Баш така. И убаво некаде претходно напиша Кукла - дај средете ги таму тоа свекрвите... Нема потреба Мила толку да си чувствителна на гестовите на свекрвата кога знаеш каква е. Ајде стави ја малку на 'ignore'. Не треба да се караш, но немој ни толку да ја 'есапиш'...ниту кафе, ниту ништо. Гледај си детето, гледај си го социјалниот живот...Ќе си трошам скапоцен дел од младоста...за што?...за глупостите на свекрвата. Ма батали...ќе видеш како ќе ти биде поубаво и полесно на душата.
Погоре некој ме праша дали сум му кажала на мажми, золвами ме претекнала и она му се јавила да му се извини и на него и му кажала што се случило, а тој и кажал дека не и е прв пат и дека веќе сме навикнати на вакви испади од неа. Кога дојде од работа само ме праша како сум, му реков добро, ми рече немој да се нервираш ја знаеш дека е таква и повеќе не се расправаме со неа бидејќи колку пати сме пробале да решиме некој проблем со неа се ние сме испаѓале криви, а тоа се биле големи проблеми па сега за една банана да се караме сигурно дека нема. Колку и пати да сме разговарале сите тројца дека не е добро тоа што го прави, дека ни ствара нервози и дека ни го нарушува мирот, дека свекор ми 1година е починат ние треба да се држиме заедно а не да се караме, она све се вади на картата дека притисокот и се качува. Еднаш бевме на прагот да одиме под кирија бидејќи имавме многу сериозен проблем, она и тогаш изглуми дека припаѓа и ќе умре па се сожаливме на неа останавме за да не биде сама. И вети дека ќе се промени нема да биде така, и да се промени ама на полошо. И пред Бриџет да ме нападне зашто сум рекла дека глуми да ти кажам дека тоа доктори го кажаа дека е здрава не и е нешто а не го измислив јас тоа. Сега колку сакаш нападни ме, кој ме чита од поодамна знае за каква бесчувствителна жена се работи
Абе не дека нашиве родители се мед и млеко. Мене мајка ми како ќе ми го расипе денот со некој добронамерен коментар ниедна свекрва така неможе. Ама со своите си слободен па ќе им вратиш ќе им свикаш и одма забораваш на некој инцидент ситен. Со свекрвите и свекрите не е исто. Ист инцидент да биде, идентичен, на поголемо испаѓа. Прво ти неможеш да вратиш, од општа култура и „почит“. Си молчиш и гневот во тебе се собира. Да заборавиш не можеш. Сеќавањето на првиот настан вториот го прави експоненционално пострашен и тука веќе сме во магичен круг. Да не збориме за разлики во генерации и сваќања за светот. Оваа тема многу време ја размислувам. Крајно не поднесувам некои од работите што свекор ми ги прави, нема да навлегувам во детали. Некогаш ме фаќа бес огромен. Поле ќе се смирам и сваќам дека и татко ми дел од тие работи прави а јас не ги ни гледам кај него а камо ли да ми пречат. Сакам да имаме добри односи и да го прифатам, ама нешто од мене се буни и го одбива. И од нивна страна психологијата не е воопшто наивна. Штом им влегува странец во куќа автоматски им се пали аларм на натрапник и се дигаат сите штитови. Синот си го сакаат а ти си тука да им го „земеш“. А од друга страна присилно се прават максимални напори да бидат учтиви кон тебе, се да ти даваат и да ти помагаат. Многу многу неприродно. Идилична ситуација. Си се фаќате со мажот под рака па на свое. Уште само услови да имавме и се ќе е супер.
Јас те прашав дали е секогаш таква или првпат и се случува. Можеше кратко да ми одговориш и да стане јасно за каква жена се работи. Не те знам, не те читам, не ти ја знам цела историја со свекрвата туку искоментирав само за овој случај, еден друг агол од кој може да се гледа на ситуацијата. Грешка ли е? Значи ако е таква и ти ја знаеш, таа чувствителност што ја имаш на кој ќе шкоди? Неа? Не. Ти ќе плачеш еве како сега за глупости, маж ти ќе се нервира оти ти се нервираш, и како го решаваш ти проблемот објасни ми? Има припрости жени, многу постари со висок притисок кој тера на нервоза, зошто не си ставиш во глава дека едноставно таква е и да ја игнорираш?
^ Еее ај ај...имаше девојчето спомнато неколку пати во постот...како сите други прочитаа и сфатија...??? Туку тоа е карактер...плус навика и 'способност' секогаш да се гледаат работите и од другата страна...
^ Кaкo и вaшaтa спoсoбнoст oд еден крaтoк текст, еднa случкa, нaпишaнa oд изнервирaнa снaa, дa стaвите веднaш свекрвa нa клaдa. Рaмнoтежa мoрa дa имa, инaку не е интереснo.
Ова на мила може да го разбере само тој што го осетил на своја кожа, а не само да се напаѓа боже,боже.
Не се напага.Него апсурд е да си го реметите денот а уште помалце животот со вакви раб.Да не речам една банана ве доведува до солзи... Секогаш едната страна ке биде помила,посакана Дали внукот,другиот син,другата снаа... Ние кога тргнувавме сега на одмор свекор ми даде пари 'за кафе' на девер ми и вереницата додека нам ништо.А одевме заедно и на исто место.Мм ме погледна накриво ,приметив не му беше сеедно. Само му реков фала на му на бога што не зависиме од никого и не едно него 100 кафиња можеме да си приуштиме.Не ме навреди ниту повреди што не ни дадоа нам.Нема зошто.. И моите родени родители икс пати влечеле повеке накај сестра ми помалце накај мене.Но што да направам? Да се карам? Да молам за внимание,за љубов? Не фала.. Гледајте детето,сопругот и здравјето.Ако недај боже го загубите било физичко или психичко налет ке биде глупата банана.
Ај НЕ ДРАМАТИЗИРАЈ!! Не делат наследство- туку банана! Како можеш да кажеш очите на снаата петобанки за тоа колку старите даваат на другата страна?? Да петобанки за 10 денари една банана! Бог Да Чува!! Никој не и влезе во новчаникот ниту и зема од наследството! Воспитувањето на своето дете е друга работа и не е тема на муабет! Се знае дека нетреба да му се купи се што ќе посака па после да биде лигуш. Кога ќе му кажеш НЕМА, ќе знае дека НЕМА! Затоа што децата сакаат се што ќе видат играчки и чуда! Тие како снаа и свекрва може меѓу себе да не се сакаат и ако сакаат нека се покољаат, нивен проблем, ама детето не и е криво па тоа да пати заради нивното несогласување и што е најтрагично за една банана! Фала богу јас немам вакви неразбрани луѓе околу мене! Па душман да ми е, нема да го оставам за храна да пати!
Stom nesto go pamtime i raskazuvame znaci ne ni e seedno @joy1 .Taka i zenickava si raskaza da i olesni.Ni napisa navredi za svekrvata nitu kletvi. Arno vikame,gledajte si go deteto i soprugot.Ete taa si go gledala deteto i raskaza sto ne i bilo seedno sto tokmu nejzinoto dete bilo dvoeno i toaza jadenje. Kupi mu bluza na ednoto na drugoto nemora,ama za jadenje da se dvojat na lice mesto decinja,greota.Od strana srca se krsat a ne pa majcinoto. Parite za kafe ostanuvaat zapamteni,a ne pa odvoeno za jadenje malo dete. Situacijava se izdramatizira tokmu togas koga se napisa da ne se dramatizira,do prethodno bese samo edna ispoved na majka. Sega nie prodolzuvame daja dramatizirame.
Целосно се согласувам со тебе @joy1. Но, и ова што го направил твојот свекор е исто толку неприфатливо (според мене) колку и постапката на свекрвата на Мила. Барем да не давал така пред сите (демек за едниве имам, за вас не...и покрај тоа што за среќа не ви дошло до тој негов денар за кафе). И маж ти забележал и на некој начин изреагирал (те погледнал) бидејќи бил свесен дека тоа не е во ред. Единствената разлика тука е што ти го имаш надминато тоа, а Мила сеуште не (па затоа толку ја погодило и плачела). Токму поради тоа јас и реков - да батали се негативно околу неа - тоа не значи да се кара и да не и зборува, туку баш како тебе - доволно да го надмине проблемот (тоа не е ни проблем) до тој степен што нема да ја погодува. Старите со такви навики и карактер не можеш да ги смениш...можеш да си помогнеш на себе си така што нема да дозволиш една таква нечовечка постапка да те повреди...За тоа сепак треба време...
Мислам дека во случајов на Мила,свекрвата е свесна што и пречи на снаата.И намерно боцка таму за да ја повреди. Мила не наседнувај толку лесно и не реагирај одма со контра удар.Во примеров :Одам да купам и јас банана.Покажи дека тоа и не ти е толку битно и готово.Дека не придаваш значење.Разбирам во кој контекст те повредува но нема потреба стварно.Во ваков момент дај му друго на бебчето што имаш дома.Бисквитка,јаболче,лижавче...и продолжи да си го пиеш кафето. Она глупа ти праи се уште по глупа.
никој не бара ништо само доволно е да ги погледнеш очињата на детенцето и се ке ти стане јасно, а не зборам за мене лично да ми даде и сама кажа како го здоболело мм а не па да видиш дете позз
БРАВО @joy1 Ова ме бендиса. Место да си ја кршиш главата со нервози, направи ситуација таа да се нервира од нејзината постапка Друг пат прави се како да не ти е важно.Ма колку и да те повредило не и покажувај. П.С. И купи ,ланаприл, бидјќи ќе и се качи притисокот уште повеќе
Се фативте сите за бананата. Да точно,се сложувам со Вас,не треба Мила да се нервира за една банана.И мислам дека Мила не се лути за една банана. Бананата во овој случај е само оружјје ,преку која старата удира во најболната точка-детето. Односот е проблем овде,не банана. И мислам дека сите сме биле повредени од „немање“ пари за една банана или кремче од 10 ден. Како и да е ,Мила,добро е да знаеш кој што ти мисли,па ќе се чуваш од таквите. И немој да се нервираш,уште многу „банани“ ќе се поделат пак за за син ти нема да има,ама тоа нека ти биде ориентир за понатаму.Не чекај од никој ништо да му пружи на твоето дете,избори се самата со мт,со ваши раце да му пружите на детето се што му треба. Вчера била банана,денеска чоколадо......ќе дојде ден кога и куќи ќе се делат.....ама можеби пак ќе нема за Матеј..... Програмирај си го мозокот дека на Матеј само ти и мм му обезбедувате се што му треба. Нечовечки постапила бабата ,ако воопшто може да се нарече баба,но тоа еден ден ќе и се врати....не од тебе или Матеј туку од горниот. Поздрав и секое добро.
Јасно ми е мене и те како.Мајка сум на две деца и сум била и јас во такви ситуации. Но што можеш да сториш,да промениш?Како ке и укажеш на тврдоглавата свекрва дека греши?Керка и и посочила но она си се брани. Што ти,јас или Мила можеме во ваков случај освен да му скренеме пажња на детето на нешто друго тогаш и да си врвиш по патот.
Девојки да ја затвориме темава овде ако не е проблем, бидејќи наместо да ми олесни уште повеќе се напнав бидејќи ептен се издраматизира работава. Како и да е ви благодарам на сите за одвоеното време и за советите што ми ги упативте
Мила значи јас те разбирам. Таквата личност нема да се промени, верувајми. Период добра, период гад. Од искуство ти кажувам. 10 години живеев со таква личност. Не свекрва ама баба. Двоење што да ти кажам, и еве денеска дедо ми кажува баба ти умре за другата внука. И точно, бидејќи со тоа двоење создаде раздор меѓу нас, нити контактираме, нити се јавиле, на роденден дојдоа празни. Срам не срам тоа е. И ќе ти кажам 100% глуми, бидејќи и оваа глумеше. Болна сум, стара сум, не гледам, оф оф, а само јадеше и спиеше. Не се помрдна од тука до тука една чаша да измие. И секогаш спремна за кавги и се таа не беше крива ние сме биле..Значи ќе те советувам не потпаѓај и под кирија одете си. Таа сама да е ништо не и е. Верувај ми ем сами ем мирна глава. И една банана да е, за помалото внуче ќе има и ќе се снајде и од золвата ќе земеше барем, ама не сакаат, незнам зошто таа злоба, се им е пружео дадено, претпоставувам готвиш переш и чистиш и пак не е задоволна. Мојата баба купуваше три чоколади за нејзините внуци а вкупно сме 4 со се јас. И на сите им даде а на мене не, со братучедка ми се затвораа во соба јадеа пиеја мене не ме викнаа. И кога умре јас не отидов на погреб затоа што не сакав да и простам, дури после 6 месеци отидов и простив и неа ама и себе си.
Не се секирај, тука секогаш се драматизира...Како и да е, прочитај ги советите на феминките погоре, убави се и навистина можат да ти помогнат. Поздрав и секое добро
А малиов барем, ми купи ли некој друг банана или гледаше? Мајка, тетка, вујна, татко? Оти он е најбитен у приказнава, не мајката или свекрвата. На машко никој не му дал да касне. Хм. За 10 денари, за 10 метра оддалечена продавница.