@Daleron баш тука лежи целата основа на муабетот. Старечките домови. Кој колку дава во животот толку и зема. Барем според мене е така и пак ќе речам дека можеби не е исправно. Јас сметам дека моите родители не заслужуваат да ги испратам во старачки дом. Толку се трудат околу мене што ако ги пратам во дом за старци сметам дека нема да имам мир во душава. Истото е и за тебе. Си одлучила да живееш со мајка ти и по некоја пресметка таа ти дава кров над глава а ти ќе ја чуваш додека е жива. По некоја логика исто би требало да е со свекрвите. Ете јас велам дека никој не си ја знае иднината ама јас нема да ја гледам неа. А и таа мене не би ме гледала доколку би дошло до таква ситуација. Се само да си оди по редот. Таа не ми ги чува децата за да одам на работа. Не ми помогнала и не е должна, нели? Е па нејзината пензија нема да биде доволна за да оди во старачи дом и ќе треба некој да се грижи за неа. Ако направам пресметка ќе си изгние во сопствената нечистотија и нема да и помогнам. Не сум нечовечна ама нели секој си има право на свој избори и мислење и никој не треба да ме осуди. Е тогаш јас би се шеткала по комшии и би се смешкала додека таа би плачела. Нели ако е според неа исправно зошто не би било и за мене? Додека јас не можев да му направам доручек на детето затоа што беа поминати само 6 дена од мојот втор царски рез, таа си се шеткаше. Јас го надминав тоа ама не се знае што не чека. Не сме во Германија па сите стари да имаат можност за во старечки дом. Тоа е разликата измеѓу нашата држава и менталитет и она што се шири на форумов - секој како што си сака. Постов е само за да се надоврзам на твојот пост
^ Си има таа деца, што има од тебе да чека да ја гледаш? Ако тој нема жал за мајка тоа е друго. Како гордо изјавуваш ко да иднината нејзина сигурно во твои раце е. Може другата снаа ќе ја гледа. Штета а? Не направиле тие доволно во животот за своите деца, па сега оти детето не ти го гледа и ручек не ти прави, се расфрлаш со закани. 20 и кусур години го растеле твојот маж ама тебе не ти се по ќеиф па нека скапат во своите гомнарии. За срамота сте.
Еден куп од „синовите„ не смениле пелени на своите деца па глава сечам ако се потрудат околу родителите. Ете мојот е таков и затоа си кажувам за себе. Никаде не кажав општо. Ако не бев сигурна во она што го пишувам немаше да го пишувам
Ситиот никогаш не му верува на гладниот како му е. Во зависоност од тоа кој како се снашол во животот така и коментира на оваа тема. Но дајте жени да бидеме реални. Во Македонија сме. Ако имаш цврста воља можеш да се снајдеш и да се одвоеш од старите, но со нашиве мизерни плати треба време за такво нешто. Странство е опција. Меѓутоа и за таму ти треба кеш, познаници и сл. Не е работава сум решила и одам. На родителите било должност до 18. Бре мајката. Ако сака да се школува понатаму кој да му даде пари? ОД господа ли ќе му паднат? Ако малдите земаат 200 е плата ај нека купат стан или нека одат под кирија. Што родител што стока треба да си да му речеш,а не возрасен си ја сакам комоција одетеси од мојава куќа што сакате правите. Стварно не можам да ве разберам. И сега ако во сплет на околности се погодите да живеете во заедница треба да се знае некој ред и од страна на младите и од старите. Некоја пишала дома си си сакаш комоција. Меѓутоа комоција не е ркање на место кај што се миат садови и оставање на прљав веш кај ќе стигнеш. И ја кога сум сама дома искачам од туширање и до мојата соба одам прилично разголена, но кога моите се дома се облекувам во бањата. Не мора со свекор и свекрва и со родители е исто. Комоцијата и слободата дома не треба да се меша со нехигиена и вулгарност.
Ова е Македонија. Не тресете зелени. Ако на родителот му е должност само до 18 да бери гајле, АЈ КАЖЕТЕ ЕДЕН ПРИМЕР КАДЕ РОДИТЕЛИТЕ ГО ОДВОИЛЕ ДЕТЕТО ПО 18-ТИ РОДЕНДЕН. Баш ме интересира да кажете пример !!
Ајде ти редактира па и јас да редактирам. Јас никаде не сум самоуверена. Ако читниш малку погоре ќе видиш дека би можело да стигне и тие да ме гледаат мене. Никаде не реков дека е штета ако има кој да ги гледа. Би била пресреќна ако има некој па да немам никаква врска со тоа. Не ми ги превртувај зборовите, те молам! И пак ќе кажам дека си зборувам за себе. Ако не се грижат тие за мене која сум родила дете на нивното дете, тогаш зошто мене би ми значело тоа што тие 20 години го гледале своето дете? И за крај не сум редактирала туку сум одговорила на своето мислење ама ај не е важно
^ А кој побара од тебе да ја гледаш? Тоа се твои филмови, како свекрвата нема никој на светов па на тебе е оставена на милост и немилост. Си има деца, реков ако нив не им е жал тоа е друга работа. Уште нешто, има куќа, многу ќе се согласат да ја гледаат ако им препише дел. Не се "секирај" ти толку.
Јас само се надоврзав на постот на Далерон за тоа каква ни е ситуацијата во државава и старечките домови. Тоа е се. А твојата вештина за преувеличување на работите и бранење на свекрвите по секоја цена ни е на сите позната. Така да нема да коментирам ништо повеќе А ќе додадам дека или веќе си или ќе бидеш ужасна свекрва.
Да бе, како крволочни животни се нафрливме едни на други, а некои коментираат ситуации во кои никогаш не се нашле или нема да бидат, ама се експерти за меѓучовечки односи
Тука лежи зајакот,сакаш, нејќеш ќе МОРАШ, мајка е на сопругот, а и средствата не дозволуваат барем кај нас. Јас тоа го поминав со татко ми (земав боледување, ама ако ич не ми е мака) и затоа знам тоа е мила моја. Бев и доктор и сестра и болничар се и сешто си го исчувава до крај. Сиромав се срамеше кога менував кеси за катетар иако беше во бунило мајка ми вели ако ќерка ти е. Едит. Не напоменав имам и брат кој што ќе дојдеше на 5 мин и си одеше, на крајот го средив и му се јави да дојдат.
Не ме одвоиле родителите во смисла да ми обезбедат, ме избркаа од дома. Во Македонија. 20ти век Јас од 18 години му плаќав ќирија на татко ми. Од 19 на друг давав за ќирија, со алал. Вака само ради повикот, дека јас сама си го берам гајлето од мои 18 години. Останатото мое е историја. Е сега, муабетот за чување стари лица. Е, тоа драги мои се вика научна фантастика
Јас сваќам дека секој си знае како е најубаво и дека на жалост условите и околностите не го нудат истото секогаш. Затоа дискутираме за соживот во една заедница и компромиси. Е сега има примери каде со сопствен родител не се испаѓа на крај, а не па со свекрва. Но кога некој ти дал спрат на рааполагање а по сплет на сопствени околности не си се вселил во истиот. Кога некој дели простории и дом со синот и плус жена и две деца. Кога некој финансиски презел голем дел од одговорностите за гледање на фамилијата на синот... Претпоставува дека луѓево прават компромиси. А и дека некогаш стварно може на човек да му пукне филмот и да каже нешто истотака верувам. Спород мене или директно да се разговара или да не се зема лично. Ама соживотов мора со обострани компромиси и разговор(доколку се уште со здрав памет) а не со муртење. Сепак мора на жалост да се има предвид дека сите навики кои нам не ни се допаѓаат а биле стварани со децении нема да успееме да им ги смениме.
Исклучок си..и сигурна сум дека имало причина. Кај нас нема стандард за да ги двоиме децата , а и друг менталитет сме ако знам дека НЕМА детето каде да го бркам од дома ?...уште и дошколување ке му платам, бидејки сакам од него човек да испадне. Убаво е да имам свој бизнис и стан вишок, па да го опремам, па да му речам -повели сине , од утре си сам газда,доагај на работа во фирмата, ама вакви ситуации има само по филмовите. За жал ситуацијата налага да се држиме еден до друг додека не дојде ,,нож до коска,, т.е. додека не се измажат/изженат па да се делиме. Купчето пари е едно. Умешност е да се преживее.
Многу ми оди на нерви муабетот - ти дале покрив над глава и ќе ќутиш, и ќе чистиш, и ќе трпиш, ако не сама снајди се и купи си стан итн итн. И после оти македонската жена била потчинета. Од кога снаата е туѓа? Штом синот ја зел за жена, значи веќе е дел од семејството, а не некое сираче што мора да ќути и измети по дома да прави. Пепелашка!!! Кога доаѓа нов член во семејството сите ќе се прилагодат на новиот живот, а не оваа сега ќе ќути оти може и на улица да заврши. И бебето е нов член во семејството, па ај да го исфрлиме на улица ако ни смета кога плачи или растура, оти нели зошто новиов член да ми ремети мир дома!!! Истото е... семејството се проширува, има нови членови и сите ќе се прилагодиме на новиот живот. Дај Боже Господ да ми даде син и снаа, никогаш не би се заканила дека ќе летаат од 'мојата' куќа, која патем и мене ми била оставена од претходните генерации.
Nigde nema na tacna. Koga ke vidis deka taka kako e nemoze treba care da se bara. Tuka smetki sto mi se polozeni ne go interesira nikoj. Treba luge da menuvate nesto ne pasivno da sedite i da filozofirate. Te treba da se interesirate koj sto pravki, celden kafinja od eden kaj drug, dukani. Treba seriozno da barate resenie kako mnogu od nas sto barale resenie i nasle. ZA SE IMA RESENIE samo treba da se raboti na toa. I da ve potsetam na toa: koga se mazevte ja znaevte tocno situaciata i nemoj sega odednas STO SE SLUCI.
@referentka Не рачунав да правам муабет, само кренав два прста. Ај додека сум тука, на муабетот што се разви за растурени играчки, гаќи и чорапи, при две жени дома од свекорот да се чека да си собира сам човекот
А тој фатен да не е во рацете, па да чека од жените? Сите мажи во мојот живот, зборам од син до татко, од свекор до дедо, сами си средуваат позади себе. Не оставаат на жените. Свекор ми дури средува и цела куќа кога не може свекрва ми. Што може жената, може и мажот