Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. kacuska

    kacuska Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2010
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    4
    Здраво на сите. Да кажам и јас нешто. Со свекорот и свекрвата живеевме заедно 4 години. Ми поминаа пекол, ама се трпеше. Се лутевме за глупави работи, дека ни доаѓале гости, за јадењето за банални работи. Свекор ми бесе многу добар, ама свекрвата не. Си отидовме и почнавме сами да живееме. Успеавме и кола да си купиме, и работа си најдовме убаво ни беше. Потоа почина свекорот, свекрвами се изгуби, па ресивме да се вратиме назад со неа. Додека жалеше се беше супер, се сложувавме, после 3 години еве бас оваа недела почна да се лути, само не секира не сме и давале да јаде, а се е заедничко, сама ке си готвела посебно, не правиме муабет, и викаме што е проблемот не кажува. Јас сега сум дома, маж ми оди на работа, децината дома, таа е многу чудна, а навистина нема причина да ни се дере. Ни вика одете си, и такви работи. Дали има некој сличен проблем зошто веќе се разболевме со маж ми, а таа вели дека јас сум причината за се, а јас немам родители, и нема кој да ме подрзи. Фала чекам совет.
     
    На lunicka му/ѝ се допаѓа ова.
  2. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.796
    Допаѓања:
    100.475
    Пол:
    Женски
    Мое мислење е дека сте погрешиле што сте се вратиле..разбирам дека и било тешко..ама еднаш се изјаснив ..јас сум за тоа секој пар да живее сам... е сега животот носи и такви работи...а свекрвата е сигурно од оние кои очекуваат да се врти светот околу неа.Мислам дека е многу поважен квалитетот на поминатото време со некого отколку квантитетот.Што добива таа ако цело време сте со неа ,а се лутите и се тргате една од друга на патот.Разговор со сопругот мислам дека ќе помогне а ако сака да си одите па таа губи не губите вие.Само здрав разговор може да ја спаси ситуацијата.А најважно од се е да ја имаш поддршката од партнерот се друго е неважно.
     
  3. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.818
    Допаѓања:
    1.691
    И јас мислам дека сте погрешиле.....убаво ви тргнало,сте се мавнале од нервози...
    Мој совет ти е да се одделите пак од неа-ако успеете....кажете и дека сте покушале со арно и дека ни таа самата не знае што сака од животот а не пак од вас...
    ти,како нејзино дете што се вика,си ја испоштувала до максимум а таа не знае да цени :fubar: ,бар лице да прави,да нема нервози дома...место да си ја најде среќата со внучињата и да се смири,таа пак по старо-и никогаш нема да се смени...
    а а нема таа друго дете,ете и тие нека се понудат да ја чуваат,ама по мое таа вас ќе ве уништи,а нејзе нема ништо да и биде :tmi:
     
  4. MonnaSi

    MonnaSi Популарен член

    Се зачлени на:
    23 април 2011
    Пораки:
    469
    Допаѓања:
    536
    Баба ми ми вика јаде крајшник од леб , да те сака свекрва :rofl: хахаха и сега само крајшник јадам :rofl:

    Шала на страна , свекрвите мислат дека синот може да имаат боље жена.... меѓутоа мајката на мојот дечко се однесуваше многу добро . И нормално ( бидејќи мајка ми има лошо искуство ) секогаш ми вика таква ќе е додека не се земеш со некој.... е после .... Иако не се согласувам . Јас сум млада уууу има уште 7 8 години додека почнам да размислувам за тоа ама мислам дека не се сите свекрви такви . Не дај боже да ми се падне некоја кучка . хахаахах



    п.с за сите напатени снаи гледајте го MOTHER IN LOW хахххахахахахахха :rofl:
     
  5. stilas7

    stilas7 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    1.050
    Допаѓања:
    694
    Пол:
    Женски
    и јас цело време јадев крајшник од лебот со надеж за добра свекрва но сето тоа било за џабе,затоа сега и не го земам намерно крајшникот за јадење :D
     
    На lolyta777 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. MonnaSi

    MonnaSi Популарен член

    Се зачлени на:
    23 април 2011
    Пораки:
    469
    Допаѓања:
    536

    Немој мн да јадеш , зашто нема да ти е интересно ако не се карате бар мааааалкуууцка :rofl: :rofl:
     
  7. savana

    savana Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    9.567
    Пол:
    Женски
    Во последно време родителите на мојот вереник почнаа многу чудно да се однесуваат, постојано се мешаат а јас пак неможам а да не се изнервирам.
    Пред извесно време почнавме да го реновираме домот, купувавме нови работи.
    Свекорот финансиски учествува, на пр. ќе даде пари за нешто и ќе рече одите вие одберите што ви се допаѓа, ние постарите не се разбираме многу, што е модерно сега и сл работи. Јас и вереникот ќе купиме и кога после кога ќе види не вика убаво е, за ништо досега нема речено убаво, само ќе почне да зборува за ова се дава толку пари, (а цената е стварно пристојна, дури сме гледале и поевтино да поминеме) не ми се допаѓа, требало друго да купите и триста други работи. Ние му велиме дека нас тоа ни се допаѓа дека вакви работи сега се ставаат, тоа е модерно. Но за џабе, кога ќе дојде некој роднина да види како сме средиле, тој им вика еве видите што купиле, (демек ние двајца не знаеме) подобро нешто друго да ставеле, ова се играчки работи, ќе поставува прашања од типот а убаво е ова, вреди за толку. Тие му велат се е многу убаво и му се чудат на човеков :x
    И навистина убаво средивме. Мене ми се темни кога го слушам како збори нема ден да не пререче нешто, а сета работа што беше за средување, за чистење се сами ние двајца, а свекорот и свекрвата ни со мал прст не мрднаа да помогнат, дури ни да прашаат дали треба нешто да се помогне. :!: А иста куќа е, тие тука живеат. Само знаат да даваат критики (посебно свекорот) и згора на се да префрлаат како треба ова да се среди,треба ова да се намести а да фатат ништо, воопшто не го ценат нашиот труд. :devil:
    Па и јас си имам мои обврски, се уште не живеам таму, не можам цел ден да го поминувам таму во средување и трчање наваму натаму :x
    Сте биле во ваква ситуација? како да се справам со овие работи, се трудам некако да не обрнувам внимание на нивните коментари
     
  8. cindy

    cindy Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    307
    Допаѓања:
    166
    знаеш како старите мислат дека секогаш се во право посебно кога тие финансираат. имаат застарени сваќања. ако купиш мало килимче (нели се во мода сега) ќе му студело на нозете, ако купиш помали ствари (фала богу не ќе купуваш регали ко порано :fubar: ) па ќе му нема место за ова за она :envy: крај нема да му најдеш . а најдобро е да не се нервираш си вика нека вика ќе вика ќе вика ќе превика ;) ќе му се смачи или ќе најде нешто ново . ти гледај да си направиш како што сакаш ти ќе живееш таму па тие нека викаат и сама велиш дека сите ти бендисуваат а и најважно тебе ти е убаво и на твојот иден сопруг. а за тоа за помагањето подобро и да не ти помага подобро се сама . не мора се одеднаш колку можиш другото за утре :D секако не се брзаш. помалку нервози те гушкам и те бакнувам :*
     
    На Anyshka, zara и savana им се допаѓа ова.
  9. savana

    savana Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    9.567
    Пол:
    Женски
    Ова за килимите го погоди :lol: Многу ладно ќе било со толку малечки, на зима ќе сме смрзнеле... ама тоа е тоа се надевам во најскоро време ќе престанат со жалбите и со нивните коментари :) :* и до тебе
     
  10. cecilia

    cecilia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    1.195
    За жал мислам дека нема да престанат ама ти сигурно ќе отрпнеш.
    Порано и јас се секирав кога ништо не им се бендисуваше сега од едно влегло од другото излегло! :clap:
     
    На lolyta777 и cindy им се допаѓа ова.
  11. cindy

    cindy Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    307
    Допаѓања:
    166
    знам .. не сум уште мажена ама си знам по тато :D затоа послушај ја цецилија од едно влези од друго излези :rofl:
     
  12. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.122
    Ние полека потсредуваме околу станот а треба да купиме и гарнитура, кујна, бела техника и уште некои работи... Станот е во фамилијарната куќа на мојот вереник и при толкав стан кој е празен и делумно одлично среден, веројатно е многу глупаво да одиме под кирија или да изводиме бесни глисти. Тие засега навистина се заинтересирани да ни помогнат околу чистење потсредување и слично, како ќе биде понатаму ќе покаже времето, но засега не не ограничиле за ништо, велат како сакаме, така да правиме, бидејќи ние таму ќе си живееме. Јас сум засега презадоволна.
     
    На snegulka21 и KuklickaSk им се допаѓа ова.
  13. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.902
    Пол:
    Женски
    Савана слично беше и со нас...ние две год. живеевме под кирија на две различни места, сами чистевме, кречевме и колку -толку уредувавме, ниту со прст не мрднаа, доаѓаа само да прокоментираат што и како не чини и како да се уреди по нивен терк и вкус....Јас шизев :@ ...ем не помагаат со работа, ем финансиски, а само мелат (свеки и золвица)...
    Кога се вративме дома, пак продолжија со коментари, ама јас сега како поискусна и понеќутлива им реков- кој вас ве праша за мислење...ако не ви се допаѓа ваш проблем, коментарот зачувајте го за себе.. :!:
    Тоа беше последната замерка...
    Исто кога реновираме на секое нивно муртење кое значеше дека не им се свиѓа им давав строг поглед и ништо не смееа да кажат.

    Според мене имаш две опции
    - да ќутиш и да си тераш по свое, нормално |( еве вака направи си, и ич да не ти е гајле ...или
    -јасно и гласно кажи им дека ти смета нивното мешање и коментирање...т.е. кажи му на вереникот да им каже, ти ќути си...
    Знаеш како викаат- тивка вода- брег рони...но и -кротко јагне од две мајки цица.
    Не се замарај, не вреди ;) ...само нервите ќе ти попуштат
    Поздрав :)
     
    На savana и maca99 им се допаѓа ова.
  14. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.099
    Савана штом ти помагаат финансиски од среќните си, затоа што сите зборуваат, се мешаат, но ретко кој помага. Не треба ни да се замараш дали му се допаѓало тоа што сте го купиле, па нормално дека нема да му се допаѓа, што знае тој од мода? :^) Немој се при срце да си земаш, терај си по свое а тие ќе си зборуваат тоа им е работа ;) Поздрав
     
    На Anyshka и savana им се допаѓа ова.
  15. Blumarine

    Blumarine Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    188
    Прво да се извинам, не можам да ги прочитам сите коментари!
    Прочитав неколку коментари од типот „свекрвата не може да ја замени мајка ти“. Па се разбира дека не може, една е мајка :D Но :!:, мора да го земете во предвид фактот дека таа жена, (како што милувате да ја нарекувате monster-in-law :D ) е нечија мајка, „по некоја случајност |( “ на вашиот избраник.
    Немам свекрва (не сум мажена) и можеби не сум толку компетентна да кажам за тоа какви се односите помеѓу снаата и свекрвата, но мислам дека кај нас има стереотипи во поглед на снаите и свекрвите - како да се подразбира дека свекрвата е непријателски расположена кон снаата, а снаата е разгракано чавче па ќе се расправа со неа. Многу погрешно!
    Дали ќе се сакаат, ќе се мразат или ќе се однесуваат меѓусебно со почит е индивидуално, зависи од карактерот на двете.
    Има секакви случаи, колку луѓе - толку карактери: може свекрвата да се погоди многу добра жена, да трчка по вас, да ви помага, па да ве нервира дека е постојано тука; може да се погоди проста и безобразна, па да ве пецка или отворено да ве навредува, или пак да се погоди некоја неутрална личност, која не се интересира за вас и вашиот сопруг, не ви помага, не се меша околу внуците, и повторно да ве иритира со таквиот однос.
    Клучно е да се однесувате кон неа со почит, така ќе покажете почит и кон сопругот и остатокот од семејството, и притоа ќе „изнудите“ почит од нив кон вашето семејство.
    Ако веќе ептен згусти работата, боже мој, наговорете го сопругот (ама онака, мекамски :lol: ) да се одделите од неа. Ако го притискате да направи избор, може да се разочарате од него. ;)
     
    На ROSII, karak и hunny-bunny им се допаѓа ова.
  16. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341
    Море немој така ееј, и јас си го јадев ама сега свекрва стрикно за мене го чува ;) јас да го јадам :)


    Да не бидам офф топик, пред некое време коментираме со маж ми за таа релација свекрва- снаа и во еден момент ми кажува ,, на секој маж му е битно да има мир во куќа,, И така си е, ако си ги наредиш работите од почеток како и на двајцата одговара ќе има мир ;)
     
  17. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.719
    Е баш добро кажал. И мојов ми го кажува тоа мене, ама штета што и на мајка му тоа не го кажува :D .
    Сепак и покрај сите работи, јас сеуште свекрва ми не сум ја нарекла со друго име освен мамо, се однесувам максимално добро кон неа (од причина што не сакам да си имам проблеми во бракот поради неа). Забележав дека колку и да го врткам маж ми да е од моја страна, сепак не можам да го разделам од мајка му, иако во сите ситуации пред нив застанува на моја страна.
    Се додека и тој ги почитува моите (иако ретко се гледаме со нив), јас не се спуштам на она ниско ниво на свекрва ми. Почнав максимално да ја игнорирам неа (од едно уво влегло од друго излегло), па супер ми е :)
     
    На ehrgeizig123 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341
    Тоа превртување како што велиш си дојде само по себе а особено по раѓање на дете а претходно си убаво истрасираш пат :) . Ако има почитување од двете страни и без караници лесно си доаѓа се на свое место.
     
  19. MrsH

    MrsH Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    134
    Се изначитав цел ден за свекрвите и ги сожалувам снаите кои си имаат проблем со нив а се приморани да живеат во заедница.Сега ке пробам накратко да ви ја опишам мојата БИВША свекрва.Син и ке го наречам Томе.Томе се жени прв пат кога имал 21 г а првата жена била 17г.Сите заедно Томе со мама и тато дада и зетот и зенаму се преселија Австралија и сите живееја заедно.Жената од Томе беше вреѓана поттурната на полнок бркана на улица со 6 месечно бебе во држава каде што никој не познава а ниту јазикот го знае да побара помош,среќа роднини на томе кои зивееле во истата улица и ги познаваат неговите родители ја прибрале женава.Па се вратила другиот ден ама и понатаму малтретирана на секаков начин дури и физички(тепана)И се одделиле покасно и свекрвата ниту деца да му гледа дури овие работат ниту да му поможи ништо.Женава по некои 10-12 години го остава Томе.Томе си иди Македонија пак сака да се жени и ѓавол го натера мене да ме сретни и да ме лажи.Абе предобар беше.Јас од слушање вакви приказни за свекрвите уште кога се спомна брак му кажав јас нема шанса со свекрва и свекор да живеам иако не ги имав ниту сретнато неговите родители.Ама неговите веке беа преселени во Македонија и немаа намера да са вратат во Австралија а ние бегаме за Австралија.Па работата беше да се седи заедно 2 месеци додека не стигне визата моја.Не бре една недела заедничко живеење тие решаваат идат Австралија демек да ни поможат нели ке имаме деца и низ дома .Јас будаличка не ја знаев приказната за првата жена ми беше кажано многу поинаку и си велам ако нека дојдат ке живееме заедно многу добри ми се видоа таа недела.Па тие дојдоја одма покасно и ние дојдовме Австралија.Јас пристигнав покасно од Томе во понеделник.Во вторник пола ден го преспав па нели сум била на пат 24 саати и временски разлики и све.Па коментари јас цел ден сум спиела.Наредниот ден Томе на работа заминува рано јас наспана и станав во 5 саат со него и од кога заминува тој јас мијам расфакам бришам за се да е средено нели после коментарот претходниот ден да и удоволам.Станува таа во 9 саат не ум ја оставила да спие :x Третиот ден станувам и таа станува во 6 како стално(пред тоа спиесе до 9 дека јас чистев)Се суредваме заедно па зошто кебињата со кои се покриваме не ги вадам надвор на жица да стојат до ручек секој ден :x Работата свршена јас зедов да си ги лакирам ноктите.Ги излакирав и го оставив лакот на маса до мене чекам да ми се исушат.Таа го зема лакот и почнува се да фрла низ дома како луда јас нисто не сум правела.Срека голема Томе си иди рано од работа тој ден и од пред врата ја гледа и чека да види што ке прави а оваа се дери и фрла се што и доје до рака.Е сега таа се зафркнала ако првата шена кутела и трпела све јас не сум таква.Зеде една ванза фрли накај мене јас се тргнав ме промаши ја фатив вазната и јас фрлив ама ја погодив.Томе влегва дома таа плачи сум ја тепала :swear: Арно што тој цело време ја гледаше па за 15 минути тие беа спаковани и на улица.Па така ли се дочекува снаа која иди на друг крај на свет никој не познава во државата????Си седеја под кирија Томе одеше понекогаш ги гледаше јас никогаш.Тој им кашува јас сум трудна а тиа остави ја земи си ја првата.А на првата жена им се јавуваа да се вратела кај Томе а тој да ме остави мене :x Се роди нашиот син Тома пак се јавува да им кажи имаат внук а тие пак истото оставија неа земо си ја првата.Додека беше првата со нив не чинеше секако ја малтретираа сега таа чини јас нечинам .Јас не трпам не велам сум претрпела од нив ова и она се на се нецели 2 недели ги познавам.Сега јас со таа првата сум пријателка и ја знам целата приказна и Томе си знае дека неговите родители му го упропастуваат животот него ама незнам зошто упорен е дека ке се сменат.А покасно разбрав од неговата прва жена мајка му на Томе за мене велела камен да родам додека бев бремена со внучето од син и.Па кога го слушнав тоа реков никогаш во живот тие нема да ме видат ниту мене ниту мое дете.А по некое време Томе си сакаше пак да си ги земе мама и тато со него да седат,па фино лепо си заминав кога маж од 40 години неможи да увиди каква е ситуацијата о да си постави граници ке си седи сам.
     
  20. MrsH

    MrsH Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    134
    Да продолжам.Јас си заминав Томе пак иди Македонија пак се жени а неговите родители седат Македонија пак.(го бива цовекот да те прелаже опасен е :lol: )Новата жена ја носи дома по две недели кавга огромна и Томе и жена му бегаат кај родителите од женава.И мајка му на Томе пак остави ја земи си ја првата.Е додека беше првата на сцена не цинеше а сега уште две после неа не чинат пак????Томе си ја зеде новата жена во Австралија по два месеци (пред една недела )си ги зеде и мама и тато пак до него да седат во иста куќа е сега господ нека им е на помош :^)
    А за ралика на оваа луда жена мајката на мојот сегашен вереник е злато.Не живееме заедно(таа е во Нов Зеланд)Ама иди да не посети на 2 недели.Мојот син (и на Томе) не и е внук ама го сака како внук и мене и син ми не поштова мнооогу.И таа го претставува него како внуче а детево баба си ја вика пошто син ми не го ни памти татко му(тоа е друга приказна)и сеуште си мисли дека овој му е татко а родителите негови баба и дедо.Со неа контактирам на тел и 1-2 годишно се гледаме.Сега сум бремена со син и ке имаме бебе и таа го прашува син и дали јас сакам таа да дојди на 2 недели кога ке се роди детето да ми поможи.Па нормално дека сакам и ако можи и подолго да остани зашто женава е супер.И кога е дојдена никогаш за ништо не ми пререкла сами ни вика одете шетајте јас ке го цувам детето оти кога ке си заминам пак не моѓите да шетате сами.И ело време со син ми си игра го шета му купува играчки и како да се пожалам???Јас сум истата истата бев и за таа ЛУДА зена и за оваа .А на таа луда жена не 3 тука 300 снаи нема да и се погодат.
     
    На LadyN и ROSII им се допаѓа ова.