Без навреда ама сметам дека потенцијалните лоши сверкрви се оние кои имаат премногу близок однос со синчето, т.н. мамино галениче. По дифолт нели, татковците некако завршуваат во сојуз со ќерките, а мајките со синовите, ама некои претеруваат (сличен случај опишан на претходната страница). Мене ми е јасна донекаде таа љубов за детето, ама посесивност и љубомора на жената на сопствениот син, и желба да се напакости, тој момент не го сфаќам. И кога гледам мажи на 30 и кусур години како се глупираат, чекај да ја слушнам мамица оваа од таму - сине ручаше ли, да не ти студи, облечи се мама, надвор дува, овој начукал години колку мини диносаурус, очекувате здрав однос помеѓу идната снаа и свекрва? Па нема да го има, нормално, која на светов ќе се изедначи со мамица - сезнајката, светицата , најдобрата? Ич не ми е здрава таквата љубов и приврзаност, значи се' во граница на нормалата. Многу е јасно дека не може да се има сјаен однос со свекрвата. Некогаш со родената мајка не можеш да излезеш на крај, па не со некоја си туѓа. Не очекувам љубов, нити некоја посебна приврзаност, сакам и нудам за возврат почит и немешање во туѓите работи ко некоја запршка. А инаку, одамна се помирив со фактот дека дури и да си најфина, најпаметна, најсовршена, guess what - нема никогаш да си доволно добра и достојна за маминото галениче кое мама грижливо си го чувала 9 месеци во утробата. Ко мислиш само таа дотичната има дете.
мојата бивша свекрва кога ке не видеше јас и син и како правиме муабет одма доага и на сред тема почнува како керка и ово оно бла бла,таман ке ми звонат моите на телефон нејзе ке и падне на памет да пушти глас на тв демек не слуша добро,на почетокот само што отидов одма да сум и рекла мамо (мислам ало жено не си ми мајка а и не можам од првиот момент мамо да ти кажам) кога се каревме со синот и одма судија демек јас да попуштам женско сум мора да наведнам глава (со кој памет) кога крена рака на мене син и наместо да му каже дека тоа не е добро она мене ви вели?па така е женско секогаш мора да трпа...кога ке ни дојдат гости неможевме два реда муабет да направиме секогаш она главна (со муабетот и за внуците и керка и,а и за соседите за сите знаеше по нешто) ако недај Боже некој прашеше за моите како се она одма на сред муабет ке ме прекине демек и текна нешто...и оваа е за почитување? Па и кога се испуштив и почна да ми велат дека не сум способна дете да задржам-јас треба да се смешками да и кажам добро мамо? Дефинитивно некои жени не се способни да бидат свекрви...
Во овој пост се пронајдов како јас да сум го пишувала, сосем истата ситуација и јас ја имав со мојата свекрва , само што јас и мм од понеодамна се одделивме и веќе не ивееме заедно баш и поради тој конфликт што го имав со неа и од тогаш не сакам ниту да ја видам ниту да ја слушнам, можеби е грев да го зборувам ова , но таа не и беше грев да ме навреди и 2,3 збора што ми кажа и ме повредија толку што цел живот не можам да и ги заборавам, тоа не е грев??? Како и да е , 1000 пати поубавое да си далеку и да имаш ок односи, отколку во иста куќа и постојани расправии. И таа сега се покаја и гледа на секој можен начин да ми се доближи, но јас реков еднаш NE и крај, готово е засекогаш. Среќа што мм е доволно паметен и гледа каква мајка има и се срами дури од нејзиното понашање ама на дистанца сме веќе и двајцата, а таа што сака нека зборува ич око не ми трепнува, погото и сега кога сум си сама во својот стан, нека зборува колку сака, мм чим си е од моја стран друго ич не ми е гајле
Лолитче ова важеше за девојката која ме цитираше..нели таа се бунеше нешто... Инаку не велам дека има само лоши снаи , има и свекрви да дуваш и да бегаш... зависи и од двете каков ќе биде односот, ама кај нас тоа е некое непишано правило, од страна на снаите, дека свекрвите какви и да се мора да бидат лоши на крајот...позз
Како прво ,голема благодарност до Пуфи-Цуфи за тоа што ме нарече девојка,ама -било некогаш,се приближувам кон 4 деценија. Не се бунам ,погрешно ме има некој сфатено. И ,право да ви кажам,баш ми е мило кога ќе слушнам како некоја од Вас се фали од свекрвата.Нека бидат такви довека,како што се сега добри кон Вас. Пуфи-Цуфи ,еве јас како постара ќе ти пружам рака ,доколку те имам навредено(а сигурно има што толку бурно реагираше).Навистина,не би сакала да имам лош збор со ниту една од феминките. Па ,можеби мојот проблем со свекрвата беше токму тоа, што за „мир во куќа се согласував со се“ама некој тоа ептен го злоупотреби.Инаку и ние стартувавме супер,ама не за долго.Па не се трпи некој да ти води контрола за се и сешто .Не би сакала да пишувам повеќе за глупостите низ кои поминавме со мм,далеку се зад нас веќе одамна,ама белезите остануваат за навека. Позз.до сите снаи и идни свекрви
Пуфи -цуфи..не е непишано правило дека мора да бидат лоши на крај..тие ќе станат добри ама од себични причини ...тоа е факт Ајде мала шала за тие што гледаат Лисјата и се упатени во серијата...Џеврие се смени и почна да ја брани Фикретка...а зошто?...Јасно и самата си праша, па и си одговори-а што ќе биде со мене?..јас сум веќе стара, не можам Повторно си нагласувам-ова се мои ставови и мое искуство, не мора да е така кај сите. Секоја чест на исклучоците кои заслужуваат почит и љубов.
Мене ова воопшто не ми е ни интересно ни смешно,дури ми е језиво и болно вакво размислување од мајка не ми е нормално Тебе да ти се погоди некоја ваква (недај боже) незнам баш дали ќе ти биде закон
И јас познавав една таква,кога ке ја видиш напуфана,дотерана,,,лова до крова,,позната фамилија,она во судство,маж и познат доктор,,а таа со синовите како бебинја,вратата кога ке си легнат со жените отворена,да можела да влегува да ги покрива,може голи сакаат да спијат,и еднаш снаата и рекла а таа е ако де соблечете се,,и згора на се швалер имала,способна жена се под контрола,,,,,кој нема ваква само нека каже НЕ ДАЈ БОЖЕ,,,,А БАШ со девизата каква свекрва таква снаа не се сложувам,снаа и беше супер,скромна се ама ова беше ужас,и обратно има фини свекрви а снаи катастрофа,,,тоа ти е игра на СРЕКА,ШТО КЕ ТИ СЕ ПАДНЕ,,,И ОД ЕДНА И ОД ДРУГА СТРАНА,сега коментираме од страна на снаи,а понатака во животот дај боже од странаа на свекрви,,,,,после ке видиме нас што ке ни се падне хахахах
Нека биде син ти твој и само твој, спиј си ти со него. Со вакви глупи размислувања незнам до дека ќе стигнеш,искрено. А,ако ти се падне да имаш ваква свекрва,ќе видеш дали на овој начин ќе размислуваш.
мала дигресија на темава... Што е заедничкото на роденденска торта и свекрва? - И двете се сакаат ладни и со свеќа! Факт е дека постоеле, постојат и ќе постојат лоши и добри свекрви и исто такви снаи...каков епитет ќе им дадеш се зависи од тоа како тие ќе ти ја претстават ситуацијата....не сакам да се правам паметна и самата сум била во ситуации каде „свекрвата“ била ептен незгодна да не речам вештерка и во сегашната ситуација каде идната „свекрва“ е стварно злато, просто немаш за што да и се налутиш
мислам дека ние кога ке бидеме свекрви ке бидеме мнооогу подобри, бидејки сепак жевееме во посовремено време. денешните свекрви во просек од 50год. нагоре се луѓе кои како деца немале ни тв, ни радио, живееле во заедници (со девери, јатрви...итн), јаделе од една чинија, мажот бил главен дома и затоа се мнооогу заостанати и досадни и се мешаат во се и сешто и да не речам некои се и многу проости жени. (со чест на некои исклучоци!) А, дека има и снаи секакви, има, ама сепак каква и да е снаата, треба да си живее со мажот, тој си ја одбрал. свекрвата да си се гледа себе си и да не им се меша на младите, како што и таа не сакала да и се мешаат!!!
Ама нашите деца и нивните партнери, којзнае во какви услови и технологии ќе живеат, мобилните ќе им бидат смешни.Како и да е, за нив ќе бидеме заостанати и старомодни, а не е се до тоа како си живеел, туку како си воспитан и какви ти се сфаќањата и погледите, колку си прилагодлив итн.
Свекор ми почина скоро и јас нормално го жалев, го жалев сопругот што остана без еден родител, ја жалев свекрва ми што остана сама и ќе живее сама(иако и понудив да живее и со нас дури се навикне!!!) а и јас се жалев себеси за спрепките кои излегоа со тоа. И свекрва ми рече да го шетам сопругот , да излегуваме заедно за да се растерети со мислите И НАМЕСТО ЈАС излезе таа да излегува и да се шета со него по улица сама, А КАДЕ СУМ јас во приказната =никаде , јас си седам дома и леам солзи и наместо таа вдовица и сама , јас сама и како вдовица. Ама подмукла жена значи е !!! А морам да спомнам дека ова се случува 1 месец после погребот!Наместо да си седи дома или да отиде кај комшика роднина или др. таа му се упикна на синот т.е мојот сопруг. Излегуваме ние двајца во чаршија ете ја и таа се кани самата себеси да дојде, па ајде сопругот ја зема со колата дури оти тежок и е газоти низ чаршија се шета меѓу нас двајцата. Која приватност и задоволство го имам јас со тоа што ќе излезам еден слободен ден во неделата??А мојов пак му е непријатно да и се обрати па дури ја сожалува повеќе од мене и понекогаш ја вика. Двајца битанги. Еднаш не гледа лути и ме прашува што не е во ред , зошто се карате? јас бев покултурна и не и одговорив ПОРАДИ ТЕБЕ ама имам намера тоа да и го кажам насамо и да не остави намира. Затоа не вреди да се биде добар!!!
Јас тука ќе те прекорам, иако веќе јасно имам кажано каков е мојот однос со мојата свеки... Немој да бидеш таква, па греота е жената, сега е сама, потполно сама, нема никој освен синот. Еден месец поминало од погребот, уште е во жалост, нормално дека ќе бара утеха кај синот. Колку и да не ја сакаш, немој да ја гледаш како соперничка, како некоја што го окупира твојот сопруг. Како ќе ти биде тебе на нејзино место...стави се во нејзина кожа, ти ќе одиш по комшики и роднини или ќе си го бараш сопственото дете. Ајде малку отвори си го срцето за неа...некое време ќе се чувствуваш како 13-то прасе, ама ако...разбери ја, го изгубила животниот сопатник, и сега и` останува само синот кој е нејзина крв, единствено нешто што и` е поблиско. И немој да се караш со мм за вакви работи, греота е...кого да бира, мајката која останала сама, себи си да се жали затоа што изгубил родител или да гледа тебе да ти угоди. Па вие две не му оставате на мира да си жали за починатиот татко. Ајде таа е стара, сега е осамена, ама па ти, не биди толку себична...еден ден си имала слободен, што ако издвоиш неколку саати од тој ден за да усреќиш една осамена мајка, и тоа не било која, туку мајката на твојот сопруг. Размисли дали вака ќе се чувствуваше ако во прашање беше твојата мајка, дали и неа ќе ја чувствуваше како товар или ќе ја жалеше и ќе ја мк`неше секаде со тебе. Не си фер.
без навреда, ама малку претера. тебе ти бил свекор, ама нејзе маж, а на маж ти татко! Нормално дека на жената и е тешко, животниот партнер ја напуштил и утеха ќе и треба не месец, можеби и година-две, додека се соземи жената малку. Баш како што ти напишаа погоре, не ќе ја бара утехата по комшии... Биди повнимателна, и дај и малку простор, имај разбирање за нејзината болка и осаменост. А, од маж ти што бараш, па и нему му е жал, мајка му е, што ќе и прави???? Нека помине некој месец, ќе се вратат работите во нормала, но отсега жената бидејќи е сама, ќе биде позависна од вас дури е жива, и греота е да ја отфрлиш. само вас ве има сега. затоа биди посочувствителна!!