Одамна не сум се вклучила на темава,ми привлековте внимение денес....кога што да видам..виши пак... се секавам на тебе девојче за истот се жалеше и пред две години .тогаш повеке го следев форумов и овие теми....никој не е крив во ситуацијава...ти си виновнокот....со ваков човек јас ни маче не би зела да чувам а не да се борам дете да родам ....бегај дури не ти поминале најубавите години....ништо не те врзува таму освен понижуванја..не знам зошто не се решаваш?!
Читам,читам и не ми се верува што читам.Човек со олку непочитување кон самиот себе не сум сретнала. Да те бркаат а ти упорно да седиш.И имало љубов?!Да ама само од твоја страна.Овде од негова страна нема ни љубов,ни почитување ништо.Земај жено парталите и ич не се свртувај назад.
Абе жени,џабе и пишувате,гледате дека со глава во ѕид иде.Она сака само да си се исповеда и да и олесни на душичката.Ама во нивниот брак има ЉУБОВ ГОЛЕМА и она чека да се среди се,приказни за мали деца.Оставете ја нека си пишува да и олесни а ние подобро да престанеме да и пишуваме зошо џабе е се. На крајот од целава нејзина приказна што личи на турска серија проблемот не е ни во свекрвата ни во мажот туку проблемот е во неа,којзнае она што прави што така се понашаат со неа па и брава и менуваат на вратата за да неможе да се врати па она ги моли и незнам ти што.Абе човек што нема ва прочита,ццц...
Навистина е голема взаемната љубов ако маж ми ја менува бравата за да не можам да влезам дома, и ги убедува моите да ме земат назад, а мене лично ме брка. И да имало љубов на почеток, одамна испарила.
Мене ми е интересен феноменот Виши, како одговара само на мислења што и одговараат, кај што ја сожалуваат и ја тапшаат по рамо, на овие другите што и викаат ало, освести се, оди си дома, не се глупирај, не им се ни осврнува. Девојко, имаш работа, каква таква, имаш свој кров над глава, имаш услови и ти седиш кај маж ти и чекаш да и се јави на мајка ти да те прибере малце? Чекај, не ти е тоа понижувачки? Да и се јави мм на мајка ми да и рече дај жити мене земи ја малце да одморам, прво не одам кај мајка ми, второ никогаш не му се враќам повеќе бидејќи него не му е до мене, а камоли да го молам да се вратам. И ти и маж ти, не само он, и двајцата сте несозреани и треба час поскоро да се разделите оти ќе пропаднете. Ја викнал мајка му оти не си била домаќинка, жено имам алишта за пеглање од пред 2 месеци, па мм ниеднаш не ја викнал мајка му да ме поучи како да бидам домаќинка, грав асално немав направено 2 години па ниеднаш не рече дај викни ја мајка ми да ти каже како, освен салонот сите други соби се во хаос па ниеднаш не рече викни ја мајка ми. Ама крива си што си дозволила, требало од старт да речеш ќе се научам, ќе се потрудам, а не да речеш ете не сум домаќинка. Ау какво промашувањееее....
@vichy , Виши,како не сфаќаш дека луѓето се оформуваат делумно врз база на гените и делумно врз база на околината,најмногу влијание тука имаат родителите. Колку некогаш и да сакаме да избегнеме по постапките да личиме на нашите родители,тоа не е возможно,затоа што тоа однесување сме го гледале и со тоа сме растеле. Ти ја мразиш мајката на сопругот,сметаш дека е лоша жена,а пола и повеќе од нејзините особини се пресликани во твојот маж. И второ , размисли зошто толкава глад за љубов имаш кон човек што те одбива и отворено те отфрла? Имаш потреба да му докажеш дека си вредна за љубов и внимание. И ова можеби има подлабок корен,отфрлање од твоите родители,блиски,неценење на твојата личност и слично. Размисли за твоето детство и твојот однос со твоите.
@vichy Можеш да живееш многу поубав живот од оној кој го живееш.Зошто свесно ја отфрлаш приликата за нов почеток, нова радост и среќа? Млада си имаш години и години пред тебе, па зарем сакаш да ги потрошиш со ваква мизерија од луѓе, додуше целата работа е мизерна, дегутантна, за мене одвратна... Животот продолжува, надвор има многу слободни мажи, барем со еден од нив ке си ја најдеш вистинската среќа, ке си имате дечиња, нормален и убав живот.Зарем не копнееш по некој што ке те сака, почитува и цени? Зарем не сакаш поубав и подобар живот? Можеш да го имаш, но не со маж ти и неговото семејство. Тргни се, можеби сега ти делува тешко и невозможно, но верувај дека не е.Престани да се инаетиш и трудиш да докажеш нешто, попусто е си штетиш само на себе и си губи скапоцено време.Ситуацијата никогаш нема да се смени мака и вени сечела. Ке помине некое време ке го преболиш, ке поминеш преку целата ситуација спремна да го живееш животот каков што заслужуваш.Излегувај, запознавај нови луѓе, шетај, живеј си мирно со твоите. Кога ке го запознаеш вистинскиот, ке се чудиш како воопшто си можела да бидеш со маж ти. Несватливо е како воопшто сакаш да трпиш ваква работа и да дозволуваш да се однесуваат така со тебе.Мани ги, лупни им ја вратата не вредат, не чекај ничија милостина, имај малку гордост и достоинство.Неможеш и нема ништо да смениш, што побрзо сватиш подобро за тебе.Не си ни требала да дозволиш да те омаловажува па ке си ја вика мама да му е домаќинка дома.Одамна си требала да го оставиш, уште во моментот кога дозволил да ви се меша мајка му во зачнувањето дете.Маж ти е најголем виновник.Се што било поминало, најбитно е ти да си заминеш од таму еднаш засекогаш.
Јас не можам да ве разберам како си ги трошите нервите и времето објаснувајќи една иста работа цели две години? Феминки олабавете си. На дрво не се објасува. Жената си е садо-мазо и си го сака овој начин на живот. Не секоја жена има гордост, достоинство, памет и осет. Некоја и на 33 има мозок ко на 3 год. Се што ни се случва во животот е по наша заслуга- последица. Зошто мислите дека таа е жртва? Мене ми личи на натрапник. Офтика човек, пицајзла жена, крлеж кој не се откачува. Сриозни сте со советиве? Зар се советува 33 год жена, на која и е сменета брава, која е бркана од дома, на која не и е дозволена инсеминација, на која се можно и смета, на која сите и се виновни...? Јас да имам ваква нестабилна снаа би скренала со мозокот. Снаа која мисли дека добриот секс еднаш месечно со мажот е голема љубов во бракот= малоумност. Од прв ден го има истиот проблем и уште и уште и уште после толку време отекува ( може и бик нервно да осакати) со истото и ништо нема пак променето. Истата ке биде и на 40 и на 70 год. Оставете ја, мора да има и такви како неа-светов е шаренило.
Да си ми жива и здрава за пишаново.Само џабе,пак ќе се најдат феминки кои ќе ја жалат и ќе ја советуваат.
Плус, она не ни бара совет, само си се олеснува. А ние па како се сме запнале советувај та советувај, ко муви на го*но.
Абе штом некој си го ставил проблемот на ,,тапет,, нормално е дека ќе има дискусии. Овој форум меѓу другото служи и за да прочитаме разни дискусии на теми кои не интересираат. Виши напиша, многу од нас не најдоа во нејзиниот проблем и сигурна сум дека не само тие туку сите читавме за да извлечеме поука. Да не судиме и да не вреѓаме. И после толку читања на Виши проблемите сепак мислам дека могу го сака маж и и тешко и е да прифати дека ќе мора да живее без него.
Ами по напишаното од неа мислам дека е лик способен за измислена приказна! Што знам, ај може и грешам ама премногу ми е она жртвата а сите се лоши, а она си трпи, кутрата, го сака, он ја нејќе... Сериозно мислам дека нема до толку наивен свет кој ќе трпи такви тортури! Освен во шпанска серија...или на форум за тепање време!
Има типови на луѓе кои со намерно сакаат да им се случуваат лоши работи, за да изиграваат жртви. Тоа е психичка состојба (без навреди, не велам болест, туку СОСТОЈБА). Едноставно потребата де се наоѓаш помеѓу луѓе кои не те сакаат, те омаловажуваат и ти го отежнуваат животот, е преголема, заради што тоа ги тера да се осеќаш како жртва, маченик и добра личост.
Се надевам дека оваа ќе го слушнат твоите уши од устата на твојот сопруг.А и велиш дека свеки пред маж ти те обожава а на само ти вади душа .. а а а ? Сестро за тоа има решение бе, оклучи мобилен и снимај што ти прави.Имаше еден случај таков кога снаата снимила како ја малтретираат и си ја земаа нејзините.Инаку маж ти со што ти докажал дека те сака ?
И да заборавив да кажам, не прифакаш совет, со главата во зид удираш, и ако постои таа голема љубов, дај боже бар за една две години да те читаме со убави вести, да се фалиш дека се е во ред.
За тоа постојат и бајките, за бегање од релноста. убаво е кога човек повремено ке си влезе во сопствената бајка, ама лошо е ако не се излезе . После ке читаме за таков проблем.
@vichy читам и неможам да се доначудам... Девојко заеби и љубов и сее . едно ќе ти кажамм што ќе тие дете со таков мажж спасисе дур немате деца тој таков ќе остане ќе си имаш цел живот проблеми а со дете тешко е да се разделеш..