Стварно @UnknownLadyDi што не потресуваш вака? Таман си рековме -супер, нов проблем! А оно фалби да ти биле @kukla21 можеше малку да го извртиш дипломатски, вака кажано и од мене не го личи.
Не видов дека темата гласи ПРОБЛЕМИ, а има и други кои си пишувале убави работи и се ЗАДОВОЛНИ па не ги напаѓАте вака !!!
Се шалиме @UnknownLadyDi не се секирај, не не сфаќај сериозно. А сега озбилно, оди во другата тема. Побрзо. Ваква енергија позитивна тука не ни треба.
Лелеее да се живее со старчишта е болестт! И лажаат дека се беспомошни и болни и ги малтетираат младите ! во комшии кај мене едни старчишта на времето во Југославија , биле на високи функции , сега земаат големи пензии , инаку изгледаат како младичи само што старата имат над 120 кг , и секојдневно се жалат дека се болни , нозете ги болат , снаата не чинит , а секојдневно се иживуваат на снаата , секој ден им прави јадење , перење , чистење , а тие се оптегнати на троседот и двоседот , внуките не можат да однесат другарки дома им на кафе , тоа ти е што времињата се изменија тие го проживеале животот во убавото време и на такво се научени , додека пак имав род од по баба ми старци сами си живеа , децата им се странство , и ништо не им фали , значиии можело сами да се гледаат! Јас само едно ке ви кажам сите настрна да си живеете , макар леб и сол , него млади а на нервна база и разболени!
Абе Енџи, па на нас да знаеш како ни е машките во брак...кога сме оставени да заземеме нечива страна во секоја кавга...ееееееее...која и да ја одбереш страна ке наебеш здраво. Ај сеа па не прави нон стоп нешто само за да ги привлечеш двата спротивни пола-да и се пркоси на природата...тоа е како Сизифовата казна.
Едно конкретно прашање... Каква би била вашата реакција доколку седите со свекрвата и разговарате за децата а таа цело време потенцира дека нејзини деца се тие на јатрвата? Уствари тоа би звучело вака „Не знам за тоите ама моите јадат многу овошје„ Што тогаш? Што е најпаметно во една таква ситуација а да не се дојде до кавга? Како треба да се постапи кога моите деца се само мои а тие на другата снаа се нејзини?