Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. milicka19

    milicka19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 март 2010
    Пораки:
    405
    Допаѓања:
    119
    Пол:
    Женски
    Сакав едно општо мислење да дадам околу темава. Јас не мислам дека секогаш проблемот е во свекрвите. Зачудена сум од тоа какви структури на жени постојат. Најубаво е уште од почеток да сте сами. Така и двете страни ќе бидат спокојни. Но кога се нема финансиски средства треба да се има респект. Не е работава одиш во една куќа и наместо ти да се прилагодиш на нив, бараш сите на тебе да се прилагодат. Денешниве снаи не се како некогаш. Пола од младиве денеска не знаат ни да готват ни машина за перење да пуштат ни дете да гледаат, си спијаат до покасно, си шеткаат. И тоа секој нормален човек не може да го трпи. Едноставно си терет на некој и тука неможе да има мир и спокој, само кавги. Постариве генерации од нас не го трпат тоа. Ги исчитав скоро сите ваши случки и критики и повеќето сте во право. Но ја читаме само едната страна и така коментираме. :) Од мажот во никој случај не очекувајте да ја напаѓа мамичка. Таа е секогаш светица за него (макар и каква и да е). Мајките се секогаш повеќе поврзани со синовите и не очекувајте дека тој ќе ве заштити вас, а ќе ја искритикува неа. Лошо за таа која ќе се омажи за син единец е тогаш нема навистина спас. А има и оган свекрви (прости, оговарачки. неизживеани).Две ќе се стори да те раздели. Ќе оди по бајачки, ќе прави маѓии. Е од такви треба да се пазиш и што побрзо подалеку од неа за да нема причина да биде таква. :devil:
     
    На girl.23 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Jellyfish

    Jellyfish Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    12
    Со свекрва ми на почетокот имавме мали проблеми.. Tаа беше многу против нашата свадба, не затоа што не ме сакаше за снаа или сл. туку затоа што идвајцата бевме деца од 19 години кои незнаат ништо за животот... Се земавме и почна да не замара за внуци... ние и двајцата млади и луди саквме прво да се посветиме на факултет, а таа кога запна за внуци, јас и маж ми моравме да се иселиме од дома барем додека јас завршам факултет... Кога завршив со факултет се вративме пак дома.. Имаат прекрасна голема куќа, а маж ми е единец и навистина беше не логично ние да живееме во стан по ќирија при толкава огромна куќа... тие се едно од повлијателните семејства во градот во кој што живееме.. Pо два месеца од моето дипломирање се вративме дома... По враќањето не можев да ја препознаам.. Жената буквално се тресеше околу мене додека маж ми беше во Скопје... по две години кога и соопштивме дека сум бремена беше пресреќна... Додека маж ми специјализираше во Скопје таа беше опседната со мене. Дали сум добро, дали јадев, ми треба ли нешто... Жената се претвори во добра самовила... Ден денес немам никаков проблем со неа... Додека не останав бремена по втор пат, со маж ми бевме излезени скоро секоја вечер а таа симораштака успеваше да излезе на крај со две малечки близначки... таман едната се успала другата се разбудила... едно време почна да се жали, но и помина и сега со не трпение чека да се роди третово конечно машко па да ми ги врати Лара и Миа и да го гледа новиот член на фамилијата...Пoздрав!!!
     
    На Simona91 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Zoza

    Zoza Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    792
    Допаѓања:
    297
    еее луге денес се шокирав кога дознав за еден случај во мојата фамилија...со обзир на тоа што не зборам со семејството на таа тетка ни па со неа (едино со керка и) не е ни чудо што тек сега дознав...имат снаа вереничка на син и ( од татко пијаница и мајка што ги остави мали и побегна со друг) тоа и не е толку битно колку што е битно следново...значи тетка ми (јесте за мене е лоша) ама кога се верија она секаде се фалеше дека има снаа секаде си се шеташе со неа и јасно и даде на знаење дека од денот на веридбата тааа е нејна втора керка,арно ама дотичната на почетокот добра лизни мазни додека не почнала кај што ке стигне да збори дека свекрва и и прави магии и демек ја понижува и и се заканува (демек на маж и неможела да се пожали ) а маж и дознал за сетоа тоа од народот...секаде кај стигне исти муабети,кога дода се вери она секаде зборела демек ако не останала трудна нема да ја ни зел овој (а она 10 год врска) она си работи но зборела дека не зима плата,а уствари зимала ама ја давала на брат и кој остана со баба и да живее,се задужувала по народ и се така...тета не работи и нон стоп е дома,но ете женава излегла со маж и да се прошетат и налетуват на своите сватиновци (на керка и) и они јавно разочарени од неа (од мабетите што ги слушнала) едвај се поздравиле дури им рекле дека им е срам што имат снаа од таква фамилија нормално кога прашале зошто овие им рекле ( и одма им станало јасно зошто керка им не ги викала на гости а и не одела на гости кај нив-значи забрана од мажот и фамилијата) нормално иако тета и тетин збореле дека не е тоа точно не им повереувале,тета заврши во болница а снашката негирала дека зборела така...но секоја тајна не е трајна братучедот се распрашал малку по народ ( и отишол кај особата што му имала зборено за тоа) и кога го донесил на сооучување со дотичната оваа признала и рекла дека сето тоа го зборела затоа што неможела да си ја поднесе свекрвата,и што на нерви и идело тоа нејно керко керко,па и тоа што не размислувала нив да им направи свадба ама за керка и одма закажала сала....и тогаш тетин и рекол дека ако неможе да ја поднеси нека си збира партали и нека си оди кај баба и,но :!: овој глупавиот ми бартучед (заљубен) рекол дека ако она си оди ке си одел и он демек неможе бес неа и ке и простил се :tmi:

    е сеа мене само толку ми рече стрина дали има уште нешто па не сакат да ми кажат незнам само знам дека од нејната лоша уста она најмногу и има наштетено на дода (а она на мравка не гази) и само не ми е јасно како може толку да биде лоша лажлива и злобна,а уште повеке не ми е јасен такозваниот ми бартучед...а да да незаборавам да кажам дека побарала пари од едни луге ( кои е заборавила изгледа дека се кукни пријатели на чичко ми) демек не и давале дома да јаде и дека морала да си купи лекарства земала 50 евра и отогаш не се јавувала на негов број кога и звонел човекот ( сега маж и ке ги врака)
     
  4. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.346
    Допаѓања:
    114.127
    Пол:
    Женски


    Потполно се согласувам со подвлеченово. Не се ни младиве денеска цвеќе за мирисање. Многу постови погоре има млади зелени невестичиња дојдени во заедница, ни работа ни сабота и сакаат да ги дворат и да се прилагодуваат на неа. извини, ама ТИ си таа дојдената во таа заедница и ќе си се навикнеш.
     
  5. bikce89

    bikce89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јули 2011
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    1
    свекрвата не може да биде како мајка во никој случај
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  6. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.226
    Допаѓања:
    48.129
    Пол:
    Женски
    Не знам дали прашањево е за тука, ама не знаев каде да го поставам.
    Викендов бев кај дечко ми, кога си дојдов дома вечерта тој ми кажа дека мајка му рекла дека многу разголена сум идела,млада сум била но сепак многу разголена сум била :?: Бев најнормално облечена , како што и доликува за ова топло време, крај краева млада сум и фала богу дека ќе се облакам како сакам, од дома никогаш ништо не ми рекле но ете она прокоментирала за тоа :^) Но, не е само тоа, исто така рекла дека ми треба диета затоа што сум била малце дебела во бутовите :worried: Јас дебела? ;(
    Не знам како да го сфатам ова, навистина мака ми падна, затоа што иако не сум блиска со неа, немаме правено муабет , отсекогаш имам чуство дека не ме сака баш :worried:
     
  7. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.350
    Што нема да чуеш :x
    На твое место би игнорирала, продолжи си да одиш како и досега, нема заради неа да се менуваш, особено штом немаш замерка од дома.Што се однесува до слабеењето сум особено запрепастена, не знам како воопшто возрасна жена за младо девојче дава таков коментар :x
    И малку сум зачудена што дечко ти ова ти го кажал, ама ако тебе не ти смета, не му коментирај и не се оптоварувај ;)
     
    На Bibko му/ѝ се допаѓа ова.
  8. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.226
    Допаѓања:
    48.129
    Пол:
    Женски
    Според него не е ништо страшно ова, не било кажано со лоша намера, туку само онака дека прокоментирала :?: Мене многу глупо ми падна ова, да ми наоѓа некој вакви замерки, безпотребни ]:)
     
  9. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Ете и самата си одговори дека се непотребни овие нејзини замерки, немој да се преоптеретуваш дали те сака или не, или дали таа мисли дека си дебела и дека си била многу разголена.

    Ако ти се чуствуваш убаво во твоето тело и твојата облека немој да дозволиш нејзиниот коментар да те натера да направиш некој промена, очигледно таа е со поконзервативни сфаќања штом дала таква забелешка.
    Не верувам дека имала лоша намера, но како и да е биди си тоа што си, немој заради неа по жештиниве да одиш на гости со фармерки и да се замараш дали неа ќе и се допадне како си облечена.
     
    На anastasijaki му/ѝ се допаѓа ова.
  10. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.818
    Допаѓања:
    1.691
    Мене воопшто не ми се допаѓа ова што го прочитав |(
    Мислам жената останала сама,без сопруг ,маж ти без родител и ти велиш да оди кај комшики и роднини...ти не се секираш за нејзината мака а не пак тие...си го жалела свекорот еден месец,тоа и не е некој долг период за да на жената и биде подобро...недај боже да прифатила да живее кај вас-зошто ако си ја повикала кај вас-сега да ти смета што искача со вас?не гледам кој проблем е некој месец да се жртвуваш и да и направиш на жената барем малку од малку да не се осеќа сама...незнаеш колку и е тешко,можеш само да замислиш,,,извини што те искритикував ама неможев да останам рамнодушна :x
    Разбирам дека си млада и сакаш да си со сопругот,но ова се такви моменти каде човек не треба да биде себичен....тука се гледа човечкото во нас :|
     
    На maca78, machorka, mima83 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. vilmica

    vilmica Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    2
    Ednostavno ne zasluzuvaat komentar.Samo edno znam ako si go sakas svoeto dete ke najdes nacin da se postavis i kon tugoto (snaata), ako ne ke baras pricina da im ja srusis harmonijata. Voglavno se ljubomorni!!!
     
    На Anyshka и girl.23 им се допаѓа ова.
  12. crnokosata

    crnokosata Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    251
    Допаѓања:
    124
    Пол:
    Женски
    Можеби и намерно наоѓа маани ако нешто не си и по ќеиф ама ти не се замарај ако тебе ти е убаво со дечко ти и ако не него му се свиѓаш како изгледаш,тогаш за неа не се замарај,крај краева нема да спиеш со неа ;)
     
    На anastasijaki му/ѝ се допаѓа ова.
  13. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.639
    Допаѓања:
    22.101
    Пол:
    Женски
    Така е, ама и снаите не се поарни, криво да седиме право да збориме ко шо вика Џеврие :lol: и ние не умираме баш по нив, важно е да се има слога за нас да ни е помирна главата и дистанца. А на мажите не можеме да им се мешаме сеа факт, ама ако чоекот си пати од Едипов комплекс зашо да го мачиме да го зимаме за муж, си ја има мамичка, а за онаа работа се наоѓа во секое време не мора брак склучување сеа.

    Поентата ми е никогаш не се криви ни свекорот. ни свекрвата, ни золвата, ни деверот, ни Стојна, ни Перса, ни Трајанка. Ако мажот не успее да си ја одбрани и заштити жената се е залудно. Јас ко се омажив на почетокот на сите им бев крива за нешо (сеа дојде ај да мрчиме демек, првиот месец мааните да и ги бараме), но мм си постави граница и тоа е тоа. Совет за младиве невести кои сега мислат се ќе биде розово, „абе шо куќа како и секоја друга, шо ќе биде поинаку од кај мама“:

    1. Никогаш немојте да дозволите премногу да се зближувате со родителите од мажот, нека има почитување тоа обавезно, ама доверување како на другарки, емотивно врзување, никако! Ако нема чувства, не можат да бидат повредени, нели?

    2. Многу е битно да не се оди и у другата крајност. Има некои ете влегуваат така настроени демек спремни да се бранат а уште не се ни нападнати. Не си стварајте самите одбојност, еден индиферентен однос, сепак со неизмерно почитување (зашо сепак се повозрасни) и вашето е одработено. Нема да смее никој да ви пререче. Ако од старт почнете одбивен механизам, само можете да го оддалечите либето од вас. :)

    И конечно, ако и покрај ова не се луди по вас, не ја трескајте главата од ѕид, таму сте заради мажот не заради мајка му и остала банда. Не се тие фактор за ништо, вие сте. ;)
     
  14. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.452
    Мене ова ми е многу пострашно, отколку коментарот на мајка му...
    Како може да не е страшно?!
    Па мојот главата ќе и ја откине ако каже нешто такво, а уствари и може кажала, ама тој не ми пренел, ваљда си средил он со неа...
    Јас сум сега мажена па одам облечена баш како сакам, а тоа е прилично разголена, да се разбереме...и не сум чула збор, а знам дека сака да ми каже ама не смее од него, а и може му ја пука главата на него, ама мојата е мирна, мајка му е , нека си реши тој со неа...
    Верувај дека повеќе треба да те загрижи тој него таа, таа секогаш ќе има замерки, дали дебела, слаба, разголена, ваква, онаква, цел живот ќе дроби, и ќе ти соли памет, спас од ова е само тој безусловно да се завземе за тебе...
    Затоа под итно да му кажеш дека е страшна работата...
    А и друга работа, зошто ти пренел?
    Мене ми звучи како и он да се согласува со тоа, или и он сакал да ти го каже, па на овој начин...комотно можел да и каже, тоа не е твоја работа, јас ја сакам таква, мене не ми смета, таа е мој избор кој барам да го почитуваш...енд оф дискашн!!! и ни да ти пренесува, нит бутур...тој да ги среди каприците на мајка му...нема зошто ти да се замараш...
    Ако така пренесуваат мажите што рекла мајка му за снаата, или во обратна насока, изгоре куќата, а од мажот на кој овие коментари не му се страшни, мамичка ги кажала, а таа нели знае најдобро, јас би се исплашила, па разговарала со него, па пробала да го преваспитам, како би обезбедила помирна глава, и иднина, а ако продолжат невкусните коментари на мајка му да не бидат страшни, можеби и би избегала, главом низ брдо...сега е еден коментар, ама е индикатор на неговата перцепција на односите меѓу вас во иднина...мама кажа, не е страшно, големо чудо, а ти крши глава......понатаму ова ќе биде клучен и непремостлив проблем, мислам дека сите веќе мажени ќе ти го кажат ова, истово...
    Остај мајка му, да го собереш него под итно, зошто ти пренел и зошто јасно и гласно не застанал во одбрана твоја пред неа...а таа ќе ти биде свекрва, функцијата и титулата и налагаат вакво однесување, со неа не се оптоварувај, ништо не можеш да смениш...ако тој не стои позади тебе, го изеде стапот ти...
    И јас еднаш со големи букви пишав тука, еве и Теси сублимираше...мажот е клучниот фактор, играч, медијатор...ор ватевер...за мир у куќа и твој убав живот...
     
    На Anyshka, Neytiri, lolyta777 и 2 други им се допаѓа ова.
  15. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.639
    Допаѓања:
    22.101
    Пол:
    Женски
    ^Истото и се дешаваше на една моја другарка и јас коа и реков дека тој е крив за се (како шо рече енца погоре ако не е тој крив зашо изиграва радио милева) ја испаднав кабает демек сум сакала да и се пикнам во бракот, Божеее, како да не ми го знаеше табиетот толку години (ако и тоа не беше оправдување од маж и за да се одбрани од одговорност) ама тие и двајцата без карактер изградено си одговараат, ама не се за жени кои се доволно паметни да увидат дека нешто не штима. Искрено, ги жалам ваквите мажи, немаат сопствено јас, не знаат да оформат свое лично мислење за личноста со која делат се и мислат вечно ќе се кријат под престилката на мама или било кој друг, после „мама ми растури, на мама не и се свиѓаше, затоа“. Не ти растури мама тикварче, ти не си за брак!
     
    На Anyshka и anastasijaki им се допаѓа ова.
  16. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.818
    Допаѓања:
    1.691
    Немораш да се замараш како си облечена ...тие ќе коментираат и така и така...па Боже сачувај отсега само во ролка кај неа... :lol:
    Инаку,разговарај со дечко ти и прашај го зошто ти го пренел тоа ,да не мисли и тој како неа :^) па индиректно да сака нешто да ти каже?
    Мене ми се случи во почеток на врска -само што они коментираа-леле ама се поправила,леле ама ослабела....и дечко ми тоа ми го кажуваше,ама онака...не го сфатив никако,може дека тогаш 17,18 год не сум се замарала....но сеа да кажат некаков коментар за мене тој не само што нема да ми пренесе туку ќе ја реши одма свеки,си знае она ;) така да види,твојот дечко да не е од оние што се со мамичка,или не се секирај ќе се среди како со мене :lol:
     
    На Anyshka и anastasijaki им се допаѓа ова.
  17. mima83

    mima83 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    148
    Допаѓања:
    57
    [/quote]
    И мојава исто,ама намерно сакам да ја нервирам и кога идам кај нејзе секогаш сум со деколте :lol: Секогаш ме гледа од глава до пети,ми се чини дека во очи не ме гледа,ако носам сукња во нозете ме гледа ,ако сум со деколте во градите,како да сака нешто да ми каже :D Ама не и се замарам,се замарав у почеток на врска,сега ја научив веќе,а добро би ти било да си го имаш дечко ти на твоја страна,нека не ти пренесува такви трачарии од мамичката,туку нека и каже да си ја гледа нејзината работа :P Ако не,мора да си најдеш тактики да си го добиеш на твоја страна-оти ако е со мамичка тешко тебе :doh: ајде разговарај со него срце,па пиши ни што биднало :)
     
    На Anyshka и anastasijaki им се допаѓа ова.
  18. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.751
    Пол:
    Женски
    Јас не знам како си била облечена и колку си била разголена ,но според мене сепак мора да се има малку обзир за тоа како да се облечеш(облечеме) кога се оди кај дечко/сопруг дома. Мене ми е многу невкусно да облечам вручи гачици во кои пола газ е надвор и така да се појавам пред родители на дечко/сопруг или пак да облечам премногу кратка сукња од која кога ќе седнам се би се гледало или уште полошо долга проѕирна сукња под која се гледаат танга гаќи во некоја дречава боја. Не викам дека треба да се закопчаме до грло или да облечеме мантил ,но сепак некоја пристојност мора да постои.За мене ова важи и за излегување надвор и за шетање и за одење до продавница ,па дури и за седење дома особено кога се има гости.
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  19. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.818
    Допаѓања:
    1.691
    ^ AIT па девојчето сигурно не било разголено како што опиша ти...и сепак млади сме зошто да не бидеме подразголени...не е тоа причина за замерка,ќе се стегам кога ќе остарам...ете моиве како да ми замерат кога ќерка им е увек разголена,па нејзе не и рекле мене ќе ми викаат...денешната младина какви се не глупости прави,па за едно мало деколте да се коментира... |( сепак нека не става девојчето при срце,секакви луѓе има...не можам на млади години да се стегам до грло,а башка лето е,па кој какао сака нека си сфати :)
     
    На Bibko и eli25 им се допаѓа ова.
  20. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.452
    ^^^
    И јас се сложувам со Маца...сигурно не било девојчето до толку разголено, секој еден на кој му се сите штици на место, нема да отиде облечен вулгарно...
    Подлабока е работата, многу подлабока од тоа како била облечена, муабетот со дебелината укажува на тоа, на што личи таа старка да кажува она да ослабе, а па синов уште пренесува...значи таа сака да мрчи, без причина и ќе мрчи па ако сакаш совршена биди...мада пак ќе кажам, и не е она крива, и нема да се смени....
    Криво е мажулето, синчето мамино секогаш...
     
    На Anyshka, Bibko, lolyta777 и 1 друга личност им се допаѓа ова.