Ајде кажи ми како се негирам..сите вредности кои си ги набројала (почитување, манири, култура...) нели се стекнуваат во домот, а образованието истите ги издига, ..ако родителите ги воспитуваат децата им ја пренесуваат својата култура и своите манири тогаш како може мајката и синот да бидат потполно различни и во однос на култура и манири, а еве да речеме се работи за личности со различно интелектуално ниво... па сега ти види кој се негира. Значи реков и пак ќе повторам, ако некој те прифати таква каква што си, ако те сака поради тоа што си и не се обидува по секоја цена да те измени, да биде желен за компромис и меѓусебно надоградување, тогаш нема да има никаков проблем, било да работи за однос сопруг-сопруга, било за однос снаа-свекрва. А за оние девојки кои се во така наречена озбилна врска, можам само да им речам дека вистинското лице на одредени особи подоцна излегува на виделина. Тоа е факт.
Како прво здраво на сите Еве јас како нов член ресив прво да писам на оваа тема зосто ми се виде како најпривлечна Не сум мазена но веке имаме закажано свадбиче и сега поцбуваат подготовките. Мојата потенцијална свекрва кога ја запзнав ја засакав ама ептен многу.тивко културно модерно женице што само мозе да се посака. за овие години дур сме во врска со децко ми имало некои (ајде да речеме) ситници од нејзина страна со ме нервирале, навредиле, расплакале али се тоа е било како сто реков ситница. е сега веке поцнаа нели подготовките за свадба и свекрвами поцна од ден на ден се повеке и повеке да си го показува правото лице.ние зивееме сами со децко ми веке повеке години и нормално и после тоа ке си останеме сами, ало тоа не и е прецка секојдневно да ме замара дали по телефон дали кога ке се видиме( индиректно али таа се си казува - како тоа јас помалку заработувам од него па кога ке ми требало несо сум цекала тој да ми овозможи, како кога ке имаме дечинја да не оцекувам таа дами ги чува) па постојано само се жали дека нисто не може а е редовна на масажи и козметицки студија...за разлика од неа јас сама си готвам и се си правам и никогаш ми нема помогнато за ништо.ова е само ееееептен накратко се со цел да кажам дека свекрите си го показуваат правото лице од моментот кога ке дознае дека се близи свадба. може се тоа е несакајки иили од страв дека некоја друга го зазема на некој нацин нејзиното место али тоа е факт.
Aууу страшно,јас да сум на твое место ќе му кажам на дечко ми...да знаеш барем отприлика на која страна би бил ако утре вмеша прсти таа за нешто поголемо,и ако го имаш маж ти на твоја страна немај гајле...ама да ти рече бе дека нема да ти ги чува децата па кој не си ги сака внучињата ,ццц...стај и игнор бе,не и се јавувај по тел и сл,нервирај ја за инат кажи и дека ти ја зголемилие платата и сл,или најдобро-остај ја батали ја,бидете си среќни со мажот и не дозволувај така да ти вели
срцка абе децко ми знае се, засо кога одиме кај нив одиме заедно и јас после на враканје ке си плацам у кола така да не кријам од него нисо. се трудам да не се замарам со неа и колку толку ја игнорирам и се повеке се дистанцирам од неа во последно време. а идното мое маже знае се и секако дека е на моја страна и после секој нејзин инцидент тој сака да и се јави и да и обајсни се ама сепак јас не му дозволувам да си става јазол мегу неговите усте сега. инаце кај ке планирав зивот со него ако тој не бесе на моја страна, не само за ова туку за било сто у зивотот.
Мислиш дека се вредни твоите солзи да си ги трошиш за неа??? Не биди плачка...у буквална смисла на зборот покажи заби и гледај си ја твојата работа со твојот иден маж
епа да знаес баш си у право. Од денес веке не се замарам со неа ке се одалечам колку повеке можам.... само се надевам дека овој пат ке си стојам на зборот зашо незнам по кој пат го велам истото сепак никој не е вреден за нсите солзи и нервози сепак животот е полн со убавина и не вреди да се троси на глупости
Значи страшна работа сме ние жените,мораме да се замараме за се.Мажитее воопшто не се како нас,мислам дека тие не размислуваат што како ќе биде или зошто е ова вака.Ако жената му ги отвори очите и ако сака да види,ќе научи нешто.Скоро сите имаат слични или исти проблеми.И добро,нормално е мајката да осети љубомора кон снаата како што рече некој претходно и добро,навистина свекрвата за снаата вели онаа,но веќе навистина не се замарам со темата свекрви.Порано никогаш не сум ги сакала жените што само зборуваат за своите свекрви,а сега јас станав една од тие.И на неа и дозволив да ме замара.Е нема повеќе.Нема ни да помислам на неа,ниту да се грижам што збори.Па не е таа мојот свет.Не се омажив јас за мојата свекрва.Навистина дозволив нејзиниот отров да ме затруе.Не е таква свекрва каква што сум си замислувала дека ќе биде и тоа е тоа.Морам да ја прифатам таква каква што е, проста жена од село на која единствено и е важно да има цигари и кафе до неа и вецето,така таа се изразува дека само тоа и требало.Па што сака нека прави.Не ми е јасно зошто толку се замарам и на крај јас ќе се претворам во неа.Не може да биде нормална жена и тоа е,друга мајка маж ми нема,таа му е.Па ако го игра својот син не мора и мене да ме игра.Животот е премногу краткок за се да си ставам на срце.На сите им порачувам да си го живеат свокјот живот и да не се замаррат со рекла-казала. Ова е мојата исповед и навистина не сакам веќе да мислам на оваа жена,верувајте ми,години се во прашање,а и моите нерви се исцрпени.Не можам ни себе да се препознаам,пред неколку години бев весела,среќна и полетна,сега се замарам со глупости.Ставам точка и сакам повторно да се смеам и радувам,веќе не ставам ни збор на срце.
ехехех мојата е една од иглите во сеното, ако прочитате наназад ке видите, би сакала од сите да се такви свекрвите
ехеех не реков дека сите битолски свекрви се арни, и жал ми е што твојата е една од тие лошите(колку шо прочитав од твоите постови) ама затоа ти ке бидеш една од тие како мојата така??од оние кои јас ги фалам
Мојата уште не е официјална свекрва ама јас сум задоволна од неа...Добра е со мене... Само што не брза да сме се земеле сме губеле време...Ама ако јас знам дека мојот дечко ќе си го сакам секогаш...
Ме насмеа Подароче .... Не дека нешто смешно ти кажа, туку затоа што во главата ми дојде одговорот на она :„не брза да сме се земеле сме губеле време...“..... А што ми текна ...... Хм... Ве брза зошто повеќе неможе да се преправа дека е добра,чезнее да се покаже во право светло Ако не е така , тогаш свати го само како виц!
Хахаха морам да признаам дека и мене ме изнасмеа.и јас одам веке долги години со дечкото и веќе од некои муабети на мајка му приметувам дека и мене ми дофрла за земање,ама јас ич не му удирам варда,а ни дечко ми.А дома моиве не смеат ни збор да ми спомнат за мажење забрането е тоа
ееееееееее мојата демек се смирила ама затоа јас имам уште една свекрва *(девер ми)што да правам јас со него а?доста жалење од свекрви јас од девер абе кинам живци со него.да дофрла тоа му е хоби,да нервира,да изазива проблеми да има,а кога јас се обидувам да му објаснам некои рабори ме игнорира човече ме пука таман се смирила оваа ,одма замена таман он ќе ќути некое време она „сирота„ќе почне.....само јас...ах а мислам од една стр.добро ми е со мм несакам да им кажам на моите ќе има проблеми и си ќутам и они тоа го газат ете стари не за џабе рекле кај што е меко се гази
Не знам дали сум јас некоја која може да ти даде прав совет во врска со темава,меѓутоа сметам дека не треба да се замараш воопшто.Знаеш како викаат старите:Од едно уво влези,од другото излези.Не се ни обидувај да му објаснуваш,гледај си мажот ,тој ти е најважен.
А мојава потенцијална пак обратно... се случува кога сме седнати со мајка ми ,и мајка ми на шала-па ајде што чекате ни се иде на свадба,а оваа само ќе одмавне и ќе преќути,или ќе рече -они си знаат а одиме 7-8 год,јес да ни е време ама сакаме уште годинка бар да почекаме ама стварно неможам да ја сфатам,изгледа не ме сака за снаа иако до сега добро глумела,а и јас тоа го знам,ама ич не и се замарам...барем дечко ми е на моја страна,и тој не сака многу да и објаснува те ништо не и кажува,ни кај сме биле да речеме на свадба,ни како сме поминале,едноставно на никој не кажува,нити за работата,а таа мене убаво знаеше да ме обработи на скајп или фб-пошо напраила профил-напредна е ама направив да не ни ги гледа сликите-и јас ја за*бав ,и онака ќе ми пише како сте што има ново-се распрашува а јас глупа и кажувам еднаш искоментира во смисол-па јас ништо не знам пошто син ми како да не ми е син,никогаш не се јавил да ме праша дали сум жива,се јавува само кога има потреба а инаку да потенцирам дека таа никогаш за овие неколку год додека сме во ск нема кренато телефон да го праша син и како е,туку ако треба за нешто-ми звони мене....е тогаш ми пукна филмот кога ми го кажа тоа,и и реков-па можете и вие да се јавите да го прашате дали е жив,и го оставив скајпот додека се врати дечко ми да види што ми напиша-таа изхгледа мислеше како и досега ќе ќутам-и тој се јави и ломмммммм ја направи,оттогаш ја нема жива,порано и се замарав,ама сега гледам и јас да ја нервирам како она шо ми правеше со нејзини зајадливи коментари-а интелектуалка е де,ама се разбира тука е ќерка и -најдобрата во сеееееее,е тоа мн го мразам кога го збори,а дечко ми каков е арен никогаш не го фали...а ќерка и со извинување о помина цел град,и тие тоа го дознаа,имаше некоја галама ја караа ова она,ама таа си проплаче си одглуми несвестици,и сега повторно е најдобрата Ама нашла со кого тикви да сади-ете така ќе кажам
ednas kazav ke kazam uste ednas,NA SITE IM POSAKUVAM SVEKRVA KAKO MOJATA,operirana od karcinom na dojka,primase citostati,odese na zracenje,nitu ednas ne slusnav ni OF ni LELE,nitu eden den ne legna vo krevet da ofka a samo ona si znase kolku bolki imase,i na seto toa sekoj den rucek pravi,pere,pegla,cisti,mojata edinstvena griza e moeto DETE,I AKO RECEV ostavi jas ke ispeglam,mi vika tebe treba da te cuvame koj ke ne gleda ako padneme,moze bi e taka,no premnogu e silna,sega ima bolki i vo koskite ,i seto toa go prepisuva na reuma,bozem od toa bilo a jas mislam deka se metastazi,,,,,,,,,doma pari za nisto ne davame,ni smetki,ni hrana ,se oni,koga legnuvam da se odmoram svekor mi me pokriva ednas go kazav ke go kazam pak,zosto zasluzuvaat,,,,,,,