Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. kallias

    kallias Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    6.985
    Леле дали ми веруваш дека и јас чат пат ги читам постовите на оваа тема зан снаи-свекрви и си викам што се замараат овие снаиве денешни као така се некои несаглам свекрви имаат и коа на крај оп и мене ми се случи истото. Значи не можев просто да поверувам што ми има кажано после 2 години, просто да не веруваш. А не дека ја напаѓам и се правам јас нешто, ама таа е многу гадна жена. Зошто? Уште првиот ден кога дојдов јас почнав да готвам, дома почнаа да ја напаѓаат како таа не знае да готви и само од мене сакат да јадт, јас ги правам највкусните јадења. Друго, купатилото беше толку гадно што јас одма еден ден го исчистив генерално и на никој не кажав ниту збор, па да му се сневиди сите одиме во тоа WC и немам намера да фатам некој болест од невнимание. Трето, кујната исто и до ден денес не е ниту еднаш исчистена од нејзина страна, како готвела, така си е гадно, садови еден куп неизмиени, а таа штом се врати од работа, као изморена се жали, ќе дојде ќе почнат телефоните да звонат и се облака и излегува некаде, се враќа вечерта и ноќеска1,2 саат ќе и текне да ги измие садовите. Значи тотално неозбилна и можам слободно да кажам гадна, а јас гледајќи го постојано тоа и немам спомнато ма ниту еднаш како готви, зошто не ги мие садовите, зошто не чисти итн. И сега таа мене ќе ми кажува што да правам , зошто излегувам ако сум болна и ред други работи. Епа извини ама и јас сум човек и сум од мајка родена и не можев да трпам и и изнаказав како стојат работите па нека си знае. Она знајала да ме навредува и потценува , а јас да и траам, епа не може тоа така, згора на тоа , жената си има прроблеми и наместо да гледа да си ги срдеи проблемите се замара со туќи проблеми и ќе ми става ред мене, е не може така..... многу сум депримирана, мажѓот ми ми вика да не и се секирам таа губи, а не јас, ама јас сум толку чувствителна и не можам, ставам се при срце и ми е многу мака кога некој ке ми казува неправдини, нешто што не етака, е многу се нервирам :tmi:
     
  2. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.818
    Допаѓања:
    1.691
    ^ Tи се молам не се нервирај само,мајка ми од баба ми здравјето си го изгуби и сега се кае што си допуштила да се нервира ради нејзе...на баба ми не и е ништо мајка ми триста лекарства пие...гледај си го мажот а нејзе не ја рецкај,и по можност иселете се,ако можете заедно да си живеете и ке видиш како неа ќе ја боли,за тебе сигурно не,ама за синот и тоа како...битно нека и каже маж ти-дека не дозволува така да му се понаша спрема сопругата и нека си заземе цврст став спрема неа.и таа нема да може да типисне.нормално ќе дофрлува ама не се замарај,научи да игнорираш или да се насмееш во себе на нејзиното малоумие...не допуштај да си закачиш нервози и болести за што-оти некој му текнало да те нервира???никој не е вреден за тоа,биди самоуверена и уживај ;)
     
  3. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    559
    навистина знам дека има различни жени, т.е свекрви и снаи во случајов, но читајки повекето премолчувате многу работи, ко демек ако кажам повеке ке се влоши ситуацијата. јас искрено сум против тоа премолчување, најдобро е на самиот почеток да си кажите една на друга што саката , што ви смета, за потоа да си бидите на чисто. јас конкретно уште од почеток со свекрвица моја си расчистив за многу работи, и кажав шо ми смета, шо не, и таа исто,не си се мешаме во работата, и мислам дека поради тоа сега си имаме супер однос, и си си се сакаме ;)
     
  4. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.432
    Допаѓања:
    5.393
    практикувајте повеќе однос од едно влегло увче од друго излегло. леле колку не се замарам а тоа е и може затоа што сум 10000% толерантна и за ништо не се замарам, ако не ми се слуша си се тргам и одмарам, иако сега за сега имам топ однос со свекрва ми ете викендов дури и ми ги соши скинатите тренерчиња иако и реков да не се мачи ќе си ги средам јас. Навистина ме гледа како ќерка немам зборови
     
  5. kallias

    kallias Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    6.985
    До сега ќе се иселевме 100 пати, но премногу работи се изменија и како што викаат домашниот есап и на пазарот не е ист, така да планиравме многу работи и не се исполни ништо од тоа и сега последниве месеци сме заинтересираи за заминување во прекуокеанска земја од економска гледна точка и до денес немаме слушнато од некој да каже дека е лошо тоа и дека нема да ни е добро и ке се вратиме само мојата свекрва е против тоа, јас имам поддршка од моите родители и сите мои блиски и познати и колку можат ќе ни помогнат, е мајка му на мажот ми не може да помогне затоа што не сака да заминеме, као она го знае син и толку години и не можел тој да замине од роденото место, после измисли дека јас сум го терала да заминеме и ред други глупости, а фактички ние и двајцата веќе со месеци разговараме околу таа тема и се одлучивме да одиме напред, да одиме таму дека ќе ни биде убаво за живот, ајде да останеме овде кадешто сме, ако немаме работа и пари како ќе живееме?? За жал toa svekrva mi ne moжe da go razbere :tmi: и еве после кажете дека немам право кога и веам дека секоја мајка го сака доброто на своето дете, наместо да го турка напред таа само не влече надолу, значи не знам што ѓавол е влегол во неа што така прави, и плус мажот ми има дете од првиот брак и ми вели дека ќе се оддели од детето ако замине, дека тој воопшто не мисли на него....епа ајде ако е можно да го земеме и него па да не бидат одделени како што вика таа, ама не доаѓало тоа и безтоа поради тоа што е мало и живее со мајка и, и и велам на свекрвата ајде да останеме поради детето, од што ќе го хранимаж ми оти работа нема , тоа дете сака многу работи, е сега поарно е да седиме сите овде заедно гушнати, да не се одделуваме еден од друг, ама не е битно што немаме пари за живот....
    За среќа што мојот сопруг е тотално поразличен од неа со различни сфаќања и не ја рецка , јас сум таа што земам се здраво за готово и се нервирам, тој ми вели не и обрнувај внимание нека збори што сака и колку сака, ние тоа што имаме зацртано ќе го исполниме здравје Боже ако биде се во ред и дури тогаш ќе и биде тешко и ќе се кае за многу работи, ама ќе биде доцна...
     
  6. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.344
    Допаѓања:
    114.115
    Пол:
    Женски
    Драга калиас, јас според она што го имаш напишано мислам дека свекрва ти е свесна дека вие сте со план да си одите. И тоа според мене е во ред. Вие сте си посебно семејство. И мислам дека она све си мислела, ај усте еден хир ќе им помине, ама изгледа и дошло сега из дупета у главу, па ја мавнала реалноста дека син и и снаата навистина сакаат да си одат. И затоа така ти се однесува. Башка психолошки проблеми што си има самата. Така да вие само терајте си напред, да ви се оствари што сте си зацртале и глава горе. Ни солза повеќе за неа. Не вреди.
     
    На kallias му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Macbetha

    Macbetha Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2010
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    11
    Може е малку рано да пишувам за мојот проблем, али многу ме мачи. Со дечко ми сме веќе 5 и пол години заедно, сме поминале све и свашта, многу проблеми, кавги, али видовме дека премногу се сакаме за да дозволиме нешто да не раздели. Кај него дома отидов првпат по 6 месеци откако се фативме и немав никаков впечаток. Потоа, кога почнав да одам почесто, ги запознав и брат му и неговата вереница и со неа многу се спријателивме, а и вујна му многу не сакаше и двете. Оттогаш почнав да слушам милијарда муабети за мајката на мојов, некои ОЧИГЛЕДНИ ( дека е алчна и лакома за пари,дека по сите роднини до петто колено збори какви и биле снаите непрокопсани, дека сака се да знае, дека мисли дека таа најубаво прави се, дека од неа до збор не може да се дојде, кога се седи во друштво неа не и текнува да стане и да се тргне туку слуша муабети, дека не одржува хигиена а се прави чиста Дана, итн....) а и некои муабети што ме запрепастија ( дека додека била немажена за заедно со мајка и и правеле пекол на вујната на дечко ми, дека претурала по нејзините работи и си земала се што ќе и текне, дека на синовите - на дечко ми и брат му, им продава жалопојки дека нема пари и ги цеди постојано а си купува садови од Цептер, сервиси за јадење и што друго не. Мојата несудена јатрва беше тортурирана како говедо бидејќи изиграваше чистачка и готвачка кај нив, а Госпожата Свекрва а влезе дома се раздрдори како не било чисто. Исто така, сумњавме дека оди по бајачки и оџи за да ја избрка девојката од кај нив. Не знам дали беше ради тоа али стварно ја избрка, му го упропасти животот на сопствениот син а се правеше дека плаче кога девојката си отиде. Јас не можам да тврдам од лично искуство бидејки го немам, али ужасена сум од тоа што се дешаваше со јатрвата. Коски ми се ежат кога ќе помислам дека и мене истото ми го спрема а ми се праи наивна, дека сака да држи се во свои раце до тој степен што сите дома се пазат да не направат нешто што неа нема да и се допадне.
    Уште ова: сеуште контактирам со несудената ми јатрва и таа постојано ми вика да бегам од таа змиска дупка (како што ја нарекува таа куќа) и да се поставам навреме како што треба за да не ме изедат сосе партали. А што да направам - душата ми пука кога мислам на тие работи????
     
  8. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.350
    Макбета, а зашто ти толку и се испопотресуваш за таа жена?И што дека е таква, мајка да не ти е па да треба сега да се секираш и удоволуваш.Гледај да не живеете заедно, а ако нема друго решение, јас на твое место ич нема да и се замарам, особено кога знаеш каква е од претходно.Ќе си средувам јас кога ќе сакам и како сакам, а она ако колку сака нека пишти.Кога те читам ми делуваш дека се плашиш ко мало дете од мајка, а не разбирам зашто би било така.Тие дома нека и се плашат ако сакаат, ти си своја, со свое јас и нема да се плашиш и потресуваш на неа.
    И да дополнам, ако сметаш дека дечко ти нема да е на твоја страна, тогаш стварно треба да се тргнеш, бидејќи и он ако како возрасен не може да и се спротиувстави на толку глупости, тогаш сигурно би успеала да ви расипе брак.
     
  9. Macbetha

    Macbetha Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2010
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    11
    Да, во право си Фемина90, стварно сум деген за тоа. :D Дечко ми иначе е единствениот што и оди контра и рецка не и мава ама мајка си е мајка, не си ги гледаме објективно мајките. И да е клета, ни е мила. Фала на советот, ќе гледам да не и се замарам.
     
  10. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.105
    Допаѓања:
    66.994
    Пол:
    Женски
    Штом дечко ти не е мамино синче и за се да ја слуша немаш гајле :) Ако он нон стоп ја брани е тогаш ќе имало конфликт, ама вака нема за што да се замараш.
     
  11. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.818
    Допаѓања:
    1.691
    macbetha напрај два три реда муабет со дечко ти...чисто онака да видиш дали би те подржал ако утре недај боже,покуша таа нешто...ако е на твоја страна уживај...и гледај секако да сте што подалеку од неа... ;)
     
  12. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.344
    Допаѓања:
    114.115
    Пол:
    Женски
    Потполно се согласувам. Нема ништо полошо од мамино синче!!!!
     
    На amema му/ѝ се допаѓа ова.
  13. cindy

    cindy Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    307
    Допаѓања:
    166
    ајде сега малку хелп :?:
    вака уште не сме земени али свекрвата уште сега нешто кавги прај- дечкото на сестра ми бил кај неа на работа и оваа му рекла да ја префли до дома и тој нормално рекол не е проблем и ја префрлил и оваа ко се расприкажала ( втор пат прај вака прво со сестра ми сега него :( ) Боже женава :envy:
    му викала демек да не беше мајка ми до сега ќе ги сместев на стан вака така (демек затоа му рекла на дечко ми да почекаме да не се земаме уште) а патем ако сака толку нека си ја земе мајка и со незе па нека ни го отстапат станот али не беше тоа цела работа туку на дечко ми му рекла дека тој ја прашај кај ќе седиме ние :fubar: мислам шо го интересира дечкото на сестра ми па да прашува кај ќе седиме ние |( леее ама ме нервира и сега демек дечкото од сестра ми се распрашувал. јас му кажав на дечко ми дека мајка му зборувала али тој ми вика не тој прашал. како да му објаснам? шо да прам? :!:
     
  14. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.432
    Допаѓања:
    5.393
    ништо нама да правиш ќе им кажеш на сите дека тоа што го имаш со неа и него се само твој работи а другите воопшто нека не ги интересира. мислам ок и таа има некоја намера штом дрдори, но и ќе го седнеш твојон и ќе му речеш дека тоа штио го прај мајка му не е ок. Само разговор и без молчење ;)
     
  15. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.818
    Допаѓања:
    1.691
    ^ Значи уште од сега сака да манипулира,ццц,седни си го мажулето и ако краен случај пак не верува речи ми ако сака нека го праша на сестра ти дечкото па нека се увери :devil: Нека си ја види мајка му каква е,оваа значи однапред кажала да си се осигура да не ја нападне дечко ти,како така ги мести луќето па се прави наивна :envy: ништо, гледај да ја средиш ]:)
     
  16. cindy

    cindy Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    307
    Допаѓања:
    166
    па му реков јас дека мајка му кажувала не дечкот на сестра ми ама тој вика не не :( ама итра е таа знај да ги врти сите ко ќе појдиш срце злато а шо лисица е :x арно шо уште од сега си ги кажа роговите . иначе не чутам јас му викам на дечко ми то шо мислам (иако се лути) али јас ќе кажам божем нешто и за мајка ми да ставам рамнотежа :lol: и му викам да не се лути демек и за мајка ми јас не чутам ко ќе не е во право не па за мајка му :$ а и сестра му има речено прво да ја гледаш жена ти после мајката , си знае каква мајка има и + не советуваше да седиме некаде настрана не со нив.
     
  17. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.818
    Допаѓања:
    1.691
    ^ епа супер,со арно и полека полека нека види све,и кога ќе биде од твоја страна ќе ти биде полесно
     
  18. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.202
    Допаѓања:
    8.431
    Некои жени се благословени со прекрасни свекрви кои се секогаш расположени да ги чуваат внуците и да помогнат со домашните обврски на снаата. Но, оние понесреќните на кои им се „потрефува“ да имаат незгодна свекрва, која секогаш критикува и создава проблеми по дома, едноставно не можат да го поднесат тој стресен однос. Следуваат неколку совети за справување на снаата со нејзината свекрва.

    1. Спречете ексалирање на кавгата

    Секогаш кога ќе имате некоја непријатна ситуација со вашата свекрва, обидете се да останете смирени. Особено ако сте премногу вознемирени од нејзината постапка, најдобро ќе биде да не и враќате ништо за да не прерасне кавгата во сериозен проблем. Бидете искрени со неа и дајте и на знаење дека ви треба „тајм аут“. Излезете од просторијата за да си ја „оладите главата“ и потоа смислете добар план за тоа како најдобро би се справиле со ситуацијата.
    2. Не сфаќајте си ништо лично

    Никогаш немојте да си ги сфаќате при срце коментарите упатени кон вас од вашата свекрва. Некои свекрви никогаш не би се задоволиле со изборот на нивниот син на жената на неговиот живот. Едноставно кажано, ниедна не е доволно добра за нејзиниот син. А вие бидејќи го љубите вашиот сопруг, обидете се на посмирен начин да излезете на крај со неговата мајка

    3. Определете си ги приоритетите

    Немојте да и дозволите на вашата свекрва да ве совлада, да ја исцица вашата енергија и целата моќ да ја оставите во нејзини раце. Наредете му на вашиот ум дека без разлика колку ужасна таа знае да биде кон вас, никогаш нема да дозволите негативната енергија која ја создава, лошо да повлијае на вашиот дом и на вашата способност да бидете одлична сопруга и мајка.

    4. Задачата на сопругот

    Мажот е главата на семејството и негова одговорност е секогаш да ве заштитува вас и децата, па дури и од неговата сопствена мајка. Тој во ниедна ситуација не треба да дозволи неговата мајка негативно да зборува за вас или да се однесува лошо со вас. Обидете се да го натерате да сфати како вие се чувствувате во врска со односот кој го имате со свекрвата, и која е неговата улога во него.10 начини да се справите со терсене свекрва


    5. Заклучете ги бравите


    Никогаш не и давајте на вашата свекрва резервен клуч од вашата куќа. Ненајавените посети не се секогаш добредојдени, па ако вие или вашиот сопруг и дадете клуч, ќе ја изгубите улогата на добра снаа која ја повикува свекрвата на ручек или пак ќе добиете критика дека не сте ја поканиле на гости одамна, а таа всушност се појавува на прагот од вашиот дом во секое време и невреме.


    6. Разговарајте со неа

    Направите искрен муабет со вашата проблематична свекрва. Објаснете и како нејзините постапки влијаат врз вашето семејство. Можеби таа не може да сфати дека нејзиниот син не е повеќе нејзиното малечко кое треба да го пази, туку дека сега тој има свое семејство за кое треба да се грижи. Со внимателно одбрани зборови, најдете начин да и прикажете која е нејзината улога како свекрва.10 начини да се справите со терсене свекрва


    7. Секоја приказна има две страни



    Обидете се да сфатите каква е вашата свекрва под површината, кои се нејзините добри карактеристики и слаби страни. Можеби целата глупава ситуација е резултат на страшно недоразбирање или можеби таа има причина да биде загрижена. Што и да се врти низ нејзината глава, обидете се да дознаете лично од неа зошто сето тоа се случува, а потоа продолжете понатаму со вашето нормално секојдневие.

    8. Бидете подобрата личност

    Ова можеби е многу полесно да се каже, отколку да се направи, но никогаш немојте да и пристапувате на вашата свекрва со бес и лутина, бидејќи тоа само ќе ја влоши ситуацијата. Со „ладна глава“, смирен тон и искреност, решавајте ја ситуацијата на најлесен и најбезбеден начин.10 начини да се справите со терсене свекрва

    9. Ставете се во нејзина кожа

    Без разлика колкав е нејзиниот син, таа секогаш ќе биде негова мајка, која го сака и му мисли добро. Вашата свекрва можеби има проблем да го пушти нејзиниот син да порасне. Ставете се себеси во нејзини чевли и анализирајте го нејзиното однесување со синот од таа перспектива.


    10. Добриот збор железни врати отвора

    Обидете се од своја страна колку можете повеќе да придонесете вашиот однос со свекрвата добро да се изгради за да функционирате како семејство. Понекогаш можеби ќе треба да правите отстапки, но резултатите кои можат да произлезат од тоа ќе бидат вредни за вашиот вложен напор. На крајот на краиштата, таа ќе биде дел од вашата фамилија додека некој од вас две не умре, па зошто да не се потрудите да го направите тој однос поподнослив?10 начини да се справите со терсене свекрва

    Надминувањето на разликите помеѓу вас и вашата свекрва може да не биде воопшто лесна или брза задача, но ако вашите обиди родат хармонија во вашето семејство, тогаш значи вредело. Дали навистина сакате да бидете сопруга која ќе поставува граници и ќе бара од нејзиниот маж да одбере помеѓу неговата мајка и вас? Внимавајте со поставувањето ултиматуми – можеби нема да ви се допадне резултатот.
     
  19. kankus

    kankus Популарен член

    Се зачлени на:
    31 декември 2010
    Пораки:
    1.472
    Допаѓања:
    871
    ......немам коментар секаде е различно сум слушала секакви приказни и случки на крај се се сведува на едно триста лјуди триста чуди :rofl: :rofl: :rofl: :rofl: :rofl:
     
  20. Zaljubena111

    Zaljubena111 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    2.087
    Допаѓања:
    1.647
    Да ова го имам читано на кафе пауза мислам дека беше, ама и сликите беа добри :D