Ne mozes da reces taka, ne se mazete vo zaednica ako ne mozete da izdrzite. Kaj sekoj situacijata e razlicna. Nikoj ne zivee vo zaednica od arno. Ete ti planiras da se osamostois da se omazis, a od kaj si sigurna deka nesto nema da ti go poremeti planot? Sum za toa i nemazenite da si iskazeme sopstven stav vo temava, no ne sme kompetentni da diskutirame i da se letame za vaka teski temi. Site idealizirAme pred brak deka se ke bide super, ke postigneme nesto svoe, No realnosta vo koja ziveeme lesno moze da ne plesne vo faca. Moment e dovolen da ti gi otera site planovi vo aut. Izvinete za lat.
Знам дека го отупевме, еве уште ова само ќе реплицирам и се гасам. @CameliaMiller , јас никаде не реков дека си бесчуствителна, а јас лично многу сум работела на својата пречувствителност за да дојдам до стадиум кога можам на некој да му речам игнорирај, не се замарај со глупости, ама истовремено и да сфатам во каква емотивна состојба се наоѓа. И не знам од каде ти е заклучокот дека живеам во заедница,живеев една година, а уште 14год. сами сме создавале дом без никаква помош. .Работите што ме повредија се случија многу покасно. Не треба да е некој до тебе за да те повреди. Живеј си го ти животот по свои принципи и однапред утврдени правила, ама биди спремна на сѐ, зашто некогаш знае да изненади.
Многу теоретизираш пред време. Домашниот есап на пазар не излегува скоро никогаш. Еве може кај тебе ќе биде така, прилично си наоружана со теорија па може ќе ти се посреќи да го воведеш и во пракса сето тоа. За болдираново... мајка ми дома ако ми се развика, ќе и се развикам и јас... ете ТОА е разликата. И мојата мајка знае да повторува едно те исто неколку пати, ама јас и кажувам - досадна си мамо, аман. Знаеш ли ти што ќе се случи ако така практикуваш со свекрвата или ако и речеш досадна си??? Па во најмала рака можат да паднат плачки, да и се качи притисокот, да почне да припаѓа и така натаму и така наваму. Тоа е таа ОГРОМНА разлика. Тие очекуваат да бидат почитувани како мајки (нели да се ословуваат и со мамо), а воопшто не е исти третманот и односот во овие две релации. Свекрвата НЕ ГО ТРПИ тоа што мајката ќе го истрпи - и речено и направено од својата ќерка. Зборот КАДАРНИ воопшто не ми се допаѓа. Тоа што некој стекнал нешто повеќе во животот не е затоа што е ПОВЕЌЕ КАДАРЕН од оној кој што има помалку, биди сигурна. Може овој вториот е многу поспособен, ама девојче сплет на животни околности, кои нажалост не може да се контролираат па ако сакаш расчеречи се! И што ако двајца кои се сакаат, не можат во животот да се осамосталат подолги години??? Ајде, сите да не се мажат! Не е работата бре девојче ако им дале старите на младите една соба, од носот да им ја трлаат неколку пати во денот. Па тие пред се на НИВНОТО си дале, а тоа нивно ја одбрало таа некоја да биде со него. Јас верувам дека ниедна од тука нема животна желба да живее со свекрвата, кој не сака свое нека пукне. Ама ете, не бива секогаш. И во случаеви каде живеат на посебни катови, со посебни влезови, која е потребата свекрвата да кажува на пример како да се спрострат алиштата?? Абе ако сака и куп го*мна нека има на среде дневна, ако кај неа си е чисто пеки, на снаата нека и смрди штом ја мрзи! Ама нели треба да се пререче. Јас не викам дека младите многу се арни, ама и какви стари има...животот да ти одмили од нив. А, и многу си ми интересна бе, одма ЌЕ ГО ОСТАВАМ! Сите така ќе ги оставаш редум? Убаво кажаа погоре, битно е да се смогнат сили и да се најде точка на разбирање со која ќе се успее да се задржи тоа што се створило, а ако е за оставање... многу лесна работа така. Живот носи, живот донесува. Денес си горе, утре си долу. Не треба многу чукање во гради, зашто денес знаеме , ама не знаеме утре какви ќе сме. Затоа сувопарни животни лекции треба да се избегнуваат.
Татко ми секогаш викаше :Не летај високо ке паднеш ниско. Така ми делува и феминката погоре.Јас вака јас така... А од кај знаеш можеби никогаш никој нема за жена да те земе (не дај боже нели).Па целата математика однапред џабе си ја праела.
@galapce колку само да знаеш јас не би дозволила доживотно да ги финансираме родителите. Мора да има некаков баланс. Парите се за дома, за семејството, за децата, за нас. Колку за компарација која не треба да ја правам... Моите ми даваат многу. Веќе имам пишувано за тоа па да не се повторувам. Речиси никогаш не им барам туку сами даваат. Сега откако ги чуваат децата постојано, се случува јас да им го наполнам фрижидерот а мм да го крева носот. Ем градинка не плаќаме (ми забранија малечката да ја носам додека не се опорави сосема), ем никој од неговите не ја чува, ем отказ да не давам и за крај да ги оставам децата на трошок на моите. Значи тој реагира на тоа. А кога ни купуваат пелени не реагира. Кога тие го полнат нашиот фрижидер не реагира. Од друга страна секој месец мајка му му бара пари на заем. Тоа се секогаш неповратни пари. Јас треба да молчам за нив. Е не може така!
^ И бидејќи да се критикува свекрвата е нормална работа, а да признаеш дека имаш проблеми со сопругот е малку потешко, како пред себе така и пред народ, затоа сме повеќе на оваа тема, нели?
Еве јас ќе ви признаам дека имам проблем со свекрвата и свекорот и ги мразам од дното на душата,ама не се криви тие.Крива сум јас која многу рано.се омажив а.летав наивно во облаците и најголемиот кривеце.сопругот кој ниту еднаш ме нема одбрането,заштитетно, да направи баланс помеѓу мене и нив.
Имам чувство дека штом @anina напише нешто на темава, и одма се наоѓаат неколку што одма се прават паметни, а не е само со анина, и со други е случајот, ама ете баш не сум видела пост од неа а да не е нападнат. И обавезно се наоѓа некоја немажена што одма ќе соли памет како таа кога ќе се мажи сите ќе и се поклонуваат нејзе. Како ова мажениве многу глупи, не знаат да се снајдат, а таа паметна, одма сите ќе ја сакаат, ќе ја почитуваат и ќе и се тресат оти одма развод брака. Само да, има и такви, невоспитани и неосетни, што кога ќе влезат в куќи одма дар мар прават, па тогаш и свекрвите и цело семејство не знаат кој пат да го фатат, и мажите се каат што лајно донесле дома, што нит се води нит се тера. Работата е нели да не сме ни такви. Секоја жена со својата мака. Сите имаат различно ниво на толеранција и емоции. И алал ако ви е вас ако ви е сеедно дали бабата ќе праша како е болното внуче. Баба ми, кога бев болна како мала, не спиеше од грижи и одма кај нас ќе се нацрташе да ме негува. Некогаш дури и криевме од неа дека сум болна, за да не се потресува. А другата баба (од татко ми) не се интересираше многу. Јас на болница лежев на операција, мала бев, таа не се ни јави никогаш не ме ни посети, ништо. И тоа ме болеше многу, и мене и мајка ми, а татко ми, да не правам муабет. Мислам дека ќе пукнеше од мака. Така да, алал да ви е ако вас ви е сеедно дали бабата се интересира за вашето дете, т.е. нејзиното внуче... јас мислам дека би се навредила без разлика дали тоа била мајка ми или свекрва ми, а и мажот ми исто.. многу би се навредил.
Jas od vcera i od denes se izmoriv od citanje i od otvoranje oci.I zakluciv deka ovde ima monogu tvrdoglavost i razgalenost,ti vikas belo ono vika crno.Mn e lesno ovde da se silime POKAZI SE NA DELO,a za pametnost kako anonimni na forumov site sme pametni.I jas eve nemozam da si objasnam kako toa na nekoj ke mu rodam 3deca a majkamu nemalo da mi bide svekrva,jas kolku sto znam i bez dokument ako rodam i edno dete od sin i fakticki mene taa zena mi e svekrva,koj i da me sretne ke recat eve ja snaata na taa i taa,nema da recat eve ja ovaa sto i rodi vnuce na taa i taa.I devojki veke ne se trudete da objasnuvate nekomu sto nema maka i siromastija videno,sekoj go gleda ona sto saka da go vidi (rozoviot svet),i sekoj si veruva vo toa sto saka da veruva.Jas sega da bev na nejzino mesto ke se otkazev od temava,site edno isto da mi kazuvaat a nitu se znaat nitu se poznavaat znaci od iskustvo kazuvaat,samo jas pametnata i toa neiskusna ke se pravam videjteme pozz
Па Бриџит, многу жени кои што се на темава немаше да имаат проблеми со сопрузите доколку нивните мамички не ги воспитувале во стилот -мајка Богородичка таа е една, гледај ја и ставај ја секогаш пред се и сите, жени има многу. На овие наши простори, јас како проблем со сопругот би го разбрала неверство на пример, пијанство и ред други работи. Ама проблеми со свекрвите имаат 99% од жените во нашето поднебје, па ваљда не биле сите слепи кога бирале мажи де. Значи нештата некогаш биле во ред, ама кога стапува на сцена мајка му зашто сега синот треба да има други приоритети во животот, а не само мама па мама, доаѓаат проблемите. Беше спомнато во темава дека овдешните деца не се воспитуваат на почит, туку на стравопочит кон родителите. Од тука се и проблемите. Па јас имам бивши кој толкав слон близу 30 години беше воспитан да не смее да им зуцне на мама и тате...тие му зборат, нема во право си, не си во право... тој ќути, ТИЕ СЕ ВО ПРАВО. Зашто па ако им зине, ќе летне и некоја закана. Па еве конкретно на Анина проблемот, зошто бе кога знае низ што се поминале со детенцето не ги остави на мира? Не помагаш добро, не ја сакаш снаата добро, не ова, не она...па капак на се дај пари, а овие другите па на вас нека даваат. Ај ви се молам! Гледаат секоја ситуација да ја искористат збрка да направат. После имаш проблеми со сопругот, епа ќе имаш...и него ќе го збудалат, такви досадни, неразбрани...како тумори гризат, ненаситни!
Причина за ваквите проблеми е нашиот менталитет и сфаќањата дека кога се мажи жената оди во куката на мажот во заедница со родителите негови и дека таа е новодојдена и треба да се прилагоди на новата куќа и сл. Па 90 насто млади за жал живеат со старите. Утре бебиња кога им се децата градат спратови за едниот син, за другиот син, за старите на призмје. Дури и посебно кога се самата близина си придонесува за конфликти, колку повеќе се мешаат едни со други толку повеќе има шанси за конфликти. Па уште и ако финансиски се зависи од постарите, тогаш тие си очекуваат признание и почит. Дури и фактот дека зависноста од нив е да ги чуваат децата сепак е факт дека има зависност. Затоа им завидувам на менталитетот западњачки, младите си живеат со децата, има бебиситерки и градинки за чување деца, си заработуваат сами, а со дедото бабата се гледаат за празници и секој си го живее своето. Сега мене ми е време да бидам родител на децата и да поминувам време со нив, кога тие ќе пораснат и создадст свои семејства тогаш ќе биде нивното време да уживаат во родителството и така животот си оди по природен тек на настаните.
Ако 99 посто од жените имаат проблеми со мажите од свекрвите се лоши мајки, значи 99 посто од жените се лоши мајки вклучувајки ги и вашите. Многу пати е разговарано што е потребно за баланс, ама толку е излишно кога сакаме некој трет да обвиниме..
^^ Ако сакаш да кажеш дека 99 посто од мажите се мамини мази и се согласуваат на теророт што свекрвата го прави врз снаата, многу грешиш. 99 посто мајки се аждаји, ама само оние што имаат машки деца, така ли? Тогаш и вашите мајки се такви, освен ако не сте само женски деца, тогаш честито, светица е.
Па и нашите, прочитај го мојот погорен пост да видиш во кој контекст е спомената мајка ми. Ама односот мајка - ќерка и снаа - свекрва е различен како небо и земја. Е сега, тоа што свекрвата сака да ја почитувам како мајка, а не е спремна да поднесе да и речам досадна си на пример како на мајка ми, тоа е тоа што ги мати водите! И да Бриџит, јас сум само ќерка па мајка ми не е светица и не сакам ни да биде!
Јас сепак мислам дека @anina истакнувајќи го проблемот со свекрвата, не забележуваш дека всушност ти имаш поголем проблем со сопругот. Се додека од твои уста излегува тоа што всушност тој треба да и го каже или се додека ти правиш чекори што всушност тој треба да ги превземе,вашиот проблем ќе се продлабочува, омразата ќе расте и ќе оди до бесконечност. Нејзината нечовечност уште повеќе требало да го заболи него, нејзиниот син, бидејќи тоа дете, нејзино внуче, колку е твое, толку е и негово.Тој треба да си седне и да се договори како маж, дали бабата воопшто ќе има некаква улога во животот на тоа дете или не.Не дај боже детето, јас и сопругот да поминуваме 4 месеци низ таква голгота, а мајка ми ниту еднаш да не се јави или пак да дојде, па јас би ја избришала од живите, не би чекала мојот сопруг тоа да го направи, затоа што ја немало кога ми била најпотребна, не материјално, туку духовно и морално.Постапките многу кажуваат, само слепиот не може да увиди. Јас не можам да замислам како срце ја држело, толку време во неизвесност за дијагнозата на сопственото потомство, воопшто да не го види внучето или барем да праша за него. И тој тоа го гледа и немо премолчува, со сила го бутка кај неа в раце, значи нема м*да да и се спротивстави и да ја праша кај била 4 месеци, кога нели на муабет толку многу и недостасувало внучето. И се додека тој се однесува така,на нејзе бидејќи и е допуштено ќе се однесува уште понечовечки, а ти ќе се фрустрираш и ќе губиш нерви. Не треба да го ставаш во позиција да бира помеѓу вас двете, бидејќи мајка е мајка, меѓутоа можеш да разговараш со него, да ги погледне работите малку пообјективно и тој да си разговара со неа, затоа што што и да и каже, нема да му се налути, тој и е син, ама се што ќе кажеш ти, ќе ти се земе за зло, бидејќи ти си снаата. Овдека не се работи за ривалство, инает и докажување на вас двете, се работи за неговата неспособност да се избори за себе и своето семејство.
Јас незнам како може некој да не го боли за свое дете, како може да му биде сеедно ако бабата не се интересира за него. Син ми 1недела гореше од т 39 а бабаму не се качи да го види, во иста куќа ниту да праша па знам колку тоа го повреди мм. После неколку дена се слушнале со золвами на мобилен и лошо ја сватила дека тој внук е болен, па земала на сред работно време се менувала со колешки само за да оди да го види тој внук, како тоа мене како мајка да не ме погоди, како во случајов на анина да остане рамнодушна кога неможе тоа е посилно од неа. 1година и 1месец помина како ни одмогна, ни ги скрати рацете во секој поглед, смртта на свекорми сите трошоци покриени од наша страна, храна, сметки, трпези вадење, споменик, и сето тоа од само една плата. Неможев првите патичиња на син ми да му ги купам му ги купија моите родители, позајмував алишта за син ми од братучетки, купувавме храна најосновното и бевме на преживување а она? Она си тераше аздис, поклонуваше коли, алишта купување на другиот внук, од месото кое го имавме даваше на другите сватови а ние дојдовме до дереџе да ги јадеме коските. Ајварот што го правев со 4месечно бебе и со помош на мајками, она го даде на ќерка и, и сето тоа го правеше скришум мислејќи дека јас и син и пасеме трева а ние премолчувавме само за да не се караме нонстоп со неа. И јас планирав годинава да одам на море, да го изнесам син ми некаде на прошетка, да му ја средам убаво детската соба а не само најосновното, наместо тоа јас ги трошев парите за други работи, за мене за син ми неможев да си дозволам ни 1пар гаќи. Затоа не летајте сите имаме планови ама не секогаш испаѓа така како ние што сме замислиле, прво скокнете па после кажете оп. Не ни даваше роденден да правиме за синчето, прв роденден, прво детенце и преголем мерак и радост ама сме немале пари и немало потреба од родендени тоа биле глупости, требале парите да ги чуваме бидејќи идело година да вадиме на свекорот, чекај ма која си ти да ми кажуваш што да правам со мои пари, наши заеднички пари на мене и сопругот ти да ги планираш. А каде се твоите пари, зошто ти не ја финансираш трпезата? Ама неможеш бидејќи немаш, се расфрлаше со поклони за другиот внук а овој не е битен, што ќе му е роденден на него он може и така да помине. Му велеше на син ти да ја нарекува курва снаати пред сите да кажува дека пари така заработувам, а моите родители да ги поживее господ целото срце го дадоа за мене и син ми. Твојата гордост не треба да биде повредена бидејќи пред другите луѓе ти си главниот финансиер во куќата а за овие година дена ни 1денар немаш дадено па и тоа што го правиме го изнесуваш од дома. Ама тоа беше така до пред некое време, кога го виде лицето на другата Мила и лицето на другото синче сега ти ќе ми се умилкуваш ама џабе е те научивме, ја научив јас а и мојот сопруг. За син ми сеуште не се интересира, сеуште ја боли повеќе за оној внук, за мене па ич не се интересира а не ни треба, ми прави лице и од мене го добива тоа. Не ми пружила ништо а јас сеуште готвам и за неа иако јадењето како ќе и го оставам на маса така стои со денови, јас спијам мирно а она секоја ноќ се буди од сон велејќи дека некој ја гуши. Те стигнува Божјата казна иако сеуште не си свесна за тоа, или можеби си свесна ама несакаш да признаеш. И ако ме праша некој зошто сме дозволиле, зошто сме ги давале сите пари за трпези и слично ќе кажам затоа што сме луѓе и не сме го изгубиле човечното во нас, благодарни сме му на свекор ми бидејќи беше душа човек и затоа замина прерано од преголеми нервози ама некои работи се дознаа многу предоцна, кога веќе го изгубивме него.
^^ Акo тoј имaл хрaбрoст 7 гoдини дa јa брaни, пaк ќе речaм-крвнички, и дa е пoстoјaнo нa стрaнaтa нa сoпругaтa, и дa се кaрa и крши зa неa, вистинa мислиш декa сегa немa мудa дa јa прaшa мaјкa му зoштo не се зaгрижилa тoлку зa дететo? Мoжеби гo знaе oдгoвoрoт, мoжеби тoлку и е дoзвoленo.
За да прашаш за некого што многу ти значи и те боли, како е или да го посетиш во болница, не треба дозвола. Колку што прочитав земала пари на „заем“ кои не ги враќала, па гледам дека баш за тоа и не и требало посебна дозвола.
На темава е излишно да се даваат совети и примери, зашто секој има свое мислење за работите и жени ко жени секогаш се држиме за истото ко „пијан за стап“. Образлагаме една реченица за нечија постапка без да знаеме како и што довело до таа постапка. На форумов некои жени едноставно си ја олеснуваат душата и дури и ако донекаде сме анонимни не сакаме да зборуваме за нашите несовршености и мани и да прозбориме отворено за проблемот. Нејсе, сите сме луѓе и сите имаме право што и како ќе кажеме и колку ќе се отвориме. Односите со луѓето,блиски или далечни се градат и развиваат. Со некои е невозможно да се воспостави каков и да е однос колку и да се трудиме. Но за да се воспостави однос важна е комуникацијата и искреноста. Една феминка тука убаво кажа дека на свекрва и и објаснила што и како. Ја разбрала не ја разбрала нејзино е. Ако игнорирате, ако се смешкате или превртувате со очи големи се шансите другиот да не ја сфати пораката. Не велам дека не постојат лоши луѓе меѓу нив и свекрви, но дека тие им мислат лошо на своите деца и тоа најголем број од нив ми е нон сенс. Според многу мислења испаѓа дека нашите мажи во 90 проценит се идиоти. Зошто?! Па чекале да земат жена која ќе им ги отвори очите и ќе им покаже каква злобна мајка ги родила и исчувала, а од друга страна чекаат мајка им да им каже како утнале во изборот на жена и каква алапача ожениле. И сега треба да заземат страна во прекутната војна која се води меѓу нивните најбитни женски личности. Мажите не се толку глупави, само не им придаваат значење на глупостите од кои ние знаеме да направиме драма. Замислете секој ден маж ви да ви зборува за вашиот татко и обратно?! Чија страна ќе заземете?! (и немојте веднаш дека нормално на мажот зашто сега со него сте семејство). И зошто воопшто треба да постои страна?! П.С. Чуди ми се жените кои не им ги оставаат децата на бабите да се грижат за нив зашто нели не знаат како(им паднале, им го лижнале лажичето ги оставиле гладни цел ден, и сл.), а потоа кога овие ќе се повлечат и оддалечат од сопствените внуци драматизираат. Не може да управуваме со другите луѓе, не може другите да играат како ние свириме. Сега вака, после така. И не можам да го прифатам тврдењето дека родителите или некој друг однадвор може да го расипе бракот. Ако мојот брак не успее за тоа сме одговорни само ние двејцата, јас и сопругот. Се друго е барање на оправдувања.