Ако доживееш недаj боже тогаш зборуваj , вака опната арогантна те гледам по коментарине без искуство многу знаеш да кажиш коj бил шо бил , па пошто излезе мамин син мене мажотми не ме ценел и бранел , гледаj твоjот шо ке ти биди да ти е арно и да те поштова и цени како шо напоменав погоре само си кажав како сум доживеала jaс и а не сум се искажала за некоj да ми се чатали овде .
@rose60 дојде по мислење или да се лутиш тука. Убаво ти кажа @vitamina проблемот е во мм, не во мајка му. Терај си понатаму со животот - не ти треба таква фамилија.
Од што многу те ценел,почитувал,бранел и пред се те сакал сте стигнале на тоа дереџе кај што сте сега. Ти на 24 години (наскоро) разведена самохрана мајка тој недораснат во паметот што уште креветот од сопругата не му се оладил се сликал со новата девојка и се фалел како ја има. Ако тоа е љубов и почит, еве не знам ....
Не се лутам ни пак кажав некаде нешто за тоа ни пак совет не барав , ве читав цело време и кажав и jас што сум доживеала ,а совет таква раб не сум побарала. И нема потреба од опнатост коj сте што се ,и колку можите да се покажите ова општо не лично за тебе и така
@rose60 душичке мила, не им се лути на феминките што ти пишуваат дека мажот ти е крив а не свекрвати. Навистина тој и само тој е крив. Тој е човекот во кој си била заљубена, кој те побарал за жена и кој се заколнал на љубов во добро и зло. Тој е човекот на кој треба да се потпреш. Тој е човекот кој треба да те штити од сите. Тој е човекот на кој си му родила дете- си му подарила нешто наубаво, нешто највредно, нешто совршено. Тој е недозреан, тој е нестабилен, тој е лигуш. Ниедна вештерка од свекрва не може да ти расипе брак, ако тој е стабилен и ако знае кму и каде му е местото и границата. Него тој смотаниот, заостанаатиот, неизживеаниот, мислел да се ожени, да си најде слугинка, машина за раѓање и кукла за секс. Добро е што си млада и што имаш поддршка и помош од твоите. Ќе ти треба време , ама ќе се средиш и ќе почнеш од ново. Ти посакуваам да си најдеш човек кој те заслужува и кој ќе те сака и почитува како принцеза. Витамина и Жаклин полека малку, женава се разведува и се и е хаос во главата. Има време млада е, ке види кој е виновникот.
@okcenzi , Витамина убаво си се изрази и и го кажа истото што и ти... и по нос јаде.... а мојот муабет треба и да се игнорира, нели, јас си правев шега со Витамина, не вклучив друг во муабетот. А на тој мој друг коментар, кратко јасно само си заклучив кај е проблемот.
Жено не знам дали не разбираш или така се правиш, ова е форум и секој има право да пише што сака, ако не сакаш реплицирање и критики онда зошто пишуваш воопшто, ќути си? Лицемерија овде ние не правиме да знаеш. Сакаш тапшање по рамо? Епа извини ама јас сум само искрена, и ти воочувам дека свекрвати не е крива што маж ти е растури куќа, незнам зошто и се опнуваш на жената ни крива ни должна кога маж ти е параспур најголем овде, одговорот е јасен ако те сакал сигурно немало од спалната на вибер фотки да ти праќа со љубовницата. И за тоа е крива свеки а?! Инаку само да ти кажам дека не само што сум повозрасна од тебе туку и сум мажена! Ти си тука онаа несозреаната невеста што неможе да си ја процени сопствената ситуација и да открие кај лежи проблемот. Ако маж ти те сакал верувај дека би немало сила што би можела да ве раздели, а најмалку свекрвата
Ох jас те разбирам и jас сето тоа го знам ,и знам дека е крив ама сакав да кажам дека за распад на брак придонесуваат и родителите ,колку и да си со жената сепак маjка е маjка во моjот случаj 24 часа беше со нас свекрвата ,од маж шо беше со мене цело време маjкаму му велеше оди на пиво со нас само си и така навика се ствара еднаш уште еднаш па си почна редовно се оддалечи од мене да крив е ама криви се и неговите бидеjки му кажуваа се за мене лаги и не е важно jас не се лутам ,ни пак опишав се општо jас во кратки црти опишав како сум доживеала ,колку и мажот да сака жена тоа може да се смени влиjание од други кога има ,и не се лутам ова е форум секоj може да пиши шо сака,ни ме знае некоj ни ке дознае тука некоj совети барат некоj искуство и така не сум нова од пред месец , jас имам др акаунт каде што сум активна а оваj за да споделам мака , и да напоменам уште еднаш секoj може да си искажи мислене толку.
Не се пали одма jас не ни кажав нешто лошо а чим си мажена демек, мажоти те слуша аха да не ме интересира ни пак побарав совет ни утеха ни пак да ми врати на ком мене , jас убаво знам шо пишав.
E како не...ние ко се зедовме на почетокот се имаше случено пред мене да му речи свекрва ми на мм оди илзези со другарите,цел ден си дома а мм фино лепо и кажа јас без жена ми не одам и не ми е интресно,ја сакам неа и со неа сакам да си излезам,да прошетам ете поубо ми е со нејзе,не се женев за со другарите да излегувам и ТОЛКУ,повеќе не се спомна тој муабет.Ние двајцата сме така поврзани еден со друг и не ни е ни интересно да излегуваме со другари/другарки,секогаш си најдуваме погодно друштво најчесто парови и така.Ако маж ти те сакал и му било убаво со тебе,немало да оди сам па дури и да најди друга и на крајот да дозволи да се разведите...тој потег не е баш едноставен,чим тој се решил да најди друга,да се разделите па и да те провоцира со пораки сликани кај вас на спална значи дека не е во свекрв ти проблемот,туку во него
A сега слушај ме ти мене најдобронамерно, оти вака ќе се јадосуваш цел живот дека свекрва ти ти го расипа бракот. Да си знаеш, розичке, ако не била свекрва ти, тој пак ќе направел глупост (и башка да бевте)... зелен човек си е зелен човек. Ако не ја слушал свекрва ти, че слушал некој другар, ако му се бркале жени ќе бркал жени.... тоа ич да не се јадосуваш... си се тргнала од недораснат човек, тоа е, гледај си го чедото и тоа ти е најважно сега. Ама не е до свекрвата... уставри, цело семејство ќе да биле лапнати по муабетов.
@rose60 Dosta si mlada i bas mi e zal sto go dozivuvas ova,no zivotot prodolzuva.I ne,ne si vo pravo deka drugite se krivi,svekor,svekrva,drugari..ako toj tebe te sakal i pocituval nikoj,pa i zena vo krevet da mu donele toj ke ja izbrkal.Najgolemiot vinovnik e maz ti koj ne te zasluzuva ni tebe a uste pomalku kerkickata,a potoa site ostanati.Gledaj si go deteto,cim imas podrska od tvoite a ako sakas toa sto e tvoe od taa kuka i sto licno tebe ti sleduva mozes da si go zemes so policija i nisto nikoj ne ti moze,mojata komsivka napravi taka. Pozz
Не се палам јас кај виде дека се палам?! Ти пишав добронамерен совет и ти посочив критика дека свекрвати не е крива во ситуацијата. Многу е лесно да кривиме и осудуваме, ама тешко е всушност да си признаеме на самите себе си кај ни лежи проблемот. Е сега што ќе мислиш ти за мене воопшто не ме засега тоа да знаеш, јас не само што сум мажена туку и живеам со свекрвата, а ако некој е несозреан и арогантен по личниот опис што го оставаш, тоа си ти. Ти си решила да одиш контра сите жени овде и упорно да ги затвораш очите пред вистината.
Не е важно коj e , т Моjта свекрва ми се обрати на тел успеала да не раздели да крив е тoj ако ме сакал немало да биди под влиjaние , тоа е 4 мес поминаа и свесна сум и ке помини и ова за стварите не ми дава кажа и да приjавам не давал можеби суд ке додели незнам сепак
Е тоа е тоа што ти зборува Жаклин. Значи свекрвата може се да каже, ама не може да го натера да прави нешто ако тој не сака. Ако тој е созреан и те почитувал како негова животна избраничка, немало да ја слуша мама. Мама може да си тресе зелени од минатиот век, но тој требало да каже НЕ јас жената не ја зедов за да биде роб и дома да седи. Можел да излегува со тебе и керкичката, а не со другарите ергени на пиво. И пак мама ако му рекла да излезе, тој пак требало да рече ајде женичке, подготви ја малата и да одиме на пица или сладолед или било што. Е тогаш мамичка негова ке нема што да стори. Значи таа може да пробува се и сешто, ама ако тој е стабилен ке знае што и како треба и ке и го покаже местото на мама. Ако таа и преку дела не се разбирала од збор, тој ке ја седнел на маса и ке и кажел во лице, а не да кажува дека не ебел доволно. Простак. Да видиме оваа новава колку ке ја трпи мама и неговите егренски излети. Знам тешко ти е ( не можам да замислам колку), ама гледај што помалку да размислуваш за нив. Посвети се на себе и на керкичката и почни си одново. Ова е веке сувишно во муабетов. Феминката те советува и кажува мислење, а ти ја напаѓаш. Има мажи како нејзиниот, што си ги штитат и почитуваат сопругите. Не е нешто ново тоа. На суд прво се оди спогодбено, а ако нема така решение тогаш судот одлучува. Кога ке одиш на првото рочиште ке си кажеш и за ова секако на својот адвокат и ке мора да ти даде половина од се што е стекнато во брак. Ако не ти дава речи му дека толку ниско паднал, што неговата нова девојка ке спие на твоите прљави чаршафи- ке ги собира твоите остатоци. Ама тоа кажи го додека е со неа и верувај тогаш ке си ги земеш работите.