Za vakvi njushkala @fairy88 majkata mu e samo pod kluch ,veke koga si znaesh so kakvi si imash rabota njushkalo si e njushkalo
Не знам како е, а не ни сакам да знам арно ми е вака Али како се штрека свеки јас кога зборам изгледа да и функциите ни се малку помешани
Стварно било политика. А јас наивна и искрена премногу, сакам без игри да си го терам животот. Затоа до сега јас само се нервирав за глупости. Од сеа китката на десно.
Чекaјте сегa,дa прaшaм.Вo ред ли е свекрвaтa нa снaaтa дa и јa пере и пеглa oблекaтa,(aкo тaa не мoже,еве вo периoд нa бременoст) И кoгa ќе јa дипли и влегувa вo спaлнa дa гo прaви тoa сo зaтвoрени oчи? Вo мoјoт плaкaр ѕиркaле и мaјкa ми и свекрвa ми.И не ми пречелo.Ќе сум се нaлутелa aкo нештo ми земaт без прaшaње или гo снемa. Вaкa пa штo,секси oблекaтa сигурнo не јa чувaм нa леснo видливo местo. Сoвет стaвете си брaви нa плaкaрите .
Луничке, јас сметам најкоректно е мажот да го прави тоа ако не може жената. Ама далеку е тоа со нашиов менталитет балкански. Еднаш, два пати, три пати ќе стане, ќе сработи, после е работава: Е мамо, ај дојди, уморен сум од работа. Ама има и полошо така да, што сме си одбрале ќе си трпиме.
Ели имa мaжи кoи пoмaгaaт.Амa имa и тaкви кoи сo прст не мрдaaт. И сoсемa тoчнo е штo сме избрaле тoa ни е.
Затоа кога живееш сам и далеку нема мама Мене маж ми мн ми помогна кога излегов од болница...ама женска рака кога ќе фати бре друго е хахах Така јас ова тоа...цел ден на нога бев...свекрва ми дојде...со алишта спремила да преспие демек да помогнела...виде што е работа и рече вода стои ти не...и си отиде вечерта хахах Таква сум си ја...попрво ќе умрам работејќи отколку свекрва да ми чисти или пере скраја да е
[/QUOTE] Кај нас тоа редовно се случува, е сега финта им правам кога подолго не сме дома не го гориме каминот и ладно е кочан па си седат долу, а претходно си средила се влегуваш со пријатели или било кој и го гледаш свекорот истегнати со свекрвата на кревет чаши и пепелникот. Последно што разбрав вчера и толку се изреволтирав е тоа што свеки и рекла на баба му од Мм (свекрвата на свеки моја) дека ми смета и не ме оставала на мира, а нема врска жената доаѓа на 5 мин и си оди одма, што има она да зборува во мое име кога ниту сум помислила ниту сум рекла такво нешто. Бог да чува ова Мм да го разбери има да ја подбери убаво
И јас правам политика, често не се слагаме со мислењата ама ништо не ми е да речам, да, да така е. Мм на тоа вика ЛГ(лижи гз) ама па не ќе исправам криви дрини со неа, треба и да се има разбирачка. Последно се закачивме за вакцините, знам ќе има за тоа караници, и сама си наговести, ама за тоа сме ние одговорни ко родители и така ќе остане. Мислам дека ќе имам проблеми во чувањето на детето, ама па може и не, еве моментално дури и претерано сме дистанцирани, до толку што и родендени им забораивме годинава и се, ама па сеа што да правам. Мм ако не кажам не му текнува да одиме, вчера се јавивме да одиме на гости ни рекое ќе спиеле, си подвивме опашките. Јас сакам поголема блискост, да се гледаме почесто, ама они не се такви, не е ни свекрва ми, а ни мм не беше ама го оправам пополека. Јас сум од тие што имаат среќа мажот се да работи сега во бременоста, малце е тежок да се накани ама работи. Ми чисти купатило, ми усисува и брише под, на мене е само кујната да ја средам и да подзабришам прашина. Он па не сака да се мешаат другите, ко што објаснив погоре, нема таква блискост и толку.
Јас генерално немам проблеми со неа, живееме во различни градови се гледаме еднаш месечно и имаме коректни односи. Досега ги почитува нашите желби, за свадбата беше како сакате вие - така, и стварно си направивме сè по наша желба. Само еве вчера ми го скрши филмот кога ја прашав за Младенци. Ми вика, па веќе никој не прави, па што ќе се спремаш за џабе никој нема да дојде, луѓето веќе избегаваат ради тоа шо морат да купат поклон, не можеш и да поканиш никој, зар можеш да ги обврзиш да ти дојдат и да си направат трошок. И мм толку му требаше, сеа запна да не праиме а јас баш сакав и ептен ми го скршија филмот. П.С. Не ни ме праша јас дали сакам или не.
Не гледам нешто лошо да ти кажала жената. Само во трошок ќе се ставите и вие и гоститe. Убаво е да си прославиш, но со договор и во добро, не со расправии. Тој ден се носат свеќите од свадба во црква и таму се запалуваат и оставаат да изгорат до крај.
Ние си чекавме младенци, со мал круг на луѓе.. да не речам родителите наши, кумот, деверот, старосватот и едни блиски пријатели... а да, ќе ја забораев и баба ми . За поклони, ќе им кажете да не се трошат (вистински од срце ги замоливме, не сакавме никој зијан заради нас да се става... а почитувајќи го празникот, сакавме да го одбележиме), па добивме поклончиња како шише вино, укравче за на полица, чинија за колачи, чинија за овошје... значи ете луѓето не сакаа со празни раце да дојдат. Ама не се некои трошоци како за свадби. Ако си сакате да го одбележите денот, јас мислам да си го одбележите, и тоа е ваша одлука, не на некој друг. И онака за младенци никој не носи големи поклони, секогаш е нешто мало и симболично. Свекрва ти мисли ко порано, постелнини, и сетови тенџериња итн (поклони што се над 1000 ден). Јас имам отидено на младенци со сет шољи за чај, едно за мажот едно за жената, сигурно ги знаете оние со порцелански лажичиња што одат комплет. Не дека не сум можела повеќе, едноставно не сметам дека треба сите да се затупуваме со скапи поклони и да се докажуваме кој колку има. Па и кога ќе дадеш скап поклон, со тоа им укажуваш дека очекуваш скап поклон назад во друга прилика. Мислам дека свекрва ти нема што да се меша тука, а јас препорачувам ако ви е за почит на празникот, да си поканете мал круг на луѓе, за да се одбегнат големи фешти. Така сите среќни
Баш тоа и јас сакам да го правам, значи нај најблиските. Чисто да го одбележиме пошто ова еднаш се прави и никогаш повеќе. Она мисли дека ќе ги поканам сите 100 души на свадба што ми биле или не знам, ивкова слава. friendly, не кажав дека лошо ми кажала само сакав да се пожалам дека не ме праша за мислење и не ми даде да кажам дека сакам да го прославам тоа со мала група на луѓе кои ги сметам за толку блиски што ќе ме разберат кога ќе им кажам не ми купувајте ништо. Како и да е, ќе размислам подетално на темава и ќе одлучам што ќе правам. Тенкс
И ние си правевме младенци, сами си плативме, сами си спремивме. Сега кога ќе се сетам свекрва ми ништо мислам не ми помогна, јас и благо и се сама спремив, мајка ми нешто торта ми направи, свекрва ми и она една дека на мм роденден и толку, дојдоа ко гости на свадба. А да, си викав луѓе, оти во кафана правевме, не ми беше баш сеедно кој дошол дошол, кој не никому ништо.
Не сум прочитала дека живеете разделно, а со тоа се е кажано. Жената си кажала нејзино мислење што не значи дека ќе го прифатиш.