Точноо така сум кажала и пак ќе кажам кон мене си е супер свекрва и добра душа е.е сеа тоа за по дома си е навика и карактер.незнам зошто одма напаѓање...никој не тагирав тука ни навредив за да одма бидам нападната.затоа пријатно од мене.
@mama89 , пишуваш дека свекрвата се однесува супер спрема тебе. Не го нарушувај тој однос со приговарање и муабетов дека била мрзлива и не чистела не го прекажувај по народ, на крај ќе стигне и до неа и односот повеќе нема да ви биде толку супер (со други зборови, не си ставај здрава нога во трње). Подбери ги и маж ти и свекорот да помогнат во чистењето а доколку ако они одбијат, договорете жена да ви доаѓа.
Да ...во право си...се покајав 10000 пати што пишав...Каква е таква е барем ме гледа како свое чедо...а за чистењето колку можам сега толку уште малку ќе се породам и нема да одам на работа и ќе имам повеќе време за бебето за домашните обврски...и ајде не е убаво кавги и препукувања веќе е голем ден Богородица нека ни донесе на сите здравје спокојство и дечиња здрави .
Ama jas neznam sto se zamaras so nekoi sto znak prasalnik dali se mazeni i dali se bremeni,batali gi ete tie sto te znaat odma pozitivno ti vrakaat,a tie sto procitale 1 ili 2 posta od tebe odma se poznavaat.Zena na tolku i tolku god da ti pere,e sto ako e tolku koga moze i taa samata saka da pomogne,ete ke doceka pravnuce kolku sto razbrav.Zosto ve zasegaat tugite zivoti,gledajte si za vas
Nisto sto ke pravis uzivaj,cisti si kaj tebe i gotovo.Jas kolku sto razbrav ona izgleda takva si e od sekogas i izgleda e naviknata na zborovite na svekorti,a i nego ne mu e zgodno od tebe taa da lezi ti da i cistisi zatoa pred tebe i vika
Срцка јас не сум тип што се кара или влегува во некој дебати и слично...Секој си има свој став и свое мислење и го почитувам тоа...Не сакам ама баш со никој да си замерувам ни тука ни во приватниот живот не сакам препукувања и кавги и сл негативни работи бидејќи нормално во бременоста почуствителна сум а и онака сум си ептен осетлива а сега посебно и се на срце ставам и одма на плачка ме тера ,а бебето тоа го чуствува...посакувам на сите да си дочекат бременост,да осетат животче во мешето кое претка,и дишите заедно.за тоа чуство се живее...за секој покрет на бебчето кое предизвикува топлина на душата.радост во срцето.насмевка на лицето.Затоа се повлекувам од секакви кавги...несум се замерила до сега со никој и не ни сакам...Не сакам да си ставам нервози кои бебето ги осеќа.затоа не ми е понижење...ќе свијам опаш и ќе се извинам на сите.на секој.ако сум згрешила.ако сум била некултурна, ако сум претерала.нема да ми падне круната.Затоа мили дами бидете ми поздравени и честит празник Богородица.
I na tebe i na site dr cestit praznik,zatoa pisav da ne se zamaras.A ti advokatke sto si pravis neli spies msm ke se prepoznaes
Нема спиење. Таκа виκа бебето Ај уште малκу и ќе си се гушκаме со малото Да не одиме веќе оф-топиκ за подетални инфоρмации во ЛП
И мене кога ми стасаа новите плакари од спалната сама ги преперував алиштата и тоа цел месец пошто.беа многу.Никој не ми помогна за перење.
@mama89 знам дека си добра душа, и сево ова не си го мислела вака како што те нападнаа. Но треба да бидеш свесна дека секој има свој карактер и свој став и да не ставаш се при срце и да се нервираш. Биди си среќна и задоволна од свекрвата бидејки си имате супер однос како што кажа и цени го тоа и почитувај го. Сите ние имаме маани во животот, никој не е совршен па така и таа жена си има некоја своја маана, што според кажаното сметам и дека не е некој голем проблем. Прифати ја каква е таква е најбитната работа што треба да те интересира во врска со жената е дека те сака и почитува и имате одличен однос. Не си дозволувај овој проблем да стигне до нејзе и да си ги расипите односите, бидејки како што кажа таа е добра према тебе и не заслужува вакви зборови. Што можеш помогни, зачисти, запери, измиј, што не можеш остави и гледај си кај тебе. Те знам малку повеќе од другите што те напднаа и знам дека тоа што го кажа за свекрвати не си го мислела така како што некој овде разбраа, затоа ти реплицирам да ти кажам дека најбитна е слогата а колку таа ќе зачисти кај себе е најмал проблем, сепак ти си имаш на некој начин и твоја соба или спрат и гледај си го тоа, а во име на вашиот однос помогни и и нејзе, бидејки ете жената оди згора на се и на работа. Поздрав.
Браво, еве ти орден за перење алишта САМА. И што? Ако ти сама си ги перела, тоа значи дека сите треба сами да си ги исперат алиштата? Тој што не пере сам е што? Мрзлив, подоле од другите, болен? Што има врска ако бабата и' помогнала? Никој со сила не ја натерал. Ете кажа дека сама и' се понудила, мерак и' било на жената. Ама баш ништо страшно нема во тоа, ниту пак некаков проблем. А може па таа има алишта три пати повеќе од тебе, од мене, од некој друг? Од каде да знаеме ние. Бре, бре, во се' да се истакнете. А што е најтрагично ова немаше никаква врска со суштината на проблемот, туку се фативте за најнезначајната работа со цел вие да се направите поголеми домаќинки. Ај да перевте на рака во река, да разберам вакви апсурдни натпревари и споредби, ама машинине вртат како луди, така што не гледам дека нешто којзнае што повеќе си направила.
Се сложувам со витамина, многу убаво напишано. Да си кажам јас за себе. Кога влевав во 7 месец се преселувавме во нов дом(и предходно и тогаш сами). Свесна бев дека прво влевање во тој дом потребно е темелна дезинфекција со средства кои јас во тој момент не можам да ги користам. Јас попрво би платила жена бидејќи не сакам никого да мачам, но мислењето на мојов беше дека она би се навредила и жената се понуди да исчисти, а јас прифатив. Еднаш кога станот беше скроз празен, еднаш пред донесување на мебелот бидејќи во меѓувреме од некои поправки беше избербатено и еднаш одкако се беше монтирано. Кога мебелот стоеше веќе јас малку по малку си работев се. Кога можам, колку можам. Она се нудеше за чистење и потоа но одбивав. Малку по малку со внимателно одбрани средства си ги вршев работите. Но сепак јас не одев на работа. Имав време и енергија. Еве сега бебчето е два месеци и она обично иде два дена во неделата. Она си игра со малата а јас едниот ден правам генералка а другиот перење, пеглање, и уз пат ќе направам и јадење барем и за наредниот ден. Мојов испаѓа периодов 06 се прибира 21.00. Реално навечер бебуш кога ќе заспие ниту е он способен ниту јас за тогаш да ги вршам тие обврски. Ќе треба неделата, единствениот слобдоен ден кога малку се регенерираме и поминуваме време заедно како семејство да го трошам на куќните работи. Не сме совршени но се погодуваме. Благодарна сум бидејќи сум целосно сама, и свесна сум дека ако нема кој да ми го повртка бебево некој саат нема да можам букавлно ништо дома да завршам.
@danichap точно така. Треба некогаш да ставиме се на кантар и да премериме која работа натежнува и истата да ја почитуваме. Сите ние имаме маани какви такви можеби ќе промениме нешто или најверојатно ќе останат, битно е да знаеме да ја одржиме слогата и почитта, да имаме коректен однос, а некои маани да ги оставиме настрана. Многу е лесно да се суди, тешко е да останеме човечни и да се обидеме да си помогнеме.
Еве морам и јас да пишам нешто,за еден месец и јас ке живеам со свекрва,золва и свекор во план ние да живееме со нив една година па здравје боже бебето ке попторасне и јас ке почнам да работам па тогас би се осмелила да се одвоиме и да земеме станбен кредит вака со една плата и мало бебе не.Цело време слушам зборови од другарки како ке сум живеела со толку души како сите имале мака од свркрвите и слично сите ка гледаат лошата страна,знам дека нема да биде како во бајките но доволно е да има слога и да ни помогнат барем за малото за мене ништо несакам доволно мие оно да има се што муе потребно.Они сите дома работат такада јас со бебуш ке бидам по цели денови сама. Од свекрвами нисе жалам ни се фалам бидејки сите имаат мани во животот,размислувам само позитивно бабами како што викаше она со камења ти со погачата по нејзе и ке биде добро.Се надевам дека после еден месец нема и јас да се жалам тука. @mama89 јас и ти имаме слични свекрви во врска со чистењето но тоа нее битно битно е да се сложуваме а за чистење можеме и сами полека по полека
Оф леле, кога ќе се фатите со тоа дека немажените немале идеја што значи зборот свекрва. Па ако ние директно не сме засегнати од фамозните свекрви, не значи дека сме од друга планета.
Знаете. Знаат сите што значи свекрва. И машките знаат. Но, додека не добиеш свекрва, немаш потполна слика туку само теорија. Без разлика дали се погаќате или не, пред и потоа. Кога се ставам на местово кога бев девојка, па вереница, па дури тогаш невеста, знам од каде ви е теоријата оти истата сум ја терала. Со свекрва ми не сум се јадела кавги. Но во сите стадиуми, од девојка до снаа, односот се менуваше, покрај тоа што секогаш ја туркав од дофат надвор. Фамилијарни работи, официјални фамилијарни работи си носат своја тежина, без разлика на нечија слободоумност, карактер и одлучност.
Бог да чува, значи каков е нашиот менталитет. Некоја снаа ќе напише проблем чисто да си ја олесни маката, овде, анонимно на форум. Сто пати подобра опција него по комшии да збори. И одма сите ќе ја нападнат. Сите се безгрешни, па одма си дозволуваат да судат на другите. Кој кому му дава право да суди и да кажува што е право што не е ? Еве и јас сум дрвен адвокат @mama89 џабе ја нападнавте. Прво, дај боже да си исчекаат сите да бидат бремени, да видат која радост е тоа, па после да ги прашам дали ќе им биде проблем да измијат садови во 8-9 месец, кога едвај и лабавото се дофаќа. Многу ме нервираат такви особи што не биле трудни а ми солагт памет што сум можела и што не сум можела да правам, дали сум била улежана и дали џабе сум се жалела. А иначе муабетот на мама89 е муабетот што секој ден го прават повеќето со комшивките на кафе.
За тие што искоментираа дека бабата на сопругот и ги перела алиштата. Кога се преселувавме и баба ми испра две-три машини наши алишта. Туф туф, како не ми е срам... резили. Во семејството треба сите да си помагаат едни со други, барем кај нас е така... кај вас можда сте дивјаци и не дај Боже да им се најдете на некого... ама кај нас, а очигледно и кај феминката што ја сподели информацијата, семејството значи и помош покрај другото.
Не се најдов повикана во твојот пост ама сепак сакам да ти реплицирам, зошто овој муабет повеќе пати се проблекува и во оваа тема и во некој други. Да, ова е анонен форум но секој има право на свое мислење. Не сме другарки во ријл лајф, не се знаеме приватно, не се дружиме по други теми, не се пишуваме по лп па така мислењето за конкретниот проблем го формирам чисто базирано на напишаното. Ако сметам дека си во право, тоа и ќе ти го кажам. Ако сметам дека од болва правиш слон, и тоа ќе ти го кажам. Нема тоа никаква врска со безгрешноста и судењето, станува збор за мое мислење и мој став во врска со конкретниот проблем на конкретната членка. Штом бараш мислење, мораш да бидеш подготвен на тоа дека нема сите да те тапшаат по рамо, туку дека некој ќе има сосема спротивно гледање на целиот проблем. Во ријл лајф, кога другарка ќе ти се жали за нешто, сакал-нејкел ќе мора да слушаш и да климаш со главата зошто ако и кажеш дека проблемот е во неа знаеш дека тоа ќе доведе до расправија, додека на форумот ја имаш таа слобода да можеш да си го кажеш ставот без притоа да го валкаш во шеќер. Каков е, таков е, мој став е! Јас кога пишав (во друга тема, секако) за проблем што го имав со дечко ми, добив најразлични одговори. Некои сметаа дека сум право, друго ми пишаа дека со такво однесување само ќе направам да го одбијам. И што требаше да им одговорам на членовите кои отворено ми кажаа (во фаца што се вика) дека грешам? Дека се безгрешни и дека судат? Не, им го лајкнав постот и им се заблагодарив за тоа што одвоиле време да ми го пишат нивното мислење за мојот проблем. Тоа е убавината на форумот- различни луѓе со различни карактери со различни ставови коментираат за една иста случка и нормално дека нема да имаат исто мислење (нели, мислење кое мене ми оди во прилог- дека јас сум во право и дека дечко ми е дибек) Исто така, доколку работата е само да се искажат маките, си постои тема „Испукајте се“ и таму можеме да си кажеме се што ни лежи на срце и никој нема да ни суди за напишаното. Не може да бараш совет а после да се лутиш за одговорите (со ова воопшто не мислам на @mama89, членката најкоректно и најдостоинствено одговори на критиките) и да се контраш со членовите кои имаат различно мислење од тебе. И затоа темава брои 463 страни...