Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Еве јас и овде ќе те советувам пак :lol: .

    Следен пат кога ќе почнете да разговарате на таа тема, и кога тој ќе почне со неговото дека не ги сакаш неговите родители и сл. ти кажи му дека ги сакаш и почитуваш и немаш ништо против нив,но сега тој е женет со тебе, и треба заедно да донесувате одлуки, заедно да решавате за вашата иднина, едноставно вие сега сте едно посебно мало семејство оделено од неговите родители и треба така да функционирате.

    Немој да се трудиш да го свртиш против неговите родители, зошто може да направите поголеми проблеми, обиди се мирно да го решиш проблемот преку спонтан разговор а не да изгледа како да му наредуваш. Обиди се и така да поразговараш за да се вработи, но навистина реално гледано ако ти не работиш со само една плата од 200 максимум 300 евра неможете да живеете под кирија. Каде ти е киријата, каде сметките, каде храна, бензин и еден куп други трошоци, многу ќе ви биде тешко.
    А ако старите не прават проблеми и се добри спрема тебе, пробајте да живеете во заедница барем додека и двајцата не се вработите.
     
    На bitol4anka му/ѝ се допаѓа ова.
  2. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.639
    Допаѓања:
    22.101
    Пол:
    Женски
    Според моето искуство, ако успееш да ја (грубо речено) заплашиш свекрвата, работата е решена зашто како шо жена знае да ја избцка работата, никој не знае така што покажи и дека и ти си жена. Мое мислење е дека од старт си требала јасно на сите да им разграничиш кој е кој во куќата. Останете на само со свекрва ти, свари и едно кафе и удри и еден сериозен муабет, ама на само да нема публика да ја брани (нормално ако е изводливо) и дај и до знаење дека ако мисли дека ќе те заплашат така лесно, се зезнале, дека ова е и твој дом и дека нема да може вечно да креска. Речи и може си викаш ај оваа 20годишна, мала е, може да се изживувам со неа, ама речи животот е пред мене, а вие се симнувате по скалилата, идат лоши години и ќе дојде ден да не можете сами до вц да одите, кога ќе ви клекне газето мислите дека ќе ве чувам... Речи и „ако ти ќутам, не значи дека немам план Б, како повозрасна и поискусна треба да ти е јасно дека треба да се плашиш од тие што ти ќутат“. А ако си мирна и и преќутуваш на провокациите, нема да им биде лесно на другиве да поверуваат, пред другите прави се фина со неа, како порано, дури малку подобра ако може. И не ја напаѓај пред маж ти туку нишани директно на неа пошто маж ти најдобро е самиот да сфати што се случува. А ако се пожали вака и вака, праи се на улава демек не знаеш шо збори и од време на време удри и еден поглед да ја потсети на муабетот. А ако евентуално нешто изреагира тоа ќе биде само минус за неа пред сите, сфаќаш? ;)

    Сеа секој брак е приказна за себе, ама се надевам кај тебе ќе успее ова.


    Е сега за ова, како брачен пар кој го преброди тој период, без материјална поддршка од никого тврдам дека со добра организација и план 250 евра месечно се сосем доволно за еден скромен живот под кирија колку за почеток. Сега ако немаат друго чаре, подобро да живеат мирно, спокојството им е најважно сепак.
     
    На gochhe, bitol4anka и LGBT им се допаѓа ова.
  3. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.902
    Пол:
    Женски
    Извини Тесси ама јас со ова твоево воопшто не се согласувам...не и` личи на една млада девојка, тазе снашка да се служи со вакви закани, срамота и греота е некому да му се закануваш со тоа што би му правел на старост, премногу е ниско и патетично...па уште и да ја погледнеш косо и да и кажеш -демек пази, мисли му ја што ти реков :!: ...извини ама ова е знак на простотилук. Па уште и будала да ја правиш :fubar: ...а што ако еден ден дознае сопругот...што тогаш :^) ...до кога ќе се прави улава..

    На синот зборовите побрзо ќе ги заборави и прости отколку твоите, за неа тогаш само ќе потврдиш дека си злобештија и уште повеќе ќе го сврти синот против тебе... што ако на пр. направи драма, почне да плаче, па го извика свекор ти, маж ти...е тогаш би че весело..смајлиштоправитуф-туф
    Ти треба да го придобиеш на своја страна, да му укажеш како реално стојат работите и тој е тој кој зборува, а ти молчиш :!:

    Полека битолчанка, немој сега и ти секој ден на глава да му се качуваш и да му трубиш...од искуство ти кажувам само контра ефект ќе постигнеш, ќе му го зголемиш инаетот и ќе го турнеш од тебе.
    Некој ден кога ќе биде ептен изморен тогаш полека, смирено приближи му се, гушни го и тогаш кажи му колку се секираш за него и дека треба да најде полесно нешто за работа, за негово добро..не се карај, само смени тактика, се` со тивко, со милување кажувај му.

    Нормално дека ќе рече не ги сакаш моите, млад е, на некој начин и се` уште не се чувствува доволно храбар да биде самостален, ...ете сте се сакале, сте се земале, научете сега и да се контролирате и да не се карате заради старците, не вреди...ќе сфати еден ден дека си во право, само дај Боже побрзо да дојде тој ден, во меѓувреме биди трпелива и полека отворај му ги очите :geek: ...се надевам ќе успееш :)
     
    На najubava2010, bitol4anka, MSkorpionka и 2 други им се допаѓа ова.
  4. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.639
    Допаѓања:
    22.101
    Пол:
    Женски
    И тетка ми беше така трпелива и таа држеше во себе се и се секираше и коа ќе му кажеше на маж и тој и викаше, знам ги мрзиш моите, не се секирај ќе се ослободиш и од нив еден ден и таа добро, добро извини нема више и сега е 2 метри под земја. Греота е да им викаш за старост, ама на млад брачен пар најгреота е да му правиш проблеми, кој шо сака нека каже. Тогаш најмногу им треба поддршка и помош, животот е пред нив и некогаш некој доколку не ги поттурне може да ги осакати за цел живот. Мислам нејќам да кобам ама стварно, тазе снашка е и тоа млада и факт е дека сеа сакаат да си играат со неа. А ништо чудно свекорот и свекрвата да се такви што делат деца, има такви родители стварно постојат не може никој да ме убеди дека нема. Па мислам кој родител што си го сака своето дете ќе го пушта да се мачи и плус пари да му зема, а другово ко крал ужива?

    Нека проба и со арно да разговара со родителите, ама ако нема друго решение нека се делат па крај краева. Но, штом мажот не сака да се дели, па мора и девојчето да се одбрани што е тоа?! Нека не ја направи простава и злобна постапка, ама нека им даде до знаење дека и тие се возрасни луѓе со памет во глава, а не тие си сфатиле ај играчки ние ќе си играме.

    И ничие мислење не заслужува навреди тука, секој се труди да си го каже својот став, се труди да помогне со својот совет, речи не се согласувам ради тоа тоа и тоа а не да се служиш со навреди, сепак тоа мислење е одвоено време за нечиј проблем, јас реков можеби не е вистинското решение, зависи од брак до брак, на некои едноставно мора да им укажеш дека и ти си член од тоа семејство, инаку те изедоа. Не има секакви.
     
    На Anyshka, lolyta777, maca99 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. bitol4anka

    bitol4anka Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2011
    Пораки:
    83
    Допаѓања:
    32
    фала ти многу на искрените одговори.јас никогаш нема да се испонашам неубо со свекрвами пошто треба цел живот да живееа со мажми.утре таја може ке умре со се вели зборот па јас треба да живејам со мажми и со децата.и јас си велам ке порасне уште е мал,не размислува убаво,но кога ке имаме мало се надевам дека тогаш ке сфати дека неможат неговите да гледаат и 2 снааи кога ке се жени деверми и два синаа,па и фнуци.се со време знам ке се среди но сега тоа е тоа.само трпение спасение.фала ви мн ми се од корист овие зборови.а ти мажена ли си,како ти се справуваш со неговите?поззз до тебе и уште еднаш големо фала... :*
     
  6. bitol4anka

    bitol4anka Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2011
    Пораки:
    83
    Допаѓања:
    32
    фала ти многу на зборовите,но јас не сум таква личност,неможам да бидам ложа,немам таква звезда.јас имам почитување према нејзе,а и таа има.нормално е да има љубомора таја пошто сега синот нејзин дели се со мене,па ај јас ќе се пикам ама и ајс знам да се пикам неосетно.јас можам нежто што таа неможи.сепак фала на советот.поззз до тебе и се најубаво.
     
  7. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.639
    Допаѓања:
    22.101
    Пол:
    Женски
    Штом таа е со тебе фина, се разбира дека и ти ќе мора (а и човечки е) да и возвратиш со почит. Обично ваквите ситуации се пропратени со свекрви „а ла ноќна мора“ пошто знам сличен случај само што свекрвава ептен и се ребреше на девојчето, ја провоцираше, се жалеше на неа пред други коа знаеше дека може да слушне и тн. Штом е таа арна со тебе и ти со неа со арно. Женава значи не е злобна, ама ете си чувствува некоја себична љубов кон детето.

    Сепак на нејзе треба да и е јасно дека нејзиното место во животот на маж ти никој жив не може да го превземе, како ни твоето. Треба таа да сфати дека со тоа што го почитува неговиот избор, ќе предизвика мн повеќе љубов и почит кон неа од двајцата. Како што велеше свекрва ми додека бевме во заедница: „Зошто да ти крескам сеа и да ти викам зошо вака зошо така, кога може со убаво? Животот не е еден ден, лесно е да се скараш, тешко е да сочуваш пријателство. Јас сум свесна дека син ми можам да го изгубам само доколку јас му згрешам, шо си ми ти крива, демек јас не сум била тазе невеста, исплашена како што и сеа тебе да ти правам низ стресови да минуваш ради тоа.“ А можеби тоа и треба во ситуацијата, еден заеднички муабет меѓу сите 4ца.

    И да, никогаш не реков некој да биде лош, ниту сум јас лоша...
     
  8. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.517
    Допаѓања:
    173.863
    Многу неблагодарно е да се советуваме која што да и каже на свекрвата а што да и премолчи.Често пати овие семејни проблеми се пишуваат во афект,се даваат одговори и совети пак во афект-понесени од проблемите што ги имаме со нашите свекрви по дома.Секој проблем е за себе и е со единствени учесници во приказната,овде само грубо ги нафрлуваме проблемите,секогаш другата страна е виновна и врз основа на тие 10-15 реченици бараме решение за проблемот.
    Тешко така .Никоја од нас овде не е била сведок на тие проблеми кај некоја друга феминка за да знае како да советува и која страна е во право ,а која греши.
    Што е постаро-кокошката или јајцето?Исто и ова -кој греши,а кој исправно постапува?
    Држете мажот за рака и под рака и оставете се друго.Знам,тешко е ,не е еден ден ,ама вие сте помлади и имате повеќе нерви.Еден ден ќе ви биде смешно за кои се глупости сте се нервирале.Времето си одминува,не го трошете на глупави вербални расправии.
    Сте се омажиле за сопругот ,а не за неговите родители,гледајте со него да ви е ок ,а за останатите мислам дека нема потреба да ви кажувам дека со почитување и добро ќе видат- не видат ќе легнат на брашно.Ако вие не враќате на провокации,ќе им здодее еден ден и ќе кренат раце од вас.
    Со тоа тужакање кај мажот-мајка ти ова,татко ти она ,сестра ти.....само го одалечувате сопругот од вас ,го туркате со сила кај мајкаму,татко му.Замислете си ако тој почне секој втор ден да ви труби-мајкати,татко ти....блаблабла...Ќе ви одмили и сопруг и се живо.
    Затоа ,зборовите прво на кантар ,а потоа пред сопругот и неговите.
    Гледајте си ги децата и сопругот,а тоа за старост,па не е правило.Редот е ред,ама некогаш-скраја било пу-пу-пу-дедо Бог знае да ги смеша работите.
     
    На lolyta777 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.902
    Пол:
    Женски
    Најпрво да појаснам...значи еве се гледа и од мојот пост дека кажувам ИЗВИНИ не се СОГЛАСУВАМ...,зборчињата што се болдирани и кои ги имам напишано се генерално дадени, не се однесуваат директно на тебе Тесси...второ се`што е кажано и напишано од моја страна, секое мое мислење пред да го постирам е неколку пати прочитано, се` што пишувам е од лично искуство, директно од ПАТАЛЕЦ, а не од гаталец...за жал и за моја несреќа.
    Не реков дека си лоша, реков само дека не се согласувам со твоето мислење...туку напротив сметам дека и ти си поминала низ потешки моменти во твојот живот, и знам дека и ти само сакаш исто како и јас да помогнеш некому.
    Извини ако моите зборови директно те навредија. :(

    Точно девојкава е во тесно, во небрано и како и ти и јас се обидувам да помогнам врз основа на моето искуство, затоа што верувај неколку пати имам поминато низ Сцили и Харидби со мојата свеки, со маж ми во средина, со тоа да не знам што и како да правам, да не знам кому да му се обратам за помош и совет...не ми било лесно...не ми оставија избор нејзините заврзлами така што морав да ги прекинам сите контакти со неа иако живееме во иста куќа, па сега ти види како ми е, сакам само да и помогнам таа да не биде виновна, да не и` се муртат и да ја обвинуваат иако таа на некој начин можеби е и жртвата, условно речено.

    Да, се согласувам дека постојат родители кои си ги делат децата, жал ми е што морам да кажам дека маж ми е еден од нив, многу ми беше тешко кога гледав како го искористуваат и молзат од сите страни, а доаѓаше дома како претепан, некои едноставно си го гледаат само својот со извинување г`з и немаат ни трошка совест и жал за своето чедо. Само го кажав начинот на кој јас постапив за да му ги отворам очите да сфати дека не е крава музара.

    Инаку не се карав, ниту се расправав со неа, со никого, не кажав никаков погрден збор, туку мм не` седна сите да разјасниме некои работи како подобро да ни функционира заедницата, а разговорот заврши со прекин на контактите...крајот беше кога таа ми се сврте и ми рече -ти си крива, а јас уста не отворив, ама таа знае дека сето кажано од синот нејзин се мои зборови затоа што се` му беше кажано од мене што и како ми правеше. Нормално дека мм не знаеше затоа што не сакав после 12-15 часа на работа и јас да го замарам со нешта кои ме иритираа и вадеа од такт. Еден ден пукнав, да не речам доживеав нервен слом и се` му кажав, за да ме одбрани и заштити сакаше да разговараме сите заедно, а неговите толку добри родители ни го свртија грбот, ние излеговме криви, а тие демек жртвите...затоа велам секакви има, не се знае кој каков е, каков нарав и карактер има, па како може едно обично косо погледнување да заврши со сосема нешто неочекувано...затоа и ` реков искреност, отвореност, нежност со сопругот, само тој може и има право да се спротистави на родителите.

    Не се жалам, сега ми е многу подобро, не се замарм со неа, тотално е на игнор, се трудам да не подлегнам на нејзините провокации иако ги има колку сакаш, ама јас не паѓам на нејзино ниво, нема да бидам проста, не сум така воспитувана, си го каснувам јазикот и молчам...

    Ете така се` си кажав :lol: :$

    Поздрав и бидете мудри. :)
     
    На bitol4anka и MSkorpionka им се допаѓа ова.
  10. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.639
    Допаѓања:
    22.101
    Пол:
    Женски
    Абе и јас се потсетив на некои свои с*ања и ми се усија и мене малце главата и извини шо те нападнав без потреба, ств не ми е таква природата, баш си уживам со контактиве од форумот. Јас си кажав како што знам, може погрешно се изразив. Јас пак ептен во небрано бев, ем отидов во друга куќа, ем моиве ми правеа проблеми. И имаше еден период коа свекрва ми (многу јасно) се сомневаше во мене, демек јас сум лошата (што ја разбирам, сепак се исплашила син е во прашање, а кој нормален за своја ќерка ќе рече на сватовите било што лошо, со братот роден и снаата што толку ја бранев коа бракот со брат ми и висеше на конец ко пратечи вокали) и јас така направив ги седнав сите четворица на една маса и најотворен муабет, вака и вака, јас сум пред вас отворена книга, тоа сум што се претставив, ни помалку, ни повеќе. Сомнежите за моето минато со моите ве молам да го оставите на страна и гледајте како ќе се однесувам додека сум во овој дом, сепак тоа најубаво ќе каже за тоа каква сум. А ќе дојде прилика и ќе видите дека јас сум во право и сум само едно напатено створење кое никому не знае да наштети. Но, им дадов до знаење, точно, моментално немам грб, кој да ме одбрани, но сепак не сакам да има навреди и напаѓање зашо почнаа моментите ти твоите не си ги сакаш нас ќе не цениш и муабетов беше неопходен. Си им кажав од старт, бидете малку трпеливи и ќе видите кој бил во право. И коа седнаа заедно на маса сватовиве се виде кој е кој. И затоа свекрвата денес сама ме вика ела кафе да пиеме ова она и јас ја почитувам зашто да не, недоразбирање било, мајка бе и е страв детето да не и донесе растурикуќа некоја, ептен разбирливо. Е сеа знам свекрви, бетер од оние од македонски народни приказни и затоа прво тоа си помислувам.

    Ете така, се разбравме и имаш право лолита, мора да се биде мудар и тоа премногу во овие ситуации, ама ете животот ќе те тресне апансз немаш време некогаш да помислиш што да правиш. Понекогаш баш среќавам твои мислења и да ти кажам, стварно би сакала да ја имам твојата трпеливост и добрина, ама ете... најчесто тој осет за нежност и милост се добива во родителскиот дом, можеби затоа сум помалку крута :) и така теси се распиша, маж и ко ќе дојде од работа воздух ќе јаде :D ајде со здравје :)
     
    На MSkorpionka, nena2010 и lolyta777 им се допаѓа ова.
  11. bitol4anka

    bitol4anka Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2011
    Пораки:
    83
    Допаѓања:
    32
    фала ти многу за искрените зборови ти си била доволно храбра да издржиш се !!! и јас не можам да седнам и да му речам ова ова и ова,пошто и мајками не ме учела да бидам лоша.и мене ми е криво што го молзат само маж ми.е сега ке ви кажам зошто....пред 1 година деверми напрај беља со колата и пошто нема возачка и за да не платиме казна од 600 евра да се плати смао 100 го наседнаја мажми тој да го пишат на казнава....и сега пред 1 месец стигна за него на суд да оди и да му ја земат возачката,е сега едниот го спасија а др го кјладоја воган тоа не е убавооооо.и плус тоа сега и пари приплатија....и деверми ич не мрдна со газот да му помогни и само го штити онааа свекрвами,а мојот е теле и само на пасење го водат ееее шо да прам на млади години ќе си умрам....и ете пак истата песна маж ми со мене ништо не прај муабет само со мајкаму циле миле а со мене само за вкревет е арен па ако не му дам одма го врти грбот.и јас сватив дека само за корист тој се жени за мене.тоа боли ;( ;( ;( кажете ми совет оти ке умрам ;( поззз
     
  12. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.517
    Допаѓања:
    173.863
    Нема сонце да умреш,допрва ќе си живееш со сопругот и дечињата.Ова е само едно искушение кое животот ви го дава.Немој да мислиш дека кај сите брачни парови е се под конец-сегде по нешто шкрипи,кај финансии,кај стамбено прашање,кај проблеми со старите,со здравје и сл.
    Знаеш како викаат-еднаш ќе ме зезнеш,ама втор пат јас сам сум се зезнал што не сум внимавал.Исто и ова со твојот сопруг-еден ден ќе си ги отвори очите и се ќе му биде јасно.Само што тогаш ,пак друга беља,ќе се чуди како можеле толку ниско да му сместат родените родители и братот.Полека,без нервоза,се ќе си дојде на свое место.
    Е ,па и мм ќе земеше плата ,еден фрижидер,сите јадат и пијат.И пак во 11ч.ноќе тропав на врата кај газдите на малското продавниче да ми отворат дуќан да купам млеко.Знам дека имам нешто за јадење,ќе ми побара детето,одам да му донесам да јаде,гледам го нема-појела меца.
    Ќе се спрема зимница по 150 кг.пиперки ќе се испечат,излупат,ќе се направи ајвар и уште утредента половина ќе се однесе кај золва ми-а она ни една пиперка не излупила,ни денар не дала.И што да правев ,да се тепам,да се карам-па они тоа го сакаат и чекаат.Не бе душо,идната година,телефон во рака и и се јавив на золва ми-ајде дојди ,брат ти купи пиперки(он части)да правиме ајвар-ќе се зезаме.Еј,кога слушна,не ние нема ова година да јадеме,те ова,она,почна да се вади.Добро ,и викам јас ,значи несакате да јадете.Толку беше.
    Има многу вакви перипетија,само човек треба да издржи и да брои не до 10 туку до 1010.
    Се си дојде на место кога мм.полека но сигурно сам почна да си ги отвара очите(почна да доаѓа на пауза од работа дома-ненајавен и гледаше кај се прават гозби со храната која тој ја платил,дека се донасаат алишта од золва ми и тука се пеглаат на струја која тој ја плаќа,се готви ручек со месо кое тој го купил и тенџерето скришно се носеше без мм да види,се вади сирење од канта и скришно се дава )За живо чудо и золва ми е супер финансиски ,ама си отплати еден стан вака со носење тенџерчиња со ручеци.
    Еден убав сончев ден,мм ми кажа дека ќе оди кај старите и ќе им каже дека до тука било-се делиме.Си помислив,што сега овој ме вози,он да се оддели од неговите нема шанса.И отиде он им кажал,се засекирале као многу(нема кој да го полни фрижидерот)и толку - се одделивме .Па ние дури тогаш осетивме што значи да си бидеш домаќин човек(си водиш своја математика,своја економија)и гледаш дека у ствари сите години парите ти оделе во воздух.
    Мм не можеше да се изначуди сам на себе што мислел он сите тие години и како јас сум го издржала сето тоа.
    Многу развлеков,збор ми беше дека што се ќе издржи човекот никој нема да може толку.Па и ти ,ќе видиш ќе дојде ден кога се ќе се смени на подобро.
     
    На gochhe, maca78, bitol4anka и 3 други им се допаѓа ова.
  13. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.639
    Допаѓања:
    22.101
    Пол:
    Женски
    Абе битолчанка, шо да праам ко сум лоша и невоспитана, не може да се сите арни и воспитани од мама, мора и некоја лошотија да се најде. :D Море шала на страна слушај ваму. Ова вака не оди шо не оди, да беше кул, флегма да не те занимаше, ќути си, ама тебе ти пречи и нервозата ти ја осеќам и ја од тука од фотељава а не па домашните. За тебе и за сите подобро е да се извади црвчето од душичето пошо те јаде и тоа на големо.

    И шо сеа демек ако седнете сите 4ца да разговарате искрено, тоа ќе те направи лоша... e таа ти беше добра [​IMG]

    Значи ја шо си имам искрена комуникација со цела фамилија сум олош невиден...аууууу :lol: Зашо бе не ми кажуваат вакви работи луѓево. :lol: Пак шала на страна, еве вака:

    Прво и прво да разговараш воопшто не те праи лош, полошо е да им ќутиш да се праиш у реду е, тоа е како прво неискрено од твоја страна. Не викам ај истепај ги. Ко ти реков да ја заплашиш и самата реков дека е грубо речено, еве не мора со неа само, седнете сите на една маса и зборете, ова вака не бива шо не бива. Не ти викам да и речеш „ќе вииш ти шо ќе ти праам на старост“, туку речи „зашо е потребно вака да си ствараме одбивност бе луѓе една куќа сме, душмани надвор колку ти душа сака, ние треба да си се држиме, треба ли ако еден ден се делиме да немаме образ да си одиме на едно кафе.“ Па треба ли луѓе да цртам, напрај да си помисли тоа а не речи и го...офф

    А на маж ти не му замеравај. Уморен е, озбилно кај сите чекаат од него ко да е Херкул...колку пати се има десено мм уморен јас да му речам ај да шетаме, тој туку во полусон ќе ми заржи, ќе ми подвикне, утредента ми вика „не е точно бе, не ме разбуди“ :lol: . Ако фаќав кусур на секое вртење грб бракот ќе ми отидеше у пи ем ако ме разбираш. Остај го тешко му е сега, глеј малку да му олесниш наместо да се лутиш на секое вртење грб, остај го да се одмори...и јас не можам да се одморам ако не сум со грб свртена еее многу се секираш. Те разбирам и јас на почетокот кога се зедовме се секирав за такви ситници, ќе сфатиш со време дека тоа нема никаква врска.


    Лолита те советуваше да бидеш упорна и во право е, ама и таа од искуство видела дека разговорот може да го реши проблемот, нема ништо страшно, лошо или невоспитано во тоа. Ееееј, некогаш ќе речам Господ ни дал говор за да се разбираме само на нас, па сепак највеќе недоразбирања меѓу луѓето има. :lol: Среќно.

    Иначе стетоскоп, алал да ти е-мој чоек :) :up:
     
    На bitol4anka му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Blaska

    Blaska Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2011
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    4
    Za zal da, svekrvite predizvikuvaat raspravii i pricini za razvod. Verojatno na snaite ne gledaat kako na kerki tuku kako na rabojnici sto im gi odzele sinovite i koi nikogas nema da mozat da im dadat se toa sto mama im davala :(.Problemite stanuvaat pogolemi koga ''mama'' saka da e glavna i da odlucuva za se, koga od strana dojdenata ne go dozvoluva toa e togas pekolot se otvara. Slucajot e ist i i koga mladite parovi se vo zaednica so starite i koga ne se, nezavisnosta ne pomaga vo vakvite slucaevi, znam od licno iskustvo, medjutoa najgolemata vina mu ja prepustam na soprugot koj nema cvrst stav...
    [mod-kirilica:18dkd38d][/mod-kirilica:18dkd38d]
     
    На Anyshka, bitol4anka, lolyta777 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.517
    Допаѓања:
    173.863
    Иначе стетоскоп, алал да ти е-мој чоек :) :up:[/quote]
    Е Теси,јас сум ти напатена душа по ова прашања,како и многу други снаи,само јака душа.Па кога ќе видиш,поминале години,сме им простиле ,ни простиле ,но некои работи не се забораваат.Никогаш нема да заборавам како ги делеа внуците-едните како незнам од свилени гаќи да испаднале,а моето како од улица да е доведено.Ама ај,Господ е голем,синчето мое,не дека е мое ама е капацитет-и во училиште,и на улица и културно,праведно,трудољубиво.За разлика од свилените кои (не се ситам )одвај поминуваат на училиште,проблематични и безобразни.
    Не ни е тешко само на нас,потешко им е на нашите сопрузи.Цел живот треба да бидат мост меѓу мајка и жена по кој ќе газат .Цел живот треба да одржуваат рамнотежа меѓу мајката и сопругата.Мм велеше дека многу му е тешко кога гледа како двете жени кои најмногу ги сака си вадат очи.Поради ова си премолчував и оставив сам да увиди некои работи.
    Која финта беше да го пречекува од работа на порта и да му кажува дека сум усисувала како лисица со опашка(а јас 8 месец бремена со првото),дека сум ишла да се шетам сама без неа(со кои очи да ја однесам кај другарка ми на работа во библиотека)и ред други глупости.Па после мм имал висок притисок?Па ќе има(во 9 месец од 1 трудноќа малку е 10 пати што го имам возено во ноќна амбуланта во 2,3 ч.ноќе ,а во него душа нема-стање преед шлогирање.)И кога ќе се појавам на врата во амбуланта докторите трчаат кон мене ,мислат со мене е проблемот.
    Тешко им е и на нашите сопрузи,ама тоа е .Не залудно е она оддели па имај добри односи со снаата.
    Една моја тетка ,кога го ожени постариот син ,уште првата вечер ги испрати под кирија(тие им ја плаќаа киријата додека да земат стан на отплата.Знаете каков однос имаат?Прекрасен.
    Втората снаа им е во куќа ,одделени на спрат,ама не е тоа тоа .
    Како и да е и ние чуваме,незнаеме како ќе биде со нив,кај ќе влезат во која куќа.Искрено,даваме се од себе со мм,да им обезбедиме нивен кров над глава,да не живее ниту синот со нас,ниту пак ќерката со свекрва.Изгорени сме ние,па не сакаме и нашите деца да поминуваат низ иста приказна.Па и ние да имаме добри односи со синот и снаата и нејзините,како и со ќерката и зетот и неговите.
    Така е Блашка убаво кажано со малку зборови.„Мама “сака да е главна ,ама заборава дека главна може да биде само кај „тато“,а не секаде каде што таа сака.
    Точно е и тоа дека повеќето на снаите гледаат како на работнички-да чисти,готви,пере ,се по ред и за сите.Ма ајде ,те молам,јас и перев и пеглав неа,а она на ќерка и.Која глупача сум била.
    имам и еден случај во друштвото,они-младите се одделени,ама старите им ги плаќаат сметките.Мажот работи,жената не.Старите како ќе му свират на синот ,така тој игра.Пред некој ден ми кажува снаата дека се степале со свекрвата ,замислете,во дворот.Поминувала снаата низ дворот,свекрвата полевала цвеќе со црево,го свртела цревото кон снаата и и рекла-нечистотнице една ,дојди барем тебе да те исперам ,ако веќе син ми мора неперен да оди.(а нема врска ,снаата си цисти,пере,пегла)Па кога се дофатиле,се собирале комшии,неможеле да ги разделат.До вечер,синот завршил на кардиологија.
     
    На Anyshka и AIT им се допаѓа ова.
  16. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.639
    Допаѓања:
    22.101
    Пол:
    Женски
    Мила стетоскоп, шо мислиш, шо ме тера мене да ја отварам темава...и јас имам поминато низ тешкотии, среќа дете што немаме, зарем и тоа да страда и стрепи секој момент. И јас сум паталец и тоа голем. Да не се повторувам, имам за тоа пишувано на др. теми. Прво треба да се обиде со обид за воспоставување правилна комуникација. Доколку не, само мудро. Доколку само молчи и собира ќе се преобрази во една пријателка од снаа ми.

    Таа молчеше цело време, дури и ме караше коа и велев „збори бе душо, муабет еден, вистинскиот збор може железни врати да отвори.“ таа не, не, таа е постара не сакам да и ја морам душата. Еее колку ме болеше душата да ја гледам така млада да венее, ми вика „ти си малечка, уште не разбираш“ (имав тогаш некаде 15ина години ама дотолку разбирав, имав искуство со такви проблеми во моја околина).

    Сега е фала му на Бога жива и здрава, но не е она мило суштество кое го запознав. Живеат сами одделени од свекорот и свекрвата и сега сета горчина што ја собрала ја тресе на маж и. Како само му се дере...лелее жал ми паѓа, кутриот колку е мирен. Човекот само може да се уништи со такви фрустрации. Затоа велам разговор на време и јас пред да разговарам со моиве свекор и свекрва се потсетив на таа жена, помислив на таа случка и си реков па вака е пофер кон нив.
     
    На bitol4anka му/ѝ се допаѓа ова.
  17. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.517
    Допаѓања:
    173.863
    Точно Теси ,треба да зборува но да го погоди моментот и да ги одбере вистинските зборови.Тешко е кога и мажот е 100% со мајката ,ама тоа е веќе друга тема(незрел,неодлучен,несамостоен)Прво разговор со сопругот,па после со старите,ама не сама туку и сопругот да е присутен за да не и ги извртат зборовите после,па пак таа да биде крива.Секако дека нетреба да повторувам зборовите прво на кантар па после пред старите и сопругот.Нема подлегнување на провокации и ниски удари.
     
    На Anyshka и lolyta777 им се допаѓа ова.
  18. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.800
    оваа `нашава` секаде кажува како сакала децата да и` се среќни, не им се мешала во ништо, абе злато од жена. а в куќи е сосем друга приказна. дволичњак! ние со дечко ми (не сме во брак) ако се скараме, тоа е само поради нејзе. и неколку пати сме дошле пред крај, па мајка му вели: од утре ве оставам сами, пола збор не ви велам, терајте по ваше! А, таа!!!: ќе спреми уште поголема ујдурма (плетканица) и ситуацијата оди од лошо во полошо.
    се имам пробано, ама не оди. таква си е жената. нема лек за неа.
    и после не ќе те верува некој дека заради свекрва ти ви се растурила врската. какви жени свекрви познавам - вистински змии. што им е бе еј, не можам да разберам!!! :@
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  19. cecilia

    cecilia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    1.195
    На продолжен викенд бевме кај свекрва ми и ние и золва ми со децата нејзини. Ај што спремав за јадење со свекрва ми нема врска ќе и помогнам за сите спремаме нели, ќерка и на компјутер игра карти а мм со децата нејзини си ограше. Зетот и свекор ми акнати некаде. Завршува ручек, вечера сите седат на маса снаата и синот треба да ја креваат масата да мијат садови. Еден ден помина така со маж ми раскренавме како слуги ќерка и госпоѓа. Првиот ден ништо не реков, вториот ден пак сите на маса се мезат ние со мм носи на маса раскревај. Почнав јас да мрчам и му викам ај што не и кажеш да сестра ти да стане да помогне он пак ништо. Третиот ден и на него му пука филм почнува да вика сите се искара и со двете и на крај ми вика на мене ете ти тоа сакаше :o сега среќна ли си :o
    Си заминавме истиот ден и од тогаш еве веќе една недела не збори со никого, врти сучи пак јас крива. Тоа ти е требало да си мијам и да си ќутам иначе ламјите ќе се пуштат :(
     
  20. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341
    Па млада снаа треба да слуша и работи по дома, се зезам јас ама ова, тој го мисли. А, да му кажеш да оди до кај мајка му да поцица уште малку па кога ќе биде спремен да дојде кај жената?!?! Тера инат на тебе или на самиот себе си?
    Објасни му дека и ти си отишла на викенд и сакаш да одмориш и да нема расправии. Обврските треба да се поделат за општонароден мир во секоја куќа ако има со кого да се договориш.
    Уште не си и влегла во куќа а таа си зема за право да ви се меша. Ако уште од сега и допушта дечко ти да ви се меша, неможеш ни да замислиш што те очекува после (ако бидеш некова жена)

    Редактирано од модератор: Не испраќајте две мислења едно по друго, користете го копчето РЕДАКТИРАЈ.
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.