Не правете луѓе од мравка слон. Ако биле тие во коректни односи додека биле во врска со нејзиниот син не е страшно што направиле муабет на фб. И по пат да се сретнеле ќе застанеле и од култура ќе разменеле некој муабет. Е сега постарите се љубопитни, па ете разврзале дискусија. Верувам и на девојката не и е многу пријатно, ама од култура и возвраќа на муабетот на жената. Јас би се запрашала дали свекрва ми има лошо мислење за мене, дали не ме сака ако фатам муабет како она се жали од мене, како сум лоша, недомаќинка, недостојна сопруга за нејзиниот син, без почит за старите, ама тука такво нешто нема. Обичен секојдневен муабет што би го направиле со секој. И тоа дека е добра девојка и ќе си ја најде среќата ( парафразирам ама во тој смисол беше муабетот), е она што секоја повозрасна особа ќе ѝ го каже на некоја немажена девојка. И не е тоа зад грб, ако мисли лошо свекрвата ќе го каже пред неа или барем пред син ѝ. Нема простор за загриженост воопшто, не си правете проблеми онаму каде ги нема.
Еве што беше почетокот на проблемот и конечно што и смета на девојката. Свеки нека си пишува за себе се што сака, ама да ми прераскажува моја свадба, мој дом и мој живот на бивша од мм и јас ке се навредам и крај. Не и смета што тие си пишуваат, туку што се зборува за интима. Значи не пишува со другарка на синот, туку со бивша која некогаш и таа сонувала за свадба, за одделно живеење, за плакар со синот итн. Не мешајте работи како да е сеедно. Не е. Нормално е да ја погоди ова, зошто биле 2-3 год во врска, а не 3-4 дена. За 3-4 год таа девојка се и сешто замислила. Едноставно свеки ги повредува и двете. Сната зошто ја споменува каде не и е место, а бившата затоа што и врака спомени и стари рани. Доста ја правдате свеки аман Стара биа, сакала муабет ајде де, нека оди со комшиката и нека прај муабет. Или кога веке комуницира со бившава нека комуницира стриктно за нив две, а не да меша веке оформено семејство. Пиша некоја феминка погоре дека е во одлични односи со бившата на братот, ама и дека НЕ ПЛАНИРА да се меша кај што не и е место ниту да се почнуа тема за братот/нив. Паметно.
Абе не е за правдање на свеки, не се разбираме Нема толку праведна свеки, за нејзиниот син ниедна не е совршена, и нашите (вашите) снаи нема да ни бидат совршени Јас мислам дека снаите премногу се оптеретуваат, види, девојкава си ја ставила свеки на дистанца, ама старинското во свеки мора некаде, па нашла кај бившава на синот Можеби и недостасува снаинска љубов Наивен е муабетот, стари се, Окцензи, стари се, толку им чука дека фб не е маалото па со секој муабет ќе си направи. Друго е да ја оговара снашкава, а овој муабет е ептен наивен и ептен без везе. Башка, снашкава има 30 години, сопругот 33, замисли колку има свекрвава
@kukla21 ама ме искара. Ок извини не пишувам веке за девојкава и проблемов. Што да прам хормони се во прашање, напорна трудноча
Значи отидовте пρедалеκу со муабетот. Пρво поентата е дали аκо начеκаш нечиј κомпјутеρ е во ρед да го пуштиш и да читаш ρазговоρи??? Втоρо͵ да, не е пρијатно да пρочиташ деκа неκој од семејството κонтаκтиρа со бивши, ама паκ се вρаќаме на пρвиот муабет... немало ни да знаеш аκо не си отвоρела туѓ фејсбуκ. И на дотичнава фејсбуκот да го отвоρи свеκρвата κојзнае што ќе најде. Па замисли фемина да ти отвоρи и да пρочита деκа ја оговаρаш по фоρуми. Значи ниκој не е цвеќе. Затоа седи си и тρај си, и во иднина не чепκај туѓи пρофили.
И мене би ми сметало ако мојата свекрва разговара и отвара муабети долго на широко со бившите од мм, посебно па ако и ние сме вмешани во разговорот. И да сте и да не сте по ист покрив 99,9 % на форумов и општо девојките, жените кога би го дознале тоа не би ја сакале во никој случај, може нема да се мешате и да кажувате да се дружи со неа или не ама засекогаш ќе го смените мислењето за неа, особено ако сте биле добри односи претходно. И не верувам во муабети дека тоа е нејзина работа со кого сака да се дружи дека не ве интересира, дружењето со бившите и муабетењето, излегување на кафе и одење по дома е право пропорционално со тоа дека вас свекрвата воопшто не ве почитува како снаа (ете немора како ќерка). Ни нејзе нема да и биде сеедно ако те види на кафе со мајка му на бившиот или ако ја поканиш дома или на шопинг. Нема ништо лошо во поздравување и краток муабет, ама и што разговор би имале двете кога 25годишна разлика има меѓу нив, ниту едната ја интересира рецепт за ајвар ниту другата за момчиња и вечерни излегувања и пијанчења. Доколку свекрвата е сетена и има почит кон снаата ќе и биде незгодно да отвори разговор со бившата на нејзиниот син.
Сметам дека темата од добронамерен совет и свое размислување, ставови и гледишта кон ваквите проблеми премина во искажување и докажување кој каков памет носи со себе и колку е всушност "паметен" и "умешен" во решавање на ваквите тематики. Да, сите прочитавме колку тоа некои од вас се паметни и вешти, но сметам дека премногу ја отупевте темава со вашите дискусии за делење паметноќа. Сопствениот и туѓиот проблем никогаш не е иста брановита должина нели, па лесно е да се мудрува кога нешто не ти дошло на глава.
^ Биди поспецифична, не мора да означуваш никови, ама вака не си воопшто јасна. Од секој пост напишан некој може да процени по свое колку за него си паметна или не, и од најдобронамерниот совет и од најгрубата критика. И јас можам да кажам за оние кои подржуваат чепкање туѓи профили и бодрење на снаата да и го покажи местото на свекрвата па да се размисли другпат со кога пшува на фб, дека се прават паметни.
@Bridget јас се изјаснив повеќето пати на темава, а воедно дадов мислење и критика и за последниот проблем за кој се дискутира. Поентата на мојот пост не беше наменет конкретно за овој проблем или пак за некоја личност, да беше така во случајов ќе потенцирав кој зошто и како. Мојот пост се однесуваше генерално за темава и во склоп на дадените дискусии дека и покрај дадените совети, критики и различните гледишта и сваќања на секој од нас премногу се теоретизира и се докажува кој колку е вешт и умешен со справувањето на туѓите проблеми. Како сакаш свати ме и ти и сите останати, јас потполно се согласувам со тоа дека секој од нас е различен и го почитувам туѓото мислење, но некој постојано да ја тупи за едно та исто и да се објаснува колку тоа е умешен и паметен и дека би немал никогаш проблеми и предрасуди некако ми нема логика.
Vednas primetiv samo ne sakav da se mesam .Kolku sto primetuvam ne sum samo jas pobliska so svekorot otkolku so svekrvata,a moz i taka mi izgleda
Не признавам чепкање по туѓи компјутери и телефони.Не чепкам и нормално очекувам да не ми чепкаат, но имам доживеано спротивно. Во врска со свекрвата која контактира со ,,бившата снаа,,.... Не би сакала да контактира.Во таков случај би и рекла отворено, па макар и да се налути.Ако продолжи, тогаш јас културно ќе се дистанцирам од неа и практично ќе и покажам дека кај мене нема место за неа. Од каде да знам што зборат и што кројат ? Имам пример каде што свеки контактира со бившата снаа и ја напаѓа новата и притоа кога и синот и снаата не се дома ја вика на кафе. Со кое право ја вика кај нив дома ?? Се знае на кого каде му е местото. А такви ,,светски,, жени не сакам ! И таквото однесување воопшто не е светско. Можеби сум со стари и заглупени размислувања, ама тоа е мој став и неможе никој да ме разубеди дека нема никаква опасност. Не ми самодовербата ниска, туку несакам такви мешании. Како би му било на син и, ако јас со бившата свекрва (мајка на бившиот дечко/маж) секојдневно ќаскам и одам по шопинзи ???
Ова ќе да е народски кажано чување на територија хахах. Се шалам потполно си во право Рефке ако веќе се разделиле што има некој трет да се меша и да контактира
Во природата на човек е да си чува територија Не е тоа нешто ненормално !!?! За мене ненормално е свеки да се дружи со бившата на мм и мене тоа да ми е осема ОК.
Се согласувам и те подржувам и крај краева нема што она да се дружи, некое почитување или збор да ама дружби штознам
Uf kakva tema Moram da si kazam. Verena sum 2god.Vo posledno vreme(nekolku meseci) verenikot(27god) pocna da pie i sekoj tret den korne na rakija.Majka mu od strav sinot pijanica da ne go doznaat sto se ne proba pa i na bajacki pomisli.Pred nekoj den me sedna imi vika on u depresii od tebe e.Kaj i da e ke napuni 30 sum trebala da ragjam.(I ako ne se opraj togas sho da praam da go frlam li deteto???) BOG DA CUVA I DA BRANI!!!
Досега и немав замерки на мојата свекрва па дури и да не беше во право од чиста почите прекутував. Но после ова денска што ми се случи јас незнам како да реагирам. Гледајки ме во очи ме лаже,значи знаев само ми требаа докази да се уверам во тоа. Утринава свекорот ме натера да побарам едно зимско елече во нивните алишта и барајки го наидов на некои скриени работи. (претходно и нарачав на свекрвата да ми нарача од колешката 2 фарби за коса,ама таа ми донесе една со изговор дека немало две и како демек колешката и ја дала на поклон фарбата). Барам и што да видам свекрва ми другата фарба ја скрила во алиштата ,ЗОШТО???. Во меѓувреме наидов и на 4 комплети гаќи (овде ги купуваме 3 за 100)) а кај неа беа 12 пара каќи. Свекрвата претходно ми рече дека и тие (3пара гаќи) и биле на поклон од истата жена. А жената всушност е само 1 месец вработена во иста фирма со свекрва ми а од претходнио и не се познавале. Ајде тоа некако не ми дојде таман, продолжив со барање на елекот значи све пребарав сите шкафови и вреки со алишта даровите од свадбата што ги дадов на свекрва ми и на свекор ми ги нема никаде или се фрлени или дадени некому ама зошто ? За роденден и купив маица и гаќи комплет на сара фешн и ги најдов исперени и ставени во црна кеса под душек каде спијат. Не и реков ништо сеуште туку што се врати од работа имаме гости незнам и дали да и кажам нешто. Некој совет од искусниве домаќинки?!