Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. sweety90

    sweety90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2010
    Пораки:
    182
    Допаѓања:
    224
    Пол:
    Женски
    Поздрав од снаите до свекрвите: FB_IMG_1442621381014.jpg
     
    На lealealea, Bebulleee, kala21 и 18 други им се допаѓа ова.
  2. surecheck

    surecheck Нов член

    Се зачлени на:
    19 септември 2015
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите :hai:

    Ве следам долго време, но се зачленив сега бидејки имам потреба од совети и различни мислења....
    Постов ке биде малку подолг за да ја доловам ситуацијата.

    Во брак сум една година, претходно во врска 7години. Врската можам слободно да ја опишам како стабилна и зрела. Јас сум сега 30, он 33. Живееме сами.

    Пред мене, сопругот имал 3-4годишна врска. Јас се појавив 1 година откако тоа завршило. Значи со неа бил на 21-24години. После неа некои пролазни кратки врски, и ја. Девојката никад не се појавила у нашиот живот у ниеден момент.

    Со свекрвата имам коректен однос. Тоа значи, може да дојде на кафе, може да отидеМЕ до нив. Сама со неа не се дружам, не се слушам на телефон секој ден. Не сме нешто посебно блиски. Има некој коректен однос. Генерално, ако нешто не штима, сопругот разговара со неа, таков ни е договорот. Нели , мене како снашка може погрешно да ме сфати, така да, се што има спорно, со сопругот средуваат. Така да, лични закачки не дека немало, не било тоа ништо посебно. Како и секоја свекрва сака да се меша и кај треба и кај не, ама еве во оваа година брак, до негде ги поставивме работите како треба да бидат и како на нас ни одговара.

    Е сега,свеки отиде на одмор. Ми остави клуч за цвекето. Бев вчера, и додека се моткав натаму наваму, викам чекај да видам ако и е снимена лозинката на facebook, да избришам една слика од нејзиниот профил (ја и сопругот ама не ја сакам сликата, а посто она има миљон, нема ни да примети.ја замолив еднаш да не става наши слики, ама неуспешно). И нормално, лозинката снимена. Отворив, ја најдов сликата, ја избришав. Се вркам во главно мени, и нели од лева страна кога си на профилот , излагаат рандом 9 другарчиња. И гледам- бившата девојка. И ме удри ендо такво, викам зар се пријателки на фб?? И цела у прашалници, го отворив профилот да го разгледам од радозналост. Онака набрзина и тогаш гаволот се заигра со мене. Викам да не прават овие муебет на фб? Отварам пораки и само што не ме фати срце. Прво неможам да го фатам почетокот на разговорот, тоа човече реферати !!!
    Генерално- она и понудила пријателство,она почнала прва разговор, девојката на почеток збунета зачто и пичува. Па оваа објаснува дека и пичува за да се во контакт, почто она има супер мислење за неа, и ја прифатила како керка. Па после има муабети како синот се оженил, како живее сам, како му фали само плакар у ходникот, па ондак ја информирала за свадбата, па оваа и пишува колку убава свекрва била !!! Милам - :puke::puke:. Ја теши девојката пошто нема дечко- '' ке си ја најдеш и ти среката''.
    Значи......ми трнеше уста, и раце, и нозе..... и незнаев кај да се свртам....
    Почнале да разговараат негде у периодот кога се веривме.....

    И така, се исплакав, многу се мачев да не му се јавам на сопругот, значи многу. Незнаев што да правам у момент. Одев 3км да ми помине бесот. Тоа беше вчера. Решив да не му кажувам , зашто познавајки го, ке ја задави со два прста. Намерно викнав гости вчера, се врткав у кујна да не го гледам да не ме примети, и ја да не паднам у искушение да кажам.....пошто појма немам што да правам.....

    Што би ме советувале.....?
     
  3. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    106.804
    Пол:
    Женски
    Да не чепкаш друг пат во приватни работи.Замисли тебе да ти чепкаат.
    И да кажеш сега,пак ке си ти виновна и тоа баш заради оваа работа.
    Штом не те напаѓала тебе низ разговорот или не се жалела не гледам зошто се нервираш.Може не е ништо ама и не е нешто страшно.
     
    На Nova, CameliaMiller, samovila.red. и 21 други им се допаѓа ова.
  4. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.798
    Пол:
    Женски
    @surecheck зошто би ја задавил сопругот мајка му?
    Тебе треба некој да ти појасни што е приватност, ти дала свекрвата клуч за да и ги навадиш цвеќињата а не да пикаш носот кај што не му е местото.
    Можеби ти паднало криво зошто свекрвата пишувала со бившата на маж ти меѓутоа сама си си крива, пораките на фб се приватна работа а не за да душкааат снааите.
    Замисли си ти да си дознала дека свекрвата ти чепкала по пораките на фб, сигурна сум дека би избила трета светска војна за твојата приватност а нејзината не е битна така?
    Јас да сум не би му кажувала на сопругот само ќе си направиш голем проблем, тој ќе и рече на мајка му, таа со право ќе се буни зошто си и чепкала по приватните пораки и ете ти кавга на големо.
     
    На andromedae, Mariangel, CameliaMiller и 23 други им се допаѓа ова.
  5. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.136
    Допаѓања:
    20.333
    Пол:
    Женски
    @surecheck , јас би те советувала друг пат да не отвораш туѓи профили, без оглед на причината. И мајка ми ставала слики од нас, па јас само ги кријам од мојот времеплов, и тоа е тоа. Ако не прочиташе, немаше ни да се доведеш во оваа ситуација. Сметам дека си направила огромна грешка, и си го изневерила поверењето што ете свекрва ти го оставила домот и цвеќињата на тебе.
    Како и да е, можеби пишеле, ако ти не си спомната во тоа, не гледам ништо. Можеби биле блиски тогаш, како и да е.... свекрва ти може и има право со кој сака да си прави муабет на фејсбук.
     
    На CameliaMiller, tessie, LUCERKA и 6 други им се допаѓа ова.
  6. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.440
    Допаѓања:
    20.029
    @surecheck, имаш право да правиш драма ако сопругот се допишува со неговата бивша, свекрвата што прави на фејсбук и со кого се допишува не е твоја работа!

    Сем тоа, место да се нервираш и да плачеш (facepalm), треба да бидеш среќна поради тоа што си го прочитала- никаде не си спомната во лош контекст, напротив, жената пишувала за тоа колку му е убаво на синот со тебе (свадба, стан).

    И да, инфантилно е 30 годишна жена да се однесува како тебе, некој имал апсолутна доверба да ти остави клуч а ти како враќаш на таа укажана доверба? Со тоа што чепкаш по туѓа интима и приватност, срамота!
     
    На Nova, Daydream, CameliaMiller и 11 други им се допаѓа ова.
  7. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.454
    Допаѓања:
    38.505
    Пол:
    Женски
    Како течеше постот мислев свекрвата средба им договарала на синот и бившата (facepalm) Муабетот не бил ни за нерви ни за плачки, а и не пишувал мт па да си љубоморна.
    А за тоа што си и влегла на фб немам коментар, подобро не кажувај на никој, ама не за неа туку за сама да се скриеш.
     
    На CameliaMiller, bella.s, samovila.red. и 9 други им се допаѓа ова.
  8. <3 pleza4e <3

    <3 pleza4e <3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 мај 2015
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    3.442
    Пол:
    Женски
    Да не повторувам и јас исто, дека треба да почитуваш нечива приватност...не е убаво да чепкаш по туѓи профили, и не само профили туку исто така и низ лични работи.
    Жената ти оставила клуч од дома, почитувај го тоа.
    Плус, колку повеќе гледаш и читаш толку потешко ќе ти биде, сама си ја бараш бељата...
    Јас колку што разбрав жената не те навредила ниту оговарала тебе во тој разговор...е сега ја потенцирав твојата реченица горе затоа што според мене тебе те боли фактот зошто е жената блиска со бившата повеќе отколку со тебе...
    Задржи си го тој каков - таков коректен однос. Блиска неможеш да бидеш со секого и тоа е тоа.
    Која и била целта на свекрва ти не можеш да знаеш, а и подобро да не знаеш.

    Што не знаеш - нема да те боли. Во никој случај нема да смениш ништо со сила...ниту можеш да и забраниш на жената да разговара со таа девојка.
     
    На samovila.red., LUCERKA, bittersweet и 2 други им се допаѓа ова.
  9. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    @surecheck да не те јаде тебе нешто во односот со сопругот во последно време? Инаку не ми е објасниво толку да те потресе тоа што свекрвата е другарка со некоја негова девојка од минатото. Потребата да чепкаш, да најдеш нешто според тоа, причина, два и два да бидат пет. Кај маж ти чепкаше и не најде ништо?
    Доколку е последица на чиста радозналост, би ти рекла, за доброто на тоа што го имаш, добар брак, коректен однос кон свекрвата, заборави што си правила и читала и друг пат не фаќај по туги работи. Ако ти докривело што тебе не ти рекла никогаш нешто во смисла дека те сака како свое дете а ваму на некоја која она си ја сакала одамна, ништо ти, фрли ја таа љубомора низ џам, ти не го избра нејзиниот син за она да те сака. Не прави проблем каде нема проблеми.
     
    На Nova, CameliaMiller, samovila.red. и 7 други им се допаѓа ова.
  10. anel

    anel Популарен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2015
    Пораки:
    583
    Допаѓања:
    19.938
    Пол:
    Женски
    @surecheck за мене е сосем недопустливо чепкање по приватни работи, дури ни на сопругот не сум чепнала телефон или лаптоп, нити пак тој моите. Не знам ззошто мислиш дека е некаков проблем контактирањето на твојата свекрва со бившата на твојот сопруг. Може биле во коректни односи претходно и сега со фб имаат можност повторно да си направат муабет како и сите ние со некој што не сме го виделе со години. Плус фб-кот повозрасните особи го доживуваат како нова играчка за мали деца. Сакаат да ги ипитаат сите можности што ги нуди па така и твојата свекрва. Еве мојот свекор е закоравен атеист, а споделува слики од богородица:D. Што да мислам, дека во меѓувреме почнал да верува во бога? Не, не.Не го сфаќај нивниот разговор како закана по твојот однос со свекрвата, посебно што ништо лошо не си прочитала за тебе.
     
    На bella.s, kukla21, tessie и 4 други им се допаѓа ова.
  11. newring86

    newring86 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    678
    Допаѓања:
    885
    Одма навреди, осуди, паметување.....

    Сте слушнале за свекрви кои чепкаат по фиоки на снашки?И што буричкаат по ќошеви додека чуваат деца? Ја да. Ама добро, тоа не се смета за приватност.....

    Се прашувам......дали стварно никој никогаш не чепкал кај што не треба? Добро...освен жениве у коментарите испод постот.... :|

    И да, мене не ми е нормално свекрвата да комуницира со бившата.
     
    Последна измена: 19 септември 2015
    На lealealea, oblace1, samovila.red. и 4 други им се допаѓа ова.
  12. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.454
    Допаѓања:
    38.505
    Пол:
    Женски
    ^Јас лично не чепкам ни кај мајка ми на фб, а кај свекрва ми ни во спална не сум влегла. Ама муабетот беше дека не напишала ни нешто лошо ни страшно во врска со нив. Може па сакала да се пофали со свадбата на синот.. Не знам, јас не го сфаќам трагично ова.
     
    На tessie и imelda им се допаѓа ова.
  13. newring86

    newring86 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    678
    Допаѓања:
    885
    Па не е страшно, ама не е баш здраво....а и не ми е некако нормално бе свекрва да контактира со неговата бивша....
    И ја мислам дека женава не е некој прихопат да чепка нон стоп како ненормална, како што сите ја нападнаа да ја судат, ама ете...си игра гаволот чат пат со секого....

    Мој совет е- знаеш, ама не кажувај на сопругот.
     
    На oblace1, samovila.red., kukla21 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.466
    Допаѓања:
    48.586
    Пол:
    Женски
    Зошто да не е нормално да комуницира ако и двете страни се разделиле ко луѓе и имаат мегусебна почит?
    И јас со мајката на бившиот уште контактирам и ми се јавува жената и на кафе идеме иако јас и тој веке година и кусур не сме заедно. Сум поминала доста време со него а и со неговите додека сме биле во врска и сме седеле заедно и муабети сме праеле зарем сеа од коа не сум со него веке, да забораам дека тие луге постојат.Знам дека ме сакаше жената многу и знам дека многу им падна мака што раскинавме јас и син им така да не гледам зошто ако некогаш ме побара да не кренам слушалка или да не излезам со нејзе на кафе.
    Нормално дека тоа не е секој ден и не сме бфф ама од време за родендени празници и сл настани се слушаме.
     
    На CameliaMiller, tessie, bittersweet и 4 други им се допаѓа ова.
  15. newring86

    newring86 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    678
    Допаѓања:
    885
    @SuperGirl24 А бившиот дечко знае дека комуцираш со мајка му?
     
  16. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.098
    Пол:
    Женски
    ^ Значи свекрвата кова план да се види со бившата девојка, а потоа во договор со неа да го спроведува и на дело замисленото, не дај боже.
    И јас би ти рекла не се чепка во туѓи профили и да му кажеш на сопругот ќе создадеш раздор од една страна мајкаму, од друга страна ти и на крајот ТИ ќе биде кривата, не се работи зборувањето на фб туку ради тоа што си чепкала во нејзин профил. Ќе создадеш проблем и више нема да те гледа свекрвата со исти очи.
    Таа ќе си создаде свој филм штом си чепкала кај неа на фб, штом за тоа си способна, таа ќе си смисли милион начин ќе измисли дека си способна и да крадеш.
    Не плачи и не брзај, може е само обичен разговор. Добро, што се потресуваш, таа со кого сака ќе разговара ( додека не се искомплицира целата ситуација ). Што се замараш, ти го имаш него, тој те сака и тоа е тоа.
    Ова мене ми се детски работи, јас не би се замарала и не би му придавала значење се додека не ја видам на дело како пие кафе во јавност со неа. Е тогаш ќе се замарам и ќе и речам дека тоа е ниско и подло од нејзина страна, јас сум и снаа, нема што да бара со други бивши на мојот на кафе. Тогаш ќе се осеќам навредено и понижено. Вака треба да ти одговара за тоа што кажала за свадбата.
    Искрено да ти кажам, јас не те напаѓам додуша те разбирам, тебе те јаде љубомора, зошто она да прави така вака, ама верувај џабе се јадеш и придаваш значење на нешто што е засекогаш закопано во минатото.
     
  17. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.466
    Допаѓања:
    48.586
    Пол:
    Женски
    Да и он доага со нас понекогаш или па и он знае да ми се јави да ми каже мајка ми прашува коа ке дојдеш на кафе да се видите ,пошо пак ке кажам тоа што сум раскинала со него не значи дека се мразиме и нејкеме очи да си видиме .
     
    На eloves, CameliaMiller, Waka-waka и 3 други им се допаѓа ова.
  18. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1.995
    Допаѓања:
    10.311
    Па зарем треба да ја охрабри да чепка по туѓи ствари фактот дека има други невоспитани женишта што чепкаат по приватни работи, па еве нека се и свекрви? Конкретно жената имала доверба да и го остави клучот од станот знаејќи дека остава дома компјутер со лозинки и плакари полни со алишта. Веројатно на жената не и сечел умот дека некој ќе оди до такви граници...
    Да ви чепне некој на вас раздор во фамилија ќе направите во истиот момент, ама за туѓо, епа тогаш нели нема проблем (facepalm) И што ако ставила слика што вам не ви чини? Љубезно замоли ја, упорно повторувај и ако толку ти пречи, а во меѓувреме тргни си ја од ѕид како што даде пример некоја членка погоре. Тоа ли е причина да влегуваш во нечиј компјутер и фб профил, па уште да се дрзнеш и пораки да читаш? Ова не е одраз на некој проблем на свекрвата што си прави муабети со девојка (како што си видела и ништо лошо не кажала), туку одраз на твојата радозналост, беспредметно фантазирање и некултура. Мене би ми било срам да му кажам на мажот ако утре направам ваква налудничава работа, а не па уште да бидам убедена дека ќе се кара во мое име со мајка му.
    Абе и каде што нема проблем, спремни сте фијаско цело да направите.
     
    На Daydream, CameliaMiller, bella.s и 12 други им се допаѓа ова.
  19. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.440
    Допаѓања:
    20.029
    Зошто? Ти си имаш твој живот, семејството на мажот си има свој живот, секој има право да се дружи со кого сака. Замисли бившата да е блиска другарка на золвата, би барала од неа да ги прекине контактите со неа? Убаво ќе ти биде тебе некој од страна да ти кажува со кого смееш да контактираш а со кого не? Одговорот е не, нели :) Сем тоа, до толку ќе немаш доверба во себе, во него и во вашата љубов за да се чувствуваш загрозена од едно кафе?
     
    На Daydream, CameliaMiller и Bozica1980 им се допаѓа ова.
  20. <3 pleza4e <3

    <3 pleza4e <3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 мај 2015
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    3.442
    Пол:
    Женски
    Добро може тебе не ти е нормално ама на жената и е нормално. Оди разбери ја.

    Свекрва ми комуницираше еден период со бивша на мм...јас дознав на следниов начин: дојде кај мене на кафе, и пиеме кафе јас и она сами и почнува да ми ја фали девојката колку е добра, фина, како и се восхитува, колку се добри пријателки и блиски, кога и да ја види ја гушка, и многу била храбра останала самохрана мајка, дури и на слика ми ја покажуваше.
    Јас само ја погледнав бледо, |( и реков ЗНАМ, ја познавам девојката бивша му е на син ти.
    Ме погледна и рече: Бивша??:o Реков да, што ти не знаеше?|(
    Тука прекина цел муабет. Веќе никогаш не ми спомнала негови бивши.
    На крај сфати дека иако се маваше во гради колку е поврзана со син и, сепак јас го познавам многу подобро од неа и од мене никогаш ништо не крие.

    Ама тоа не е причина за да чепкаш по туѓи работи, ете жената и оставила клуч во доверба, што ако почнала да и чепка по плакари или лични работи?
    Може жената си чува вибратори, камшици, дилда и сл.:D:D:D
    Ако се стари не се затуцани:D

    Ќе ја гледа после тоа со исти очи?

    Никој не сака да му се чепка по лични работи. Немојте да мислите дека не се приметува.
    1 месец само живеев со стари, секој пат кога некој ќе ми чепнеше нешто мое јас приметував.
     
    На Daydream, samovila.red., cresa-jagoda и 8 други им се допаѓа ова.