Ама луге да ве разбирам така е ама пробајте да бидете добри а не кога отидете прв пат да се запознаете со свекрвата да бидете цело време намрштени или ништо муабет да не и правите или пак да се понашате некако. Прво почните од себе ако имате син и кога ке порасне, кога ке доведе тој снаа значи како ке реагирате сигурно нема да си мислете шо си мури дошла у моја кука овцо, туку ке сакате да ја запознаете што подобро и да ви тргне муабетот. Ако таа си седи и само си шепоти нешто со син ви, вие секако ке видете дека нешто не е во ред и ке си идете во другата соба. А тоа е лош впечаток и за вас и за неа. Таа ке сфати-еве ја оваа нејке да поседе со мене на пола саат ојде си у другата соба.Кога отидете кај свекрва ви ке пробате да и правите муабет и да ја гледате како другарка, не како мајка, значи кога се запознавате со нова другарка обично сакате да ја запознаете каква е. Не ја прашувајте директни прашања, речите и како на работа, ако таа рече е па арно оде некако вие речите и на другарски начин ее епа арно тоа е добро да има работа, дома ли да е надвор ли да е да не се седе така цел ден. по тоа таа ке сфати дека не сте мрзлива. ако веке живеете со неа па помогните и околу домот. Ако таа земе да ги мие садовите, вие и режите ее седни одмори се дај јас ке ги измијам па после ке направам по едно кафе да се напиеме да си направеме муабетче и така бидете пријателски со неа.Ако таа ви зададе некоја работа тоа не треба да го сфатите дека вие сте неработливи па таа ви трупа работа туку едноставно помогнете и, таа е дупло постара од вас и треба помош. Така баба ми на снаа и, и вика ајдее денеска е ден за работа сакам да биде генералка дома направено. И спогодат се ако баба ми го чисте долниот спрат, вујна ми го чисте горниот спрат. И баба ми обично навечер има многу лесен сон ако и нешто тропне право се буде, и затоа им има кажано што ке правете правите додек да си легнам а после тоа мир и тишина у кука сакам да биде. Тоа не е лошо нешто ама ги предупредила не затоа што ја мрази туку затоа што навистина има потреба од тоа. Мојта свекрва, дечко ми минатиот пат ми кажа вика рамката таа јас што му ја купив со слика од нас му стои на бирото на една полица врз компјутерот и ми вика дечкото, рамката била завртена накај собата он така ја наместил и утрето вика забележаф рамката накај мене беше завртена да гледа пошто кога лежел на креветот не се гледала а сега таа му ја наместила да си ја гледа. И ја покажувала на золва ми преку камера тоа уште првиот пат кога му ја однесов на дечко ми. Викала ја ја снашката шо му донесе на .... И така гледајте да ја чуствувате како пријателка а не како непријателка. Важен е првиот пат кога ке се видете. Со срека
Beautiful1-А бе девојче ме насмеа со постов...Таман си реков мажена жена еве да ни даде некој совет како минала со свекрвата, оно уште немажено развива теории за добар однос...ако, ако, сите така си филозофиравме пред да се омажиме но после ти е друга песна, сите теории и смислени стратегии ти паѓаат во вода (има и исклучоци де)... Лолита welcome to the club
Да, заедно живееме и функционираме како никогаш порано, едноставно никако, исто како кога ќе раскинеш со некого...тој/таа личност не постои за тебе...крај, финиш...и ептен ми е сууууупер...не можам да опишам колку ми е сега добро. Конечно ми е добро. Со ова не се согласувам, еве јас никогаш не сум имала предрасуди за однос снаа-свеки, ниту пак сум мислела дека нема да се согласувам со мојата. Со било чија мајка да сум се запознала, било тоа лично или телефонски да сме разговарале, сум била пријатно изненадена и од култура и од понашање и од она лизни-мазни...леле девојката на син, туф-туф.... Само кај оваа бре го немаше тоа од самиот старт, едноставно таква си е...Кога се запознав со неа, на самото прво видување влегувам дома кај нив цела насмеана, до душа малку вцрвенета и вкочанета, викам- Добар ден, јас сум таа и таа, а таа само се сврте кон мене и ми рече ладно -Добар ден, толку, ни да се претстави ,ни бутур, ништо... WTF одма си помислив...е*ате културата градска. Ама многу не се замарав со неа затоа што требаше да живееме посебно...Судбина било некои планови да не ни се остварат и заглавивме со неа ....раскинувањето беше последица на долга тортура...не би да се повторувам И само да додадам, јас никогаш не сум му ја полнела главата на мм за нешто што не било вистина, сум му кажала како ми е, што ми се дешава во текот на еден ден, недела, месец...година...самиот увидел каква е состојбата и секогаш кога било потребно ми излегол во пресрет, па и во одбрана. А она што е најтрагично во нашиот однос е тоа што таа се обидела мене да ме тужика кај мм после безуспешен обид да ме покори, да ми наметне мислење, да доминира со мене...Е па Г-ѓо свеки, јас сум таа што доминира...не че мочи И да... блазе си Ви на сите на кои свеки Ви е погодена...реткост е, чувајте се една со друга Едит- МСкорпионка-тенк ју, чиарс
Тоа не е лошо? Навечер кога ќе си легнеш до маж ти, па ќе почнете да се стискате и галите и ова-она, ама нема да можете да мрднете и да си ја завршите до крај работата да не ја разбудите свекрва ти, е тогаш јави се на темава. Па стани утрото расположена и помагај и во домашните обврски Или пак можда ќе ја колнеш во себе Јас сум кажала на темава, среќа свекрва ми(идна)е далеку, се гледаме три пати и во годината и нали, може да замислите колку се сакаме Ма најмногу Инаку јас не би можела да живеам со нив, би полудела начисто, а не пак да ме условуваат што и како.
Лолита 777 ,да не делиме јас и ти иста свекрва? Абе не се свесни дека со тоа однесување освен снаите уште повеќе своите синови ги нервираат.Ги ставаат во ситуација да мора да бира-мајка или жена,или па цел век да балансира меѓу нив двете.И од тоа балансирање ќе си искриви кичма човек.
А што да кажам јас,нашите спални беа една до друга-лепени,неможеш ни да прднеш а не пак глас да пуштиш-во спротивно„дискретно“ ќе ти тропне на врата и ќе те предупреди (оној кој викнал)дека утре е работен ден. Да ,јас со свекрва ми си немам кажано лош збор-директно,ама ова со собиве траеше 4 год.Колку бес во мене кога ќе се сетам само.
Не верувам, во соседната соба е мојава свеки, демек спие кој ја знае...освен ако не се реплицирала , леле немој еј...лошо е нејзина реплика Па мм не бил доведен во ситуација да бира меѓу мене и неа, знае која сум јас, ја знае неа... увидел, воочил, проценил, одлучил...тоа е тоа, фала Богу што е разумен -смајлиштосекрсти Виножитке ме пресмеа , нема секс вечерта...е па нема ни кафе тогаш , утре ако се буни пак нема кафе...
Јас еднаш си ги фалев мојте свекор и свекрва ,еве ја користам оваа прилика пак ДА СИ ГИ ПОФАЛАМ,дај боже само господ да ги поживее колку мноогу ми помагаат,,,,,,ама и јас дупло вракам со почит спрема нив,заедно живееме еве веке 6 години,и ако не се дома ми фалат,,,,колку ми е убаво кога ќе ги видам како седат со мојте си пијат кафе и разговараат,и им викаат Како сте ја воспитале керката алал да ви е,,,,и свекрвами уште додава ТАА МЕ ОДРЖУВА ВО ЖИВОТ,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,еве една реплика од нејзина пријателка пред два дена ми вика,Ја прашувам свекрвати как снаати,а таа на секое гледане се повеке те фали,а јас мислам ке ми рече се скаравме за да си најдам јас утеха малку зошто оваа мојава ни се тера ни се води,,,а таа тебе само те фали,,,,,,НЕ СЕ СИТЕ ИСТИ,ЈАС МНОГУ СИИ ГИ САКАМ,,,
Сега ми е јасно со каква личност западнав во конфликт, па уште појасно ми е со каква личност свекрва ти си има работа и после свекрвата нечини.. е па кога ќе ти дојди в куќи некоја ваква како тебе, богами и нема да чини... И немора ни да чекаш објаснување затоа што нема да ни да го добијаш.. И јас се чудам што паднав на твое ниво па да се расправам.. .......... ..............
Пази се Росии, одма ќе те нападнат па и будала ќе те направат, оти како така да имало лоши снаи , сите арни се , свервите не чинат.. Ако не делиме исто мислење со другите одма напаѓаат ... позз до тебе и се надевам секогаш ќе ти биди како што ти е сега..За доброто со добро се враќа..
Се согласувам со Pufi-Cufi дека не се сите свекрви исти. Сега ќе ви кажам пример од мојата околина ( јас не сум мажена). Седиме колешки на работа и едната тазе дојдена во фирмата збори на мобилен и цело време само мамо, мамо, насмеана до уши, еден муабет пријатен што да ви кажам. И ние останатите си помисливме дека збори со мајка и. И кога заврши со муабетот вика, дај сега да и звонам на мајка ми да ја слушнам. И ние цели со прашалници, па со кој збореше до пред малку?? Верувале или не си збореше со свекрва и. И кога ни кажа нас вилиците ни паднаа до земја. Толку присен однос меѓу снааи свекрва не ни се веруваше. Еден ден дојде свекрвата кај нас на работа, и да ви кажам дека се гледаше дека имаат не добар него супер однос. Свекрвата беше Госпожа со големо Г, ама тој нивен однос и хармонија не беше глума. И да, живеат во иста куќа. А знаете дека јас имав и лошо искуство со една свеки, како и мајка ми со нејзината па ваков однос за мене беше научна фантастика. Така да оние кои набасале на лоши и табиетлии свекрви дај боже мажите да им се цел живот раазумни па да си го гледаат бракот а не нејзиното величество МАМА што ќе каже, а оние кои ја имале таа среќа да им се падне фина свекрва да си го одржуваат односот таков со години.
Оф леле мислам дека исчитав се и искрено Еве го мојот пример- Живееме во заедница со свекрвица и ако немало компроси до сега ќе беше покољ Ние бевме со мм ама ептен долго заедно па она се навикна на фактот дека јас ќе и бидам снаа, а и јас дека она ќе ми биде свекрва. На почетокот беше срце, просто неверојатно супер. Ме собираше од работа за да си седнеме на ручек(ако е мм на пат), па ај да купиме нешто. Кога доаѓаа роднини пријатели- јас бев светица итн итн. Ама се беше супер се до моментот кога уствари си го покажа првато лице А јас пак наивна викам леле што супер ми се погоди женава, не е како сите што ми кажуваа ... Имавме мала банална караница и она како толку да чекала и си се отвори. Што се не излезе од нејзина уста Ама нормално не и останав должна. Не се спуштив на нејзино ниво за да навредувам и сл, ама кога ме боцна таму каде што најмногу ме боли, не издржав. И кажав 2-3 работи и и реков од денес сме на добро утро, добар ден и толку. И така беше. Па кога виде дека само ние сме и и немаше никој друг, почна да не моли, да го убедува мм да и простам ...И простив, али ипак останавме на здраво, како си и еден заеднички ручек во недела(иако живееме заедно) Сега имаме коректен однос, успеав сепак јас да имам корист од целава ситуација. Сега ми се притресува на секој збор, ни уплаќа одмори со мм, не тинтра абе што да кажувам, ама сепак и е џабе. Еднаш изговорените зборови печат цел живот.Не можам да знам со сигурност дали и е ова пак некоја маска или е правата она, неможам да и верувам. Затоа гледајте да ви биде вас убаво со мажот и нека не вие ама ич гајле за свекрвата. Само вие двајца сте битни и здравје вашите дечиња Има една поговорка- Каква свекрва- таква снаа. И не за џабе, ако е свекрвата добра, фина, нема зошто снаата да биде лоша, ама ако свекрвата е , тогаш ни снаата нема да и остане должна
И моето искуство вели каква свекрва-таква снаа...Најпрво е најбитно како таа ке се постави и како ке ве прифати вас и ако сте човек нормално ке возвратите...Јас откако се зедовме бев 2 недели со мазот ми заедно ,пошто мораше да замине на работа во странство.... И така јас си останав сама,т.е. заедно со неговите и со сестра му... И така првите 2 месеци мажена а сама... Е сега ние бевме долго во врска и ги знаев неговите ама не сум живеела заедно со нив, сепак е различно...Ми беше многу чудно на почеток... Сестраму ја сакам најмногу на светот и можам слободно да кажам дека ми е најверна другарка веке 8 години...Муабетот беше дека неговите се поставија ептен убаво спрема мене,немаше никаков проблем за ништо,направија да се чувствувам како дома да си сум...Да не замарам со ситници,ама буквално се што ми беше потребно се ми беше дадено под нос....на што јас возвраќав со огромна почит...Мајка ми ми велеше Јас да имав свекор и свекрва како твоите на раце ќе ги носев.. Потоа заминав и јас еден месец у странство и се вративме заедно со мм дома...4 месеци седевме и пак после јас сама уште 3 месеци...Сега не живееме заедно али сме во постојан контакт и во одлични односи...ме сакаат буквално како нивно дете...сега за сега се гледа дека нема скриени намери,и дека се е нормално и природно. Иако морам да признам дека свекорот го сакам малку повеке ...ептен е мој тип на човек и го чувствувам како другар ... ама буквално...
Лелее бидите срекни како така немате некои свекрви кои што не ви даваат ни да спиете навечер мирно. Јас имам една тетка македонка е ама у србија е мажена уште многу одамна, значи сега има она накај 45-6 години. Или помалку неможам да проценам пошто да ви кажам жената права кралица. Богата е многу и си користи секакви препарати за да не и се познава дека старее а исто така и не е дебела како што има некои бабетини по 100 кила на тие години. Современа жена, доага кај нас 2пати во годината и едвај чекам пак да ја видам.Значи кога дојд има смешки, заебанции абе жената ств сакам мајка да ми е. Али што е проблемот...Полоша свекрва-здравје. Кога ја питавме за нејните синови пошто има 2 сина кои што веке завршија факултет, кога ја прашавме како се си најдоа ли снаи, пошто тие обично не доагаат со неа во Мк. И што да ви кажам аууу кога почна да зборува Од една страна се смеам на нејзините одговори, од друга страна па жал ми е за синовите и и снаите што се не доживуваат со неа. Па кога си почна жената јоој ма шта причаш какви снаи,ма сви че иду напољу. Ма они су моју беба ја их њега волим, нико несмее да их припари. Који че га њих воле олико колико ја их волим. Имат они дјевојчици али ја сам једина жена у кучи ја их командујем Мора преку дан да раду они низ кучу да помажају мени. Ако не они добро знају шта ги њих очекује Јоој мили мои мамини..Када треба да одлази неког од њих ја морам знати где чу одлазит. Увечер морам ги пољубити прје спавање,онда ја идем мирно да спавам. Кад су им женскицу код кучи знају да увек врату од њиха соба мора увјек да им буде отворена Прје спавање морам ги проверити шта они раду, јој не долази у обзир дачу некоме да ги мазити, пазити, галити па ја сам ги одгледала ја га морам то радити и никоме другог Значи ова се дел од нејните зборови, не зборе на македонски пошто се омажила на млади години и вели дека го заборавила јазикот па затоа и ви пишав на српски ама и по интересно е кога ја слушам Закон женичка, и јас кога ке се омажам да имам син ке бидам како неа...Не дека сакам да бидам лоша туку едноставно син ке ми биде мој ке биде и на никој друг
beautiful1 а што правиме ако имаш ќерка и налета на таква свекрва?! Таа ќе е твое дете и нормално ќе те боли ако некоја си дотична се однесува така кон твоето дете. Син и ќе е на прво место, снаа и кој ја врти Јас здравје боже ако сум свекрва, ќе им кажам уште одма- За да се сакаме повеќе вие посебно ние посебно. Еве ви стан/куќа и живејте си сами. Ако имате потреба од нас, ние сме тука блиску, ама не и за да можеме да дојдеме по влечки Тоа е златно правило- далеку, ама не премногу, блиску ама не на 2 мин. Ем повеќе ќе се сакаме и почитуваме, ем нема да биде рекла казала, препукувања во стилот каде да стои чашава овде или таму кај што и стоела на свекрвца 30 години
Ептен сум offtopic, ама леле српскиов ти е... Поарно да си напишела на македонски, вака пародија, едвај да прочита човек...
Морав да корегирам српскиов иако додека пишував ми излгегуваше пред очи таа од која избегав на време и ми се превртуваше во желудец. Девојче, не и се восхитувај многи на тетка ти зашто според она што го кажуваш она ќе да има некој проблем во нејзината психа. Страшно нешто. Особено повлеченото. Извини, она и на сред секс да не им влегува во соба?? БОлест!!!
Еј pufce -cufce, што не` направи сега па ти, работава излезе ги напаѓаме свекрвите и тие се лоши со нас зошто ние не чиниме ...ОК секој си има свое искуство и си го споделува, ете тебе ти се погодиле и почитувај си ги. А за Росси веќе знаеме и претходно ни кажала какви луѓе се`, секоја почит кон нив, кон целокупната нивна заедница. И јас сметам дека односот на снаата кон свекрвата зависи како таа прва ќе се постави. Кога влегуваш во нова средина, средината е таа која те пречекува и ти дава претстава за себе. Ако таа средина е прекрасна, ако има мир и хармонија, нема причина да не се возврати на истиот начин. Меѓутоа кога ќе добиеш неколку шлаканици по лицето цело време вртејќи го и другиот образ, еден ден ќе ти светне и ќе си речеш па добро бе мајка му што сум јас...боксерска вреќа.
ај малку да се масмееме. Утрово мајка ми ми кажа еден виц: Што е сличноста помеѓу сонцето и свекрвата?? И во двете не можеш дирекно да гледаш.