Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.414
    Пол:
    Женски
    Е сега познаваш таква. Навечер работев во ресторан, а преку ден факултет терав.
     
    На Cka и Annath им се допаѓа ова.
  2. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.789
    Допаѓања:
    323.755
    Која будала несака сам да живее независно од родителите и да си има џепче ,,хармоника,, и да си уживка ??
    Ама пусто во нашата држава некои работи се неизводливи.
    Или ке ги изведеш по секоја цена, па ке страдаш и ке се мачиш како грешен ѓаол.
     
    На anel, Sky-butterfly, Kiflicka05 и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.452
    Допаѓања:
    20.085
    Еве татко ми на пример, затоа моите и се разведени :) Ама ајде да е само тој, туку куп се такви, свесно не сакаат да се двојат од скутот на мама и паричникот на тато.
     
    На MacenceEna, ArmaniCode, ennaz и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.414
    Пол:
    Женски
    Те замолувам не ме споменувај повеќе. Ова е форум и сите имаме различни мислења и стил на однесување и изразување.Живеалиште ми обезбедија, ама не ме школуваа до даска, па дури и постдипломски.
     
  5. Kiflicka05

    Kiflicka05 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2015
    Пораки:
    310
    Допаѓања:
    670
    Пол:
    Женски
    Затоа, како што кажа @kukla21, ти си една од ретките реални тука, која навистина ја сфаќа ситуацијата. Овде мила моја, со 3 деца (да ти се здрави и живи) едвај крај со крај врзуваат семејства...
     
    На evangelina.ina и kukla21 им се допаѓа ова.
  6. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.973
    Ти ако читаш убаво ќе видиш дека и сама реков како не треба таа да ја гледа туку жената си има деца. Зборот срамота го употребив заради филмовите нејзини како старата ќе скапи во сопствените гомна оти никој ќе нема кој да ја гледа.
    А јас пак се чудам како некој уште филозофира на темава за плати, осамостојување, дали младите можат или не можат, кредити големи, споредба со странство. Почнато е за друго да се збори и не е проблем делење затоа што на младите им е даден спрат. Дај дискутирај зошто при даден спрат, двајца млади кои створиле фамилија, веќе долго време не можат да заработат за дрва и храна. Толку. И тоа ли е научна фантастика за Македонија? Очигледно не, оти старите ете ранат шестмина, како тие можат? Аман веќе отековте со странство.
     
    Последна измена: 26 март 2015
  7. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.917
    Допаѓања:
    203.163
    Пол:
    Женски
    Не можат, затоа што кубик дрва отиде до 4600 (да, да, не преувеличувам, прашав пред една недела). Платите се мизерни. Ете, тоа е проблемот. Со плата од 8000 не можеш ни два кубика дрва да купиш. Ако можеше многу со плата од 8000, сигурно дека никој немаше да живее во заедница. Освен во администрација и во некоја посолидна приватна фирма платите не го надминуваат минималецот. А цените кај нас се боли глава.
    А тоа што некои не сакаат да се одделат од родителите, тоа е веќе друга приказна.
     
    На MacenceEna, sonce555, evangelina.ina и 3 други им се допаѓа ова.
  8. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.973
    ^
    Баш ме интересира тогаш како старите покрај дрва успеале и храна и сметки за сите, или за нив не е Македонија? Дај да не драмиме, двајца млади работоспособни со стари луѓе во куќа кои помагаат да не можат за храна да заработат, ок се случува. Период. Ова нивното период е?
    И уште побитно, дали кога си во таква ситуација треба да се гадиш од чорапите и умивалникот на тие стари и да се жалиш дека многу за чистење ти доаѓа и треба да се распредели чистењето рамноправно? За тоа се дискутира тука.
     
    На crimson и Orthophill им се допаѓа ова.
  9. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.452
    Допаѓања:
    20.085
    @Annath, точно е дека платите се мизерија кај нас но ете мажот и да зема најниска плата ќе ги замолиш твоите финансиски да ти помогнат колку што можат, ќе ги замолиш неговите да ти ја плаќаат најголемата сметка (ќе да е тоа сметката за струја) и ќе се одвоиш. Нема да се луксузираш но барем ќе ти биде мирна главата. Многу е тешко сам да собереш да купиш стан, особено ако не се квалификуваш за кредит но кога имаш свој кат и еден од партерите е вработен, не може немањето финансии да е оправдување за останувањето со старите.
     
    Последна измена: 26 март 2015
  10. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.917
    Допаѓања:
    203.163
    Пол:
    Женски
    Кога си во заедница, трошоците треба да бидат заеднички. Според мене. Вообичаено би требало да се договараат како ќе се трошат парите. Не се должни старите се да плаќаат и купуваат и никој не спомна овде такво нешто. И сите кои живеат во една куќа треба да чистат, а не само еден (во случајов и вообичаено снаата). Јас не живеам во заедница, ама во нашата куќа чистиме сите што живееме во неа - тројца. Исто и кај свекор ми и свекрва ми - чистат и двајцата. Што е должен некој некому да му чисти гомна или мочки? Секој си чисти позади себе, ама некои луѓе едноставно немаат осет.

    Па нели поентата е да не се бара помош од старите? :?: Макар и привремено да е, мене би ми било срам да барам секој месец. Бевме без работа и двајцата со мм одреден период, тешко беше, ама прогуравме, не баравме од никого, бидејќи секогаш тргавме пари на страна од неговата плата. Не сакам ни да замислам како ќе ни беше да потраеше тоа подолго, а работа лесно не се наоѓа.
    Јас не се жалам, само кажувам да не се напаѓаат беспотребно сите кои ќе пишат во темава. Навистина има случаи што ептен забегуваат, ама има секакви.
     
    На okcenzi, galapce, MacenceEna и 5 други им се допаѓа ова.
  11. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.973
    Не се должни старите да помагаат и купуваат и никој овде не спомна такво нешто- Ова е цитат од тебе. Ме зезаш? А што збориме ние страни и страни наназад? Како не спомнал кога на нивен терет се.
    Што е должен некој да чисти гомна и мочки? А што е должен некој да рани некого?
    Значи се одјавувам, или не читате како треба, или си споредувате со ваши некои ситуации, не збориме тука за вашиот живот во заедница или општо за живот во заедница туку за конкретна ситуација.
    Не читате како треба што пишувам, но очигледно ве иритирам како личност па затоа само од инат пишувате за делови од проблемот за кои ви одговара да пишувате. Останете со здравје.
     
  12. anina

    anina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    5.239
    Пол:
    Женски
    @Orthophill само да те известам дека цело време на темава се дискутира тоа дека треба да си направиш се со свои раце и труд или не стапувај во брак. Барем јас така сум ги разбрала работите.
    Едит: Или омажи се и носија платата дома ама пак си ништо затоа што живееш под кровот на свекрвата. Не си ништо туку си измеќар кој треба да чисти нечиви го**а и да молчи како знак за благодарност за кровот кој ти го дале.
    Како божем уличар си па ти дале сопче за да се стоплиш
     
    На okcenzi, sonce555, evangelina.ina и 3 други им се допаѓа ова.
  13. НаталиЛили

    НаталиЛили Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2014
    Пораки:
    1.389
    Допаѓања:
    8.354
    Пол:
    Женски
    Кој дел од реченицата дека јас и маж ми немаме апсолутно никакви примања не го разбирате?????

    Драга госпоѓо @Bridget немав намера да коментирам бидејќи коментарите отидоа во неповрат, ама оваа ваша дрскот и вашето извртување на зборовите, не можам да го премолчам.
    Па да ви објаснам, и на вас и на другите што запнаа да се делам и да работам за 6000 илјаbriди. Ма да не сум должна,ама не можам да поднесам навреди од типот лешинари и слични кои вие ги упативте.
    Ќе почнам од почеток, не морате да читате, бидејќи очигледно многу реченици ги прескокнавте и сама донесовте многу заклучоци, госпоѓо @Bridget .
    Некој спомна работа и факултет, епа драги мои јас пред 8-9 години, кога се запишав на факултет одма си најдов работа и работев за тие 6000 илјади денари, што упорно ми ги ставате под нос (као демек јас принцезата, не сакам да работам за тие пари).
    Работев 6 месеци, првите 3 не бев осигурана, последните три бев. Ама за "бељата" останав бремена и дотичните фино лепо не ми го продолжија договорот.
    Маж ми работеше и трошоците беа заеднички со неговите родители, бидејќи спратот горе не беше среден. Со парите од свадба и со помош од моите и неговите, го средивме колку толку, не се ЛУКСУЗИРАВМЕ.
    Maж ми замина за Ирак, и за сите тие месеци што седеше таму, целиот трошок за дома беше на негов грб. "Ги ранеше" тој, мојот маж, нивниот син, @Bridget , како што вие сакате да нагласите госпоѓо.
    Се купи и кола, се намести цела куќа цакум, пакум и никому ништо.
    Се тргнаа и пари настрана.
    Е сега јас незнам каде тоа ВИЕ, @Bridget , прочитавте дека ние 6 години, чекаме од нив?????
    Кога се врати мм, ние се одделивме, и тие си го дигнаа носот, како демек не ни чинеле и ние сме побегнале од нив. Јас седнав и им објаснив дека сакаме сами да бидеме одговорни и да се потрудиме сами да успееме. Но тоа беше, само мое мислење кое маж ми очигледно не го делеше.
    Тогаш драги мои живеевме со 8 илјади плата што ја земаше маж ми. Јас сеуште студирав.
    Поминаа две години и свекрва ми се оперираше и со мм решивме да се, незнам како да кажам, да речам, да се вратиме пак во заедница, за да им помогнеме. И пак речи дека сум неблагодарна и размазена што ова го спомнувам @Bridget .
    Арно ама, маж ми, се задолжил и се презадолжил, и ете така дојдовме до оваа ситуација.
    Да мораат они да не ранат.
    А јас да сум кучето што лае, како што вие ме претставувате @Bridget .

    И пак да се навратам на „чкртнатата“ плата од 6000 денари.
    Погоре пишам и пак ќе пишам, 3000 за градинка, и 2000 за да не одам 20км пешки до работа, почитувана госпоѓо @Bridget . И со 1000 денари тешко богами дека и струјата само ќе ја платам.

    И ве молам да не ме споменувате повеќе, бидејќи очигледно не сте во состојба да процените, и освен тоа многу работи од памет ги додавате. Не сакам да ме невредувате, бидејќи иако ова е форум, колку што сум упатена, тоа не е дозволено. И не се навредив на тоа што искоментиравте дека сум принцеза (бидејќи знам дека пак ќе ги испревртите зборовите), туку за тоа што го употребивте зборот лешинари.
    Поздрав и секое добро, госпоѓо @Bridget
     
    На MilaP, elena.mak, okcenzi и 15 други им се допаѓа ова.
  14. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    20.070
    Допаѓања:
    328.476
    Пол:
    Женски
    Аман више го претеравте,го отупевте до в крај.Излезе работата дека секој од секого мора некоја корист да има,иначе не бива.Па дури и дете од родител и обратно.
    Млади ко млади не треба да остават деца на чување кај баба и дедо,сами треба се да исфинасираат,снаата ке кјути ко дрвена марија,пошто искрено кој фактор е па она у тугја кука.Старците се знае:нивна кука нивни правила ако сакат и ке серат на сред соба.Мислам шо има потреба хигиена да се одржува нели?Ахам,укапиравме како функционират нашите заедници ;)
    Семејни вредности,взаемна помош,почитување..ово оно?Не ви се баш познати термините.

    Ајде доста веке со проблемот на натали и гаките на свекорот.Му ги фативте на очи.
    Да видам друга снаа дали ке има муда да изнесе пак проблем овде.
     
    На okcenzi, MacenceEna, evangelina.ina и 8 други им се допаѓа ова.
  15. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.452
    Допаѓања:
    20.085
    Конкретно за мене поента на дискусијата е проблемот на Натали, не навлегувам во другите муабети и дебати :) Моментот со помагање од страна на родителите ми е специфичен зошто секој различно си го разбира-некој бараат кога навистина им треба додека други очекуваат родителите да им даваат пари додека се живи. За ова последново можам книга да напишам (based on true events) ама родителите сами си се криви што од здрави, прави деца направиле паразити.
     
    На SuperGirl24, ArmaniCode и Annath им се допаѓа ова.
  16. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.789
    Допаѓања:
    323.755
    Очигледно дека темава ке згасне само од една личност овде.
    Не верувам дека некој ке се осуди да се олесни овде
    Ова стана мачилиште а не форум.
     
    На Sky-butterfly, Kiflicka05, joy1 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.452
    Допаѓања:
    20.085
    @referentka, од 426 напишани страни барем третина од нив се исполнети се жестоки дискусии. Се додека има свекрви и снаи, темава е бесмртна :)
     
    На referentka му/ѝ се допаѓа ова.
  18. ennaz

    ennaz Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2013
    Пораки:
    269
    Допаѓања:
    414
    Не се сложувам со тебе. времето кога бебето ќе сака да биде во раце е многу кратко и за миг ќе го снема. После тебе ќе ти е мака што не си го помилувала и подржала. За некој месец срце ќе те боли да го земеш да го гушнеш ама тоа ќе ти бега, ќе има побитни работи за истражување. Сега со маж ми во секунди го броиме времето во кое син ми го гушкаме. А и на бабата и е мерак. Ти најверојатно си млада мајка, јас моето бебче 30 години го чекав, па штом си дојдовме дома од раце не го испуштав. Едвај чекав да се разбуди да се размрда да си го земам. И не се научи на раце. Бебињата си плачат. Стално нешто им фали. Најмногу им фали мама и прегратките и миризбата. Им треба утеха. Од мало меше одеднаш се во голем свет и се плашат.
     
    На ArmaniCode, Kiflicka05, anel и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.740
    Натали немаш потреба да поднесуваш тука сметки за да некој те сфати. Доволно беше она кое што иницијално го кажа. Некои персони тука имаат навика да ги превртуваат зборовите на сите. Ко магаре на мост - инаетливо, битно да се контрира.
    Кој одреди дека детето треба да биде со родителите до 18 години?? Како се решивте вие како родители до 18 години и толку беше кај мене дома, после оди снаоѓајте се. Дека некој законодавец решил дека тогаш си полнолетен?!
    Родителот е родител цел живот. Детето е твое цел живот. За што работиш, за што ствараш ако не помогнеш на најблиското и тоа кога најмногу му треба.
     
    На okcenzi, sonce555, Val-Dim и 7 други им се допаѓа ова.
  20. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.534
    Допаѓања:
    289.015
    Факт е дека се додека си има човек некаква комоција или мир дури и на конфликтни ситуации знае да изреагира воздржано. Во ситуации каде сите се напнати и под стрес кој ги носи тековните проблеми и финансии на истите ситуации можеби нема да реагира на ист начин.
    Еве пример вчера луѓе ни го шлепаа мебелот во новиот дом. И бидејќи сите работат во фирмата одамна се знаат и со свекор ми и свекрва ми.
    Седнавме на трпеза сите заедно...се апна што сум спремила. Е сега во наша куќа се додека има јадење на маса и луѓето не се префрлени од трпезарија во дневна јас не раскревам, седам со нив.
    Луѓето едвај доџвакани стана мајка собра се и се пикна во кујна:rofl:.
    И сега што ќе замерувам кога знам таква е,а кај ќерка и дури бетер. Станав јас и дораскренав и завршив што почна оти знам женава мир ќе нема.
    Мојов се згази од смеење вечерта.
    Ама погодено ми е и не се замарам за тоа. Но со триста нервози, проблеми на глава верувам дека од едни исти постапки на човек може да му пукне филмот при секојдневно повторување на истите. А старите не може табиет да им се смени..ако им речеш нешто макар и на најфин и културен начин се чуствуваат најчесто испровоцирани и почнуваат да вадат ствари од нафталин...
     
    На Daydream, do-re-mi, bittersweet и 2 други им се допаѓа ова.