Ne rekov ligus tuku mamina maza i te.prasav odg mi bidejki mn si sig deka nema da ti se mesa odg cekam Ok te procitav dovolno bese Jas da cekam boga ok,no ti sto ke docekas bez bozja volja da vidam
Па ти одговорив. Ако не ме поддржи ќе го оставам. Не ми се брза никаде. И зошто морам да се мажам за да основам семејство, од каде е тоа? Може никогаш да не ми ни стане свекрва, а да имам 3 деца со син и.
А ти мислиш дека односите помеѓу луѓето се уредуваат со документ? Може да ти биде свекрва или тетка или што и да е, мајка е на партнерот. Ако тој и дозволи да ви се меша во животот, ќе го прави и без документ.
Dada ke pisuvame ama da vidam sto ke pises,nie ovde zboruvame za mazeni,a ti ako mislese deka odkako ke se omazis i so 3deca da go ostavis,nemoj dq mislis kaj majkti meseno beseno
Човечноста е во прашање, затоа е толку круцијално јавувањето на свекрвата. Ако не се јави свекрвата да праша за внучето кој треба да се јави? комшиите. Мене пред некоја недела слушнав од свекрвата на комшика со која пијам кафе еднаш во месецот дека малиот е во болница на операција па отидов да го видам иако и самата бев оперирана неодамна, тоа е таа човечност, јас ја искажувам према комшии а не пак спрема најблиските. Искрено и јас би се налутила на свекрвата детето да ми е во болница а таа да не се ни јави. А ако не се преправа, ќе го оставиш дечкото затоа што финансиски и помага на мајка му која е болна? Тоа го мислеше Имелда, нејзината свекрва не се преправа болна е жената и тие даваат финансии кои се неопходни за нејзината нега. Повторно човечноста е во прашање, не е обврска, должност но е човечно. Јас да добијам таков ултиматум од сопругот веднаш ќе се размислам што сум направила за да добијам таков ултиматум и сигурно не би ги одбрала моите во корист на сопругот и таткото на моите деца. Си ги сакам моите ама сопругот сега е моето семејство, тие ми се фамилија. Во однос на другаркати искрено не знам зошто се лутиш нејзино дете, таа си има право да си го одгледува/воспитува како сака, не мора да бара одобрување од никого посебно не од другарка и, ако ти одговара дружи се со неа ако не не се дружи, многу едноставно.
Јас мислам што подалечени да се свекрвата и сната ,да немаат никаков контакт а мажето нека си оди секоја недела на ручек кај мајкаму , имаше еден случај овде синот кукаше како мајкаму и женаму се карале , се тепале , и викаше да ја удрам мајка ми не можам таа ми е мајка , да ја удрам женами пак не можам таа ми е жена , и на човекот му дојде преку глава и се обеси го пукнаја човекот , затоа контакт снаа-свекрва НИКАКО !
абе од тоа беше , човекот си остаде и писмо , го пукнаја и сега пак нека се караат и тепаа , нека го носат на душа , па секој ден да ти труби некој на глава , и да слушаш кавги толку е нервите попуштаат ...
@CameliaMiller да точно, мажот игра голема улога во целата ситуација, ама додека да се реши се, тебе низ нос ќе ти излезе се што си кажала денеска на темава. Доколку го имаш истото мислење како денес што кажа така ладнокрвно - ќе го оставам, тогаш најверојатно нема ни да дочекаш да видиш дека може да се среди ситуацијата. За мене пример нема смисла да се разделувам јас со некој што го сакам и сметам дека имам заедничка иднина само поради мајка му. Јас имав исто проблеми на почетокот со свекрва ми, ама маж ми беше тој што им даде јасно на знаење дека тој ме избрал мене, и без разлика што и да мислат тие ние нема да се разделиме, дека нив утре ќе ги нема а јас сум жената што ќе остане цел живот со него, јас сум жената што ќе му роди деца, јас сум жената што го почитува и сака неизмерно, дека сме способни да живееме сами под кирија и да не зависиме од никого и дека несакаме никој да ни се меша во ништо. Ако им одговара ок, ако не пак ок нивен проблем што неговото мислење нема да го смени, напротив може само да го изгубат. И го изгубија на период, месеци поминаа....јас знам како му беше тој период, не е лесно какви и да се родители се. Ама барем се исплатеше цела мака...сега е се како што треба и секој си го знае местото. Да беше некоја друга на мое место (пример ти) до сега 100 пати ќе го оставеше после се што доживеав од таа жена, сега е добра -да, ама некои работи никогаш не се забораваат. Ваљда ти не си од камен створена па што се дигаш во облаци дека тебе не те допира ништо...дојди во наша кожа, помини се што сме поминале па после кажи дали не те допрело ништо. Проблемот е што старите забораваат дека нивните деца веќе не се деца, што не гледаат нас снаите како божем ние сакаме да им го украдеме синот од нив За јавувањето, да знаеш дека нив повеќе ги боли отколку нас, тебе може нема да те боли уво дали свекрва ти се јавила да праша за син ти, ама маж ти ќе го боли мајка му е. Плус човечност е во прашање, па колку и лошо да ми направила во животов ако стапне во болница ќе се јавам да прашам како е. Исто и таа за мене, можда не ме обожава нешто жената ама секој момент штом стапнам во болница таа се тресе над мене. Свекор ми уште повеќе, иако сме биле на ратна нога. За внуче па ич да не правам муабет...срамота е тоа што го прочитав затоа не коментирав до сега. Така да не е нормално тоа ладнокрвно однесување од родител, џабе се пуваш тука на темава.
Јас да добијам таков ултиматум од сопругот веднаш ќе се размислам што сум направила за да добијам таков ултиматум и сигурно не би ги одбрала моите во корист на сопругот и таткото на моите деца. Си ги сакам моите ама сопругот сега е моето семејство, тие ми се фамилија. Во однос на другаркати искрено не знам зошто се лутиш нејзино дете, таа си има право да си го одгледува/воспитува како сака, не мора да бара одобрување од никого посебно не од другарка и, ако ти одговара дружи се со неа ако не не се дружи, многу едноставно.[/QUOTE] @bittersweet Јас еднаш добив таков ултиматум од дечко да не се дружам веќе со другарка ми (истата онаа со девојчето што ја споменав) па по тој дечко имаше уште многу дечковци, а другарка ми се уште ми е другарка. Можеме да се омажиме и десет пати и десет мажи да бидат татковци на нашите деца, но родителите ни се тие,едни и единствени. Ако мене ми постави таков ултиматум ќе знам дека воопшто не ме почитува и не му е дојдено до мене освен не дај боже во екстремни случаи ако моите скроз откачат па го загрозуваат неговото здравје, го малтретираат физички и ред други незамисливи работи. Се друго ми е неприфатливо. А во однос на другарка ми јас воопшто не и се лутам и не и се мешам во воспитувањето, таа се лути зашто нејзиното дете никој не сака да и го причува, да го прошета, зашто сите сме на штрек дека после ќе не укорува со баналности од типот дека сме го оставиле ,,ветерот да дува право во детето“. Со примерот мислев на оние родители кои не дозволуваат да се приближиш до детето,а потоа се навредени зашто луѓето се воздржани со нивните деца.
Дечко и маж, посебно татко на твоите деца, се сосема различна ствар. Токму така, родители се едни и единствени но тоа е обострано. Ние можеме и десет мажи да имаме, ама на тоа дете тој еден ќе му биде татко односно родител. Пред да се донесуваат одлуки кои драстично би го смениле не само нашиот туку и животот на нашите деца одлуките се донесуваат со ладна глава. Примарното семејство односно сопствените деца и сопругот наспроти семејството од кое ние сме произлегле се става на вага. После долги години брак и деца со тој човек таа вага натежнува на својата страна.
После си ваков во трчање да се спремиш пред да отвориш врата А што е најтрагично, како да гледаат на гравчиња, секој пат во незгоден момент доаѓаат, или се јавуваат Дури и да е на телефон, ѕвонат ли ѕвонат како да им гори куќата Се јавуваш лут-што е??? и му вика од таму...лелеееееееее синееееееее кучката јаде сладолед хахахах колку е интересна... Човек неможе да се изебе на раат
@danichap се согласувам затоа и кажав дека ултиматум од тој тип може да се побара само во екстремни ситуации. Ние жените многу често знаеме да се истрчаме со такви изјави и со поставување на ултиматуми па потоа Цацко ни е крив.
Не е дали некој се пронашол или не, туку дека баш воопштено зборуваш. Затоа неколку пати ти беше напоменато - прво рипни, па после кажи оп... Познавам многу такви девојки со 'цврсти' ставови како тебе, ама после косите си ги кубеле...
Ej sega listav citav i ova o zeno me asocira na 30-40 godisna zena,no nekoi vikat koga ke se omazis zena si,da taka e jas imam 23god ne se racunam za tolku stara i seto ova sto go pisuvav ne e izmisleno,nego doziveano a i dokazano e
@CameliaMiller По првиот пост напишан од тебе си створив слика дека зборуваш за свекрвите од секојдневна гледна точка околу ситници и банални работи. Па затоа ти реков дека околу овие помалку небитни работи се сложувам со твојот став, како што и пишав , исто и со ставот дека никој не ти е должен да те рани и да ти чува деца. Но кога продолжив да те читам всушност забележав дека јас погрешно сум ти ги разбрала ставовите, тука има разни жени кои споделувале значително злобни и тешки моменти и тука се потполно во право, и воопшто не се сложувам со тебе. Еве пример мажти може и бил добар та предобар према тебе, па после неколку години како во случајот на анина од никаде нигде се променил, разговарај прашувај што е како е во што е проблемот но едноставно не наогаш чаре, зборот ми е ние самите себеси се менуваме а не пак некој друг. Туку пу пу скраја да е. Потполно се сложувам со сите жени што ти велат дека не си компетентна да зборуваш се додека не влезеш во куќа. Има ситуации и ситуации на преговори од страна на свекрвите и мешање тоа дефенитивно и ајде што ке праиш ке се снаогаш некако, се зависи до човекот некој се ке изнакаже некој ке кути и ке трпи и ке се нервира друг нема да се замара трет ке се замара, ке кажеш и на маж ти можеби и нема да кажеш но ова се зависи до карактерот и на жената и на мажот, а и на свекрвата дали е малку совесна или воопшто не е. Се сложувам со тоа дека мажот е тој кој треба да ставе некои граници на нејзе, но има и моменти кога и при тоа што мажот ставил граница и покрај тоа што сте одделени таа пак да доага и секој ден да соли памет?! Па ајде да те видам тука. Да не збориш неможеш, да пробаш да решиш неможеш, и едноставно некои се помируваат со тоа што е, а некои треба да се караат и да објаснуваат секој ден едни исти работи, па таа малку помалку да ја свива опашката, а некоја воопшто и покрај подршката на мажоти према тебе ке остане таква каква што е. Заклучок-се зависи од жената. И ке кажам уште една битна ствар дај боже сите мажи да беа мажи и не мамини мази, ако мм ме сака ме почитува си го знам и чуствувам местото каде ме ставил, и покрај тоа што таа - свекрвата секогаш ке ломоти а тој ке биде со мене и до мене тогаш ама баш ништо не ме интересира што ке каже таа. Во случај ако немам никаква подршка од мажми и сум малтретирана на било кој начин секојдневно не дај боже да дојдам до ваква ситуација незнам баш што би направила, но сигурно нема да останам и покрај се со ставот што го тресиш од ракав. Јас лично живејам со мојата свекрва подолги години, и тоа јас и таа сами, и затоа еве не се сложувам со твоите плитки ставови. Да немаш ни грам совест спрема оние жени кои се малтретирани или пак што зборуваш не очекувам таа да ми се јави во болница и да не набројувам, сите твои ставови и примери, еден ден ке ти паднат знаеш и тоа како бо вода. Како што велат и другите ке исчекаш и ке видеш дека не е баш така како што зборуваш и се дрзнуваш да наметнуваш мислења, а ден по ден во заедницата ке видеш и тоа како ке почнат од нигде никаде да ти излегуваат проблеми и нервози.
@anina Повеќе пати сум те читала, меѓутоа не сум сакала да коментирам на оваа тема затоа што и немам баш што да пишам за мене и мојата свекрва, но од моја гледна точка ќе ти дадам еден совет како ќе го прифатиш незнам. Јас да сум на твое место би ја баталила засекогаш, очи да не и видам. Ако таа детето не ја интересира што воедно е и нејзина крв , што очекуваш од таков човек??? Гледај си ги мажот, децата неа да ја избршеш од твојот живот. Не прави атер ни за маж ти, ако тој е индиферентен спрема се , зошто ти да ја тинтраш мајка му? Ако таа не те почитува тебе и твоето дете ( тоа е и негово) не го почитува и него. Со неа би завршила, ни за арно и за лошо со таков човек !