Има мало бебе.Ако работи ке мора плус и градинка да плака.И сувишни се питања од типот ,шта би било кад би било'.Овде се работи на немање елемантарна култура и ниво на хигиена.Без разлика за кого се раб.Затоа се измислени корпи за прљави алишта,лабаво за миење заби,перални,па и корпи за складирање на детските играчки.Јас сама живеам па гаки прљави од мм да видам обесени на трпезариска маса би се згрозила.Домот чив е да е треба горе доле чист да се одржува.
Живеам блиску до градот кај што живее @Sky-butterfly и она може да потврди дека е ептен тешко да се најде работа. Освен во конфекција за 6000 илјади. Или ептен да имаш некој близок па да те вработи. Кога се отвораа двата шопинг центри јас бев бремена и ја пропуштив таа можност. Сега брзо бев на интервју и одма ме одбија затоа што имам две деца и ќе немало да се посветам на работата и тоа во бутик замислете. Праќам СиВија ама џабе. И јас сакам да работам, што било за 10000 илјади барем, зошто 5000 само ќе ми одат за градинка и пат за мене. Толку сум очајна што и за 5000 илјади чиста плата би работела. Не барам 500 евра плата. Ама ете не наоѓам. Едит Подеднакво би се згадила чиви и да биле. Не им е место во дневна. Се знае каде се пресоблекуваат.
@joy1 И @anel ви благодарам многу за часот по хигиена што ми го одржавте, браво за вас. Муабетот беше во друг контекст кажан за различните арши што ги имаме кон туѓите и своите родители и за очекувањата дека и кога ќе имаме сопствени деца некој треба уште да ни безбедува греење и храна. За тоа и постојат градинките, за мали бебиња.
Мила животот не ме штедел и со факултет сум чистела тоалети и станови имам дома дете што сама требаше сама да се грижам за него ( и се уште е така). Погорниот пост од @Kiflicka05 некојаа си ме погоди многу ама ако имаш можност излези од дома дружи се со луѓе колку толку животот ќе ти се разубави.
Две деца имам знам градинките за што служат.Читаш ти или не?Долгови,кредити,заглавени се со пари.Градинката од 1500 ден би бил трошок плус.Плус превоз за бебето до градинка.Тоа за хигиената си беше лично мое мислење.Незнам ти зошто се пронајде во него.
Ej lugje ve molam poedinecni strasti da se smirat,daj da i pomogneme na devojkata so nekoj sovet,ne da se raspravame i da se pisuvaat nepotrebni komentari.Natali lili,kazi mu na mazot da im kaze na roditelite malku da vnimavaat okolu higienata,prodolzi da baras rabota ne moras vo gradot malku podaleku pobaraj bilo sto za pocetok,dodeka da zastanete na noze.
А што е толку невообичаено да се имаат различни аршини бре луѓе??? Убаво си пишала, тоа се ТУЃИ родители. Кон нив треба да се има почитување (ако го заслужиле) и ништо повеќе! Тоа важи и во обратната насока, значи тие треба да ја почитуваат снаата како жена на нивниот син и толку. Еве , јас не сакам да ме сакаат моите идни свекор и свекрва како ЌЕРКА, оти нити сум им тоа, нити сакам да бидам! Само да не ми се мешаат и да не ме омаловажуваат, ќе им бидам најблагодарна на свет! А за хигиената, се сложувам со феминките спомнати во цитатов. И ти @НаталиЛили престани да им се правдаш тука зошто не работиш (оти секој свесен кој ја знае ситуацијата тука не би те задиркувал за тоа), дали преговараш дома за нехигиената или не, оти гледаш тука има луѓе кои иако може на нив тоа ако им се случи со родителите на мажот, ќе ја дигнат куќата во вис и ќе го соберат цело маало, тука се најарни, најсамостојни и све нај нај. Оти на туѓ грб 100 стапови секогаш се малку! А да, и да не заборавиме зошто Натали мора да го трпи ова - затоа што синот на овие луѓе ги дава парите таму каде што не треба и не е свесен оти има фамилија и деца на кои треба да им се обезбедат некои работи. Така да, од НИВНОТО го*це се случува ова, па треба да имаат осет и да не и задаваат јадови на девојката дополнително, зашто и така не и се малку!
Абе дај оставете ја девојката, што треба да глуми дека не и сметаат вилиците во мијалник кај што чашите се мијат? Дека не и сметаат мрсулите во лавабо? Дека не и сметаат мочките врз даската на вц шољата? Дека не и сметаат гаќите на стол? Смрдливите чорапи во ќошот? Си кажа, си ја олесни маката, никаде не рече дека го натерала мажот да изиграва мировен судија. Ниту пак рече дека се кара на секоја клечка на свекорот и свекрвата. Мислам дајте малце согледајте. Смета бре, смета многу, не личи убаво, замислете си доаѓате дома со некоја колешка, ја викате на гости, ја седнувате на кревет и почнува да ја жуља нешто колешката, вади од под неа гаќи на свекорот, почнува да мења бои колешката, почнувате вие да мењата боја, не е убаво едноставно. Тетка ми на пример осетот за мирис и е тотално изгубен, едноставно не мириса жената, ко што некој е глув така она е глува за мириси, замислете како би било братучед ми и тетин ми да оставаат чорапи, денови може да поминат додека не ги најде чорапите. Ми сметеле и ќе ми сметаат тие работи, среќа па нит свекор ми нит свекрва ми го правеле тоа, што се однесува на хигиена биле одсекогаш совршени, исто и мм и золва ми, онаа основна хигиена позади себе секогаш ја оставале на највисоко ниво. Баба ми бог да ја прости плукаше врз сунѓерчето за садови, дедо ми моча секаде освен во шоља, јаде овошје и никогаш не зима тањирче, секогаш му капе по земја, мајка ми сирота раце и одпаднаа од чистење, кога сме ние таму сирота 3 пати на ден со доместос и со врела вода поминува за да не одиме во вц случајно а да затекнеме локва мочка пред шоља, не дозволува да остават лажиче во мијалник бидејќи дедо ми го полева само со вода и тоа еден тенок млаз, никако да тече водата нормално, сјај и сунѓер боже свашта, одма во фиока и не го ни брише дури, се лепи после него, па мајка ми еднаш неделно вади се од кујна и премива. И која снаа би го издржала ова? Која жена всушност? И да, и баба ми на мајка ми мајка прави исти работи, и мајка ми со исти аршини и кон неа се однесува како кон дедо ми. Ако некоја го издржи ова, секоја чест, јас не би можела. Затоа да не осудуваме, жената не ни побара мислам совет, едноставно се истажи овде на нас.
@zvecarka , не мислев ништо лично, само на тоа дека луѓето различно реагираат на нехигиена. Некој може да толерира, некој не. Јас не. Не реков дека се е стерилно кај мене,па во секое време санитарна инспекција може да дојде, ама се трудам да го воспитам син ми да одржува основни хигиенски навики, не реков дека лесно ми оди, ма се трудам. Ама гледаш постојат и возрасни луѓе што немаат такви навики за жал.
@sonce555, @Sky-butterfly , ве разбирам многу добро што сакате да кажете но јас сум оптимист дека ако НаталиЛили настапи смирено, културно и со почит нема да дојде до експлозија. Темата е и премногу деликатна (како да му кажеш на близок дека не посветува многу внимание на хигиената) но ако уште долго време не можат да се оделат со сопругот на засебен кат а Натали смета дека вистина постои проблем, мора да изнајдат заедничко решение. Сем тоа, како што на Натали не и се допаѓаат некој работи а молчи, така и свекрвата сигурно има замерки но исто преќутува и на крај едната ќе се жали на форум а другата ќе вика по дома.
@Joy @Emy867 Не знам зошто ме цитирате и ми ги појаснувате постовите јас пишав свое мислење и и се обратив на жената и не полемизирав со никоја од вас. @НаталиЛили јас не мислев ништо лошо со мојот пост, но едноставно не те оправдувам. Прво треба да сфатиш дека не можеш да ги промениш луѓето на 60 и кусур години. Кога веќе си се нашла во таква ситуација треба да се прилагодиш и да се бориш. Јас би одбрала и работа во конфекција дури и сите пари да ги давам за градинка, чисто за себе за да правам нешто со својот живот. Во мојот живот сум научила дека кога некој ќе ми даде нешто тоа треба да го ценам, зашто никој, апсолутно никој(мислам на своите родители и на мм) не е должен да ни дава или помага. На сите(дури и ,,најчистите“) ни се случуваат ,,незгоди“ по дома со расфрлани работи и сл. , но од тоа човек не треба да прави драма. Генерално кај нас е проблемот што сите мислиме дека родителите ни се должни цел живот да се грижат за нас и што не сме спремни да се жртвуваме за својата иднина.
@Nausicaa Разбирам и во право си, тоа еден ден ќе пукне, ама сега му е стесната ситуацијата пошо на свеки можи да му текни и да му речи да си заминат стварно. А кога ке има таа работа и малце ко ќе се стабилизираат, ќе може да ја седни, за и да дојде до таква ситуација да имаат пари барем за станче под кирија да плаќаат.
Абре она не сака да смени нешто што чини, напротив, сака да смени нешто што не чини, и тоа не чини ич, нехигиената треба да биде сменета, не е нешто што луѓето го прават онака, по нивно, па сега она сака да им го смени начинот, ова е нешто што не смее да се деси во фамилија во која растат деца. Како да ги учи она нејзините деца дека местото на гаќите е во корпата за веш кога дедо ги остава на стол, дека раце и заби се мијат во лавабо кога баба ги мие во кујна каде се спрема храна.... Децата се учат со позитивни примери, не со примери како не треба.
И рекoв ли јaс куќa дa нaпрaви или стaн дa купи пa пoсле дa збoри? Не. И рекoв ли дa трпи пoнижувaњa зaтoa штo е пoд нивен крoв? Не. Кaде гледaте вие жртвa мaлтретирaнa oд свекoр и свекрвa? Јaс никaде. И сaмa кaжa декa вo тoлку гoдини брaк ниту еднaш или сaмo еднaш се скaрaле. Зaтoa претпoстaвувaм oк луѓе се, a oнa зa бркaње некa кaже нaтaлилили дaли беше oзбилнo кaжaнo или кaкo штo знaaт мнoгу дa кaжaт нa децa -бидете умни или ќе ве избркaм нaдвoр. Oстaнувa прoблемoт сo хигиенaтa нa штo oстaнувaм нa тoa дa не прaви дрaми и дa си пoдвиткa oпaшкaтa. И спрaт им е дaден и пaк не се спoсoбни сaми дa живеaт, aмa зa туѓa неспoсoбнoст лaвaбo дa исчисти леснo е дa збoриме. Мене срaм би ме фaтилo oвa дa гo збoрaм aкo се другo е вo ред, не пa дa се прaвaм жртвa oти мнoгу чистaм. Edit И нема потреба да ја водите дискусијата накај тоа да ние на страна не знаеме што е немање или живеење во заедница, оти ние во странство се родивме со златна лажичка во уста. Сакам да кажам дека ако сакаш некој да те сожалува, да се грижи за тебе и твојата фамилија оти си моментално или веќе подолго во лоша состојба, кој е начинот на кој ќе кажеш благодарам? Мрштење и оговарање? Не велам дека треба нозе да им миеш ама гледам дека тие не бараат такво нешто од тебе. Ти си таа на која и сметаат работи и сакаш нив да ги промениш.
Со мајка сум од 77 години и ќерка од 15 па кога доаѓам дома најпрво влаегувам во тоалетот да се средам и ме нема едно 45 мин зошто? Епа тоа е тоа навиките (на времето немало поголема педантерија од неа) не се менуваат, а тоа веќе не се навики туку возраст. Затоа најдобро мавни се некаде на работа, а после исто те чека, ама барем си релаксирал мозок некаде.
Ja ne opravduvam vozrast,za takvi vozrasti postoi starecki dom,ako jas bidnam takva slobodno neka me pratat tamu,podobro odkolku da im gi kinam zivcite na moite deca.Mani ja bolna i niv ke gi razbolam od nervozi.
Темава секогаш оди до недоглед. Секој со свое мислење и со свои ставови. Никој од нас не е компетентен да коментира, заради разликите во размислувањата и разликите во можностите за живеење. Колку што знам, оние кои живеат надвор од државава, секогаш се со ставот дека никој на никому ништо не му должи и секој си тера по својот пат. Снаата не треба да живее во куќата на свекрвата а ако живее тогаш нека молчи. Ако свекорот реши да се помоча на сред кујна таа треба да забрише и да молчи. Еј де, тој си е дома и ќе си прави како сака. Друга група се оние кои на еден или друг начин се одделиле од старите па солат памет дека сите треба да го направат тоа. Кој колку има ич не е важно. А тие кои немаат требале прво да створат па да мислат на брак. Со такво размислување, според статистиките во државава, 90% од сите кои живеат надвор од Скопје, треба да бидат и да умрат како стари моми или ергени (или да молчат, де т.е. да бидат слугинки) Трета група се оние кои живеат со свекрва па нели треба да молчат... Нив нема да ги коментирам. Останата група, оние кои имаат добри односи со постарите членови на семејството, не се ни замараат со форумов или темава. За чудо некое тие се најбројни во мојата околина. Реалноста е таква каква што е, за секој одделно. Ако даде Господ ќе имам и снашка и зет. Само да бидеме сите здрави и прави. Мојата куќа е подеднакво моја колку и на моите деца. Јас сум го родила и се создавам за него.(Зборувам за син ми бидејќи нели се зборува за свекрви). Ако тој одлучи да создаде свое семејство, тогаш, според мене, ќе си го создава во својот дом. Тогаш кујната која е и моја и на син ми, ќе биде и на неговите деца и на жената која тој ја одбрал. Навиките се менуваат и мислам дека никој не е до толку ненормален да разграничи што е во ред а што не. Ако јас ја оптегнам влошката на сред WC тогаш нешто не е во ред со мене и нормално е да ми биде посочено на тоа. Ако јас имам можност да му обезбедам друг дом ќе бидам пресреќна. Ако тој може да создаде со свои раце ќе бидам горда на него. Ако не се може ни едното ни другото тогаш ќе си живееме сите заедно и никој на никого нема да му биде слуга или газда. Тоа е мое мислење што не треба да значи дека е исправно. Можеби сум типична балканка... Можеби сум глупава и не доволно паметна ама тоа е тоа.
Не е болна поздрава е и од мене, ама јга старост. Здравје боже твоите деца нека те пратат во старачки дом
Абе луѓе шо ве гледам сите тука полемизирате а сите на различен јазик зборите Секој си има различно гледиште и еднаш не свативте дека СИТЕ СМЕ РАЗЛИЧНИИИИ !!! Само едно не чини - дирекно напаѓање од типот :АКО НЕ ТИ ОДГОВАРА -ОДИ СИ....СПЕЧАЛИ СИ ПА ПЕРЧИ СЕ...и незнам какви други небулози Ова е форум.Ако некој се осудил , собрал храброст да напише дел од својата интима , тогаш или дајте разумен совет или разумна поддршка или не пишувајте. Пола ден сме се окантариле и го ,,убивме,, дејочето оти напишало дека и пречи нешто.. Поарно тука да се издише отколку дома и да настане куршлус Јас незнам некои форумџики (често ги читам) колку години имаат..се однесуваат како да имаат преку 50 години искуство па делат совети и критики