Ако подобро го прочиташ моето мислење ќе сватиш дека не напишав директно за Анастасијаки туку напишав што според мене е невкусно да се носи кога се оди на гости .Младоста која ја имате/аат сама по себе е убава ,но тоа не значи дека и преразголеноста треба да ви/им биде секојдневие.Според мене не се што е покажано е секси!!!
хехех, страшна работа, ејјјј, па ти не си ни мажена таму, а таа одма почнала да зборува. Свекрва ти е супер-одма си ги покажала роговите , не мора да чекаш без разлика дали си млада или стара, ќе се облекуваш како сакаш ти и никој нема право да ти се меша!! тоа е твој личен избор!!! а, за дебелината-доказ дека мора жената да се `фати` на нешто. Мислам дека го прави од љубомора, и која и каква да е женската на синот, таа ќе си зборува!! Ама ме чудиш-тој ти пренесол што му кажала мајка му???? Па е малку свесен тој??? Наместо да и се спротиставел на мајка си, да не се меша, тој ти пренесува такво нешто!!! Да не те разочарувам или нешто такво...ама мене не ми се допаѓа жената, а и реакцијата од дечково ич не е на место...
Не верувам дека мисли исто како неа, бидејќи тоа што го носев он ми го имаше купено, секако јас си го избрав ама сепак он не противречи ништо кога го купував тоа. разговарав со него ми рече дека многу сериозно сум го сфатила тоа, рече дека не мислела ништо лошо, само кога прашала зашто не сме јаделе многу, тој рекол дека сме и двајцата на диета и она тогаш го кажала тоа за мене како само да чекала прилика да каже нешто Тој вели дека и кажал да си го гледа маж и дали е слаб или дебел , ама не знам некако мислам дека не кажал баш така..И уште си стои он на тоа дека тоа не е ништо страшно, дека нема никој понатака , во иднина ( кога и ако бидеме во брак) да ми збори така.
Фала богу дека не бев многу разголена, носев комбинезон ( така мислам се вика ) кој ТОЈ ми го купи , значи само нозете ми беа така поголички, ни деколте имав ни ништо
Жената може онака си искоментирала, може било на зезање, можеби си имаат таков однос со синот...Моите што не коментирале за моите дечковци, де за фризура, де за дебелина, де за стилот на облекување, али се било онака на шала уз муабет...Само тој не требало да ти кажува, норммално дека ти поинаку ќе сфатиш...Немај гајле, не се замарај и не барај ништо подлабоко во нејзиниот коментар...
Мајката на дечко ми сега за сега многу ме сака Пошто сега сум кај нив на госте незнае како да ми погоди! Секое утро кога ке станам имам кафе на масата Абе супер е жената само каква ќе е како свекрва.
^^^А ти да си провериш да не ти плука во кафето... се шалам, жими се` само се шалам, не мислам ништо лошо...мала шала Едноставно жената сака да ти угоди, сака да се чувствуваш пријатно...не верувам дека има скриени намери...дај Боже да ви се удоде муабетот и животот. Анастасијаки...потполно се согласувам со Енца, како јас да сум пишувала ...Ти да си го седнеш дечко ти и да му удриш една вАспитна ...коментарите на мамица да си ги чува за себе, тоа што таа збори и мисли за тебе ич нека не те тангира, не се замарај со нејзините трачарења и коментари. И не се обидувај да те засака, баш ти е гајле дали ќе те сака или не...гледај ти дечко ти да те сака... ако те сака, ќе те брани, ќе се залага за тебе, а нема да вика не е ништо страшно тоа што рекла дека си била дебела, слаба, разголена и незнам уште што...
еее форумџики мои .. би сакала да ве прашам како се снаоѓате со тоа МАМО И ТАТЕ на свекорот и свекрвта ,... Јас сум 1 година во брак и неможам и неможам да кажам .. едноставно не се обраќам никако .. ма едноставно неможаааам !! пробав ама нож ми се заби в грло и оттогаш крај ... Тааа е единствената причина што се карам со маж ми .. нему тоа стварно му пречи ... а тие секој можен момент буцкаат како сите снаи викале мамо и тате .. они имале еден син па баш нив тоа ги снашло .. итн ... о боже што ќе се прави .. само повеќе не се живее така !! поздрав душички
И јас не викам мамо и тато, пробав но не бива...Само што мене мм ме разбира и не ме притиска, а тие си приговараат одвреме навреме али кој ги слуша...
и јас не ги викам мама и тато, иако сум сум речиси една година во брак, незнам си мислам дека со тоа некако си ги омаловажувам моите вистински мама и тато мислам дека имам и во др тема пишано јас си ја викам свекрвица , а таа мене љубичица а со свекорот едвај некој збор да размениме, така да нема потреба од посебно обракање
И јас не ги викам мамо и тато, пробав, но не успеа. Немам замерки од сопругот, ниту од нив и така ќе си терам. Повеќе имам притисок од мајка ми, баба ми, но не можам така да ги викам. За мене поважно е почитувањето отколку тие 2 збора.
http://www.youtube.com/watch?v=V4A9ZZJ1 ... re=related вечер на А1 ќе го даваат па седнете си со свекрвица и гледајте го. Посматрајте каква ќе биде реакцијата
Ах, што ме чека. Дали ќе ви се жалам или фалам не знам, рано е ќе видиме...Сеа за сеа само знам дека се тече по еден нормален тек, кафенце , шалење муабет...Еве неговите родители прават се за заедно да отидеме на одмор...И тоа и за пасош (дека немам) и за пари. Пари додуше немам ич, а пасош ќе извадам... Сепак рано е да кажам , многууууууу рано.
zdr jas sum nova zacleneta pa posto i jas sum mazena rekov aj da si popraeme malce muabet pa vaka jas sum mazena veke 2godini.jas gi vikam mamo tato ama onaka kolku da ne e bez ic,inaku znam koj mi se majka i tatko.od postovanje prema mazmi jas taka vikam.no ima eden problem sega skoro pocna da se pojavuva.mazmi nikako da trgni po nasiot pat.za se gi slusa negovite,tie samo ni nareduvaat so da pravime vo brakot,kako partnerite ne bile zaedno stalno,kako mazot ke izlegval sam bez mene itn drugi gluposti sto mene stvarno mi precat.svekrvami saka da ziveeme kako sto ziveela taja so svekorot.a sekoj maz ima poseben tabiet.mojot saka segde da odime zaedno i toa i preci nejze.pocnuva da go kontrolira.mazmi e mnogu miren naiven i slusa sekoj sto ke mu rece.imam i dever pa sega nego poke go sakaat od mazmi toj ako setal ako ne rabotel.a pak mazmi mora se da raboti posto nema stalna rabota i rabotime so sezonska rab pecurki smreki i dr.i parite sto gi zarabotva gi ostava doma,i koga ke mu pobarame samo velat nema nema nema.a za drugiot sin stalno ima.nemozam poke da podnesam se mi smeta dajte sovet ve molam kako da postapam da go naucam mazmi na pamet posto vaka poke ne mozi.i koga nesto se praj muabet svekrvami mi se ima razvikano koga e luta,a mazmi nisto ne i ima receno.kazete sovet???? ve molam
Аххх тие свекрвици....не за џабе јас и` раскинав на мојата... Ти биди си фина со маж ти, ако е мирен како што викаш лесно ќе го превоспиташ.. Седнете си некаде на кафенце, на ручече, на некое тивко местенце (битно да не сте дома за да не ве слушаат старите што ќе разговарате) и со мирно, фино, полега кажи му се` што ти лежи на душа...без лажење, прековеличување и додавање придавки.. (пр. вештерката, кравата и сл. зборчиња кои можеби ти се премотале низ глава за неа...). Немој да се нервираш и нервозно да разговараш, кажи му дека вие сте си мало потесно семејство и дека многу би ти значело доколку одлуките ги донесувате вие двајца...нормално речи-би слушнале и нејзин предлог но сепак ние двајцата одлучуваме. И кажи му дека не е убаво кога таа ќе ти вика тој да си седи мирен... како би му било нему во твоја ситуација, пр. татко ти да му вика нешто, а ти да си ќутиш. Вие двајцата треба да си се браните од било чии повишувања на тон. Само смирено, ќе се среди, не се секирај, разговор и само разговор, не плачење, викање и трескање од земја. Поздравче
Кога разговараш со сопругот за ова тој што вели? Ако не сака да се спротистави на неговите од причина да не се кара, да не прави поделби или сл. ти мора да бидеш цврста и да се избориш за тоа што го сакаш затоа што со тек на време може да се помириш со ваквата ситуација и само да си збираш во себе и да се нервираш секојдневно... Во заедница ли сте? Има ли шанси да се одделите? Почни прво со арно, со разговор, ако гледаш не бива подигај го напонот, не се откажувај, дури и по цена да дојде до кавги и расправии...Се научила свекрвати дека син и да и ќути па си вели и ти ќе мораш како него... Јас со мојата сум на едно 'добарден' и ништо повеќе...Исто и таа сакаше да ги држи сите конци во раце, но на грешка мина настапнала Сум за тоа да се има добар однос со родителите негови и роднини, но не по цена да трпи вашиот брак...
фала ви многу за зборовите.заедно живееме а за понатаму да се тргниме од старите маж ми не размилсува многу.тој мисли дека само треба да мајкаму и таткому да седи.ама не е тоа то.треба како маж да кажи стоп.има завршено како кувар неќи да работи не била висока платата,кирија требало ова она.па секој почнува од малце па понатаму иди подобро ама не разбира овај мојов.ама то е кога можи мајкаму да го команда со убо и јас можам да го свртам со убо на кај мене.нели???фала ви мн и позззз.
па неможам ништо да му речам ако почнам муабет,само се вади вика ти ги неќиш мојте,ти вака ти така.ете сношти се испокаравме зошто сум му зборала за неговите,а јас не велам ништо лошо само го учам да не оди по патот на неговите да си бара др.работа а не да си го фрла здравјето по планините и се скаравме,па сега сабајлево се мири,срце муце....јас имам 20год а тој 22.знам шо си велите мн малиииии,но ете се сакавме се зедовме.сигурно има постари во форумов кажете како да се понашам,што да направам???со мајками немошам да барам помош пошто ке се насекира,и вака од вас барам помош.фала ви однапред....позззз