[quote="professoressa"]Некни една постара комшика ми кажа дека во принцип снаите никогаш не ги сакаат свекрвите, а дека многу цесто ги сакаат свекровците и дека свекрвата може да ја сака снаата ама дека линијата е премногу танка и дека многу малку треба за да престане љубовта Што мислите ???[/quote] Za zal taka e....vo princip svekrvite treba da gi sakaat snaite poveke od sinovite ili barem da gi pocituvaat kako svoi kerki.....ama toa vo realnosta mnogu e retko za zallll........ Ne mozam da si poveruvam e zatoa koga se raga zensko cedo vo familijata kaj nas se veli i streite placat zosto nikoj ne znae kakva sudbina go ceka
А дали најголем број од мајките кога ке им се оженат синовите чувствууват некоја доза на љубомора или заштитнички се поставуваат ???
Да, чувствуваат љубомора посебно ако синот е повеќе наклонет кон сопругата, ако зазема страна на истата, ако си ја штити и брани женичката итн. Тоа е сосема нормално затоа што работи мајчинскиот инстинкт...детето кое таа го родила, го чувала, негувала, растела... сега покажува љубов кон некој си сосема странец за неа. Ретко која мајка ќе ја прифати снаата. Снашката сега воведува нови правила што исто така е нормално затоа што таа растела во поинаква средина и често мажот, т.е. нејзиниот син се приклонува кон жената, а тоа кај самата мајка создава љубомора па и вртење очи. А заштитнички се однесуваат и секогаш ќе се однесуваат затоа што му е мајка, пак работи мајчинскиот инстикт, но овој пат оној дел кој заштитува. При секоја ваша дури и најмала караница, или пак ако се обидете да кажете лош збор за нејзиното дете вие сте криви и таа како мајка ќе ја заземе неговата страна. И тоа е тоа.
Кога се "идни" се ангели мислиш на мравка не газат, ама кога ќе станат сегашни а бе во ѓаволи се преправаат!! Чест на исклучоците!
Е така де,снаата не е ок,а зетот_мил на баба и на дедо он-најдобар е ,паметен,вреден,ги почитува(за разлика од снаата??)блаблабла.... Па и синот е нели дете на мајка како и ќерката.Исто и зетот и снаата се нечии деца-не се тикви без корен. Ќерката кога ќе се омажи,оди во друга куќа,други правила.И ќерката нели се подскарува со зетот како секој брачен пар и нејзините родители знаат за тоа ,ама пак зетот несмеат криво да го погледнат,а не пак нешто да му префлаат муабети.За разлика од зетот ,на снашките секогаш се „празнат“.Е сега ,ако се погоди некоја помирничка снаа,ќе и ја изедат душата со такви муабети. Често ,кај нас, кога се зедовме со мм(и ние мислевме дека ќе живееме сите„ сложно под еден покрив“)свекрвата знаеше да почне нешто „добронамерно да ме советува“,па после да го чека мм пред порта за да се „исплаче од снаата“. Е сега ,кај лежи зајакот-тоа што таа неможеше да му го каже на зет и(не ги рецкаше ни 2% иако тие даваа и наддаваа,му се поклонуваа кога ќе дојдеа кај нас)ја фрустрираше и се празнеше на мене. Ама се има крај,така да се одделивме ,ниту тие ме гледаа мене,ниту јас нив освен службено-родендени,слави и сл. А тоа за свекорот дека повеќе се ујдисува,нема врска,он само си молчи бидејќи свекрвата зборува -советува ,па да не и го сече зборот .Секогаш едниот е погласен или тој или таа,а мислењето им е исто. Запрашајте се само дали кога сте имале „дуел со свекрвата“свекорот стоел на ваша страна или пак се обидел да и укаже на жена си дека не се однесува пристојно??? Ова е само мое расзмислување и мое искуство на релација свекрва -снаа ,несакам да навредам никоја од вас или пак да наметнам мислење. Само без нервози ,враќање на простите муабети ,без карање и игнор на ниските удари и се ќе биде ок.
Сите знаат да мудруваат. Мојот свекор е приказна сама за себе, и знае мене и на мм добро намерно да ни каже некоја работа. А кога ќе види дека свекрва ми(која е душа и мн ја сакам, ама проклето нушкање само не и чини) знае да и рече ти да седиш и да ќутиш, тоа не е твоја работа.Таа ама...а он реков и не вели ми пак да ти речам. Инаку ок се,освен оној најиритирачки дел-нушкање и оговарање.Знам постари се, не одат више на работа, па ќе им направам ќеиф, ќе ги сослушам.На почетокот мн се нервирав и си молчев,ама се научив да сослушувам и се полесно беше. Инаку судири од секој можен тип имало и ќе има, особено поради генерацискиот јазол. Од се’,најблагодарна сум што ме прифатија, и свеки ме советуваше како со мм бидејќи она најдобро со го знае.Женава плачеше кона на мајка ми моја не и беше добро.Се утепа од плачење и ништо не јадеше. И како да немам разбирање? Баш дека има добра душа и ги простувам сите ненамерни или намерни иритации.....А на сите останати, терајте си по свое, немојте никако да се нервирате или карате дека таа тогаш ако е некоја лева ќе си има повеќе корист и ќе си прогласи победа и ќе створа црна слика за вас. Уживајте и свиркајте си мили мои
Moе гледање на работите...кога ќерката ќе се омажи оди во друга куќа, во нов дом, непознат и туѓ за неа, единствен кој може да ја заштити е токму зетот, затоа бабата и дедото најчесто се добри со зетко, за да индиректно го заштитат своето чедо, т.е. ќерката. Е сега зетот може и да се погоди да биде злато и душа од човек, па да нема потреба од улизување и глумење. Сепак, се е индивидуално, зависи од човекот, ама бабата и дедото гледаат да му угодат на зетот за да тој ја чува ќерката нивна, затоа што сепак и не ја гледаат секој ден и не можат се` да знаат што точно и како се случува. Од друга страна, на свекрвата и свекорот (иако тој речиси никогаш и не е проблемот, злото се двете жени, нели ) баш многу, многу и не им е гајле да и биде угодено на снаата...снаата е туѓото дете, нивното дете-синот е до нив, па и да дојде до некој сукоб меѓу младите тие порадо би се повлекле отколку да се мешаат и да ја бранат снаата. Многу, многу не се замараат и си викаат сами нека си решат, всушност и зошто би влегле во конфликт со синот...за да ја бранат снаата (во кое око имам мува )...си има таа свои родители. И да одговорам на болдираното-кога јас имам сукоб со моја свеки, стариот си стои на страна, неутрален е, ама јас си го имам мојот мм кој богами не е неутрален туку фала Богу секогаш на моја страна. И да уште ова-јас и моја свеки и официјално раскинавме. Веќе не можев игнор, игнор, игнор, од вртење очи ќе почнев криво да гледам, од воздивнувања веќе воздух не можев да земам, така што морав да и`раскинам. Сега ми е многу, многу подобро.
Убаво кажано Лолита.Така си е, секој си плаче за своето . Многу ретки се случаите кога снаа и свекрива под еден кров заедно леб во слога ќе јадат. А она за раскинувањето со свеки ептен ме насмеа. И мм се свести ,додуша му требаше време де,ама добро де „боље икад него никад“
Ама зашо така зборете за свекрвите јас и мојта си се слагаме баш си е добра женичката. А и еве можда ке речете неможеш да збореш уште сега може ке се смене,ама и баба ми на мама мајка и, значи мама има брат така што вујко ми си има женска веке 10 год си одат она доага спие кај него он кај неа и така. И баш е добар односот помегу баба ми и вујна ми, вујна ми дури и се јавува на мобилен и кога и се јавува и и вика срцка што правеш на баба ми Најголем е бројот на снаи и свекрви што не се слагат но има и исклучоци.
beautiful1 , и јас се чудам како се погодиле вака сите лоши свекрвите, Јас сум сигурна дека 70% снаите се во грешка, не му се наоѓа крајот...и кај мама било така , ама мама си е мама за неа се е оправдано нели?! Па и свекрвата е нечија мајка. Со свекрва ми засега е супер , под ист покрив живееме еве веќе една година јас не можам да се пожалам , ќе ме казни господ, ме пази повеќе од мајка ми Кога не е дома одма и се јавувам, да видам кога си иди, оти ми фали се навикнав на неа.. А најмногу си ја сакам оти ми прави друштво за пиење и за шопингот еднаш неделно ... Бидете малку помеки , тоа ќе ви биди вратено дупло..
и јас имам еден исклучок дома,мојата свекрва јас сум 9 месец бремена не ме прашала како сум дали ми треба нешто,се сама и со помош на мајка ми си спремав за бебчето инаку она со керќа и закажаа свадба без разлика што не знам кога ќе се породам дали бебчето ќе биде доволно големо за да можам да го изнесам од дома,ама тоа е тоа кој те прашува и затоа знам убаво како им е на тие што имаат проблем со свекрвите,јас со мојата ептен слабо комуницирам тешко и е едно добар ден да и кажам,ама па и јас веќе се научив да не кажувам,со свекорот ама никаков проблем немам од фин по фин,и да те праша како си дали ти треба нешто немам никаква замерка ни најмалку,али тоа е тоа мора едниот да биде ваков
Е па драга моја,убаво си кажа,скоро една година. Ќе поминат 1,2,3 па тогаш ќе правиме муабет.За шопингот ,па јас мислам дека кој и да викнеш и со кого и да одиш ,кога се трошат пари секој ќе појде и ќе ти дели комплименти. Знаеш како викаат ,за јадење и пиење сите ти се другари,а во мака половина нема да се појават. Туку,плукни си во пазува,незнаеш какви се проблеми има меѓу снаи и свекриви. А она за пиење,што пиете жити се,подели ја тајната,можеби е до напивката па те толку пази повеќе од жената што те родила!?
Лолитке а заедно ли живеете, како функционирате сега кога си и раскинала ? Стетоскоп 1 година е сосема доволно да запознаеш еден човек. Не сите свекрви се исти и не сите снаи се исти. Едноставно има свекрви што се прости жени и има свекрви што се госпоѓи, а исто и такви снаи има. Повеќето уште пред да се омажат имаат предрасуда дека свекрвата ќе е лоша па уште од старт се поставуваат гадно. Но, најважно е мажот да е стабилна личност, да не може ниту свеки ниту жената да му ја полни главата- туку реално да гледа ако веќе постои некој проблем.
Па една година и не е така долг период во споредба со животот кој допрва треба да се живее,нели? А тоа ,прости свекрви и госпоѓи свекрви како и прости снаи и госпоѓи снаи ,те молам,немој да ми објаснуваш.Некогаш подобро ќе поминеш со „проста свекрва“-како ти што ги нарекуваш,туку ли со „госпожа“свекрва. Сите сме си (снаи и свекрви)госпоѓи и прости на свој начин.И не станува збор за тоа кој е прост ,а кој непрост-туку за тоа колку се нема разбирање меѓу свекрва и снаа.Па нели ,свекрвите сакаат кога снаите им се обраќаат со „мамо“-зошто тогаш не се однесуваат и кон снаите како кон своите ќерки? И јас сум нечија снаа,а ако даде Господ еден ден ќе станам и свекрва и да ти кажам право не планирам да бидам ни проста ни госпоѓа кон девојката-снаата која мојот син ќе ја одбере за своја сопатничка во животот. Таа која тој ќе ја одбере за мене ќе биде рамо до рамо со мојот син,ќерка и зетот.Ако сакам да го гледам син ми среќен сигурно дека нема да му ја полнам главата со глупости за неговата жена. Немој погрешно да ме сфатиш,ама искуството е пред се-едно е теорија,а друго пракса. Не прашувај гаталец ,туку паталец,а такви не ина многу на форумов.
Е па драга моја нека поминат и 10 јас не правам лице , таа сум и сега и по 10 а исто и мојата свекрва...а за шопингот тоа беше шега , ама очигледно некој не знае за шега... Нема јас што да си плукнам под пазуви, ти свати дека не се сите свекрви исти... И нема што да ти се објаснувам повеќе не делиме исто мислење , тоа е тоа....Јас си знам како ми е дома и дај боже на секој така да му биди, а ти можис да си зборуваш до утре..поззз драга моја!
Ја си немам ваков проблем Мајката на дечко ми многу ме сака значи претерано многу и ни иде муабетот ептен и на сите вика дека многу ме сакача ххх среќа не е некоја ко џеврие
Не мора веднаш да се крева тензија кога некој ќе има поинакво мислење. Под проста свекрва подразбирав малограѓанка на која поинтересно и е да се пожали од снаата на синчето отколку синот да и е среќен...со таква не можеш да си поминеш убаво. Муабетот ми беше да не ги ставате сите свекрви и сите снаи во ист кош. Пример, пуфи-цуфи се пофали дека свекрвата и е ок, и веднаш скокање, како добри свекрви да се научна фантастика. Ги вадите од памет и тие што не се мажени. Затоа кажав дека многу снаи се затруени дури и пред да ја запознаат свекрвата - мислат дека е вештерка.
И на свекрва ти така и викаш-дека може да си зборува до утре? Немам јас што тебе да те сфаќам или пак да чекам ти да ми објаснуваш. А за мислењето...време ќе покаже.Поздрав и секое добро
Ок,прифаќам мислење, има и „добри и лоши„ свекрви ,секој си знае каква си има дома. Само ,дали се прави разлика меѓу ситуација во која свекрвата и снаата се под ист кров и ситуација кога тие двете се со различни живеалишта?Голема е разликата!!!