе.Не се каам,знам дека и на него му е тешко,но неговата мајка е негов проблем.Со нервози не се прави деца.Сепак децата се плод на љубовта.Уште кога му бев девојка му велеше ако не ни оди бракот да се разведеме.Ми кажуваше за неговата бивша што и купувал,дека била убава итн.
    И не сакаше да правиме веридба,ниту свадба.Ништо не испадна по нејзино.Ја имавме највеселата свадба на која присуствуваа нашите пријатели.Ќе имаме и дечиња,со Господ напред.Се ќе биде.Само како ќе живееш со човек што не оставил чист образ?Каде и беше паметот кога ми ги правеше сите тие работи и ми ги збореше сите тие зборови?Тоа не го знам,но додека ја имам поддршката на свекор ми и маж ми таа ништо не ни може.И на сите снашки или свекрви што ете имате недоразбирања од било каков вид размислете што зборувате бидејќи се има свои последици а кармата и тоа како знае да враќа,како што кажа една форумџика пред мене,не знаеш од чија рака вода ќе се напиеш.Не прави му го на другиот тоа што не сакаш тебе да ти го прават.
     
    На Anyshka и Bibko им се допаѓа ова.
  3. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.905
    Пол:
    Женски
    Најискрено и јас, сега се повеќе гледам и сфаќам дека со мене пие кафе само ако има некаква корист, ако треба некоја работа да и завршам, шета по продавници со мене ако треба да и дадам младалашки совет и сл. а после тоа пак стара песна...Затоа свртев нов лист, сега сама си пијам кафе :lol: , не дозволувам да ме манипулира и искористува, а шетам со ќерка ми и поубаво ми е :)
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  4. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    не реков дека треба да се прифатат туку дека најчесто тие тоа го очекуваат од нас ( да се прилагодиме на куќниот ред .... ) ;)
     
  5. babyketi

    babyketi Популарен член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2009
    Пораки:
    1.302
    Допаѓања:
    687
    Драга lolyta777 по ова што го пишуваш ,свекрва ти , сепак има високо мислење за тебе ;)
    Штом таа сака совет од тебе и чека да и завршиш некој аработа ,па неможе да ти каже директ ,туку го полива со кафе , тогаш си на вистинското место вумен 8)
    Мој совет....плесни и го некогаш во фаца онака за мене...као во смисла ...еееее немора да ме вртисш преку кафе , кажи директно што ти треба ,па ние сме фамилија ,ќе ти завршам работа..уххххх и сними го моментот :rofl: :rofl:
    Имаше еден филм кога една злоставувана ќерка сакаше да му се освети на својот очув и да го убие за она што и го направил. Го најде и му заѕвони на врата со пиштол во рака ,а кога на вратата излезе тој , побелен ,немоќен старец , таа само го пушти пиштолот се сожали и си замина.
    Ова ме потсети и на мојот случај.
    Пред 7 години „мојата“ ми прикажуваше кога и како се чисти ,а сега по 7 години јас и појдов дома за да и го исчистам тепихот со парочистач. Толку беше валкан што кутрата се засрами од тоа. Ништо не и кажав. Само се наведнав , на колена и го изрибав со средство ,па со парочистач.
    Само ,додека чистев, се сетив дека кога дојдов таа имаше 55 години ,а сега 62.
     
    На Anyshka, lolyta777 и missperfect им се допаѓа ова.
  6. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.905
    Пол:
    Женски
    Па не би рекла дека е баш високо мислење, мене ме консултира и ме вика само ако ќеркичката не и е во можност да ја подружи, имено јас сум само замена, тако звана златна резерва...али не се замарам..баш ме боли уво...А еве ти ветувам, дека ќе и го плеснам, онака за лична забава и сатисфакција... :lol: :D...
    инаку мојава свекрвица е помладичка, родена е 1957 год., доста е работоспособна..само зошто да се мачи кога има некој кој би можел да ја замени, ама како што и претходно имам кажано добрата, вредната и слугинката Лолита ја погребаа, умре Бог да ја прости ;) сега се е по заслуга (со ретки исклучоци, сепак луѓе сме)
     
    На Anyshka и babyketi им се допаѓа ова.
  7. baby.90

    baby.90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    457
    Допаѓања:
    197
    Мајка ми уште сега му вика на брат ми (не е женет), кога ке се ожениш, ако живеете тука (имаме куќа на 2 спрата) седете си вие горе. Мене не ме интересира, дали дома ви е средено, наместено, исчистено, дали имате ручек или немате. Нема ни да се качам горе да видам.
    Ако ви треба помош околу деца, ако сакате јас да ви направам ручек, нема никаков проблем.
    Ама јас да ви се мешам, да ви трчам наоколу да ви сметам- Никако. Што сакате тоа правете се.
    Кога сакате ке ви дојдеме на кафе, ако не викнете, дојдете вие кога сакате.
    Што и да ви треба тука сме.
    Така да јас сум 100 % сигурна дека таа што ке ми биде снаа ке нема фрка со свекрва, ама баш никаква. Е сега ако е некоја лежи лебу да те јадам, се зафркнала, мајка ми никако нема слугинка да и изиграва, а она да дреме.
    Ама затоа, јас си викам незнам што ке дочекам јас. Само никако не би живеела со свекрва.
     
    На kiki3047 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.074
    Како што има лоши свекрви има и уште полоши снаи.[/quote]

    Поточно од ова здравје!
     
    На lolyta777 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Sunshine555

    Sunshine555 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    269
    Допаѓања:
    69
    Не треба веднаш да заклучуваме дека сите свекарви се лоши. Тоа зависи од карактерот на свекрвата и нејзиното мислење и сфаќање на работите. Така да вие омажените со чудовишта дома :rofl: :rofl: :rofl: не не плашите нас неомажените, сепак јас не му ја мислам многу на оваа тема, не му се плашам на никој,а не пак на некое старче хихих (без навреда ако некој тука е старче :lol: ) тоа им го препорачувам на сите овде не се нервирајте поради некои крвожедни старки кои дехидрираат по внимание, всушност тие се тие за кои се плука по фемина, така да не грижете се се ќе се среди. 8)
     
  10. oceangirl

    oceangirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    184
    Допаѓања:
    70
    Ja читам темава одвреме навреме многу ми е смешна...
    само едно ке кажам,
    како ке се одвиваат работите на релација снаа-свекрва зависи од интелектуалното ниво,воспитувањето и културата на двете,а исто така нели и на мажот...
     
    На lylaby и karak им се допаѓа ова.
  11. afife

    afife Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    7
    Ма не се за замерување,еве свекрва ми на пример,кога ке дојде кај мене ако види трошка на земја се наведнува и ја крева,а ако кај неа скоро никогаш не е исмукано.Кога дојдив се нервирав ама сега не,ако сака и правосмукалката ке и ја дадм да исмука :D :D ,кога се земавме немаше ни 3 месеца,ние со мажучето на лекар,,она се качила кај нас и ми ја неместила спалната,е кога сум се изнервирала и фино лепо и кажав :!: несакам да ми цепка по работите и си го земав клучот,а во суштина не е лоша жената,ама тоа е разлика у години,свакања образование итн
     
  12. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.905
    Пол:
    Женски
    Смешна е да ја читаш, а да ја живееш....па не би рекла дека ќе се смееш.....
    Апсолутно неточно... се е погрешно во оваа твоја реченица...пр. јас имам факс. маж ми нема, јас сум на еден начин воспитувана а тој на друг, јас имам едни манири тој други...со тек на време се прилагодивме еден на друг и можам да се пофалам дека одлично функционираме...никогаш не сме биле доведени во ситуација еден од нас да ја наведне главата поради другиот...
    Е сега за вториот однос -снаа -свекрва, не можеш да бидеш културен и да ги покажуваш твоите интелектуални и вербални способности на некој кој те иритира со глупавоста, што ако свеки има факс., еве да речеме на исто интелектуално ниво сме па пак не ни штима односот...За култура да не отворам уста...ептен ќе се распричам па само ќе се изнервирам...
    Односот снаа-свекрва може да функионира само и само ако свекрвица не прави лице, ако те прифати таква каква што си и се помири со фактот дека не може и не треба да те смени и да ти наметне влијание. Не мора да те сака, нека те почитува не заради тебе, туку заради сопственото дете...на крајот ако синот е среќен и задоволен со изборот, а тоа го прифаќаат и останатите членови на потесното семејство, тогаш нека си легне на брашно и нека ужива во друштвото...и како што би рекла една форумџика-нека се радува што еден ден ќе има некој покрај неа да и подаде чаша вода.
     
  13. oceangirl

    oceangirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    184
    Допаѓања:
    70
    сама си се негираш ...
    затоа реков Kултурата на сите 3 страни (жена,маж,свекрва),а како што пишуваш очигледно дека свекрвата тука те иритира со ...
    почитувањето,културата,манирите на однесување не се стекнуваат на факултет...
    образованието може да придонесе кон издигнување на овие работи..
    а тие прво се стекнуваат во домот и се надградуваат...без разлика на посебностите во однос на навиките...
     
  14. babyketi

    babyketi Популарен член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2009
    Пораки:
    1.302
    Допаѓања:
    687
    Се сложувам со lolyta777.
    Башка шо секоја свекрва ,тешта или кој и да е треба да сватат дека СИН ИМ ја избрал жена си по сопствениот вкус и потреби за СЕБЕ ,а не за други.
    Како можам јас утре да замерам на син ми шо ќе избере пример жена со црна коса(мене таквите ми се антипатични) ама тој си ужива можда во црнки. Можда него ќе го бендиса да си има жена од планинско село дојдена, можда жена му ќе биде астронаут...кој знае ....што тоа мене ќе ми смета или нема????
    Ќе ми смета ако го видам дека не е среќен.Тогаш ќе седнам со него и ќе го прашам во што е проблемот и дали можам да му помогнам, а ако е тој среќен ,а во исто време снаа ми игра во бар на шипка , ма која сум јас да судам.
    Мило ќе ми биде син ми да се ожени. Да створи фамилија. Тешко ќе ми биде ако нема тоа да се случи ( скраја да е ).
    и да...не дека нешто ми смета ,ама не ми е јасно зошто неженети и немажени пишуваат ???Сечие мислење апсолутно ми е о.к и не ми смета ,ама сметам дека оваа тема е за снаи ,а може и по некоја свекрва :P
     
    На Anyshka, ohoho и lolyta777 им се допаѓа ова.
  15. cindy

    cindy Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    307
    Допаѓања:
    166
    babyketi ќе те тужиме за дискриминација :!:
    јес да уште не сме снаи али сепак во овој однос се смета и нашиот (на тие што сме во врска)
    пример има многу на форумот кои не се мажени а сепак дел од времето го поминуваат со идните свекрви, одат кај дечковците нормално.
    јас на пр можам да кажам не сум уште мажена иако нашата врска е малку посериозна т.е имаме правено муабетии за земање по дома. па сега јас не можам тука на форумот да се пожалам или пофалам за односот на мајка му кон мене ? мислам дека не си во право . сепак тука може да даде пример и некоја золва од нејзина гледна точка и сл.
    немој лутиш - мое мислење :!: :*
     
  16. babyketi

    babyketi Популарен член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2009
    Пораки:
    1.302
    Допаѓања:
    687
    Не ,не и не..не се лутам никако! ;)
    Само немој да ме тужиш за дискриминација (мој домен е тоа -правото :lol: )
    Да дополнам.....
    Значи може и золва и девер и оние што се пред земачка и сл. ,она што не ми беше јасно е што коментираат оние што абер немаат од земачки ,свекрви итд.
    То ти е како јас на пример да одам и да пишам нешто за..за....за....медицината :rofl: :rofl: :rofl:
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  17. cindy

    cindy Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    307
    Допаѓања:
    166
    не те тужам
    али уште нешто па нели и тие што не се прем мажачка и и абер немаат од дечко имаат мајки можеби сестри мажени , тетки и сл па и тие можам да дадат пример и совет не потценувај ги и од постари се учи :)
     
  18. babyketi

    babyketi Популарен член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2009
    Пораки:
    1.302
    Допаѓања:
    687
    Синди темава сепак се вика :Свекрвите и снаите -проблем, а се останато би било оговарање :lol: :lol: :lol:
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  19. cindy

    cindy Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    307
    Допаѓања:
    166
    па и ти ако пишуваш тука за свекрвати би било оговарање :lol: :lol: :lol:
    него не го сметај ова за конфликт меѓу нас ни најмалку сакам тоа туку онака ги бранам немажениве :lol:
     
  20. moja10

    moja10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    12
    Бејбе,мојата свеки е градска жена(Битолчанака),интелектуалка,со фризура,шетана....

    Возејќи се накај работа во кола на радио слушнав еден психолог или нешто зборуваше дека љубомората свекрва-снаа е нормална работа и доколку ја нема нешто не штима.Инстинктот го правел тоа(еве ја оваа дојде и ми го зема детето).
    И така е.Секогаш мм ќе биде син на мајка,а јас ќе бидам оваа.

    Додуша во мојот случај нема некои војни или слично.јас проблемот си го решив во првите месеци од бракот.ОВА е мое,а ОВА е твое.До тука ти ,до тука јас + зааедно зивееме во ист двор.
     
    На dushiche му/ѝ се допаѓа ова.