Нивното богатство е твојов коментар. Кога во денешно време некој од срце кажува убави работи е вистинска реткост. Лично мене ми го разубави...почетоков на новиов ден , од кој очекувам многу
Многу е убаво тоа што си ја фалиш свекрвата ама искрено јас би се засрамила кога некој што поминува толку тешко нешто како зрачење и примање цитостатици ме пере,пегла,чисти и да ми готви мене здрава права.Јас бев 14 години кога мајка ми го поминуваше истото па сите домашни обврски сум ги работела зашто на мене ми било важно само она да оздрави а не да ме пере,пегла и да ми зготви кога неможе ни на нозе да стои после третманите. Да ти беше мајка сигурно немаше да се гордееш со тоа што те пере,пегла итн туку тие работи ќе ги правеше ти затоа што за нејзе ќе те болеше.
Ајде сега каде напиша дека се добри одма некој контраш да најде маана. Не си поминала само ти низ тоа и немора да наоѓаш влакна и во јајцето. Си кажа жената само најубави зборови за свекорот и свекрвата, а од три реченици неможеш ти да судиш и донесуваш заклучоци дали ако била мајка и ова или она. Навистина некој кажува нешто колку само да каже.
no da i objasnam nesto na forumcikata koja vednas i na pofalba kritikuva,,,,,,,,,dali pred da se razboli svekrvami go znaes mojot odnos so nea,,,ti ne me poznavas i nemozes da sudis,jas sum zasluzila taka da se odnesuva,nikogas zbor ne slusnala od mene duri i da nebila vo pravo 5 god ziveeme zaedno a 15 sum so mm zaedno,nikogas ne sum ja podelila od majka mi,zatoa sto se odnesuva kako da mi e majka,zatoa sto pere i pegla sakam da kazam ne e od onie sto ke legne i ke ofkaat bez nikakva pricina,svekor mi ima alchajmer poceten statium,zaborava nekoi raboti ,dojdi ti da mu objasnuvas pet pati edno isto,i petiot pat kako da e prv,,,,,,,,jas imam premnogu trpenie,a oni toa znaat da go cenat,sega moze ti e jasno,kako nie ziveeme vo sloga,imame razbiranje,,,,,,,,,,da bil moze drug na moe mesto ke mu rece daj da ziveeme sami,a mozeme,brat mu zivee sam gajle nema,no bas poreadi toa sto ni od majka mi ne bi si otisla ako e bolna ne si odam ni od niv,,,mislam sega ti razjasniv,,,,,,,
Битер неможеш одма да напаѓаш од каде знаеш каква им е дома ситуацијата. Сигурна сум дека Роси не лежи додека свекрва и пере и пегла. Сигурно помага на поинаков начин. Со се тоа што Роси го пиша мислам дека само сакаше да каже колку е супер свекрва и, а не дека она дреме по цел ден а жената се скапува од работа. Роси браво за твоите свекор и свекрва! Тоа е реткост на денешно време да постојат такви луѓе. Баба ми што и правеше на мајка ми, ке намокри едно марамче со ракија, ке го стави на чело и цел ден оф леле оф леле. Ке се утепа од спиење, и уште кога ке стане будала те прави вика кој јас сум спиела??? Ма неееее. Цел ден лежеше, нити ручек, нити перено, пеглано, ништо! И кога ке седнеше да руча, маани наоѓаше на храната. Ах ова јас не јадам, она не јадам. А никој не знаеше што она јаде зошто никогаш ништо не правеше. Едни јајца ке ни испржеше еднаш во месецот на мене и брат ми кога ке дојдеме од школо, па и тие не знаеше да ги испржи, или ке и изгореа или живи беа. За ништо не ја биваше, а само маани да се наоѓало. А треба дома да се чисти цела куќа она одма легнуваше болна во кревет. За зборење прва беше, а да направи нешто никаде ја нема. И се слушаше кога беше време за ручек или за пари да и дадеш, а за да ти даде она нешто или за да ти помогне глува беше. Море што се старивеее... Исто ко мали деца! Мало дете ајде ке го искараш ке седи мирно, ама ова бре ц ц ц ...
Ова и да го караш не вреди, пак по свое ќе си тера ...Јас не сум живеела со баба и/или дедо, од секогаш сме биле сами и немам искуство да споделам, ама уште од сега приметувам дека моите деца ќе имаат ...шала на страна.. Да се надоврзам на муабетот, РОССИ секоја чест и јака ти душа, имаш право, не секој би издржал во (како да ја наречам, а да не те навредам, не ми е тоа целта... )ајде да речам болна средина, не секој би се нафатил да ги гледа болните родители на сопругот, ама од тоа што го кажуваш се гледа дека ја заслужуваат и твојата почит и твојата љубов Еднаш реков и пак викам, се е по заслуга во денешново време, мојава како што е глумачка школа, иако има педагогија студирано , уште од сега си знам дека ќе биде оф леле..Ама тоа е тоа, тие се родители на мојата љубов и се надевам дека ќе имам волја, трпение и храброст да ги чувам и негувам ако не дај Боже легнат во постела...
...еве конечно да прочитам и едно зрело мислење од нормална изгградена особа, а има и други прочитав... ...за ова давам од се срце еден позз поен повеке за борба против непријателот ...читајки ги повекето коментари на темава се мислам дали всушнот онаа изворната пцовка =да ти ,бам мамицата, била измислена всушнот од мажите или од жените
Јас бидејќи не сум мажена немам свекрва и не сум компетентна да зборам,но редовно ја читам темава па може ќе научам нешто како да се однесувам како да не се однесувам,гледам што се има по светов,и се разочарав од некои постови а пак некои со милина ги читав каде има добар однос меѓу снаата и свекрвата...е сега јас како млада девојка сонувам да имам една свекрва која е еманципирана ,културна,жена на место,да се грижи за мене а и јас за неа заедно да ја делиме љубовта кој нејзиниот син,да знаеме да испиеме кафе да прошетаме....никогаш не би ја викала мама но би ја почитувала мн доколку се разбира и таа мене ме почитува...но тука што се не прочитав знам дека е ова моја илузија и сон исто како што е оној сон за принц на бел коњ но сепак каква и да ми се падне пу пу ќе ја почитувам и ќе преќутувам зошто воспитана сум да ги почитувам постарите...а отсега знам дека лекот е живеење настрана од родителите и на една и на др страна.....се надевам ќе имам ако не ништо др фина свекрва
i uste edna recenica da dodadam koja izleze od ustata na svekrvami pred nekoj den,JAS NE SUM BOLNA,STO IMA VRSKA STO IMAM RAK,,,,,,,,,,,,,neznaev dali da se smeam ili da placam,eve za kakva zena stanuva zbor,,,,,,
Јака жена,нема што,секоја и чест.Жал ми е за тоа што и се случува,татко ми почина од рак и знам колку е тешко.Животот е навистина премногу краток.Биди и ти силна бидејќи те чека тешко време,не е лесно но нема ништо поблагородно од тоа да се грижиш за родителот,без разлика дали е твој или на сопругот.
Роси, браво за свекрва ти...И јас имав иста таква, но за жал почина од карцином на бели дробови... А тоа што некои форумџики коментираат дека треба да се засрамиш оти ти готвела и перела, очигледно не биле никогаш во таква ситуација за да имаат право да зборуваат. Мојата свекрва беше болна од неизлечив рак, па постојано ни готвеше (во меѓувреме имаше претрпено и мозочен удар). На почеток на секој начин се обидувавме да ја сопреме, но таа од петни жили се противеше. На крај еден доктор ни рече да ја оставиме да ни помага зашто така подзаборава на болеста, се чувствува поздрава и покорисна. Од срце ти посакувам жената да си оздрави и уште многу години да си поминете во слога, разбирање и љубов...
^Не напишав ROSSI да се засрами,напишав ЈАС би се засрамила да ме пере,пегла итн некој што поминува низ нешто толку мачно и тешко како зрачење и примање цитостатици. И да не сум се нашла во ситуација да ми биде болна свекрвата,сум се нашла во многу поболна да ми биде мајката болна и да почине на 37години,така да,да незнам низ што поминувате И кога би се нашла во таква ситуација би помогнала колку што можам,ама вереникот е тој на кого што ќе му биде тешко и ќе го боли душата,бидејќе нему му е мајка мене не
e sega i jas nesto ke prokomentiram za ova TI VELIS DEKA BI Se ZASRAMILA DA PERE ,PEGLA,,,ITN A NA KRAJOT NA OVOJ POST DEKA VERENIKOT E TOJ NA KOGO BI MU BILO TESKO A NE TEBE ZATOA STO NA NEGO MU E MAJKA,a ne na tebe,,,,,,,,,,,,,,,,,,,znaes kade e mojata golemina STO mene navistina dusata me boli kako da mi e majka,,,,,,,,, znaci jas poveke bi se zasramila da glumam deka mi e zal,nego da pere i gotvi kako da e sosema zdrava,znaci taa taka se custvuva podobro,neznam dali me razbiras,sto sakam da kazam,,,,
^А каде тоа напишав дека би глумела дека ми е жал? Јас би сочувствувала со неговата болка бидејќи знам точно како би му било,али дека мене ќе ме боли како и него тоа се приказни за мали деца. Глумење би кога би се занесувала дека и мене би ме болело како и него. А јас со свекрвата си имам коректен однос,ја почитувам како мајка на мојот вереник а ништо не очекувам од неа,ниту да ме пере,пегла,готви ниту финансиски да ме издржува,да ми плаќа сметки или да ми го полни фрижидерот,јас оддамна сум возрасна па сето тоа можам и сама да си го правам
mislam deka malku zabega so komentarive od samiot pocetok,,IZVINI no toa e moeto mislenje,,,,,,,i nemam poveke potreba da e razjasnuvam samo sakav vo postovive da kazam kolku dobra svekrva i svekor imam,,za da gi pofalam deka zasluzille a ako pocneme sega so zabi i babi,i koj ,zosto i sto, a ne se ni poznavame ,mislam deka ne e vo red,,,,,,,,,,i iako ne te poznavam bez razlika pred kolku vreme bilo PRIMI SOCUSTVO,bez razlika na kolku godini se umira RODITEL E RODITEL,PA BILO CIV DA E,,,,,,,,POZDRAV
Женчиња, СТОП АЈДЕ, не однесувајте се како снаа и свекрва! Инаку, јас еве пак да си се пофалам за мојата свекрва, одлична ни е комуникацијата, особено деновиве (кај моите родители сум на гости, па со неа не се ни гледаме) Шала на страна, навистина конечно го погодив рецептот за МИР и СЛОГА помеѓу с и с.
^Јас ќе бидам свекрвата бидејќи сум лошата ROSII нема потреба никому да му се разјаснуваш,а најмалку на мене. Јас сум напишала свое мислење кое е поинакво од твоето,гледањето на нештата ни се разликуваат што е сосема нормално неможеме сите исто да мислеме,нема потреба од нервоза или правдање. Ти благодарам за изразеното сочувство,оддамна беше ама сеуште боли
Јас само општо да прокоментирам на темава. И мислам дека денешниве млади невести по малку претеруваат кога се работи за свекрвата. Епа драги мои, вашите мажиња не се паднати од на небо па да ги најдете сами, и тие имаат родители, оние кои го створиле. Денес, за жал, а посебно кај нас, е тешко да се одделиш, не секој ги има тие услови, па единствено нешто што преостанува е слогата и разбирањето кое треба да се има во една куќа. Сите родители се радуваат кога синот ќе им донесе невеста, така да не верувам дека од самото влегување во фамилијата без причина ќе ви се нафрлат и нема да ве сакаат. Ама како што реков, на денешницата ретко која девојка е со почит спрема постарите, и малку нешто да не им одговара одма отвараат уста и се караат. И на секоја забелешка наоѓаат маана. Секоја девојка се мажи со мисла во главата :"леле како ќе се справам со свекрвата, таа не знае ништо, леле види таа сакала ова да прави, јас нејќам..." секоја девојка си има врежано во главата дека свекрва и снаа не се слагаат, и се држи кон тоа и сама ствара да дојде до несогласувања. Епа жени, имајте позитивна мисла, и имајте на ум дека со слога и ПОЧИТ се се добива! Не велам дека нема изопачени свекрви, ама тоа треба да се некои ептен апла, свекрви коа сакаат да ви го загорчат животот! Е тоа е веќе друго. Ама да се жали некоја на банални и ситни работи, не бива. Имајте сепак на ум дека таа е неколку генерации постара, не очекувајте да одете во диско со неа, и да оправдува имање секс за една вечер (пример), и ред други работи. Сепак тоа е жена над 45-50 години. Се додека ве сака, убаво ви е. Не молчете ако нешто ви смета, али само ако тоа се каже во смирен тон и убав разговор. Не сакам невести што се креваат тон на свекрва и свекор, треба да се има ПОЧИТ. Познавајќи ја денешнава младина, се натаму ми оди да кажам дека тие се криви. За кавга се потребни двајца, на секогаш едната страна е малку повеќе крива од другата. А во повеќето случаи, тоа се денешниве млади. Мојата баба е супер свекрва кон двете снаи, мајка ми и стрина ми. Им купиле со дедо ми стан на двата сина, куќа, коли, продавници... Секоја ситница, што на едната снаа, тоа и на другата. Ама до обична вилушка, се се исто! Мајка ми секогаш ги почитуваше баба ми и дедо ми, нормално има моменти кадешто во нешто нема да се согласиш, но ќе се направи муабет и тоа ќе се реши, не треба викање! Дедо ми додека да умре ги почитуваше двете снаи, лош збор немаше речено за ниедна, им се обраќаше со "невесто, те молам една чаша вода..." Дома ми е рај кога сме целото семејство, и баба ми. Се смееме, се зафркаваме...преубава атмосфера. Едната ги почитуваше, другата не. Ем човек убаво ќе се понаша со тебе, а ти ќе му вратиш со злоба. Така да, не претерувајте со жалење за обични работи, зошто сум видела ситуации кадешто свекрва ја има затварано снаата во соба и да и дава само леб и вода да јаде. И на крај, ја избркаа! Е тоа ти е недај боже.
Е драги мои да ви кажам право и јас на оваа тема воопшто не обрнував внимание затоа што до BЧERA немав никаков проблем со свекрва ми, секогаш си траам за да не предизвикам некој проблем или нешто слично, ама во глобала се согласувавме супер! Е се додека вчера за прв пат откако сум со мојот сопруг, т.е.ние живееме заедно скоро 2 години со неговите и уште првиот ден кога дојдов во нивната куќа немав никаков проблем да живееме сите заедно, згора на тоа па и штом сум си со мојот сопруг ништо не ме интересира друго, а и да не грешам душа неговите беа ептен фер спрема мене што и до ден денес се, не велам не, ама неговата мајка, т.е. свекрвата вчера беше ја фатила некоја криза сигурно(пред 2,3 години имала некои психички проблеми и одела редовно на психолог и примала терапија, таблети за смирување и сл.) и доаѓа дома и како гром од ведро небо наеднаш почна да ми вика, јас и мажот ми само што се спремавме да излеземе и таа ми виак каде ќе одиш? И велам да се прошетаме, и ми вели за шетање не си болна, само што дојде недела ти си прва за прошетки, а цела останата недела си болна!!! Ја гледам и не знам што и стана, деновиве бев настината и си седев дома,не излегував, а инаку имаме кафетерија и фамилијарно работиме, т.е.мажот ми и мајка му се повеќе таму, и таа ради тоа ми рече демек болна сум била другите денови не сум отишла да помогнам, а денес во недела сум добра таман за шетање!! И не само тоа, почна да ми вика дека сите проблеми сум ги правела јас, скоро секој 2 ден сум се карала со маж ми ( слушала таа во собата) и тој не може на мене па истурал на персоналот демек, се дерел таму по кафетеријата, ( а нема врска, јас не знам од каде и е тоа и што сакаше да каже со тоа) Ма 1200 работи ми изнакажа со што ме повреди толку многу и не сакав да се расправам со неа, и си излегов, а долу во кола ме чекаше мажот ми и сета вознемирена ме гледа тој и ме прашува што ми е и плачејќи му кажувам што се случило и тој изнервиран веднаш отиде горе да види што се случило, јас седев во кола затоа што ако и јас се качев повторно лошо ќе бидеше....и после 10 мин,доаѓа тој и ми вика жената не е нормална, има психички проблеми, кој знае што и се десило и со кој се скарала па не може на тој ми се раздра на мене и ми вика ја прашал што се слушило и таа му рекла ништо сине, се е во ред и вика тој како ништо пред малку жто и рече на жена ми, а таа, а она ти кажа? Ништо посебно само и реков така и така( да не објаснувам повторно)... Значи толку бев вознемирена и од сега не сакам никаков контакт со неа, мајка му е знам ама кога и тој самиот вели дека е луда, тогаш Денес и пратив една доооолга порака во која и написав дека нашиот однос од вчера е расипан и нема шанси пак да биде како што беше, само на еден добар ден ќе сме од сега и нисто повеке. И ја немасе да ми одговори. Толку сум вознемирена после вчерашното нејзино однесување
не требало воопшто да и се потценуваш и да и праќаш пораки....којзнае што и биднало да ти рече така?значи неможела повеќе да прави лице па и пукнал филмот и се ти кажала,што мислела цело време...и поубаво него цел живот да ти прави лице и да глуми барем ќе знаеш точно на што си...ако го имаш мажето на твоја страна а го имаш ич не бери гајле.и не и се замарај,а ако жената навистина има некои потешки психички проблеми тогаш воопшто не ги ставај нејзините зборови на ум...дај боже да и биде ок,не велам за такви работи ништо ниту чувај боже се смејам... но во глобала се сите такви бе свекрви...сите ама сите,нека се најде 1 на милион посебна...и ништо лошо да немаш кон неа пак не чиниш...и лошо да правиш и добро-снаата е негативецот секогаш...