читам и не можам да верувам искрено големо браво за тебе ти се восхитувам и ти посакувам се најубво во животот твојата животна приказна се надевам дека ќе биде пример за многу други...
Boze kakvi uste ne nemalo svekrvi Pocnav veke site da gi mrazam. MrsH alal da ti e za hrabrosta sto si mozela da se soocis so edna vakva luda zena. Gospod videl deka si ti dobra i zatoa so dobro te nagradil ( so dobar maz,koj ne gi slusa svoite roditeli i so dobra svekrva ) Ti posakuvam mnogu sreka i ponatamu!!!!
Јас со мојата свекрва во последно време имам коректен однос. чекајте да чукнам во дрво Ретко се гледаме, така да немаме многу можности за расправии Порано многу се замарав и секој нејзин збор или постапка си ги ставав при срце. Повеќето го имате истиот заклучок "од едното уво влегло, од другото излегло" и јас дојдов до истиот заклучок и верувајте тоа е единствениот начин раат да си чините!
A eve ja pak mojata prikazna. Jas sum vo vrska 9 godini, sega diplomirav i so decko mi resivme da se zemime. Negovite roditeli gi imam zapoznato uste koga odevme 1 godina,jas vo poslednite dve godini non stop sum kaj decko mi,tamu sedam,raskrevuvam,pravam rucek (koga nema nikoj doma od negovite) i se drugo. I site me custvuvaa kako nivna 'kerka' Sega koga resivme da se zemime svekrva mi mi veli arno si zivejme, mladi ste poodite si uste malku..... i red drugi raboti.Mene togas mislam deka vo srce me pogodi.( A imam i zolva taa e kolku mene a se omazi na 18 godini,sega ima i dete,taa neli bila mlada togas koga se mazela) A svekor mi e dusa covek se gleda deka mnogu me saka i mnogu se izraduva koga mu kazavme deka ke se zemime,ama ovaa.... I od togas navamu eve eden mesec ona go smeni ponasanjeto so mene.Sega e nekako mnogu ladna sprema mene i mnogu malku poravime muabet.Ne znam so da pravam duri mi e strav da ziveam so nejze Druga rabota e toa sto za se ja prasuva kerka i (zolvata moja) Odime da kupuvame laminat,spore za dole kade sto ke sedat tie a taa i kerka i ja vika,veli kere koe ti e tebe ubavo,vakvo li da bide..a mene za nisto ne me prasuva jas kako da ne i vredam. Pa koga e kerka i na gosti taa e vesela,nasmeana, akoga taa ne e tuka svekrva mi e kako nemtur nalutena,se nesto ja boli Sega idnata nedela ni e godesot (veridbata) i ne znam kako ke bide. Mnogu mi e strav. (A idniot soprug e mnogu dobar sprema mene i za se mene me slusa,niv ne ni gi prasuva) Pomognete ne znam kako da se odnesuvam. Pa i ovaa zolvata me nervira nekoja den treba i so nejze da si gi izvadam ocite,treba da i kazam koja e sega nejzina kuka,i kako treba da se odnesuva.
Фала Анувченце и другите на разбирањето.И јас се цудев како можи такви луѓе да има несфатливо ми беше и сеуште не можам да сфатам што имаат во главата како му работи.Ама ете А како што кажав од сегашната греота е да се пожалам ретко се гледаме 1-2 годишно по 2 недели ама кратко време е па и јас и таа гледаме супер да си го поминиме тоа време не во расправање,а и син ми ако не и е внуче по крв со сака го поштова ,си игра со него се галат читаат книги му купува играчки го разгалува како секоја баба што ги гали внуците.А таа лудата не го има ниту една секунда видено а и така и ке биде нема жива сила на светов што ке ме натера да го сменам овој став кон нив.
Анувченце пак јас А да те прашам во заедница ли планирате да живеете? Сама велиш дека идниот сопруг те сака почитува и се надевам тој ке те поддржува тебе.Таа досега била арна ама како што рекоја многу девојки тука се менуваат после свадбата ама не дај бозе и таа да се смени.А кога веридбата е веке наредната недела јас би кажала како се осекам кога таа ја прашува ќерка и а не тебе за средување на домот.Како што кажа ќерка и си има друга куќа сега а тоа ке биде и твоја куќа па би требало и со тебе да се консултираат(ова го кажувам имајки предвид ќе живеете во заедница)
Па да во заедница. Куќата е на два спрата тие на првиот,ние на вториот,ама сепак и тое е еден вид на заедница бидејќи нема да бидиме делени (заедно ќе јадиме) Бидејќи таа вели во нашето мало сите снаи си зивеат со свекрвите заедно
А можете ли да си го наместите спратот како што ви одговара вас?Па за нејзиниот спрат не се замарај како што си сака таа нека си прави.За јадење ке си одиш кај нив и после јадење пак на вашиот спрат.И не се замарај со неа иц,колку помалце контакт подобро
Немој да се замараш за нејзиниот однос со ќерката, сепак таа и е ќерка и секогаш ќе биде пред тебе (така и треба да биде). И ти сигурно не ја сакаш како што си ја сакаш мајка ти? (претпоставувам). Седи си горе на спрат и уживај, симни се за јадење и пак горе на чисто и средено, подобро од тоа, здравје. А тоа што е намуртена, па што ти рекла поодете си уште малку-веројатно си има причини, прични што тебе воопшто не треба да те замараат. Биди среќна што сопругот ти е таков како што го опиша и немој да навлегуваш длабоко во односот свекрва-снаа, уживај...
Да се надоврзам на Скорпионка.. Кога и да дојде ќерката нејзиното мислење секогаш ќе биде пред твоето..свеки секогаш ќе биде расположена кога ќе и дојде ќерката, а другите денови- да, се нешто ќе ја боли и ќе биде немтур.. Не се ни обидувај да помислиш дека ти ќе бидеш пред нејзиното дете...секогаш неа повеќе ќе ја издигнува, ќе и` ги крева акциите вреднувајќи и фалејќи го нејзиното мислење или совет. Ако не можеш да седиш со нив, качи си се горе. Мој совет, свекрвица не ја ставај ни под разно, ама ич да не ти е гајле, си имаш посебен спрат и не дозволувај таму да ти се мешаат околу уредувањето, а за доле баш ти е гајле. Друг пат кога ќе треба нешто да купувате не оди со нив ако се чувствуваш запоставена. А со золва ти во никој случај да не се караш, ниту да се обидеш да и кажеш каде и е местото. Тоа е нејзина куќа, таму пораснала и секогаш ќе се чувствува слободна..барем додека сеуште се живи родителите. Јадењето не ја прави заедницата, имате посебен спрат, посебно ваше катче и ако е така како што мислам и посебно си живеете, сами си го уредувате и средувате спратот, не им поднесувате сметки и извештаи. Друга работа- ако сакаш готви си, ама ако сакаш...во спротивно, симни се доле на ручек и пак качи си се и уживај си. Блискост многу-многу и не ти треба, на дистанца.. доволно е да се почитувате и да избегнувате караници за глупости. Гледај мажот ти да биде среќен и задоволен, а за свеки ич да не ти е гајле. Ако ја видиш наелектризирана, бегај, качи си се горе и терај си своја работа.
koga pomisluvam na nea samo se nerviram grebator tezok - sto i da i kupis ne i e dovolno uste i pcue po toa!!! demek zrtva nevidena a celo semejstvo go ima ispokarano - samo ona e najdobra i najpravedna lazee vo oci pritoa place na glas i kolnee samo da i poveruva maz mi mengusi mi ima ukradeno i i gi dala na zolva mi a ovaa gordo se seta - mama mi gi kupila posle 20 dena od carski rez i edvaj preziveana operacija me ima terano da peram tepisi... mora da e cisto za gostite kako ne mi bilo sramm ufffffffff lele 2 dena mozam da pisuvamm za neaa.... gospod da ja kazni!!!!!!!!! ama sega maz mi vide kakva e.. pa i ne zboruvam so nea iako ziveeme vo ist dvor.. ku*va stara [mod-kirilica:vcs9vl6i][/mod-kirilica:vcs9vl6i]
Факт е дека свекривте и снааите ретко се сложуваат. Еве јас со искуство од 2 години брак, живот во заедница со свекрва, можам да кажам дека проблемот е во тоа што две жени под ист покрив- јок. Не за друго, ама тоа е тој наш каприц дека секогаш едната мора да е погласна, поглавна од другата. Моето искуство?! Хм па пред се компромис(мнооогууу), почит една кон друга и тактика. Ние имаме ОК однос, не сме се спукале нешто јако до сега, ама кога сме лути се избегнуваме. Јас не сум тип на човек кој би преќутел, ама во одредени ситуации се трудам што е можно посмирено да и објаснам што ме нервира и дека не сакам да се расправам за банални работи. За се во животот мора да се игра тактички. Па така и за односот со свекрвата. Топката е во наши раци(снааите), ако ние тактички играме ќе имаме добар однос. На почетокот и јас се расправав, нервирав, ама сега веќе НЕ. Сега така добро тактички ќе ја изработам што знам дека нема да се налути, а сепак мојот глас ќе е последен. Нормално дека и јас попуштам за некои работи. Ама мора да се има довербата и поддршката од сопругот. Ако е он мамино милениче, џабе е се. Секогаш мама ќе биде во право и точка. Затоа идни "невести" тактички со свекрвите- направете да ве засакаат и да ја имате контролата во свои раце( ако ништо друго бар за одредени работи ) Од карање и расправии секој ден нема аир
Ви благодарам многу на искрените совети. Сега сум малку помирна. Сега кога сум со нејзе само си мислам на убавите работи и за неа повеќе не се нервирам. (само не знам до кога)
хахахах Лолита срце си, слатко се изнасмеав... Богами сум ја видела свеки кога е наелектризирана (од некоја друга причина) и само и се повлекувам... Инаку сега за сега свеки ми е срце и немам лош збор за неа. Понатаму да сме здрави и живи, се надевам ќе продолжиме да се почитуваме како до сега.
И мојата свекрва беше до пред некое време супер и не се жалев уопште од неа, си велев вака да е се баш убаво ќе се слагаме ама на сето тоа му дојде крај и еве веќе некое извесно време си го покажа вистинското лице и сега со ена сум само на `здраво`, и ја игнорирам ма на секој можен начин и да ви кажам, поубаво здравје, штета што од почеток не бев таква може до сега ќе имавме подобри контакти ама како што велат за се треба време......
Абе душички,не се нервирајте залудно. Ќе дојде ден кога ќе викате-е будала бев што и се нервирав. Ставете од прв ден на игнор и свекрив и свекрива и заовица.Не се дробете многу,многу ,те ова ми рекла,вака ме погледнала,зборувала по комшии и сл.Со нив само службено и културно-немојте да се карате,да спуштате муабети,да си го поткопувата бракот со тужакање кај сопругот.Бидете над нив со однесувањето,не се спуштајте на ниво кое не ви доликува. Времето работи за вас.Па вие се носите со поголеми проблеми-работа,обврски,шефови над глава,па на една свекрва ли ќе и се нервирата и ќе и дозволите-индиректно-да ви го уништува расположението. Смејте се ,радувајте се,бидете весели(и тогаш кога не ви е до тоа) секогаш кога ќе сте со неа-тоа е доволно за да види дека не ви може ништо.
Некни една постара комшика ми кажа дека во принцип снаите никогаш не ги сакаат свекрвите, а дека многу цесто ги сакаат свекровците и дека свекрвата може да ја сака снаата ама дека линијата е премногу танка и дека многу малку треба за да престане љубовта Што мислите ???