Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    20.742
    Допаѓања:
    132.277
    Пол:
    Женски
    нешто ми кажува дека најгласните снаи овде се најтивки дома...
     
    На Luna91 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.165
    Допаѓања:
    20.584
    Пол:
    Женски
    Мојот совет до феминиките е ако си имаат мака слободно нека си ја кажат тука, и нека не се устручаваат многу. Ние што имаме свекрви ќе помогнеме ќе дадеме некој совет, од искуство, а зајадливи коментари нека се игнорираат. Боже мој, некогаш некој совет ќе биде и дека сте згрешиле нешто, или дека пребурно сте изреагирале, или дека нешто можеби треба да смените, некогаш ќе биде само поддршка, и дека сте во право, ама прав совет НИКОГАШ нема да ви биде дека вие сте никој и ништо и дека сте неспособни што не заработувате, и дека треба да ќутите во животот оти сте снаи во куќата на мажот и да толерирате се и сешто, па и свекрвите да ве земаат под нозе. Такви 'совети' игнорирајте!
     
    На referentka, Sky-butterfly, joy1 и 3 други им се допаѓа ова.
  3. jb82

    jb82 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2010
    Пораки:
    228
    Допаѓања:
    302
    Комплетно се согласувам. И за тоа имаме мамини мази кои сметаат дека треба старите да ги помагаат, а од друга страна имаме стари кои сметаат дека без нив не се може.
    Ама тоа не е од сега....од турско е останато.
    Како запад нема уште долго да бидеме за тоа ќе си седиме и ќе си ќутиме.

    А ако ми пречи нема да седам невработена ќе одам и ќе работам чистачка и ќе си одам под кирија..... (бај да веј жена ми доаѓа еднаш неделно за 700 ден. за 5 саати и секој ден е зафатена па видете ја математиката ). Ништо не е срамота да се работи, срамота е да се чека на другите да ти даваат.

    Не го разбирам моментов.
    Зошто нелуѓе?

    СЕКОЈ треба да си се грижи за себе. Мене не ми јасно што толку не може да се разбере една проста работа.
    Мажов не треба да се кара со мајка му и татко му за забите и гаќите.
    Треба да се собере и да функционира како семејство. Нека се иселат, нека почне мајкта да работи, нека идат под кирија. Што е тоа трагично.
     
    Последна измена: 26 март 2015
    На zvecarka, toogood и An-na им се допаѓа ова.
  4. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.741
    Како реши дека му е доста со 18 години од дома седење? Кои критериуми ги аплицираш за да донесеш ваква одлука? Законот е едно, а родителска грижа и чувство се нешто друго.
     
    На anina и ennaz им се допаѓа ова.
  5. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.623
    Допаѓања:
    10.361
    Немојте пак, Македонија, не е запад, разни услови. На тој муабет ајде :handshake:

    Кога некој спомне самостојност, одговорност, посебно со создавање свое семејство, што има тука да се замислуваат големи куќишта и газди на фирми? Самостојност и одговорност е и да знаеш како и во една соба, нека е дадена, фала, ставаш шпорет, кревет што се спушта и се бањаш во корито. Ако треба. Толку можеш толку створиш и одржуваш. Твоја одговорност е. Нека е на 25 години. Нека е на 30 ако тогаш се двоиш. Нека нема граница за тоа, ама граница за свое кога тогаш мора да има за да човек порасне.

    Спрат. Тоа е цел стан. И ќе кажеш фала ако ти е даден, и ќе си седнеш и ќе си бидеш одговорен за водење ред и за одржување, греење, јадење, клуч на врата ти си газда и никој нема да ти моча по шолја секој ден.

    Не можеш ништо од погоре сам за свое семејство? Си се нашол во тесно некој период. Друг те храни, пои, грее, облекува, и тебе и твоите деца, не да веднеш глава и да ќутиш ако така ти налагаат, туку и рака треба да им целиваш ако знаеш дека не те сакаат до нив туку од што се мора те толерираат. Во спротивно, таа старата е, рани куче да те лае. Па кој се лути нека му стои сега.

    И на некоја страна порано не се сеќавам која феминк.а беше, ама спореби со дошла снаа во куќа нов член на семејство, и дошло бебе во куќа како нов член во семејство. Мајка, татко, деца, едно семејство. Да, мама и тато се нечии деца ама семејство од три генерации? А па замисли имаш четири браќа и сите донесат по една невеста дома, охо хо уан биг хапи фамили :angel:
     
    На crimson му/ѝ се допаѓа ова.
  6. jb82

    jb82 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2010
    Пораки:
    228
    Допаѓања:
    302
    Ама ајде да не бидеме патетични. Еве не мора на 18 нека биде 20...или 25...или 40???

    Кога??

    Поради овие сфаќања после се жалите од свекрвите, а не од мажите или од самите себе.

    Дали е нормално да влезеш во друг дом, да гледаш како живеат, како јадат или чистат.

    Па уште на тоа тури му разговор од типот, сестра му сака 1/8 од куќата (бидејќи и она живее во заедница па чека да капне од имотот на нејзините.)

    Мојата ситуација нема да ја откривам, само ќе кажам еве јас работам не од 18, туку од 19 години, дома давав дел од парите (да речеме не за кирија ама за дел за сметки). И студирав, и пази молимте и магистерски завршив додека работев и НЕ ми е срам.

    Шетав на одмори со мои пари, и дури и две деца родив сама, и НИКОЈ не ми помагаше. (пишав еднаш дека кога мајка ми свекрва ми ги чуваат им викам ништо да не ми чистат и кога си одат на крај ФАЛА им викам, бидејќи никој не е должен деца да ми чува за јас да шетам нели.)

    Сега плаќам стамбен кредит. Истото ќе го направам со моите деца. Има да знаат дека парите од небо не паѓаат и секој треба САМ за себе да си се грижи.

    А за да нема караници за станов кој ЈАС И МАЖ ми го плаќаме (дај Боже да сме живи и здрави и да си дочекаме пензија) ќе го продадеме, ќе купиме трејлер и се си се шетаме низ светов. За да не ме оговараат снаите на форуми дека на едната сум и дала 2 м2 повеќе него на другата.

    А за тие во странство и јас викам едно големо БРАВО.
    Многу е тешко да излезеш од сопствената мизерија и да одиш некаде далеку за подобро да им прижиш на своите деца. Полесниот пат е да седиш со мама и тате и да ги оговараш на форуми, место да си ја земеѓ судбината во своите раце.
     
    На baby-star, MacenceEna, Moira и 3 други им се допаѓа ова.
  7. Kiflicka05

    Kiflicka05 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2015
    Пораки:
    310
    Допаѓања:
    670
    Пол:
    Женски
    ^
    Ауууу срамота! Само за дел од сметки даваше пари.???.. Неубаво! Толку си "пуна себе" што реално мислев дека ќе кажеш дека на свои 18 - 19 сама си живеела и си плаќала кирија, сметки и се останато... А претпоставувам факултетот и магистерските биле лично твоја инвестиција...т.е. не претпоставувам, сигурна сум :D
     
    На Dulceee, anina, okcenzi и 4 други им се допаѓа ова.
  8. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.165
    Допаѓања:
    20.584
    Пол:
    Женски
    Зошто да им пружиш на своите деца? Нели се расправавте дека НЕ ТРЕБА да им пружиш на своите деца?

    Туф, моиве никакви луѓе, стан ми дадоа.... срамотилаци! Сега јас неспособна, не знам да се снајдам во животот... лешинарка, затуцана македонка што дочека од родителите покрив над глава! НЕСПОСОБНА!!!! Ми Си се жалам себеси.
     
    На okcenzi, Sunflowers, nena2010 и 4 други им се допаѓа ова.
  9. Kiflicka05

    Kiflicka05 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2015
    Пораки:
    310
    Допаѓања:
    670
    Пол:
    Женски
    Па и треба да се жалиш @jacqueline.s ... Гледаш колку слободни директорски места има за 18 годишници... Вработи се, па купи си сама стан, кола, заврши факултет и се по ред... Зошто си чекала на твоите? Што да ти правам кога си мрза :D :D :D
     
    На Valerin, okcenzi, nena2010 и 6 други им се допаѓа ова.
  10. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.165
    Допаѓања:
    20.584
    Пол:
    Женски
    Oстај што стан ми дадоа, па дури и ме школуваа, ако ти се верува. И кирија во Ск ми плаќаа, дури и пост-дипломски. Јас загревови пак, дури на 22 се вработив, без осет, каква сум. И штета, еве тогаш земав 9.500 ден, и не си купив стан и кола, баш требаше. А тие будали, место стан и факултет - приколка да си купеа и светот да си го шетаа. Што им требало на мене да мислат, и тоа што го заштедиле за мојата иднина да го дадат за мене. Па колку се себични, не ми се верува. Да не беше форумов, немаше да прогледам и да сфатам колку сум само неспособна. Сега јас кога веќе земам добра плата, да гледам за приколка да си ја штедам, оти да не ја направам истата грешка како моиве, па на децата да им обезбедам покрив за над глава за во иднина.
     
    На anina, Valerin, okcenzi и 15 други им се допаѓа ова.
  11. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.741
    Да да, на 18 години од работа по кафичи студираше и сметки плаќаше, па и магистерски заврши. Дај молим те биди реална.
    И пак не ми одговори, туку само го изврте прашањето - зошто на 18 години реши дека доста му е дома седење на детето? Зошто не на 25, 30? Кој е критериумот?

    Јас не чекам од никого, ама имам разбирање за оние кои немаат поголеми можности и мораат да се стиснат некое време кај родителите. Многу ограничено гледате на работите.
    И на твои 60+ години, место да одмараш и да им помогнеш здравје на децата, ти мислиш на шетање само за снаите да не земат нешто твое.
    А бе јас дете не сум родила па со мм викаме дур сме млади што повеќе да створиме и да купиме за да не ни се мачат децата како ние. Ова не значи дека децата нема да ги научиш на вистинските вредности. јас сум растена со тоа дека родителите цело време ќе ме поддржуваат и дека тука се за мене 24х7 за било што, ако треба и покрив над глава да ми дадат. Паразит ли испаднав јас? Станот кој го имаме со мм до последен денар е од нас двајцата, вклучувајќи го и кредитот во банка.
    Бог да ве чува со ваквите размислувања.
     
    На anina, okcenzi, Sunflowers и 14 други им се допаѓа ова.
  12. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.623
    Допаѓања:
    10.361
    ^
    Па само во Македонија со врски, сине на тате, може да стане некој директор на 18. После немало услови (facepalm):rofl:
     
    На jb82 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.903
    Допаѓања:
    100.126
    Mногу е смешно леле, ајде луѓе еден колективен смех да удриме, да не пропадне смешката на форумџиката:yawn:. Како за ова што го кажа ти како ''смешно'' , ние овде да одлучуваме кој ќе биде директор на некој си тате на фирмата и како ние да не знаеме дека тоа е дефект во нашето општество, дека непотизмот надвладува над умот и квалификациите, па чекавме тука ти ВИЦОТ да го кажеш:^).
     
    На Luna91 и jacqueline.s им се допаѓа ова.
  14. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    20.347
    Допаѓања:
    332.004
    Пол:
    Женски
    Ти и веруваш?Имала јак спонзор позади себе .Ко да ние живееме на марс ,па незнаеме на 18 год какви раб места се нудат.Јас делев флаери,раб у сендвичара,па во бутик.Ела со 6000 плата,плакај сметки,студии,облека.
     
    На MilaP, anina, okcenzi и 4 други им се допаѓа ова.
  15. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.414
    Пол:
    Женски
    Море девојчиња/жени, овде има и мајќи со ќерки што живеат. Некаде за дрвата прочитав, еве ние конкретно преку пензиско од мајка ми земаме кубик по 2.630 денари на 5 рати и ај доста веќе, ја отупевме.
    Јас добив простор за жиеење од покојниот ми татко (кој го изреновиривав и само јас си знам како) и фала му до гроба, ама мајка ми нема никогаш да ја оставам, како што синот нема да си ја остави мајката.
    Факт дека ќерките се повеќе за родителите од синовите, ама сепак нема да ги остават да скапат.
    Се оддолжи премногу дискусијава и мое мислење е да се прекине веќе, родител е родител, каков таков.
    Оди на ќерка ми кажи и нешто против татко и очи ќе ти ископа иако веќе 15 години (денар нема дадено) само ја лаже.
    Може и ќе се освести, сега засега го жали.
     
    На smigool му/ѝ се допаѓа ова.
  16. jb82

    jb82 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2010
    Пораки:
    228
    Допаѓања:
    302
    Кога не ме познаваш те молам немој со вакви вреѓење да почнуваш те молам. Или дека ти така си научена дека се наоѓа работа па за тоа така тврдиш.

    Каде ја реков дека стан купив на 18 години?
    Станот сега пред некоја година заедно со маж ми го земавме со кредит, ама нели тоа не е важно, важно е ти да ме навреид бидејќи така ти е полесно, ама ако разбирам јас што е фрустрација.


    За да се појаснам...мислев да им пружам стартна позиција и околина каде нема сфаќања од типот дека мораш да бидеш директор во фирмата на тате без нинаков квалитет.

    Очигледно ве заболеа моите зборови од причина што некој може да успее без врски нели, и без да чека од свекорот и свекрвата?
    Размислете околу тоа малку.
     
  17. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    20.347
    Допаѓања:
    332.004
    Пол:
    Женски
    @jb82 а каде пак јас спомнав дека стан си купила?Не напишав така.Ич не сум исфрустрирана.Осетив од се по нешто во животот.И сум работела како тебе на 18 год,и сум живеела 8 год у заедница,и станбен кредит сега плакам.Паразит не сум била никогаш.
    Затоа сум и те како свесна колку може да се заработи на 18 год.На тие год некои уште се во средно.Просветли ме која е таа толку платена раб ?А верувам дека е платена,бидејки сама истакна дека си плакала пола сметки,мастер студии плус си јадела,шетала.Минимум 300-400 евра месечно си земала.
     
    На anina, okcenzi и kukla21 им се допаѓа ова.
  18. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.165
    Допаѓања:
    20.584
    Пол:
    Женски
    @jb82 А што мислиш ти дека нешто многу не навреди? Дека ете вечер нема да заспиеме? Јас од свекрва ми имам само едни чаши, еден сервис и чаршафи - толку, а голем број од жение тука заедно со мажите сами си плаќаат кредити за становите. Мислиш ти нешто дека измисли топла вода? Дека на тебе чекаа да им кажеш, оти инаку не знаеа тие што значи да си плаќаш кредит за стан?
    Тоа што некои немаат услови ни за кредит, не значи дека се неспособни, алоооооо. Животот некогаш тешко знае да се поигра со нечија судбина, не дај Боже тебе да ти се случи, па да видиш како е да ти се смејат дека си неспособна.
    Срамота!!!
     
    На anina, okcenzi, Sunflowers и 9 други им се допаѓа ова.
  19. jb82

    jb82 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2010
    Пораки:
    228
    Допаѓања:
    302
    ^^joy никаде не реков пола од сметките туку дел, што значи и да биле 2000 ден, било начин да покажам дека имам свест за самостојност.
    И јас почнав од кафич - нели за вас понижувачка работа, ама сепак продолжив и не се откажував. Сепак не сакам да си прерасакжувам интима од причина што ова е јавен и анонимен форум (каде секој може да си каже и прочита туѓо мислење без притоа да се правда и оправдува нели)
     
  20. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    3.257
    Допаѓања:
    18.103
    Па ако се во таква ситуација дај сега стариот нека се шета гол и нека го мавта пред снаата (извинете на израз), а она нека ќути зошто ги помагале изминативе години.
    Па и што те боли тебе толку што ги помагале? На децата свои им подале рака. Од твој џеб ли зеле па толку што се замараш?
     
    На Valerin, okcenzi, Sky-butterfly и 3 други им се допаѓа ова.