Бриџит,со тие куршуми,не. Секоја планина сввоја тежина. Ако имаме намера за искрен совет на една од членките нема потреба да се спомнува и споредува со иронии проблемот на дргата. Убаво ја посоветува твити,а уште по добро ќе беше да пробаш без ваков вид на компарации. @tweety26 убаво си постапила и секоја чест на храброста. Мажот ти е покрај тебе,пробајте да си пружите што повеќе нежности меѓу себе и подршка,за да можете да ги пребродите што полесно овие работи кои ќе се тешќи и за мажот ти а посебно за тебе и бебчето.
Абе ај давајте им на мажите подДРШКА „Нежности“ ич нема да ви чуе за свекрвите ццццццццццццццццццццц исто ќе му дојде и за со мајките.
Ти ова сериозно го пишуваш или се зезаш?!?! Не , не го фативме господ за брада, никако. Само се имаме спотнато малце повеќе од поголемиот дел од феминки кои кукаат од свекрвите. Ти (или било која) да додипломски тиква и да се жалиш свекрва ми не ми го чува бебето за да си исчистам дома , или да однесам дете на училиште , па Макар и за на работа да одиш, навистина секој ке си помисли дека нешто ти фали. Мојата свекрва иако е малку подалеку од нас има доволно финансии да ни ја плати целата кука и да дојди да се пресели поблиску до нас и децата да ми ги чува. Ама не мила моја. Имаме кредит од пола милион долари. Мажот ми работи по цел ден, си иди дома носиме деца на активности после училиште кој како стигни готви и тушира деца па после јас заминувам на работа од 8 навечер до 4 наутро. Па кога ке си дојдам да збркам некоја работа низ дома додека децата спијат. Кога ке станат да им дадам да јадат па ги носам на училиште па после легнувам да спијам. А свекрвами кога доаѓа кај нас да не види на две три недели таа е гостинка тука. Не ни очекувам помош од неа. А таму сите што мислите дека нас ни падна секирата во медот е ова е само еден пример од тој медот. И не не се жалам ич. Си го имам раатот дома знам дека на некој не му сметам. Моја куќа мои правила. А за примери дека и странство има луѓе кои живеат во заедница, да има неколку што имам сретнато и по некоја случајност сите се од Балканот. А ако не се младите си плаќаат кирија кај родителите и сметки и сами со го полнат фрижидерот. А кога читав низ темата имаше примери како свекрвата влегува во собата кај младите како да се спречи. Па идеи беа остави кондоми, вибратор на виделина, можеби ке се усрами па нема да влегува. Па сте помислиле дека свекорот можеби сака малку раат па ги оставил гаќите намерно за снаата да се усрами па да не им досаѓа со децата секој ден?
Само да се поправам ( не заприметив ова со предвидувачки текст) не е "додипломски тиква ". Сакав да речам "седиш тука".
@MrsH, не знам зошто ме означуваш во постот. Мислам немаше потреба. Ниту со свекрва живеам, ниту ми дошла свекрва ми да ми чисти или средува по дома. Ниту пак денар сум добила од неа. Што сум добила од моите до пред да се мажам, после тоа сами си печалиме и си гледаме за живот, не бараме од никој веќе помош. СПОТНАТА сум и јас. Но, тоа не ми дава за право да се исмевам на туѓата несреќа и да осудувам жени кои живеат со свекрви. А повеќето од вас тоа го направија. Како демек оти живееле сами, многу способни, овие другиве за гревови. Ако сте човечни, нема да осудувате. А ако сте христијанки, уште помалку!!! Браво за тебе што си се снашла во животот, и јас се снајдов, па не се фалам тука, за да ги омаловажам другите. Не туку лечете комлекси на оние кои немале среќа во животот, или чија среќа сеуште не се насмевнала. За сите ќе дојдат подобри времиња, јас сум убедена. Ама најмалку им треба некој да им се занесува тука на форумот од типот - види кој сум јас!!! Не ме тагнувајте во постови за да ми кажувате колку сте успешни. Уште еднаш браво за вас, алал нека ви е, и дај Боже секогаш да имате, и само убавини да ви се случуваат. Ама оставете ја темата за оние кои си имаат проблеми со свекрвите, а вие отворете си тема каде ќе си се фалите колку заработувате и колку сте се СПОТНАЛЕ и сте успеале.
^ Ти да си ги оставиш комплексите на страна и да коментираш конкретно за проблемот ако имаш што да кажеш, ако имаш мака со дигнати гастрбајтерки оди отвори друга тема оти очигледно за ова не ти се збори. Во друг случај веројатно и јас ќе кажам дека секој во заедница треба да се грижи за домот подеднакво, нема да кажам ти дале покрив, ќути и трпи. Ако е даден со алал, така треба и да остане и почит и ред да се има. Но за овој случај нема тоа да го кажам оти ми личи дека снаата ги малтретира старите и дека тие се за жалење во случајов. Сите ја гледате како жртва затоа што мислите дека лоша судбина ја снашла? Лош период? Како и да е. Во лоша ситуација што правиш? Бараш решение, се нервираш за проблемот, се срамиш што некој ти помага а ти не си во можност во моментот да возвратиш? Не. Изиграваш Бри од Очајни домаќинки. Помошта ја прифаќаш како да ти следува, како да не треба воопшто ни фала да кажеш. Знаете зошто во ваква ситуација таа се нервира за чорапи и умивалник? Затоа што не и прават поголеми проблеми. Ако продолжите со сопругот вака како што сте тргнати, јас се надевам дека проблемите со свекорот и свекрвата ќе останат само на тоа. Можеби наталилили ќе се свести и ќе каже дека им е благодарна и дека и е срам што воопшто напишала пост за тоа како понекогаш не пазат комплетно на хигиената. Да порасне де.
Ако читаше поубаво јас тоа иго напишав. Ама нема веза. Баталете ме мене. Јас постот го напишав одма после тој инцидент и може затоа така делува. Дека сум недорасната. Може и сум, вие поубаво знаете.
Алал нека ти е , од еден пост заклучи дека наталили е вештерка и ги малтретира старите. На гравчиња гледаш? Она си кажа што ја изнервирало во моментот, тука на анонимен форум. На нив ни збор. По мое мислење треба да ја гледаат ко кралица затоа што е прилично вредна дома и најглавно им го трпи синот таков каков што го воспитале и им дала внучиња. И да помошта на децата не следува, туку по закон на природата и од човечки аспект родителите се секогаш тука за своите деца. Без оглед на тоа какви се. Ја се согласувам дека таков каков што е синот и не заслужува мн помош. Но дете им е . Не можат да си исечат прст од раката. А Натали за тоа воопшто не е виновна.
Нели немаше повеќе да коментираш? Доста се замараш со жената, повеќе пати напиша да ја оставите. "Снаата ги малтретира старите...." а она уста не отворила.
^^ Внучиња им дала и им го трпи синот. Ете до каде ви се размислувањата, ко за нив да дошла таа таму, нив да ги усреќи. Мора да ја гледаме како кралица таа што се согласи кај нас да дојде во куќа и внуци да ни роди, оти нели, за нас ги раѓаше.
Ете тебе до кај ти се размислувањата. Жената се пожали на анонимен форум што и смета, а ти ја направи вештерка. Се прашувам што светица си ти во приватниот живот па да си земаш за право така да им судиш на другите. А Натали отишла таму само она да усреќува и да угодува на некого? Ете живеат заедно за да и помага на свекрвата поради здраствените проблеми, на стариот му ги собира гаќите, ги гледа децата ко очите и на се тоа се обидува да си го отргне мажот од пороци и да тргнат на прав пат. Не ги собрала децата да си оди туку останала да се бори. Според тебе тоа е Лоша личност? Само ќе кажам сите имаме или ќе имаме деца. Немојте да судите предвреме не знаете уште што може да ве снајде во животот.
Погоре напиша една дека требало да те гледаат како кралица и затоа искоментирав. Не ми треба цела твоја животна сторија, ти напиша пост кој не беше баш краток и беше конкретно за еден мал ваш секојдневен проблем, и јас за него коментирам. Друго не ме интересира. Не кажа дека во 6 години само еднаш сте биле налутени? Не значи тоа дека те оставаат на мира и не ти прават проблеми? Јас барем така разбирам. Јас од еден пост сум заклучила дека натали е лоша, а вие од еднаш заборавени гаќи го направивте човекот без основна култура.
Секоја жена треба да се третира како кралица, било која да е што да работи и колку деца да има родено или нема. Точка!
^^ Од сопругот. Од останатите пожелно е, ама не е задолжително. И свекрвата е жена, таа не треба да се третира како кралица?
Реков и свекрвата е жена, значи и таа треба од сите останати да е третирана како кралица. Зошто тогаш снаата ја третира како проста, некултурна како од пештера да излегла? Или жената е кралица по заслуга. Кажете, жената се третира како кралица од останатите по заслуга или само затоа што е жена?
Секој човек се третира по заслуга,зошто само жената? И ние еден ден ќе бидеме свекрви ама за жал ќе заборавиме се она што сме размислувале како снаи,штом вака секогаш за виновник ја земаме свекрвата. Не дека се сите исти,ама не е лошо да подразмислиме дали ќе размислуваме исто и кога би биле ние на нивно место а тие на наше. Абе и мене може не ми се допаѓаат сите нејзини постапки и реакции,може и јас не ја оправдувам за сите нејзини постапки,но ваљда нема да заборавам дека се омажив за нејзиниот син а не за неа. Ако пак таа подзаборави,ке ја потсетам. Девојќи,олабавете малку.Барем прескокнете ги ситниците.Животот носи доста поголеми тежини. Не заборавајте дека свекрвите не се тие што се за нешто должни како што не забораваме дека не сакаме да ни се мешаат во животите. Не ги запазувајте работите само што вам ви одговараат.
Zeno sto ti e tebe sto so site se raspravas. Te snajde kako trojcata musketari- Eden protiv site- site protiv eden. Olabavi malce.