ради твоето горенаведено мислење точно се додека нети падне на глава неможеш на друг да разбереш јас веќе нема да зборнам ништо зошто не можам нели да те разберам џабе се советиве од неискусни како мене..пооздрав
Ако била трудна не била болна. Ете копала, како и многу други што работат различни работи во 9-ти месец (па и сите месеци) од бременоста. Мора да живее со нив, мора да се прилагодува за мир во куќа, ама не е лошо понекогаш и заби да покажеш. Пак ќе ти кажам, нека не те засега што зборуваат другите, гледај си го семејството, а нив пак принесувај им од тоа за вас што ќе го зготвиш. И не може куќата да ја остави да и прооди ако нема кој друг, нејзиното дете расте во таа куќа или треба црви да почнат да ги лазат, па макар да е и на спратот каде што живеат бабата и свекорот. Толку од мене. Independinte не треба да сфаќаш во буквална смисла, само потешко ги разбираме случаите од кои не сме директо засегнати, жената си знае за себе и не мора сега да се извинува овде и онака и е тешко.
Море женичке, никој не ти збора за лошо тука, разбери. Ти викаат да си се тргнеш по настрана... наоѓај им се, ама не седи со нив, не одлучувајте пред нив дали и кога ќе излегувате... едноставно бидете си маж и жена, а не маж и жена и цела фамилија до 3то колено. Зошто упорно контра одиш... викаш не се издржува, а ти викаат да пробаш да си се повлечеш - викаш нејќам со нив ќе седам. Нели гледаш и мт веќе ти замерува, сака да си бидете среќни. Од своеглавост и бракот ќе си го расипеш. Ако старата е ѓавол чувај си се настрана... третирај ја како стар човек... носи и јадење, зачисти и, ама пред неа нема што да одлучуваш за твоето слободно време со мт, сфаќаш???
Абе моме имаш спрат, качи си се горе. Ти пак ќе ги гледаш, едно јадење ќе зготвиш ќе им симнеш, ќе им зачистиш, па ќе ги помагаш. кај ти е паметот бре.
немам спрат имам само една соба мала ама доста мие таа вика куќава е моја па после мене на свекор ми ама нее свесна дека освен нас тој нема никој друг со 2500 месечно ништо неможе да стори ама таа нека си го носи на душа
Епа ако не е болна што копа скришум од мажот? За тоа дете двајцата донесуваат одлуки. Ако мажот смета дека не треба да копа, а бабата смета дека треба кого да послуша? Несвесно ептен потпаднала под туѓо влијание.
Daleron не е да ја батали и заборави, туку да не ги слуша нејзините зборови и наредби - јас барем така ги сфатив феминките. Сама е крива што се крие кога јаде и ред други работи. Ако им се збори нека зборат. И јас имав баба зборачка, па не гледам моите родители нешто да сменија во животот заради нејзините налудничави идеи. Напротив, таа иако не и чинеше, се навикна на крајот - сфати дека уште малце и остана, па си ќутеше како попче А кога бев мала (а она здрава), моите беа недомаќини, по кафани шетаа, на глупости пари трошеа... мислиш она им ги дава. Ама тие никогаш не ги сменија сопствените навики за да и удоволат. Ако им се одеше во кафана, одеа, ако им се шеташе, шетаа, ако им се купуваше нешто, купуваа. И да, баба ми никогаш не остана гладна и жедна, ама едно е да “баталиш“ човек, а друго е да му ги удоволуваш каприците.
@malooto Стари како стари секогаш ќе зборуваат, ќе се мешаат, ќе противречуваат, ќе поучуваат итн итн се до бескрај и секогаш! Некои повеќе некои помалку, но во целина сите се исти, а посебно бабите околу 80 години, тие сеуште остануваат да живејат во "своето време" , отцепени и одделени од овдешниов свет, сметаат дека треба да се однесуваат онака како што било некогаш, онака како што постарите се однесувале према нив уште пред 50 години наназад. Ти таа "дотична баба" нема никогаш да ја промениш, што и да направиш таа ќе биде таква, и секогаш ќе ви оди контра, тоа е фактот. Стари, затуцани, закломушени до бескрај! Но, за да успееш да си пронајдеш мир и спокој за твоето семејство постапи онака како што ти кажаа сите овие жени тука, качи се горе, макар и во една соба бар ќе знаеш дека е твое, дека колку толку ќе имаш мир и ќе се радуваш на миговите со твоето синче. Направи ручек, симни и, еднаш оди исчисти и присреди и, и игнорирај, секој збор, секоја постапка, од едно уво влегло од друго излегло. Што мислиш на нејзе ли ќе и докажуваш? Со нејзе ли правда ќе бараш? Па побогу таа е 80 и кусур, како прво и основно веќе ниту мозокот асално не и работи. Затоа треба и да се навикнеш да не се замараш, ама воопшто, гледај си го мажот, синот.. излегувајте колку што сакате и можете, а нејзините "правила" и "каприци" како и да не сте ги слушнале воопшто, оди си горе и уживај си во овие моменти, и остани си позитивна, јади, греј се и прави како што ти е арно на душата. Бидејки утре фала нема никој да ти рече. Нема ми смисла бе женче да се нервираш и да бараш правда кај 90 годишна жена, абе ти сериозно и сваќаш здраво за готово на бабава? Зарем мислиш дека таа жена е способна да размисли и да комуницира асално? Дефинитивно не. Човечки е да се помогне, тоа секако, помогни и колку што можеш, направи јадење и слично, и фино лепо тргни си се настрана, правди не барај бидејки никогаш нема да ги добиеш!
^ да бе и мене ова ме заинтегрира. "драгоцен совет" на сите од дешавкава, да земете под хитно да пребркате цела куќа на свекрвата оти никогаш не се знае што ви"кова" позади чејзот и гардеробата И до гаќи и фарби дошла работава .. сешто ќе се изнагледаме!
Da ti kazam jas nesto to babisteto sto go imas doma koga ke ste sami malku odrzii edna lekcija ubava ama ne so tivko tuku so povisen ton oti vaka kako sto kazuvas ti sigurno usta ne otvaras i zatoa taa pravi sto saka neka prestani so kletvi,navredi omalovazuvana oti ti ne si na ulica najdena ili v gradina rastena imas roditeli pa da ne reagiraat tie i uste nesto zivej go zivotot coecki i so razbirane za sebe deteto i soprugot oti repriza nema pozz i sekoe dobro so taa ludata doma .
Ќути ќути сега проблеми и раздори ни направија у фамилија, и јас сериозно поткренав потрага околу гаќите,мидерите и поткошулите по дома.
Господе ако треба да имам снаа која ќе ми го брои гаќите по дома и ќе ме озборува на форум, подобро да ја немам. Амин.
Мори идна свекрво,ако мислиш малку на синот што ќе го имаш нема вака да збориш. Имај ја ама не за низ куќи.Нека си бидат самостални.
Да се надеваме дека синот ќе има доволно у глава да не земе жена што ја интересира колку гаќи имам. Нема така да го воспитам, да се надевам Или па, нека биде таква, секако јас не знам колку гаќи имам, некој есап да води треба. Икономист - шпараџија. Само со стил нека биде, ексел табела со колони - бела гаќа - 3 пара, бела гаќа со чипка 2 пара, розови гаќи 5, танга тигар шара една, 6 пара закинати, ама уште се носат. Еден пар кремови, првобитно бели, ама се офарбале при перење, 12 пара помал број, треба да се фрлат, свекрвата е дебела. 4 пара менстурални гаќи - читај толку се искинати што само у втор ден меснтуација со пелена улошка се користат. Е така, може да ме преброи.
Ако така збориш ти,мека душа си. За кејф на синот се ќе истрпиш па макар и две до три години дур да ја издресираш.
Па веројатно, ќе си речам, пусти мерак за попис, и сама ќе и нацртам табели Ќе пишам знак на врата „ПОПИС“ и ќе оставам да се занимава