Свекрвите и снаите – проблеми

Discussion in 'Брак' started by zdravkova, Dec 1, 2009.

  1. kukla21

    kukla21 Мама Staff Member

    Joined:
    Aug 4, 2013
    Messages:
    23,744
    Likes Received:
    108,741
    Jас дома сум со мм и никогаш ова не ми се случило. Воспитувањето се стекнува од мал. Мајка ми од мали не научила мене и брати ми дека после користење на тоалет се погледнува зад себе. Ако има потреба четка се користи. Ниту еднаш шољата не сум ја начекала валкана, а не па гаќи по цел стан да наоѓам.
     
    okcenzi, joy1, Luna91 and 3 others like this.
  2. Moira

    Moira Популарен член

    Joined:
    Oct 19, 2011
    Messages:
    1,937
    Likes Received:
    7,688
    Појма немав што друг проблем има НаталиЛили, среќа постираше некој за да се дообјасни ситуацијата.
    ЗОШТО да не смее да меша други нејзини постови за домашни ситуации? Па целиот тој склоп на живот/проблеми влијае врз Натали и нејзиното размислување и стрес, и еден од друг, и да сакате, не можете да ги одделите. Добро и' кажаа нена и звечарка, женава си има друг, неспоредливо ПОГОЛЕМ, проблем од нехигиената (колку пати и да било тоа) и еднаш дадената изјава за ''бркање'' од свекрвата. Натали, ти треба да решиш само ЕДЕН проблем, а тоа не се старите. Кога мажот ти не би трошел по 50 евра во 5 минути, можеби и би живееле сами горе на спратот, така?

    За останатиот муабет целосно се сложувам со ''странкињите''. Без разлика што и двајцата работиме, во сопствен стан, со екстра приходи од страна, ние спремивме документи за да заминеме во странство зошто сакам овие деца да израснат во поинаква средина и култура од оваа. Свекорот и свекрвата имаат имоти - никој никогаш не им се смешал што на кого да дадат, ниту ги прашал. Имаат слободно време - деца не земаат да занимаваат, си тераат свои работи. Пари ни на крај памет не им е да ни дадат, поклони за децата само за роденден и Нова Година. Пред 3год на одмор ги пративме со ќерката, ние им го плативме, ние пари им дадовме за таму за трошење, евро не потрошија, зошто НИЕ сакавме да се дружат со внуката кога веќе нив не им текнува :D

    Сакам да кажам - олабавете малку со свекрвите и нивните коментари и попреку погледи. Еден живот имаме, наше е да одбериме како ќе го живееме, а уште поважно - каква порака на децата ќе им пратиме.

    Натали, по муабетот гледам и двајцата стари се ''на нога'', значи можат да си берат сами гајле. Седни ги и направи отворен муабет со нив - кажи им дека треба да ја земиш контролата над ВАШАТА фамилија во свои раце и да му помогнеш на маж ти во проблемот, па затоа сакаш да се одделите. Земи крени го маж ти на спратот горе, контролирај ги финансиите или давај му на него цело време да купува работи за дома, да види колку многу е потребно, и моли се да се освести. Друг совет немам, ама старите не ви се воопшто криви, нив треба да ги благословуваш што децата твои и толку имаат, зошто очигледно маж ти повеќе расипува од што создава. И уште нешто - ти може да најдеш работа и за 30.000ден плата, ама верувај, без промена на единствениот кривец во ситуацијата - и тие ќе ви се малку!

    п.с. Мислам дека за џабе ги нападнавте ''странкињите'' (ама збор :D), во нивните постови јас не го видов она кое вас најмногу ве фрустрира - ''снаата да веднее глава зошто и дале покрив над глава'', туку едно цивилизирано објаснување - Ако ви сметаат навиките на старите, качете се на спратот кој ви го дадоа и не им се мешајте во секојдневието доле, зошто за истово, само обратно, се знае кој ќе беше крив - свекрвата која се качува горе и и' соли памет на снаата како да се оддржува домаќинство. Тогаш нели имаше и совети од типот ''Заклучи си ја вратата и само со најава нека ти доаѓа дома'' како и ''Воопшто не ја пуштај горе''??

    Двојниот аршин иритира. И да, многу би сакала и секојдневно се трудам да учам од луѓе кои поминале повеќе од мене, без разлика на годините.
    Спуштете ја гордоста, таа ви смета во согледувањето на многу работи.
    Секое добро!
     
  3. НаталиЛили

    НаталиЛили Популарен член

    Joined:
    Nov 5, 2014
    Messages:
    1,389
    Likes Received:
    8,354
    Gender:
    Female
    Епа јас не отидов по комшии да јадам трици за нив. Овде изедов, што требаше и што не требаше. Јас сиќум една од ретките што не оговараат, овде кај што живеам.
    И не одам по комшии највеќе заради тоа што само тој муабет се врти. Оди кај една комшивка, свекрва ми ваква, таква. Бев неколку пати и сеа веќе не одам. Дојди друга комшивка снаа ми ваква, таква. Е да знаеш дека јас барем овде анонимно се искажав. Јас имам и 300поголеми проблеми, ова е ситница, за која ме направија неспособна, па ни на родена сестра не сум и кажала нит пожалила.
    А не пак по комшии да трчам, не сум малоумна.
    Некогаш капка фали да се прелее чашата, макар била ситница.

    @zvecarka фала што ми кажа дека со маж ми имаж проблем, знам, и со сета сила се трудам да го решам. И баш затоа не ми требаат непотребни нервози и закани.

    Убав совет @WORRIED.BT и така ќе направам, само после едно 6 месеци кога мм нема да ја дава платата по лихвари. Јас можам да живеам со 9000, далеку од тоа, и 6000 да имам би живеела, ама ете сега ги немам.

    Јас колку што знам никаде не ги навредив нив, само реков дека треба да припазат, барем додека децата се мали.
     
    Last edited: Mar 27, 2015
    galapce, sonce555, AngelOfArh and 3 others like this.
  4. zvecarka

    zvecarka Истакнат член

    Joined:
    Oct 16, 2014
    Messages:
    205
    Likes Received:
    739
    Gender:
    Female
    @Sky-butterfly фала што ме праша, среќна сум, кога повеќе кога помалку, но во суштина сум среќна жена.
    Не знам што се испровоцира толку рано по сабајле со мојот пост кој нема апсолутно никаква врска со тебе.
    Инаку името ми одговара токму како што рече;), добра си и ти со психоанализите-секоја чест.

    Инаку јас за разлика од многу други на форумов искрено не сакам да ги жалам и сожалувам луѓето. Не се сожалувам ни себеси, нити пак бегам од проблемите и ги не нарекувам со друго име.

    @НаталиЛили нема да ти се извинам зашто ништо лошо не напишав нити пак помислив и ти посакав. Едноставно мене животот ме научил дека можеби понекогаш баш некој што не го познаваме може да не соочи со проблемот и да ни ги отвори очите. Не мислам јас дека ти не си свесна или пак јас немам проблеми па сега тебе ќе ти солам памет, едноставно кажав што имав. Нити се знаеме, нити може да очекуваме нешто една од друга, па затоа не мора да ми се оправдуваш. Твој живот, твој начин јас само споделив мислење за нешто што беше напишано тука.
    Кога веќе пишувате по форуми треба да бидете спремни дека ќе прочитате и работи кои ,,не сакате да ги слушнете“.
    Се на се ќе те замолам немој некој како мене да ти создава дополнителни проблеми и нервози.
    Немам јас таква цел, нити пак можам да ти помогнам или одмогнам.
    Проблемот ќе си го решиш кога ќе си признаеш себеси дека имаш проблем.
    Секое добро.
     
    jb82 and Sky-butterfly like this.
  5. НаталиЛили

    НаталиЛили Популарен член

    Joined:
    Nov 5, 2014
    Messages:
    1,389
    Likes Received:
    8,354
    Gender:
    Female
    Не можев да редактирам, ама морав да се надоврзам.
    Еве ти како убаво, без да кажеш навреди и без сарказам ми даде совет и јас сум ти благодарна.
    Мислам дека се дигна прашина поради непотребното навредување, сарказам и испревртување на зборови.
    Се изгенерализира непотребно за странкињите само поради една две.
    Зошто, како тебе, фуно-лепо, културно не си кажа што имаше да каже, туку ме нарече неспособна, некултурна, принцеза, лешинар????
    Еве јас лично мислам дека никој нема да дигне галама за твојот пост, зошто ти истото го кажа на место, без да навредуваш. И чекаше да коментираш откога, колку-толку ти стана јасна ситуацијата.
    Не е работата да се навредуваме.
    Бунтот се дигна против една личност.


    Едит
    @zvecarka тоа дополнителни проблеми не се однесуваше на тебе ниту на било кој на форумот, туку на тие околу мене.
    Ете гледаш како може да дојде до недоразбирање од погрешно изразување или пак погрешно разбран пост.
    Нема потреба да се извинуваш, како што кажа, не ме навреди, само кажа што сакаше.
     
    galapce, ArmaniCode, kukla21 and 3 others like this.
  6. crimson

    crimson Форумски идол

    Joined:
    Dec 14, 2011
    Messages:
    4,052
    Likes Received:
    52,538
    Gender:
    Female
    Кога веќе се фативте сите за гаќите, мене ме интересира, како тоа несакајќи ти се случува да оставиш прљави гаќи во дневна? Не разбирам.
     
    okcenzi, flower30, joy1 and 3 others like this.
  7. НаталиЛили

    НаталиЛили Популарен член

    Joined:
    Nov 5, 2014
    Messages:
    1,389
    Likes Received:
    8,354
    Gender:
    Female
    Аман жити се не споменувај гаќи повеќе. И ја не разбирам, ама да ставиме крај на гаќиве. Што ги спомнав па и јас (facepalm) , топ тема станаа.
     
  8. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Joined:
    Dec 29, 2013
    Messages:
    9,703
    Likes Received:
    134,979
    ^^
    Кoгa ќе ти се всели уште еднa фaмилијa дoмa, мoже ќе сфaтиш кaкo мoже дa се пресoблекувaш вo дневнa пa и вo кујнa aкo е пoтребнo.
     
  9. crimson

    crimson Форумски идол

    Joined:
    Dec 14, 2011
    Messages:
    4,052
    Likes Received:
    52,538
    Gender:
    Female
    А зошто при своја спална би менувала гаќи во дневна?

    Натали мора да зборува со сопругот и за посериозни проблеми од ова, те читав по други теми и можам да кажам дека заради него ти се случуваат вакви работи. Некогаш избрзуваме со одлуки и прогледуваме низ прсти повеќе отколку што треба.
     
    joy1 likes this.
  10. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Joined:
    Jan 29, 2010
    Messages:
    3,884
    Likes Received:
    102,069
    Gender:
    Female
    Ако спомнала @НаталиЛили за гаќите ,луѓе, аман не му ставила пиштол на човекот на глава.
    Спомнала зашто и се смачило од ситуацијата ,од неработницата,од секојдневното исто готвење и чистење.Точно се е така,живее во нивна куќа,на нивна сметка и сега треба да се чувствува како слугинка?...Немојте да кажете дека вие мажените никогаш не сте превртеле барем со очи на некој муабет или постапка на постарите,особено свекорот и свекрвата.Убаво е секој сам да си живее,но ете не сме скроени сите по ист крој,немаме исти партнери,немаме иста судбина.Некој не може да се потфати со години да застане на нозе,на некого му успева од прва.Жената само си кажа тоа што и лежи на душа.Ако не можеме овде ,тогаш каде?Ако можете , помогнете со совет ако не, оставете ја жената сама ќе си ја влече тежината не и се потребни навредите дека била ваква и таква.Самата таа знае дека и понатаму ќе си работи ниедна од нас нема следниот пат да отиде да ги крене чорапите.
    Вие што сте успеале сами секоја чест,оставете не нас неуспешните барем да се сослушаме.
    Од крути ставови се кршат егата ,знаете?
     
  11. evangelina.ina

    evangelina.ina Популарен член

    Joined:
    Nov 29, 2010
    Messages:
    519
    Likes Received:
    19,650
    Gender:
    Female
    Искрено сум имала големи проблеми со свеквата,сега веќе надминати, но страв ми е да пишам тука за било каков проблем одма нож под грло следи.Мислев дека анонимниот форум е за луѓе што сакаат да се искажат анонимно а да не трачарат по комшии,роднини и така да си олеснат дел од маката..Овде ако си кажат мака ќе бидат дотолчени од навреди и препукувања и на крај ќе ја загубат и надежта и самодовербата...Ама жени сме биле бре лошотилоци...
     
    Kiflicka05, mareane, okcenzi and 7 others like this.
  12. jb82

    jb82 Популарен член

    Joined:
    Sep 11, 2010
    Messages:
    228
    Likes Received:
    302
    И јас од кога прочитав за вистинскиот совен на Натали само едно ќе и кажам:
    Бегај жено....
    Не чистачка да си, не директорка, пари дома нема да ви се свртат.

    И ја разбирам и сверква ти што рекла дека ќе ве брка, бидејќи сигурна сум дека и на неа и е преку глава да гледа како син и фрла пари во неповрат.

    И извини што реков да се вработиш, што си одгледуваш земјоделие тоа е супер, значи си придонесуваш кон заедницата и ти, само твојот маж е тој што е проблемот.

    Старите и да се иселат и цела куќа да ви ја остават тој ќе ја прокоцка, затоа најдобронамерно ти кажувам спасувај жива глава и на тебе и на малите бидејќи коцката е страшна работа, да не збориме дека се спомнати и лихвари и долгови.
    Искрено гаѓите и вилиците повеќе би се трпеле од колку неспособен маж.

    Ајде пак нападнете ме :)

    @Moira имаш порака од мене.
     
    danichap, Nausicaa, zvecarka and 4 others like this.
  13. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Joined:
    Jul 4, 2014
    Messages:
    2,996
    Likes Received:
    16,414
    Gender:
    Female
    Да ви кажам искрено, од свекрва ми покојна имам плетен прекривач за цела спална, е така.
    Жената никогаш не работела и само си плетела и ете сега си имам спомен од неа, немаше врме да се бања од плетење.
     
    senza.parole and jacqueline.s like this.
  14. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Joined:
    Feb 15, 2012
    Messages:
    4,165
    Likes Received:
    20,584
    Gender:
    Female
    Темата се вика 'Свекрвите-и-снаите-–-проблеми', и ако сака да си каже што мака си има со свекрвата ќе си каже. Па такви како што сте како ламји сите, ако пише на друга тема ќе ја подберете оти не си пишува во темата соодветна за свекрви. Ајде, ајде, гледам јас... во секоја тема мора да има некои контри што маваат. И ќе си пишат ако сакаат, и ќе слушаат и прашуваат за совети а тие што мислат дека ќе си лечат фрустрации на жените со проблем, советувам да бидат игнорирани. Кога тогаш и нив ќе им се смачи од контрирање и омаловажување, па ќе се повлечат.
     
    Kiflicka05, Luna91, joy1 and 7 others like this.
  15. RainBow

    RainBow Глобален модератор Staff Member

    Joined:
    Dec 3, 2009
    Messages:
    22,320
    Likes Received:
    68,109
    Gender:
    Female
    Мене ми е одвратно кога родителите ќе им дадат на децата, а после на нос им го вадат и им го пререкуваат во секоја прилика. Па добро бре, на свои деца си дал, свои деца си прибрал дома, не си собрал од улица некои, па да се изживуваш со нив. Никогаш нема да ги разберам ваквите луѓе и родители.

    За конкретнава ситуација се сложувам дека до мажот е, тој е најголемиот проблем и виновник што се во таква ситуација. А неговите родители знаејќи каков син имаат треба да покажат уште поголемо разбирање за снаата, што живее со таков човек и се мачи, а не уште толку да и отежнуваат. Зашто пред и се е нивни син, они го воспитале.

    Ова со старите само капак е, на целата ситуација и они кога ќе се додадат и се прелева чашата. Што е сосема разбирливо. Можеби сите би имале повеќе трпение едни со други да сте во подруга финансиска состојба.

    И нема да ви биде на одмет сите што пишувате на темава да имате повеќе трпение една со друга. И да кажувате совет поприфатен ќе биде со добро ако е кажан, отколку демек види ме јас сега ќе и ја плеснам вистината во фаца. На кого? На жена која веќе има проблеми и е свесна за истите? Има лик, вистински и реален лик позади екранот кој чита, лик со чувства.
     
    LUCERKA, MilaP, Kiflicka05 and 24 others like this.
  16. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Joined:
    Jul 8, 2011
    Messages:
    5,779
    Likes Received:
    22,426
    Gender:
    Female
    Темава ја користите за лични препирки наместо да дадете корисни совети. Свашта.
    Ме означија 2 пати па да одговорам прво на @An-na
    Не ми се допадна тоа вол под наводици зашто јас употребив поговорката за да ја доловам поентата не да го условам метафорички како вол свекорот. Не ми се допадна како го искористи во речницата да и покрај наводниците да испадне дека го навредувам човекот. Значи според тебе и детето и го вреѓам дека е теле.
    Не човекот кој и да е, колку и да е фин и добар и се не е во право.
    Извинете ама и моите родители дома што ме ранат 24 години, ме одгледуваат и буквално ме напраивиле човек, не им дава за право тоа што го носат лебот дома гаќите во дневна да ги фрлаат. Аргументот тука ти е тотално невaлиден.

    Во нивните интерни односи јас не се мешам, каков и е мажот свеквата децата и било кој, искрено мислам дека и вас не треба да ве интересира до толку.
    Да спорелила мислење овде, нормално дека ќе добие и остри критики јас сум секогаш за тоа, ама некои од вас претерано си давате за слобода да коментирате. Уште на бесилка што не ја ставивте. Воздрасни ли сте или тинејџерки. Па копање по други теми и солење памети. Ве праша она вас како да се вработи? Не, задржете си ги мудрите коментари за себе. Од такви душебрежници ми е преку глава.
    Ние не сме ни дежурни судии, ни обвинители ни психолози ни брачни советници можеме да дадеме само совет. Проблемот не можеме да и го решиме. Јас не видов никаде дека она бара совет од вас како и да го решите проблемот. Се олесни само. И темата е за тоа да се пожали или да се пофали. И за тука и е мислењето, многу поише него вашите фалби како од 18 години живеете сами и работите и плаќате за студирање. Тоа нема аполутна врска со темава, али за да ја истакнете својата способност мора да ја омаловажите туѓата.

    Коментарот се однесуваше за гаќите само зашто реално во право е на забелешката. И треба да си ја каже отворено и да не се повтори. Снаа да оставеше гаќи во дневна парампарче ќе ја направевте.
    Реков и ќе повторам, не е битна личност, битно е делото. За тоа има право да се буни и да скока на глава. Никој не е должен туѓот валкан веш да го фаќа. 21 век сме никој повеќе не мора да пере на рака, затоа измислиле машина. Мене мојата родена мајка не ми ги собира алиштата од мојата корпа. Само ми наговестува, денес се пере бело, се што имаш до вечер до 9 да се најде во машина, ако не го ставиш ќе си го носиш валкано или нема да си го носиш. И нема дискусија.

    Oд друга страна никој не го навреди свекорот дека е лош, злобен, силеџија и дека ја малтретира. Само не е во право за тоа. Не знам како реалиграл и што било работата после тоа, не е ни битно. Не го напраивме ние тука него the villain туку укажавме дека згрешил. И најдобрите имаат право на грешки. Тоа што не ја малтретира не значи дека сеа по дифолт е во право и дека треба да ги расфрла работите насекаде. Нив им сметаат играчките на децата а нивните работи можат да ги расфлаат. Двојни стандади.

    Мислам дека горе доле истото имаме да и го кажам и на @Nausicaa
    Друго нит се чувствувам компетентна да коментирам ниту сакам да изиграм црвен пипер по секоја цена.
    Зашто на крајот на краиштата никој од вас нема да легне во нејзиниот кревет или да ги обуе нејзините чевли.
     
    Last edited: Mar 27, 2015
  17. tweety26

    tweety26 Популарен член

    Joined:
    Mar 30, 2010
    Messages:
    1,650
    Likes Received:
    2,279
    Gender:
    Female
    Да пишам јас што бидна со мојот проблем што го пишав некоја страна поназад...
    Бидна што бидна тој ден,му раскажав се на мојот,оди дома и она уште веднаш го вика,и му вика -Синко да видиш што ми направи твојава...му раскажува дека јас сум ја навредувала,омаловажувала,јас не сум сакала никој да доаѓа на тој најбитен ден ( свашта Боже) да не ми давал ни денар...се на се,сите муабети што излегоа од нејзина уста испадна јас дека сум ги кажала...
    Искрено не можев веќе да трпам секој ден и си заминав од таа куќа...
    Да бремена,уште не венчана си заминав.Најдобро направив мислам доста ми е веќе,преку тоа не можам да поминам,барем да се смирам сама.
    Мојот ме сфаќа,и му реков не сакам да ги двојам ниту да бира,затоа сама заминувам и сама дететоо ќе го чувам,а он нека одлучи што ќе прави со животот сам,да не бидам јас крива.
    Разговаравме и сака со мене да си е на страна,ќе поседиме кај моите привремено дури не се вселиме во друго.
    Во меѓувреме собирам живци за нападите и сцените кои ме очекуваат од неа поради одењето на син и...
     
    galapce, lans, crazylady and 3 others like this.
  18. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Joined:
    Dec 29, 2013
    Messages:
    9,703
    Likes Received:
    134,979
    Извини твити што не посветивме внимание на твојот проблем, оти за разлика од твојата свекрва што гледа пари да ти земе и веќе успеала да те избрка од дома, ние имавме побитен случај на монструм свекор што си ги заборавил гаќите во дневна и свекрва што не го исчистила умивалникот.
    Добро си постапила, ако покажеш слабост уште на почеток на глава ќе ти се качи и нема да се симне. Сака твојата лошата ситуација дома да ја искористи против тебе, демек кај ќе одиш, што ќе правиш, ем трудна, ем во лоши односи со татко ти а мајка почината. Браво за храброста, и се надевам имате можност да се одделите. Можеби со тек на време ќе се опамети, ќе види дека не си беспомошна како што мислела, па можеби ќе се подобрат работите.
     
    tweety26 likes this.
  19. tweety26

    tweety26 Популарен член

    Joined:
    Mar 30, 2010
    Messages:
    1,650
    Likes Received:
    2,279
    Gender:
    Female
    Во преговори сме за друго место,дај Боже да бидне.
    Бев спремна и на улица да останам што се вика само да не трпам навреди и нервози.Ако не превземев нешто полошо ќе станеше...
     
  20. SexiLy

    SexiLy Популарен член

    Joined:
    Apr 27, 2011
    Messages:
    500
    Likes Received:
    2,109
    Gender:
    Female
    А да им купите една убава и голема корпа за прљав веш на старите па со мерак да фрлаат гаќи и прсулци во неа?
    :)
    Со еден евтин предмет од пластичарската улица ќе решите два проблеми - децата нема да пикаат сваштарии во уста, а ќе се оградите од непријатни моменти. Дојдете од пазар и припремете се да ја исфалите маркетиншки корпата колку убаво изгледа и е практична без да ги повредите чувствата на оние што ви излегле во пресрет бидејќи стварно не знам како би започнале муабет за нечии прљави гаќи? Еве стварно е ми оди во глава.

    Твити твојата свекрва нема никогаш карактерно да се смени, а ниту ти си должна да ги проголтуваш нејзините навреди и омаловажувања.
    Ако можете да средите барем привремено со живеалиште супер, а по породилното обавезно интензивно барање на работа и долгорочно решавање на проблемот, во спротивно цел живот ќе си ги расипуваш убавите моменти.
     
    tweety26 and joy1 like this.