Jaс само ти одговорив на твојот пост кој се однесуваше за оние кои се во странство о си мислат дека го фатиле Господ за брада. Ти во тој пост генерализираш и ги ставаш сите во еден кош. Пишуваш за животот во заедница во странство а всушност појма немаш воопшто . А се што напишав за снаите кои се жалат од свекрвите незнам дали ТИ се пронајде во тоа или не. Јас тоа го напишав за сите општо не посочив име. А не никого не осудувам и не лечам комплекси. И не не Сум јас кој знае кој, како што напишав погоре далеку сум од богаташка, напротив еден куп кредити исплаќам. Само навистина е апсурдно да живееш во родителскиот дом ( било кои родители , нејзини/негови ) не плаќаш кирии, па и уште да се жалиш по форуми " цел ден неможев ништо низ дома да фатам/ да зготвам зашто свекрвами беше излезена па јас бебето го чував!" Па апсурдно е навистина. Ако не си способен да глеадаш куќа/ дете не создавај семејство. Седи си дома со твоите и биди си дете нивно. А да ова е општо кажано НЕ за тебе , зашто тука на форумов многу вакви снаи има.
Znaci stvarno ne svakam zosto e "Apsurdno" da zivees vo zaednica koga se nema uslovi za samostoen zivot. Abe zeni ova e Balkan- ova e Makedonija ne mozeme site kakao vo stranstvo ili na turskine ili drugite serii site vi ogromni kuci i stanovi da ziveeme. Pa sto ako utre svekrvata dozivee infarkt ili dobie mozocen udar ili skleroza ja fati. Se znae koj ce pomogne- snaata ( sakala ili ne) I taa ne e dolzna da mu gi so izvinjenje" cisti g.....a" ispod nea ( ako svekrvata ne moze sama) pa toa ce go pravi. Znaci toa ce mu bide moralna i eticka dolznost. Na edni im treba pomos dodeka se pomladi - da stvaraat, da se osamostojuvaat, drugi na starost- bolesti moze nekoi svekrvi i svekori penzii ne zemaat pa ce cekaat sinot i snaata da gi ranat- iako oni im dale pokriv nad glava.Toa e zaednica. Ako se dvete generacii zaedno i so normalni morali i svacanja ce ima sozivot se dodeka ne se najde sredstva posebno da se osamostojat mladite.
^ Навистина си читате само тоа што ви одговара. Убаво си напиша девојката погоре: Никој не вика дека не треба да се живее во заедница, ама имајте малку општа култура и воспитување, па воздржете се од плукање по луѓето кои ви дале кров над глава. Толку! Никој не ви бара да бидете роб дома или не знам што.
Мислам дека не знаеш основни поими, и треба да научиш тое е комплекс? А не безвеза да го употребуваш во реченица колку да се направиш паметна. Јас зборував најконкретно за проблемот, ВИЕ избегавте од темата лечејќи си ги своите комплекси и фрустрации, докажувајќи на анонимен форум колку сте успешни и паметни. И не видов некој да ја третира неа како жртва тука. Имаше луѓе кои и дадоа совети, и луѓе кои ја нападнаа како да е најдолно нешто на светов. Која си ти пак да ја навредуваш??? Имам појма, еве ќе ти кажам зошто, оти јас не сум како вас колку само да кажам нешто безвеза: 1. Роднини мои во Австралија кои веќе генрации се таму, конкретно брат на баба ми. Отишол таму уште како дете. Појма нема како се живее во Македонија, оти никогаш не искусил. Децата негови не ни знаат македонски, а внуците пак, да не правиме муабет. Одржувам контакт со нив колку баба ми да знае дека брат и е во ред. Значи тие луѓе не се ни осеќаат како македонци и не се ни сметаат за македонска фамилија, оти се испомажиле и испожениле со тамошни луѓе. Па дури и кинескиња вујна имам. И да, поради што немаат многу пари се стегаат во една куќа. На синот ТАТКОТО му плаќа факултет, а другиот син замина кај кинескињата ДОМА да живее со неа и нејзините, оти немаат сега доволно пари да плаќаат кредит. Двете мои братучетки живеат СО нивните деца кај татко им, оти моментално се разведени. Па нели ако се успешни странциве, треба да си обезбедат сами??? 2. Геманци, чистокрвни. Немаат никаков допир со Македонија, освен што ме познаваат мене. Се запознав со нив кога бев Германија. Браќа близнаци - двајцата по 28г. Едниот е женет и живее во стан кој родителите на жената им го дадоа, за да не плаќаат кирија, а другиот живее со родителите, оти работата му е блиску, и вика, немам потреба да плаќам кирија кога веќе имам соба во оваа куќа. Нели сите над 18 си го бараа чарето? Или овие се исклучок? Се прашувам уште колку исклучоци има, вакви 'неспособни'? 3. Имав еден познаник во Австралија кој идеше чат пат во Македонија. Роден во Австралија, и со родители кои како деца отишле таму. Живееше со родителите, иаку тогаш имаше 23 години. Што се случи од тогаш не знам! 4. Работам со доста луѓе од ширум светот - знам дека голем дел од нив живеат со родителите. Една колешка, има бебе и живее со мајка и, оти уште не е мажена со таткото на детето. Ова е во САД. Па нели таа треба сама да си најде стан? Нели има над 18 години?
Јас како прво НИКОЈА не навредив! Само ја кажав вистината. Кој се најде навреден од мојот пост? Кога веќе живееш кај тие луѓе, во нивната куќа не плукај по нив. Тие не се должни ништо да ти обезбедат, но сепак ти дозволиле да се вселиш во нивна куќа, а после се криви што дете не ти чувале или не готвеле. Навистина. Премногу такви поплаки на оваа тема. Пак ќе речам не сите и не именувам која. За роднините твои нема да коментирам, сама си кажа Македонци, нема врска што немаат дојдено тие се израснати во Македонско семејство од Македонски родители. А другите примери да, има поединци на прсти се бројат кои живеат со родителите, но во секој случај финансиски придонесуваат дома. А си помислила дека можеби тие поединци имаат некаков проблем затоа се се уште дома кај мама и тато? Пак ќе речам не сите но некои не се доселиле со таа причина. ( Ова го спомнав заради золвами. 24 години е и пробува да се осамостои, се сли од дома ама заради ментални здравствени проблеми повремено се враќа кај мајка и на извесно време.)
Е зошто толку потценувачки однос спрема сопствениот народ?? Демек, македонци биле и не ги бива за ништо?! цццццц
Финансиската немоќ како фактор за барем привремено да се живее со родителите постои насекаде, не само Македонија. И во странство многу луѓе живеат месец за месец или им требаат години додека се пробијат и стекнат потребната финансиска стабилност и независност од родителот. Едно е студентски живот, друго кога го ренташ својот прв стан...а трето некоја година потоа и подигањето на евентуалниот кредит за истиот. Примањата на лицето а и стандардот на живот и те како се разликуваат. Одселувањето на 18год. Со уште неколку цимери во мало станче и примања од мини џоб и студентски кредит се одлични на таа возраст, но не и идеални услови за со жена и бејбе. Затоа имаме разлучни видови на осамостојување. И нема ништо чудно до некоја возраст од плус 20, да се живее со родителите бидејќи ги има сите услови, а во меѓувреме студира или обавува бесплатен практикум па се наоѓа во фаза на доусовршување.(или едноставно се нема). Не се само за странците првите неколку години тешки додека се снајдат и пробијат, за сите се. И мене барем примеров со менталните проблеми како причина да се живее кај родител не ми беше соодеветен на дискусијата...или ако ништо друго отсек во сосема нова тема која не беше зачната. И нема потреба темава упорно да оди во погрешна насока.
Не го гледам нашиот народ со подценување никако. Побогу и јас сум Македонка! Не сум заборавила од каде сум дојдена и каде ми се корените и целата фамилија. Само го посочив фактот дека тоа е наш Македонски менталитет за живот во заедница. Ете ќе го земам за пример татко ми. Брат ми си заштеди пари за некое мало станче да си купи да си се одвои од родителите ( да во Македонија живее и не е женет). Татко ми мој со тој наш Македонски ( од турско ) менталитет узбуна крева да не купи брат ми стан него и татко ми куќата да ја продаде па да земат поголема куќа на два спрата со различен влез. И го кандиса. Ете тоа ти е тоа. Татко ми се секира што ке речат луѓето ете се делат а да бидам искрена и самиот не сака да си седи само со мајками сака син му со снаа со дечиња барем во ист двор да се. А не е само татко ми со тоа сфаќање многу ги има. Затоа беше тој коментар.
И мојов е чистокрвен германец со заштеда да дигне сам куќа на три спрата, па се договара со неговите на приземје да бидат они, а ние со посебен влез вториот спрат и поткровјето. Така да не ќе да е до турското...
И се извинувам ама навистина за бегавме од темата. Ајде назад кај свекрвите. А мојата кога ќе дојди белки ќе најдам и јас нешто ќе се пожалам Далеку е од совршена исто како и јас, ама ја гледам само две недели годишно па и немаме многу време да си замериме тие две недели гледаме да си поминеме убаво сите.
Ти си Македонка и му даваш идеи. Не пукајте само се зезам. Да се насмееме. Па секаде има различни случаи зборував генерално за мнозинството. И да се разбереме не сум за кавга. Сега баш ми текна лани свекрва ми беше дојдена а одма после неа мајка ми. Заприметив дека двете прават некоја равота што не ми се допаѓа. Од мајка ми ми смета а од свекрвами не ми смета. И заклучив дека ми смета од мајка ми зашто мислењето од мајка ми ми е многу важно и неа исто и е важно моето па гледав да си се договориме. А со свекрвами бе ич не ми е важно гледам деновите да си поминат и не се расправам и ич не се замарам со неа. Па помагала и не ги измила садовите убаво или не ги издиплила алиштата убаво. Ќе и кажам фино лепо јас го правам на оваа начин и дека не мора да прави ништо. Па нели е само гостинка. И не се замарам. Ако сака цел ден да лежи на кревет нека лежи. Јас ке си бркам моја работа. Така да изгледа најдобро е да не си земаме многу при душа што и како велат. Сега баш ми текна мажот ми порано ( не повеќе) а свекрвами и ден денес имаа навика да ми кажат Ххх ( другата золва) вака ги рани децата или пак онака ги ја чисти кујната ( пример) ако ми се допаѓа идеата ќе речам и фала многу не ми има текнато , ќе пробам. Ако е нешто што јас си имам свој начин о фунционира за мене пак ќе речам фала но јас тоа инаку го правам и не сакам да менувам. Ниту јас сум се налутила зашто таа ми "соли памет" ниту пак таа се налутила Оти "снаата неслуша". Си се почитуваме многу ама изгледа двете не се замараме една за друга
Да баш затоа. Две недели се трпат. Ама ете и пример да ти кажам. Многу мразам да готвам. Поарно три пати кујна ќе исчистам него да готвам. Готвам затоа што морам. И не секој ден, многу пати маж ми готви. Е сега си купив Thermomix ( како блендер ама и брзо и речи си сам готви) баш стигна кога таа беше тука. Првиот ден што е ова како е " А ке му кажам на ќерка ми". Вториот ден " ах вие сте модени сега , скапо е , зошто ти е, имаш шпорет" . Ако ме верваш ова е прв пат што сум го кажала , едноставно не ми е важно што има таа да кажи во врска со тоа. Ниту го платила ниту пак ми зготвила ручек. Таа мрази готвење повеќе од мене, па и јас кога одам кај неа на гости сама си готвам. Таа ке не однеси во ресторан на ручек ама не готви. И зошто јас да се замарам дали неа и се допаѓа мојата одлука за во мојата кујна и за храната што ја јадат моите деца. И ќе види жената дека јас не се замарам и не се меша повеќе . А мајка ми си е друга приказна. Си се меша и таа и татко ми скоро во секоја наша родителска одлука. Е ако има некаде таква тема насочете ме и земете си пуканки и читајте ме
^Те прочитав и ми текна...кога се породив мајка ми дојде кај нас и седеше еден месец. Супер си поминавме ама стално и викам да ми беше свекрва 100пати ќе се скаравме до сега. За глупости од типот кај треба да стои чашата и дали треба веднаш да се раскрене масата. А претходно 28год сум живеела со неа. Сакав да кажам мора повеќе толеранција и со едните и со другите
И шо испадна на крајот? Тие што живееле со родители ретардирани? Ајдеееееее.... Добро, дај малку правете нормални муабети. Па свесни ли сте, мајко му, до кај стигна муабетот. Па сериозно сум била и на странси форуми, и секаде, ова не било. Само тука и на кајгана луѓето очи си вадат. Па ако немате совет за девојката, не пишувајте.. Ама какви муабети луѓе... кои само навреди паднаа... од лешинарка, неспособна, до разгалена не знам каква... Па таа требало да е измеќарка, свекрвата кралица. Кои само навреди паднаа и тоа повеќето од девојки кои за жал уште се 'тато носи мама меси', и не го искусиле животот каков е, а другите кои се снашле па ете се истураат и изживуваат на оние кои не се снашле. Греота е, пак ќе речам, да извреѓате една жена која на крајот испадна дека и на нива работи, и одгледува храна за целото семејство, што е за почит. Како не ви е срам!!! Жена која очигледно си има доста семејни проблеми од големи размери, и пак е позитивна, и никого не исплука, ниту навреди, прими навреди ко да ви е најголем душман. Браво, знаете да доскршите веќе скршен дух. Тоа е за пофалба. Џабе сте постигнале во животот куќи, станови и коли, ако не знаете што е човечност и се исполнувате со кажување злобни и навредливи зборови. Ми личите на оние bullies децана во школо, што својата несигурност ја лечат изживувајќи се на оние кои не можат да им возвратат. Каде и да одиме во светот, во душата сме македонци, прости и расипани во сржта - родени да се смееме на туѓата мака, да му цркне на комшијата козата, и да се испофалиме колку сме поуспешни и попаметни од другите. Инаку мојот став... ако може некој башка да си живее - обавезно, макар и кирија да плаќа со последните пари!!! Тоа е мојот став од почеток, и никогаш не сум сакала да живеам во заедница. Живеевме со моите 3 месеци, доста ми беше . Ама за жал, тие што немаат услови сеуште за башка живот, ќе ги поддржам 100%, и нема да ги навредам, во никој случај. Ќе си дојдат, девојки, и вашите 5 минути. Господ гледа, и ќе ви даде она што си го заслужувате - дали убава работичка, дали подобри примања итн. Само храбро напред, не дозволувајте никој да ви го скрши духот. Вие сте мајки и херои на вашите деца, и заради нив борете се во животот за подобро утре. Не дозволувајте никој да ве навреди, ни родители, ни свекор/свекрва, ни маж, ни комшивка, а особено не некоја анонимка на форум. Муабетов замина предалку, што мислам дека се избега од контрола, @MrsH , мило ми е што сакаш да ја смириш топката, и знам дека не мислеше лошо со ништо што кажа . И јас им кажував порано, кога беше нормална темава дека не треба да се нервираат со свекрвите, оти само самите си штетат. А се гледа од тука одма кој некогаш ќе се понесе од емоција, а кој од злоба кажува. Се знае кои ја вжештуваа темава и закачија страшни навреди кон девојката.
еве каде се негираш дека си го почитуваш народот. Ова не е за сите од страна својствено. Еве битер и дани никогаш не сум ги доживеала вака. Лесно е кога свекрвата ти е на страна. Јас еден месец со мојата едвај издржав, не па години. Финансиските услови тука се такви што не на секој му е лесно и може и мало станче да си купи. Ако добро тиноди во животот не значи дека си репер за цела држава. Треба да се покаже малку симпатија и разбирање за оние кои немале многу среќа во животот.
Кај нас ситуацијата е следна: На свекрва ми и свекор ми несмее да им се префрли нешто па дури и ако си во право зошто се „издуваат„ и по цела недела се им е криво. Во случај ако детето направи некоја белја ако му се развикам или го удрам по газето (по пелената онака полека) веднаш се дерат по мене како јас не сум знаела да гледам дете. А пак ако ним им се остави внукот да го причуват детево уште на лустер шо не се обесил (па после ти тргај си мака зошто детето е разгалено и сака се да е по негово). Му се дозволува да ја отвара печката и да ја зачадува цела соба ,да крши играќки , да отвара во фрижидер и се да се извади од таму,на температура под минус детето на боди и тенки панталончиња пола саат надвор.. Незнам дали уште да набројувам. Додека потрчуваше падна си ги излушти колената и веднаш свекрва ми и свекор ми „ ПА ТИ НЕ СИ МАЈКА КАЈ ГЛЕДАШ ГО ИЗВАДИ САМА НАДВОР И ВИДИ КАКО ГО ВРАЌАШ„ ! А јас дур го оставам за да се истуширам на брзина и се враќам детето паднало и ја скршило главата на средина на чело зар треба да се лутам? Па тоа е дете ќе падне повторно ќе стане. Незнам што да правам со овие луѓе.
@Кукла21 Незнам кај виде ти непочитување на народот. Тоа што го напишав е карактеристика својствена за нашиот народ. Не сите, фала богу има исклучоци. @jacqueline.s гледаш како се започнуваат кавги. Никаде не реков дека некој е ретардиран како прво. Тој збор е навредлив и не го користам. Јас само посочив пример од мојата фамилија дека има секакви причини за кои ние не знаеме зошто и како некој живее со родители. А не мила моја не ми паднала мене секирата во медот. Имав и свекрва "вештерка " која и од преку океан успеваше кавги дома да ми направи. Знам како е кога си околу нелуѓе. А исто знам многу добро како е и сама, во држава каде што никој не познаваш, со дете едногодишно сама под кирија да се исселиш и сама по градинки да го носиш за да можиш да одиш на работа и да опстанеш . Да и се разболев и немаше кој на лекар да ме однеси јас не можев од кревет да станам а камоли да возам. И пред да ме прашаш да ти кажам ниту другарки имав. Не ми беше дозволено да си имам другарки па не ни имаше каде да запознаам другарки додека бев со првиот сопруг. И не сакав така да живеам па си заминав бре. Сама со бебе од една година. И да Господ ми дал прекрасен сопруг сега а за материјално како и погоре кажав не сум богаташка во никој случај. Морам да работам за да се платат сметки, кредити , да се купи јадење. Се живееше и без мојата почната ама ако сакаш да постигниш нешто мора да се работи. И не ми кажувај како во Македонија нема работа зашто јас не сум тука родена, во Македонија сум родена и израсната. Сум работела и во текстилна за 6000 денари. А не сум чекала некој друг да ми го бери гајлето за да можам покасно да плукам по нив. Зашто многу снаи тука не сакаат да работат било што, чекаат друг да им донесе дома јадење па после плукаат по старите. ( било тоа биле свекор и свекрва или пак нејзините родители финансиски помагаат) Се додека чекате на таа помош ке ве третираат како деца, зависни од нив.