Кога веќе правиме бош муабети, од мојата мајка на пример можам да очекувам да ми скрие една фарба затоа што по нејзино две ми се многу одеднаш да ставам, и смета дека фрлам пари за џабе. Јас ќе и речам (порано) купи ми едно пакетче влошки од некои поскапи, таа ќе се врати со две од поефтините и ќе рече -немаше од тие што сакаш. Лажеше, нормално. И до ден денес е таква. Па може тука лежи мистеријата за фарбата
Некако се пронајдов во коментарот од Сесилија... не е женичкава крива што си се жали од свекрвата оти си купила гаќи... туку ние сме бетер што објаснуваме
Еве и јас да се пожалам од идната ми свеки. Кога си купував мидер(ако е воопшто мидер, од тие со ногавичиња), за да ме стегне после пораѓај, жената ми рече дека тие се убици на ``љубовта``. По една недела ми поклони долен веш од триумф. Она мене така Дали и јас уствари имам проблем а не знам
Кога прочитав елек, на памет прво ми падна оној, кожен, старински, сигурно сте ги виделе Така некако ме асоцираше самиот пост. Ама уште не знаеме дали елекот е најден, само тој бил натрапникот во шкаф очигледно
Ок, сфативме дека некои од вас сосем "случајно" залутале на темава, и тука се само за забава, не дека ја читаат редовно и имаат мислење за проблемиве на жениве колку и глупави да изгледаат. Затоа велам, ако си кажеме дека случајно сме дошле и случајно сме го прочитале глупавиот проблем, половина ни се простува?
Не е веќе битен елекот... елекот беше поводот само.... знаеш како викаат, кој е поводот за една војна... а причината на сите неусогласувања дома се САМО 5000 ден што ги носи свеки дома, а се дрзнува гаќи да купува.... кутра жена што да не крие, и гаќи и маици, може и за чепкалки за уши крие... инаку вака нема 3 дена да и дадат да јаде дома, оти кажано е... тие ја ранат
Јас мислам дека ако внучете почне да НЕ спие со баба и дедо, женичето ќе го извади кесецето од САРА ФЕШН
Мхм еден ден и јас ќе бидам свекрва, значи да си заклучувам врата од соба обавезно. Во случај да ја заборавам отклучена на плакарите катанци да си ставам, темни дебели завеси никој да не ме гледа од надвор, под душек ништо да не оставам, а под тепих смеам? Совет? Морам да си планирам со време , не сакам да ја лутам снаата.
Сигурно сега и @westt се смее на вашите коментари сто пати покајувајќи се што го пишала нејзиниот "смешен" проблем на темата. Јас како што разбрав, не е проблемот до гаќите или фарбата, проблемот е до лажењето. Еве и мене ме нервира некој во очи глуп да ме прави. Ај да прашам некој нешто и тој да ми каже некоја "бела" лага, ќе го сфатам. Ама никој не ја прашал свекрвата дали си купила гаќи, па да мора да се правда, а таа пак лаже. И нормално е сега да се запрашаш и за што уште друго лаже нели? И јас како повеќето членки би ја советувала @westt да не се замара многу и да не си ствара проблеми , бидејќи сепак треба да живее со неа, а тоа е нејзиниот карактер и тешко да се смени. П.С. Не бев иронична кога реков дека ви беа интересни коментарите (стварно беа и се изнасмејав и јас), само понекогаш ме иритира тоа што секој проблем се омаловажува и исмејува. П.П.С. Очекував малку поостар коментар од @Bridget, ама лесно помина членката овој пат.☺ Поздрав ☺
Бриџит јас да ти кажам право редовно си ја читам темата, и речиси најчесто моето мислење е дека сите проблеми се поради сопрузите, тоа го имам и кажано сигурно во повеќе наврати. Некогаш не можам да се изначудам дали е можно навистина да се случува тоа што го читам и се запрашувам кои се овие луѓе и каде живеат (исто го имам кажано во темата), меѓутоа за ова што го прочитав вечерва стварно немам коментар- веќе не сум ни зачудена, смешно ми стана, а гледам и на повеќето читателки овде.