Ја немам читано темава само ми се појави во најнови постови. Искрено не ни сакам да читам, само ќе споделам една поучна приказна која според мене е многу вистинита. Не се водете по стереотипи дека постои однос снаа-свекрва...тоа се две личности, два карактери и како и кај секој људски однос мора да постои компромис за да се функционира. У продолжение приказнава... Девојката наречена Лили се омажила и отишла да живее кај својот сопруг и неговата мајка. За кратко време Лили сфатила дека нема шанси да живее во мир со својата свекрва. Лили и нејзината свекрва не престанувале со кавги и расправии. А фактот дека Лили, според древниот кинески обичај морала да се покорува, уште повеќе ја отежнувало состојбата. Поради овие кавги и неслога во домот, мажот ужасно страдал. На крај, Лили повеќе немала сила да го издржи лошиот карактер на свекрвата, па решила што побрзо да направи нешто. Отишла кај еден познат билкар. Му ја раскажала ситуацијата и побарала да и продаде отров, за да може да го реши проблемот. Човекот се замислил и рекол: “Лили, ќе ти помогнам да го решиш својот проблем, но мора добро да ме сослушаш и да го направиш она што ќе ти кажам“. Лили прифатила. “Можеш да употребиш отров кој брзо делува, но тоа ќе предизвика сомнеж кај луѓето. Затоа еве ти повеќе чајеви кои полека ќе го трујат нејзиниот организам. Секој втор ден треба да правиш вкусен оброк, во кој ќе додадеш од овие тревки. Сепак, мора да внимаваш никој да не се посомнева во тебе кога ќе умре, па затоа мора да бидеш внимателна и да го смениш однесувањето кон неа, биди љубезна. Немој да се караш, попуштај, слушај ја како да е кралица.“ Лили била пресреќна. Се заблагодарила и поитала дома за што побрзо да започне со нејзиниот план за убиство. Поминале седмици, месеци…Лили секој ден и сервирала на свекрвата вкусен оброк зачинет со тревки. Цело време на ум ги имала зборовите на билкарот кој и нагласи дека мора да го избегне сомнежот и затоа мора да биде многу љубезна кон свекрвата. После 6 месеци атмосферата во домот била многу поинаква. Лили научила толку добро да се контролира, што повеќе не се лутела ни била нервозна. Немала ни една причина за тоа од страна на свекрвата во последните 6 месеци. Свекрвата била многу понежна, па обостраното разбирање навистина се забележувало. Нејзиното однесување кон Лили се сменило, па дури почнала да ја сака како родена ќерка. Лили и нејзината свекрва сега се однесувале како мајка и ќерка. Лили еден ден отишла повторно кај билкарот и го замолила за помош. Барала од него лек за да го спречи отровот. Таа е сега прекрасна жена и ја сакам како мајка, рекла Лили. Не сакам да умре од отровот што и го давав. Билкарот и одговорил: “Никогаш не сум ти дал отров. Тоа беа витимани кои го подобрија нејзиното здравје. Единствениот отров беше во твоите мисли, но сега и тоа го нема!“ Во Кина се вели: Човекот што ги сака другите, е човек што е сакан од другите!
Приказната ми е позната од поодамна.Само цитираното ми боде во очи А, завршетокот на приказната дека се родила љубов меѓу нив како меѓу мајка и ќерка ми е мало морген.
Приказната има поента, да не ја бараме вината во другите туку да почнеме прво од себеси. Јас лично растев во семејство каде што никогаш немало проблеми помеѓу баба ми и мајка ми, а еве и јас веќе година дена сум во брак и супер си функционирам со свекрвата...згора на се и газдарица ми е на работа па излегуваме на крај една со друга
Срцка има за нас тема http://forum.femina.mk/threads/Свекрвите-и-снаите-задоволни.17333/ дојди тамо да си се фалиме, а оваа да ја оставиме на тие што имаат вештерки да си се пожалат на раат.
Оваа или нема попаметна работа во животот освен да си измислува бајки во нејзина корист или пак е психички лабилна и не разбира за сопствен став.
Не верувам дека свекрва сака снаа како ќерка, ниту пак снаата свекрвата ја сака како мајка. Различни карактери кои се приморани да живеат заедно. Да се сретнале низ животот може нема да си биле погодени, ама вака силум прилике. И мојана има милион мани и работи што ме нервираат. Игнор, 2 реда муабет, кафе и ај чао. Сигурно и јас ја нервирам неа
Zenava e totalno papa ili e preterano razgalena vo zivotot kako kerka edinica ili ednostavno nema blage veze kako funkcionira realniot zivot
hahahahaha VICHY veke napravila i inseminacija koga bre a da i policisticni jajnici imala cudo od zena e ova
Аууу ама сум била безобразна во минатите постовии колку сум се контралаа жиииви страмоооj Витамина како сум се закачила со тебе брукаааа простии мила
Истата членка е, ама некој и извлекол пост од пред некое време кога се смириле со свекрва и, за да изгледа Виши налудничава Ко да е, ненормално да се скараш, па да се смириш па пак да се скараш со свекрвата во 2 години. Ако почнеме да си вадиме вака постови од пред 2 години, или па постарите членки од пред 5 ако си вадат, хаос ќе стане. Многу невкусно
Морав да се самоцитирам. Мислењево ми е од 11. 01 2014 и сеуште стојам на тоа дека не коментирам на нејзини мислење, ова го ставам само за тие кои не се упатени или ја заборавиле приказната за сменетата брава и како само после 6 дена од моментот кога му вика полиција на сопругот за да си ја земе свечената облека од станот (нејзиниот нов дом), за да прослави Нова Година со нејзините, иако се скарани со сопругот, свекрва и е најдобра мајка на светот. А, да, да не заборавам, свечената облека ја купила свекрва и
А не бевте вие истите што коментиравте пред една недела дека проблемот на виши со свекрва и го пишувала токму и пред две години овде или јас грешам?! Јас така прочитав наназад од членките па токму затоа и го ставив постот.
Ауууу се чувствувам искористено Vichy извини вака ама ти се зезаш со нас или со кого На 06.01 2014 твојот пост vichy напиша: имам голема благодарност за мојата свекрва(се осеќам како магаре за повеќето критики на нејзина сметка досега )толку грижлива мајчински настроена жена немам запознаено,од грижи здравјето си го пореметила и често влегувавме во непотребни закачки но откако си направивме фер коректен разговор сфативме и 2те дека најважна ни е добросостојбата на нејзината рожба и миличкиот мој и во нашето живеалиште цвета љубовта посакувам вечно да е така А пред тоа таква драма ти се случила во животот, епа стварно не ми е јасно Оставете ги жените кои стварно имаат проблем да се олеснат некаде, да си ја искажат маката, вакви режирани проблеми стварно се веќе досадни. Да го видев датумот на овој пост никогаш немаше ни да ти пишам, ама од сега натаму буквално ќе го прескокнувам секое твое мислење Е вака требаше да изгледа првичниот пост Кога го цитирав мислењето ми излегло само она што јас сум го напишала, без големата благодарност
Виши не е налудничава, виши е мека заљубена жена со неизграден карактер. Ја жалам женава што знам дека и самата е свесна за оваа нејзина ситуација, но и покрај се таа нема самопочит према себе си.. па по дефолт немајки што да додаде на сите упатени коментари се откажа од "исповедалницава".
И титулата за Најтупаџиска ТЕМА goes tooo... И знам дека не сум ни снаа, ни свекрва, ама сум маж што секогаш е меѓу вас (во вкрстен оган) и или најмногу загазува или он е причината за сите проблеми така да.. Спуштете топките малку и ние мажите да видеме бел ден хехе..