Тоа е во ред Дани. И мајка ми истото го правеше и многу е човечно од нивна страна. НО, стариве на НаталиЛили не се толку стари. Девојчето стави акцент на "бркањето на улица", а верувај - доволно е само да се спомни тој збор и да се сфати за каква личност станува збор... Да, навистина младите живеат на трошок на старите, но секој треба да има осет и култура кога станува збор за заедничко живеење. Наскоро ќе бидат баш стари и беспомошки...а тогаш ќе ги бараат младите, така? Секој треба да има совест. Нормално е да има караници кога се живее во заедница, но проблемите треба да се решаваат, а не така лесно да фрчи закана за бркање од дома. Тоа е срамота. Колку можам ќе им помогнам на моите деца... И баш ме интересира во какви односи е Бриџет со нејзината свекрва, бидејќи редовно обожава "да исправа криви дрини" и се најлошо да коментира за снаите - како небаре сите се паразити беспомошни, само она самостојна...И ние со маж ми се сами правиме, сами и живееме тука, но не можам толку нечовечно да ги гледам работите...
Морам да го искоментирам она давањето кров над глава и прибирањето дома на снаата како таа да е бездомник или некој тежок криминалец избеган од затвор . Таков е менталитетот на луѓето кај нас што повеќето уште се плашат да не останат сами на старост мислат дека синот е должен да ги чува. Е сега под тоа „синот“ се подразбира снаата е должна да пере, да чисти, да готви, да се нервира, да работи и да ја дава платата за потребите на куќата и се друго едно добри 20, 30 па и повеќе години затоа што тие и дале кров над глава односно „живееле и работеле за синот.“ Ако синот е малку посовесен и сака да си го живее животот со неговото стекнато семејство тогаш има плачки, клетви, паѓање во трансови како тоа синот им избегал од дома и таа (снаата де) сигурно му направила магија...
Ај да не јадеме л....а сите, @Bridget е во право, живеам дома со мајка и не можам да ја сварам, а не пак свекрва. Доста филозофии, секој родител се труди да му овозможи најдобро на своето дете, не ве ни читам оти досадни сте. Еј со мајка живеам па мислам дека бетер од свекрва е. Сите сакаме (свекорт, свекрвата) да обезбедат се за ние да ги уживаме во благодетите на створеното, ееееееееее нема така ќе го запотиме малку газот. На крај разлика во генерации.
Еве ја изреагирав на прљавите чорапи на свекорот на Натали, значи она сигурно не седи долу во дневна од убавини, претпоставувам затоа што се грее таму а немаат и за греење и на нивниот спрат, затоа треба и сите малку да праваат компромиси. Инаку знам колку е гадно тоа со чорапите, кога бев во Мк со внук ми, на снаа ми таткото истото го правеше, доаѓаше од работа, соблака во дневна чорапите и ги фрла во некој ќош, мирисаат, во несвест да паднеш, внук ми мал и тој секаде фаќаше и видов, не видов иако гостинка на некој саат му реков на човекот. Тие навикнати на мирисот не ги ни приметуваа, ги собираше мајка и еднаш во неделата кога поминуваше со правосмукалка, после тоа внимаваше човекот, си ги фрлаше во купатило, еве и јас ли изигравав принцеза? А сум поборник дека треба да се направат напори да се направи нешто свое, да не се чека на свекор и свекрва, дека не се должни да ни ги гледат децата, да не хранат, меѓутоа кога веќе се живее во заедница тогаш сите треба да внимаваат на своите навики. Татко ми пред да дојде снаата спиеше по гаќи, кога дојде снаата купи пижами, значи според него не е во ред да го види снаата навечер во ходниците кога оди во вц по гаќи иако спијаат они на горниот спрат.
@Daleron Па запоти го и ти и живеј сама ако си толку способна како Бриџет! Така нема да мора да ја трпиш мајка ти, нели???
Луѓе и нашите мажи и деца ѓи расфрлаат чорапите насекде, ама ѓи собираме без збор, ама тој е свекор нели!? Ако си способна оди створи и живеј сама, па ќе си ја прчиш колку сакаш. Мојот газ се потел додека сум градела куќа без маж, а не а ќе чекам од некого па да не чини.
@danichap , тоа е човечност, хуманост, не смее такви работи да сметаат кога се луѓето во поодмината старост и склеротични. И мора да признаеме нашите родители биле/се многу потолерантни од нас. Мајка ми и баба ми никогаш немале добар однос, зашто баба ми знаеше да боцка, а не наидуваше на прифаќање од страна на мајка ми на нејзините потреби за огорчени дуели. Таа едноставно ќе замолчеше, ја игнорираше, не се правеше дека се најдобри пријателки, не пиеше кафе со неа. Кај некои луѓе тоа предизвикува уште пожестоки реакции. Никогаш таа не ми рекла ништо против баба ми, таа за мене секогаш ќе биде најдобра баба, иако беше никаква свекрва. Ама кога имаше мозочен удар од сите снаи само мајка ми остана да спие со неа три месеци,да ја капе, и дава да јаде со лажичка како бебе зашто не беше подвижна, запостави и деца и сопруг. Јас незнам дали би можела да го направам тоа што го направи мајка ми кога би била во таква ситуација. А овде мислам се работи за сосема способни родители, кои или сакаат некој друг да им ја брка работата низ дома, или пред доаѓањето на снаата имале навики кои мора да се сменат кога имаш друг човек во куќа. Ние имавме комшија кој кога дојде снаата многу му сметаше што не може да се шета по гаќи дома, нон стоп се караше со жената за тоа. Па не може, не е пристојно, мора да се променат некои навики.
Јас мислам дека никаде не спомнав дека се карам. Си ќутам, не сакам кавги. И си исчистив, а јас лично никому збор не реков. Ако тука напишав, незначи дека јас дома секој ден се карам и за се им замерувам на старите. Мма работи ама платата ја дава за кредити и долгови. Така да сме на нивен грб. А јас ги почитувам и тие мене. Саммо ова е проблем кој долго постои и несакам да кажувам правила. Само барем додека се децата мали да припазат. И што мислите вие. Дека јас им трошам којзнае колку пари, а се карам и не ги почитувам????Јас сум многу благодарна што не не иЗбркале. Ама јас не барам преку леб погача. Јас за мене немам ништо купено и не се жалам кај нив.Никаде не се жалам. А на форумов пишав бидејќи е анонимно.
^^ мојот маж и дете не фрлат чорапи насекаде и никогаш нема да прават така. Мм знае, а синот го учиме, уште од сега. Пред некој ден доаѓа од градинка, соблекува патики и ги фрла на сред ходникот, мислиш јас сум ги собрала по него? Не, туку го викнав да се врати и да ги стави кај им е место. Од малото се учи. Тој има 3 и пол години знае за повеќе ред и култура од некој на 40 и кусур.
Не пазат, живееле еден живот, а ние друг и не те обвивнив воопшто, убаво си напишав различни навики и јаз во генерации.
А дали ти Натали имаш разговарано отворено за ова со нив? Значи не да се мрштиш па маж и да оди да збори, туку ти да седнеш со свекрва ти и се ова што ни го пиша тука на нас да и го кажеш на неа, со твои зборови па да се обидете да најдете заеднично решение?
Па да де, ти убаво си напиша, ама не можите да напагате одма некој ако напише мислење, тука се за мала подршка и да се искажат некому (а да не биде тоа мајка, комшивка, другарка). И одма тука се пиши ти принцеза размазена ваква таква....абе...
Немој да премолчуваш, грешка правиш. Можеш да им указеш за некои работи без кавга, суптилно, ако сакаат да те сфатат. Некои луѓе не се ни свесни за грешките што ги прават, мислам на тоа за хигиенските навики. Секогаш оправдување нека ти биде твоето дете.
Сами живееме и "баш си ја пр..м". Но имаме обострана почит и со свекорот и свекрвата и со моите. Фала му на Бога нашите односи се на ниво. Но ти си таа која доволно лошо има пишувано за 6-те месеци живот со свекрвата, така да многу е лесно само да пишуваш тука, користејќи го твојот препознатливо низок речник!
Свеки одма ке мисли дека сака да се кара снаата....подобро ништо да не му вика оти и така му е затегната ситуацијата.
Ne e snaa taa sto treba da kazuva za takvi raboti,tuku sinot,dokolku toj ne e ist kako niv.Sinot treba da kaze na roditelite deka ne e ubavo i deka ne e higienicno.Dokolku mazot i e prav maz.
И јас сум секогаш за разговор, ама не секој е отворен за разговор. На овакви луѓе, што лесно изјавуваат и пред децата : ќе ве избркам па ќе видите (очигледно е каков тип на луѓе се), оди па кажи им смирено и разумно околу чорапите и хигиенските навики. Точно знам што одговор ќе биде: Ако не ви се допаѓа, одете си!
@НаталиЛили , зошто не побараш работа па да не мора по цел ден да дремеш дома и да им готвиш на сите?! И што би било кога гаќите за кои зборуваш би биле на твојот татко(кој ненамерно ги оставил на столот) и твојата снаа би го оговарала?!
За @Kiflicka05 бидејќи го нема постот. Се извинувам за мојот „простачки“ речник. Затоа постои решение како што си ме прочитала. @Daleron Па запоти го и ти и живеј сама ако си толку способна како Бриџет! Така нема да мора да ја трпиш мајка ти, нели??? Мајка ми ме родила каква таква е таа е. @Kiflicka05 најдов јазикот ти е многу долг ама умот краток. Сами живееме и "баш си ја пр..м". Но имаме обострана почит и со свекорот и свекрвата и со моите. Фала му на Бога нашите односи се на ниво. Но ти си таа која доволно лошо има пишувано за 6-те месеци живот со свекрвата, така да многу е лесно само да пишуваш тука, користејќи го твојот препознатливо низок речник! Со среќа со мажот.
Јас би реагирала и пожестоко ако се ѓаките на мојот сопруг или син, а татко ми немал такви навики.Го враќам син ми да си ги намести патиките, да си ги фрли чорапите, да си ја исчисти wc шољата, не смее да замине на училиште додека не си намести кревет. Такви навики се стекнуваат од мали нозе.