Јас мислам мало сте се заиграли, ама ај... Абе пусто живеење во заедница што може да направи, ни ѓаволот чинам не може. И де па вие, бркнала жената... те бркнала шо, ај да ја каменуваме сеа...тоа стара мода е. Не е саде она, не е саде тука, јас сум скоро скроз сигурна оти при сите вакви заеднички живеења и на свеќи и на снајка им потшетнуваат прстињата по туѓите шкафчиња на скришно. Една на друга ако не си ги пофанат гаќите, тоа у иста куќа живеење ли е бе? Што сте чудни...
Ај сега и ти не буцкај, не ли гледаш оти до толку се во заедница да и детето спие со бабата и дедото, та сеа за едни гаќи ли ќе ја праиме циганската. Или за елекот, или за фарбата...ватевр дее
Свекрвата многу добро знае дека снаата и’ чепка, па затоа измислила изговор за гаќите пред оваа да ги види. Не се членките што бараат совет секогаш за оправдување, некогаш им треба и tough love.
Абе женска карактеристика си е љубопиноста крај крај Затоа сум се зарекла, а и вас ви оставам аманет да ме потсетите за едно дваест години, јас со снаата не живеам заедно и точка. Не сакам бре, не сакам некој да ми чепка во шкафовите. Мене шкафовите ми се ко тезга на пазар, не научив убаво да диплам, и после она да ме раскажува по луѓе, не сакам. И уште една работа, ко ќе тргнам на работа син ми треба свекрвата да го чува неколку месеци. Се договоривме ние да го носиме кај нејзе, таму да го чува. И сега некои околу мене ме прават глупава, натерај ма она да доаѓа кај вас да го чува детето, не не по цел ден сама жена на туѓ терен оставена, ич да не е, некогаш ќе треба нешто да побара (пример елек) и ќе го нема, па ќе бара по сите шкафови.
@LivingGlam се согласувам дека и снаите не се "цвеќе за мирисање". Еве јас од мене ќе тргнам, јас сум поинаетлива, свекрвата е попопустлива и така држиме некој баланс. Па до сега фала Богу, за тие две и пол години во брак не сум имала некој проблем со неа. Мене муабетот ми беше дека не само за овој проблем, туку и за други проблеми на темата се доаѓа до извртување на зборовите и омаловажување. А за овој проблем конкретно, не знаеме дали снаата ги пребарува шкафовите на свекрвата без нејзино знаење нели? Тоа е само наша претпоставка. Така да јас моето мислење го засновав на фактот дека снаата е пуштена од свекорот да пребарува, а свекрвата лаже и без да ја прашаат. Поздрав☺
Игла да беше,побрзо ќе ја најдеше,па немаше да ги види гаќите под душекот. Ем помалку нервози,ем со иглата ќе и подзакрпеше некој пар гаќи на свеќи. И разберете,како може нови од 3 за 100,кога работи пола работно време. Иглата е решение.Елекот ствара раздор во фамилија. И повторно свекор прав. До кога,до когааа?
Za gaki tolkava vreva se krena,cccc. Ma gol ga* neka seta svekrvata. Taa bila za gaki nosenje.... Ovde na forum bara sovet za necivi licni raboti koj sekoj normalen covek ne bi se osmelil da napravi t.e da prebaruva po tugji stvari. Kako ne i bilo sram, jas se cudam. A,kondomi da najdela? Imase direkno na vesti da ja ima.
Ваљда од Викторија'с сикрет треба да и купиш па да ги износи Шала на страна зошто барате проблеми таму кај што ги нема. И зошто на се глеате негативно. Може сакала на поклон да ти ја подари таа другата фарба за некоја наредна прилика. А шо има врска дали има 12 или 22 пара гаки? Долен веш вишок никоаш не е на одмет да имаш. Јас разбирам дека има свекрви ,,вештерки,, шо глеат да само сплетка да напраат, ама самото тоа што таа ви е свеКрива не значи дека од секоја нејзина постапка треба од влакно ортома да прајте.
Абе почна трендот со “бркнување“.... еднава на фејсбук чита разгоори (случајно), другава гаќи наоѓа (случајно, е не).... страв ми е да помислам што е следно
Јас мислам дека ти имаш поголем проблем од гаќите, а бога ми и свекрва ти. А тоа е што ти си дозволила детето да спие со свекрва ти во ист кревет. Тоа е друга тема на муабет, но исто така те сосекува во корен и кажува многу како ти сакаш да се поставиш таму, па би ти препорачала малку да се замислиш кој е што во причава. Не си помислила дека можеби не е лично до тебе адресирано криењето? Можеби сака да се заштити самата себе си од нешто, да не мислите дека троши многу и дека треба да си луда да помислиш дека тоа е нешто страшно? Мислам ужаси, криминал, безобразие, неприфатливо свекрвата да си има свој интимен живот и лични причини. Да се обратите на нашата полиција да го реши случајов каде е елекот, бовчите и зошто се кријат гаќи и фарби, креативни се со имиња, па убедена сум дека случајот ќе го крстат - еротика уз блага перверзија. Онаа погоре па и се логирала на фејсбук на свекрвата... еве, јас почнувам да се крстам, пресладок бебе Исусе. Причина - да избришела слика со маж и, зошто не сакала да става слики од нив... И демек, од страна пет пријатели, па ја видела бившата, па и кликнало да кликне (а ако правиш муабет со некој пријател или го имаш во пријатели не ти го дава за предлог, да се разбереме, знаеме како функционира фб), па нашла разговор. Прво оваа ништо не збори за неа, дури и сака да се пофали со нив со слики, оваа и нарушува приватност, не сакала слики од нив на фб кај неа, па ја вреѓа што зборела со бившата... Прашањево е што ти уствари сакаш? Верувам дека на ниедна снашка нема да и падне ќејф, ама ако ги согледаме сите елементи... кој е чудакот тука?! Страшни сте. И јас сум од тие што редовно ја читаат темава и при тоа се забавуваат. Штом активно се кука одма се цртам да се смеам колку животот знае да биде смешен дури и кога е трагичен.
еве и јас дасе пожалам немам свекрва почината е ама имам баба на мажот ми 82 одини има ама животот пекол миго стори за оваа една година што сум дојдена нема ден а да не излезе некоја кавга. колку ми има зло сторено слободно можам книга да напишам таа си била таква од младоста и со снаите така правела мојата свекрва била болна и на неа душа и има вадено на крај кога паднала поболна ја пратиле кај мајкаи а мажми и сестраму ги порастила таа и дедо му на маж ми за него велат бил душа од човек ама оваа жив гавол е мисла дека ке побудалам тука сама само со син ми кој има 5 месеци неможам нити него даму се израдувам како што треба ај од бременоста ништо невидов ама срце мисе пара кога го гледам син ми како плаче а јас морам даго оставам зада заваршам со работа цела домакинство е на мене сама со свекор маж дете и бабава на синми му пуштам песнички да гледа и совеста ме корне што толку малечко на тоа го препуштам
Од тие сексулавите играчки за ноќни лудории да се изнесат на видело или некое евро под душекот, под тепихот.
A какво зло конкретно ти сторила? Ништо не разбрав. Што е тоа што го прави бабата? Тоа што е цело домаќинство на тебе, не знам што да ти речам. Бабата од 82 години сигурно не може да го води. Може нешто мажот ти да ти помага, да поделите некои обврски. А за бабата, нема начин, мора да ја игнорираш. Ако многу зборува, исклучи се, не мора да враќаш на муабетот. Сигурно е тешко зашто со човек на тие години едноставно не можеш да се разбереш, ама не вреди да се нервираш само за тоа и да создаваш тензија во бракот. Во исти простории седи со вас или си има своја соба?
спие во дневна кај што е има многу долг јазик од толку муабети ме доведе до нервен слом кога ке се скараме не останува само мегу нас туку синовите и керките даим каже неми било проблем да каже тоа што е туку многу лаже ке каже нешто што несум ни помислила колне по мене ме вика со секакви погрдни имиња ме вика душман баксуз смрда им вели на керките дека секј ден јаделе сув леб а јас секој ден кувам детево неможе дами заплаче одма демек пага болна од него а ако се повлечам им вели на сите неми го дава даго држам и даго гледам а нее способна за тоа еднаш кего испуштеше од раце буквално висеше детето нјлошо е и што свекорми буквално го сврте против нас. еднаш почна на секого да му вели дека мажот ми ги тепал. сега детево почна да јаде јас неможам да му купам ништо кријам се за да невиди. најмногу ме боли што кога син ми имаше една недела само сите нејзините се фатија дасе расправаат над него и кога додов јас тоа беше помодрено од плачење. додека бев бремена ме тераше а правам секакви тешки работи за да му помагам на свекор ми. денот кога влегов во 9 ти месец копав а денот пред да родам се мачев со болки и кога одбив да работам ме доколна. еднаш ја викна мајка ми и керки и даим се пожали макарони сум сварила за ручек и оган сум запалила сред зима
@malooto , е не е лесно со 80 и кусур годишна да се живее, и да биле лоши во младоста, на старост уште толку откачуваат. Ама јас мислам мт треба да се постави тука и да те заштити, ти сама што ќе направиш? Како може тој само да гледа и да не реагира на колнењето, малтретирањето и навредите?
^ Очигледно со луда си имаш работа, па почни да ги правиш работите за кои те терети. Кажи и дека одиш по бајачки и знаеш некои магии да правиш за болести и слични чуда, кажи и малку налудничаво дека некои тревки си ставила во јадењето за подобар вкус, плаши ја во сон Да дозволам 80 годишна старица да ме команда и излудува, не си нормална, што си свиткала кичма ко на заем да те земале па уште и озбилно ги сфаќаш и се нервираш за нејзините коментари. А и маж ти што дреми, каде е?