Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.971
    Допаѓања:
    219.546
    Пол:
    Женски
    А зошто седативи не пијат тие туку вие?
    Бидејки тие се искажале, си исолиле памет, си се олесниле на некој начин така?
    Е следен пат наместо пиење седативи @anina треба да се искаже и да покаже свој став, па кога ќе си дојде дома не седативи едно пиво ќе отвори и ќе запее од мерак.;)
     
    На samovila.red., tessie, anina и 7 други им се допаѓа ова.
  2. Momichka

    Momichka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    2.058
    Допаѓања:
    6.548
    Пол:
    Женски
    @vitamina имаш 12 поени од мене за коментаров

    Не знам. Мојата свекрва е во ред, ама многу е досадна. Сака се да седам кај неа и да и правам муабет, да и ја правам интересна. Кога ќе дојдам од негде репорт...
    Порано одев се трудев, ама после некој период сватив дека треба да правам само ако јас имам кејф, а не дека ако сметам дека така е училиво.

    И така сега си уживам во мојата себичност, само јас во мое друштво. Си го жалам D Bowie а кај и да е, со едно пиво може да му наздравам :beer:
     
    На tessie, Bozica1980, rose60 и 2 други им се допаѓа ова.
  3. ANGIE1

    ANGIE1 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2015
    Пораки:
    911
    Допаѓања:
    3.480
    Пол:
    Женски
    Еве да ви се пожалам и јас од мојата ..
    Јас имам една золва ..пред да се омажам маж ми ми кажуваше дека она и свеки не биле многи блиски како мајка и ќерка . но откако се омажив почна да се зближуваат што мене не ми претставува проблем тоа .. Него почна да шепотат буквално за се јас последна дознавав дома и многу други работи .. И таке ние правевме свадба и сите поклони што ни ги донесоа ги ставив на едно место . тие што беа по обични реков еве ќе ги носиме и ние а тие што ми беа од мајками тетками и другите поубави ,овие реков понатаму ќе си ги користам .. Е сега правеше свадба золвами и дома имаше неколку поклони за неа .. Дојде да си ги земе .. По некое време гледам и мене ми фалат поклони а тоа свеки тоа што и се свидело на золвата си и го дала како демек тоа биле заеднички .. Значи ај тие од нејзината свадба него и од мојата .. Јас поима немав .. И најмногу што се изнервирав поклонот од мајками во нејзин внук го однесла.. Абе ми идеше да ја убиам... Како би било сега свекрвата од золвами да и ги носи поклоните од свеки во нејзината фамилија .. Иначе уште нешто секое идење дома се затвараат дома и кога излага за да си оди со два ,три најлони по неа .. Се што е од дома го дели .. Нели се знае снаата останува золвата оди .. Мене не ми смета ја сакам . ама ме нервира се што имамр дома вика оваа че и го дадам па ќе купеме ние ... Извинете на долг пост
     
  4. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    106.804
    Пол:
    Женски
    Јасно ми е Витаминче но сепак неприфатливо.
     
    На tessie и vitamina им се допаѓа ова.
  5. nice-girl

    nice-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2010
    Пораки:
    682
    Допаѓања:
    338
    @ANGIE1 јас да сум на твое место би си ги побарала поклоните назад бидејќи тие се ваши а не на свекрва ти и од каде нејзе тоа право да дава така, ако гледаш дека не превзема ништо тогаш кажи му на мт
     
    На SV1911, samovila.red., Glasna и 6 други им се допаѓа ова.
  6. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.092
    Допаѓања:
    77.166
    Пол:
    Женски
    Зависи од мажот.Мм за секоја ситница или покрупна работа дадена од моите секогаш е благодарен и никогаш не рекол дека моите ништо не дале а неговите даваат многу.И секогаш врата е отворена и за едните и за другите и од што е таков,цени се што ќе му се даде и од една и од друга страна и не ги двои за ништо,исто се,родители и тие и тие,затоа супер функционираме и немаме кавги и натегања за мои и негови.
    Затоа по незнам кој пат ќе кажам,мажот е тој што ги држи конците и што ги става границите и ако е реален и не ги двои негови родители и родители на жената бракот е одличен,има слога и разбирање,инаку тури му пепел.
     
    На MilaP, theowndemon и anina им се допаѓа ова.
  7. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    И жената ако покаже заби да не и се качат на глава :D
     
    На vitamina, Bozica1980, ivi1987 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.092
    Допаѓања:
    77.166
    Пол:
    Женски
    Да,да,ако треба да покаже заби,ако гледа дека ја газат не треба да и се качуваат на глава туку да сфатат дека жената не е издувен вентил и предмет па мора да ќути и да се покорува.Морее,зборете,немојте да ќутите и редите се на срце а уште помалку па да пиете седативи.Испукајте се,се што ви лежи на срце кажете си за да не си го зезнете здравјето и нервите.
     
    На akvarium, stetoskop, theowndemon и 3 други им се допаѓа ова.
  9. anina

    anina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    5.239
    Пол:
    Женски
    Јас на ова би му направила копи - паст. :D
    Ама сите гледаме различно на нештата. Нормално тоа си зависи од карактерот и пред се од начинот на живеење пред брак.Јас не можам да речам дека моите не се почитуваат или дека има лош однос спрема нив. Суппер им се односите. Дури и се слушаат на телефон, онака колку да се слушнат. И никогаш не сум рекла дека мајката може преку ноќ да стане странец.
    Мм вели „Твоите даваат затоа што имаат, не споредувај ги твоите и моите.„
    Не станува збор за споредба во материјална смисла, туку за споредба на желбата да се помогне кога е потребна помош. Моите им дадоја на децата по 100 е за Нова Година и стварно никој не ги разбра. Еве вчера бевме со сестра ми, кај мајка ми на кафе и таа ни даде по 2000 денари на двете. Има затоа дава, тоа е факт. Ама па постои далеку поголема помош од тоа давање пари. На пример, да се почуваат децата за да можеме да одиме на работа. Тоа би било и повеќе од тие 200е на моите. Или на пример свекрва ми сади грав и компири во село па дали е во ред да не му даде еден кулограм на мм? Не мене, туку на мм.
    Кога лежев со малечката на детска клиника во Скопје потрошивме преку 300е. Плус да додадам дека мајка ми дојде со нас а ние не очекувавме дека ќе останеме. Заминавме без облека па се купи мајка ми. Од Памперси до комплети за малечката. Јас тоа не го споменувам. Зошто? Затоа што ако не ми ги купеше, ќе се вратеше мм до Охрид и ќе ми донесеше. Ама битно ме држеше за рака и плачеше заедно со мене кога мислев дека ќерка ми има леукемија. На крајот на краиштата за тоа не требаат пари
    И баш иронијата на сево ова е тоа што мажите (барем мојот) ова не го гледаат. Како може да остане рамнодушен на вакви работи, јас не можам да разберам.
    Ако имаме гости одма еден овал им го носи на мајка му и татко му. Што правеле тие и каков им бил односот пред јас да дојдам во семејството, не е моја работа. Мајка, тетка, стрина или комшивка, што сака нека е, секој ќе си добие колку што си заслужил во периодот откако јас и мм сме заедница. Дали тие мене ми носат кога ќе имаат гости? НЕ! Па зошто тој да двои од децата мои за неговите родители кога тие не двојат од себеси за своите деца? Па ние и не сме во некоја завидна финансиска состојба па да се расфрлам со тоа што го имам. И тоа што е на маса е дел од моите. Сакаат, можат, купуваат. Ама треба да се има малку осет дека некој друг дал и немаш комплетно право да го раздаваш сувомеснатото.
    Мајка му му рекла дека не ги варди децата за да одам на работа и тоа е тоа. Ниту е лут ниту се замара. Е како да не бидам лута кога заради тоа мое неодење на работа јас треба на моменти да им висам на моите на грб? За него тоа е во ред ама за мене не е. Еве се ближи роденденот на син ми а јас сум при крај со финансиите па пак ќе го барам поклонот од моите предвреме. И маси ќе наполнам со тие пари и игротека ќе платам и се. И на крај мајка му ќе добие дел од кифлите и салатите и ќе се испуфта со 500 денари пред полна соба луѓе и ќе биде почитувана и гледана исто како мајка ми која дури доаѓа со сестра ми за да ги припремаме работите. Една ја чува малечката, една помага.
    Пак се распишав и тоа со селски мизерно примери ама сепак се ситуации од секојдневието.
    И не се нервирам и не сум напиена неколку дена Диазепам.
    Не грижете се :rofl: :makeup: :wasntme:
     
    На SV1911, ALISA0000, Golden Rose и 19 други им се допаѓа ова.
  10. ANGIE1

    ANGIE1 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2015
    Пораки:
    911
    Допаѓања:
    3.480
    Пол:
    Женски
    Јас кога видов му кажав на маж ми он и рече .. Таа вика па тие заеднички се .. И пречутев да не ја правам поголема .. Ама ептен се изнервирав. .
     
  11. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    Леле ви се чудам како сте трпеливи :) Јас одма би и се пуштила на неа, не на мм - едноставно таква сум.
     
    На SV1911, Annah87, stefanija70 и 4 други им се допаѓа ова.
  12. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.656
    Допаѓања:
    22.410
    Пол:
    Женски
    Тотално ја разбирам Анина, не е работава има-нема, туку сакаш-не сакаш, т.е. се правиш на Тошо. Ако свекрва и` трчала, помагала, се наоѓала, искрено сакала да им ги олесни работите, не верувам дека би имала срце да спомне дека не дава пари, дури и покрај тоа што има и може, на пример.

    Има милион начини за помагање, а давање пари се само еден од нив. Вниманието и грижата се искажуваат на милион други начини. Имале, та дале само заради тоа... парите никогаш не се вишок, така што се знае зошто родителите на Анина ги даваат. Многу често тоа давање го поврзуваме со одредена емотивна тенденција, па како што може да дадеш со љубов, од грижа, за да помогнеш, со насмевка, така можеш да дадеш и ако сакаш да се изживуваш и да го спомнуваш цел живот и да имаш повод за величање од комшилукот, така можеш и преку маса да ги фрлиш некому за да го понижиш. Од овие три примери, се знае во која ситуација се сметаат за вистинска помош

    И не верувам дека во вакви ситуации зетовците не гледаат толку колку што не сакаат да видат, со чест на исклучоците. Самите ако не си држите до себе и не си давате на важност, другите едвај ќе чекаат да ве земат здраво за готово. Особено ако имате ќерки, ја имате таа одговорност, како поради себе, така и поради нив, од вас ќе гледаат утре како да (не) се постават како сопруги и мајки. Гледајте да не се збркаат и да не го смешаат како не треба со како треба.
     
    На SV1911, ph.orhideja, samovila.red. и 9 други им се допаѓа ова.
  13. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.971
    Допаѓања:
    219.546
    Пол:
    Женски
    @ANGIE1 во случајов сте криви што молчите и замижувате пред вакви работи да ти кажам.
    Има да и кажеш кое чиво е, има ако треба и да и нацрташ дека тоа "сопственото" е ваше и таа нема право да се меша во туѓи поклони и ствари, да ја натераш да се засрами за стореното.
    Се додека вака си молчиш таа ќе биде слободна да прави што сака бидејки ти самата со молчењето и дозволуваш да оди до таа граница.

    @ivi1987 јас никаде не реков дека сите мажи се исти, напротив, тоа и никогаш не бил мојот став.
    Си тагирав кој треба и реплицирав, не знам зошто се пронајде ти како засегната во тој пост за да ми се објаснуваш, секој човек има најразлични проблеми и се соочува со најразлични карактери и гледишта кон животните проблеми. Не знаеш кој каква мака си има и со каков проблем живее, не знаеш кој како гледа и размислува на работите, еден исти проблем секогаш е решаван, размислуван и доживуван од секој човек на најразличен начин.
    Карактер си е карактер, никој не може да биде ист и да гледа на ист проблем со ист начин.

    Поентата ми е дека, мажите и жените не размислуваат и не доживуваат со ист интезитет и на ист начин на ситуациите и проблемите општо во животот, тоа е фактот, фактот дека машкиот мозок не фунционира на ист начин како и женскиот.
     
    На imelda, fairy88, rose60 и 3 други им се допаѓа ова.
  14. Independiente

    Independiente Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2014
    Пораки:
    787
    Допаѓања:
    1.558
    Пол:
    Женски
    прашај ја золва ти како е поклонот од мајка ти? дали добро ја служи? а не сфатив маж ти каде е во цела ситуација
     
    На stetoskop, vitamina и okcenzi им се допаѓа ова.
  15. Верче4

    Верче4 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2015
    Пораки:
    1.206
    Допаѓања:
    5.361
    Пол:
    Женски
    @ANGIE1 ее да има среќа мојата тоа да ми го направии со душа ќе ја чекам едно убо викање ќе си добие, па ја земам во кола и право ја носам и ја чекам да се врати со поклонот, само ти си многу фина со неа затоа така те зафркава, треба да и покажеш малку кај и е местото.
     
    На theowndemon и ANGIE1 им се допаѓа ова.
  16. ANGIE1

    ANGIE1 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2015
    Пораки:
    911
    Допаѓања:
    3.480
    Пол:
    Женски
    Маж ми и рече и викаше .. Како смеела а она одма вика еве жената го тера вака да прави .. Му вика смени од кога се жена .. Неможеш да и докажеш дека е виновна за нешто многу голем филозоф е ..
     
  17. ANGIE1

    ANGIE1 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2015
    Пораки:
    911
    Допаѓања:
    3.480
    Пол:
    Женски
    Ја си сум глупава .. Што и молчам ама таква сум .. Мене мие незгодно да и викам да се карам .. Со неа неможеш да излезеш на крај инат голем е. Одма почнува да плаче ете демек синот сум го свртела против неа .. А свекорот спие на сето оваа .што ќе каже тој тоа прави
     
    На mareane и Верче4 им се допаѓа ова.
  18. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    Ти почни да плачеш пред неа. Ова ми беше од мајка ми и почнуваш солзите река да тече ;(;(
     
    На Mari-Ja, kjukli, samovila.red. и 5 други им се допаѓа ова.
  19. ANGIE1

    ANGIE1 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2015
    Пораки:
    911
    Допаѓања:
    3.480
    Пол:
    Женски
    Јас си викам како да се карам ипак мајка му е.. Ама со оваа треба карање вака неразбира и си тера по нејзино ..
     
  20. ANGIE1

    ANGIE1 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2015
    Пораки:
    911
    Допаѓања:
    3.480
    Пол:
    Женски
    Хха да таке треба да правам .. А јас ќе се изнервирам и во соба ќе се изнаплачам и толку..
     
    На kukla21 му/ѝ се допаѓа ова.